OPEL VIVARO B 2015.5 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2015.5, Model line: VIVARO B, Model: OPEL VIVARO B 2015.5Pages: 227, PDF Size: 4.46 MB
Page 131 of 227

Возење и ракување129
Во некои случаи може да биде
потребно да се помести малку
воланот додека се притиска
копчето Start/Stop за да се
ослободи блокадата на воланот.
На Информативниот центар за
возачот се појавува соодветна
порака 3 99.
При многу ниска надворешна
температура (на пр. под 10 °C)
држете ја педалата на куплунгот
притисната додека го притискате
копчето Start/Stop додека да
запали моторот.
Ако еден од условите за палење не е исполнет, се појавува соодветна
порака на Информативниот центар за возачот 3 99.
Пораки за возилото 3 100.
Гаснење на моторот Електронскиот клуч треба да е во
возилото, или во читачот на
картички или во совозачката
касета.
Кога возилото е во мирување,
притиснете го копчето Start/Stop за
да го изгасите моторот. Блокадатана воланот се активира кога ќе се
отвори возачката врата и возилото е заклучено.
Ако електронскиот клуч не е
препознаен, се појавува соодветна
порака на Информативниот центар за возачот 3 99. Во таков случај,
притиснете го копчето Start/Stop во
2 секунди за да го запрете моторот.
Централна брава 3 26.
Задржано исклучување Притиснете го копчето Start/Stop
подолго од две секунди; моторот се
гаси додека некои функции, на пр.
Инфозабавниот систем, се
достапни за употреба околу
10 минути.
Овие функции престануваат да
работат кога ќе се отвори
возачката врата и возилото е
заклучено.
Забелешка
Секогаш земајте го електронскиот
клуч со себе кога излегувате од
возилото.На електронски клуч оставен во
читачот на картички укажуваат
предупредувачка мелодија 3 100
и порака на Информативниот центар за возачот 3 100 кога е
отворена возачката врата.9 Опасност
Не оставајте го електронскиот
клуч во возилото кога оставате деца или животни во него за да
избегнете ненамерно ракување
со прозорците, вратите или
моторот. Ризик од смртоносна
повреда.
Дефект
Ако моторот не може да се запали,
причина може да биде следното:
■ Дефект на електронскиот клуч.
■ Електронскиот клуч е надвор од опсегот на приемот.
■ Напонот во батеријата е пренизок.
Page 132 of 227

130Возење и ракување
■ Преоптоварување на системотна централната брава поради
често ангажирање, тогаш
напојувањето се прекинува
накратко.
■ Пречки од посилни радио бранови од други извори.
Замена на батеријата 3 22.
Централна брава 3 26.
Систем на електронскиот клуч
3 25.
Палење на моторотРачен менувач:ракувајте со
куплунгот.
Не давајте гас.
Мотори на дизел: свртете го клучот во положба M за предзагревање
додека не се изгасне контролната
сијаличка ! во групата
инструменти 3 97.
Свртете го клучот во положбата D
и отпуштете го.
Зголемената брзина на моторот
автоматкси се враќа на
нормалната брзина во лер додека
зголемува температурата на
моторот.
Обидите за палење не смеат да
потраат подолго од 15 секунди. Ако
моторот не се пали, почекајте
15 секунди пред да ја повторите постапката за палење. Ако е
потребно, притиснете го педалот
за гас пред да ја повторите
постапката за палење.
Пред да палите повторно или за да се изгасне моторот, вратете го
клучот на St.За време на Autostop, моторот
може да се запали со притискање
на педалата на кумплунгот. Систем
за сопирање-поаѓање 3 132.
Загревање на турбо мотор
По палењето, достапниот вртежен
момент на моторот може да биде
ограничен за краток временски
период, особено кога
температурата на моторот е ниска.
Ограничувањето овозможува
системот за подмачкување
целосно да го заштити моторот.
Page 133 of 227

Возење и ракување131Контрола на брзината во
лер
За зголемување на брзината во
лер, притиснете го прекинувачот.
За неколку секунди функцијата ќе се активира.
Функцијата ќе се деактивира кога: ■ Куплунгот е притиснат
■ Педалот за гас е притиснат
■ Брзината на возилото е над 0 км/ч
■ Контролната сијаличка F, W
или C свети во групата
инструменти
За да се зголеми или намали
степенот на брзото возење во лер,
посоветувајте се со
автомеханичар.
Исклучување на
возилото
Систем за прекин на дотокотна гориво
Ако возилото остане без гориво,
горивниот систем се отсекува и
треба да се препостави по
полнењето гориво. Соодветна
предупредувачка порака може да
се појави и во Информативниот
центар за возачот 3 99.9 Опасност
Ако ви замириса на гориво во
возилото, или има истекување
гориво, веднаш поправете ја
причината за тоа на сервис. Не
ресетирајте го системот за
прекин на дотокот на гориво за
да спречите опасност од пожар.
Препоставување со клучот на
далечинскиот управувач /
рачниот клуч
За да го ресетирате системот за
прекин на дотокот на гориво и да овозможите возилото да се вози:
1. Свртете го клучот за палење во
положба M 3 128.
2. Почекајте неколку минути за да се препостави горивниот
систем.
3. Свртете го копчето во положба D за да го запалите моторот.
Ако моторот не запали, повторете
ја постапката.
Page 134 of 227

132Возење и ракување
Препоставување со системот
на електронски клуч
За да го ресетирате системот за прекин на дотокот на гориво и да
овозможите возилото да се вози:
1. Вметнете го електронскиот клуч
во читачот на картички 3 128.
2. Притиснете го копчето за палење/гасење на моторот без
притискање некоја педала.
3. Почекајте неколку минути за да се препостави горивниот
систем.
Ако моторот не запали, повторете
ја постапката.
Систем на електронскиот клуч
3 25.
Копче за вклучување 3 128.
Полнење гориво 3 151.Исклучување на
пребрзувањето Доводот на гориво се затвора
автоматски за време на
пребрзувањето, т.е. кога возилото
се вози во некоја брзина но
педалот за гас е отпуштен.
Систем за сопирање-
поаѓање
Системот за сопирање-поаѓање
помага да се заштеди гориво и да се намали испуштањето издувни
гасови. Кога дозволуваат условите, го исклучува моторот штом
возилото е во мала брзина или е
сопрено, на пр. на семафор или во
сообраќаен метеж. Го пали
моторот автоматски штом ќе се
притисне педалата на куплунгот.
Активирање
Системот за сопирање-поаѓање е достапен штом ќе се запали
моторот, возилото ќе појде и
условите како што се опишани
подолу во овој дел се исполнети.Деактивирање
Исклучете го системот за
сопирање-поаѓање рачно со
притискање на копчето Î. LED-от
во копчето свети за да укаже на
исклучувањето и соодветна порака се појавува на Информативниот
центар за возачот 3 99.
Ако се исклучи рачно, можно е
повторно да се активира системот
за сопирање-поаѓање со повторно
притискање на копчето Î.
Пораки за возилото 3 100.
Page 135 of 227

Возење и ракување133
AutostopАко возилото оди со мала брзина
или е сопрено, вклучете го
Autostop на следниов начин:
■ Притиснете ја педалата за куплунг.
■ Ставете ја рачката на менувачот во лер.
■ Отпуштете ја педалата за куплунг.
Моторот ќе се изгасне, а палењето
останува вклучено.
На Autostop укажува запалено Ï во
групата инструменти 3 98.
За време на Autostop,
перформансите на сопирачките
остануваат исти. Меѓутоа, не е достапно серво кочење 3 139.
Услови за Autostop
Системот за сопирање-поаѓање
проверува дали се исполнети сите услови:
■ Cистемот за сопирање-поаѓање не е исклучен рачно.
■ багажникот е целосно затворен.
■ акумулаторот е доволно наполнет и е во добра состојба.
■ моторот е загреан.
■ температурата на течноста за ладење на моторот не е
превисока.
■ надворешната температура не е прениска или превисока (на пр.
под 0 °C или над 30 °C).
■ вакуумот на сопирачката е доволен.
■ функцијата за одмрзнување не е вклучена 3 115.■ функцијата за самочистење на
филтерот за дизелски честички
не е вклучена 3 135.
■ возилото е поместено од последното Autostop.
Инаку, Autostop е попречено.
Повторно палење на моторот
од страна на возачот Притиснете ја педалата на
куплунгот за повторно палење на
моторот.
Контролната сијаличка Ï 3 98 се
гаси во групата инструменти кога
моторот ќе се запали повторно.
Повторно палење на моторот
од страна на системот за сопирање-поаѓање Рачката на менувачот треба дабиде во лер за да се овозможи
автоматско повторно палење.
Ако еден од следниве услови се
појави за време на Autostop,
моторот ќе се запали повторно
автоматски од страна на системот
за сопирање-поаѓање:
Page 136 of 227

134Возење и ракување
■ Системот за сопирање-поаѓањее исклучен рачно.
■ багажникот е отворен.
■ акумулаторот е испразнет.
■ температурата на моторот е прениска.
■ вакуумот на сопирачката не е доволен.
■ возилото почнува да се движи.
■ функцијата за одмрзнување е вклучена 3 115.
Ако некој електричен уред, на пр.
преносен ЦД-плеер, е поврзан со
штекер, може да се забележи кус
пад на напонот за време на
повторното палење.
Дефект Ако дојде до дефект на системот за
сопирање-поаѓање, LED-от во
копчето Î свети, а на
Информативниот центар за
возачот 3 99 се појавува соодветна
порака. Побарајте помош од
автомеханичар.
Пораки за возилото 3 100.Предупредувачки мелодии 3 100.
Паркирање9 Предупредување
■Не го паркирајте возилото врз
лесно запалива површина.
Високата температура на
издувниот систем може да ја
запали површината.
■ Секогаш затегнувајте ја рачната сопирачка без да го
притиснете копчето за
ослободување. Затегнувајте
ја колку е можно поцврсто на
удолници или угорници.
Притиснете ја ножната
сопирачка истовремено за да се намалат работните сили.
■ Изгаснете го моторот.
■ Ако возилото е на рамнина или нагорнина, ставете во
прва брзина. Ако возилото е
на угорница, свртете ги
предните тркала од работ на
тротоарот.
Ако возилото е на надолнина,
ставете во рикверц. Свртете
ги предните тркала кон работ
на тротоарот.
Заклучете го возилото 3 26 и
активирајте ги системот за заштита
од кражба 3 37 и системот за
тревожење при кражба 3 38.
Page 137 of 227

Возење и ракување135Издувни гасови од
моторот9 Опасност
Издувните гасови од моторот
содржат отровен јаглерод
моноксид, којшто е безбоен,
нема мирис и може да биде
смртоносен ако се вдишува.
Ако издувни гасови навлегуваат во внатрешноста на возилото,
отворете ги прозорците. Нека Ви ја елиминира причината на
дефектот автомеханичар.
Избегнувајте да возите со
отворен товарен простор, инаку
издувните гасови можат да
навлезат во возилото.
Филтер за дизелски
честички Системот на филтерот за дизелски честички ги филтрира штетните
честички на саѓи од издувните
гасови. Системот содржи функција
на самочистење која работи
автоматски за време на возењето
без известување.
Филтерот се чисти со изгорување
на честичките од саѓи периодично
на висока температура. Овој
процес се одвива автоматски
според поставени услови за
возење. Autostop не е достапно и
потрошувачката на гориво може да биде поголема за тоа време.
Испуштањето на миризби и чад за
време на овој процес е нормално.
Во извесни услови за возење,
на пр. кратки растојанија, системот
не може сам да се исчисти
автоматски.
Ако постои потреба од чистење на
филтерот и ако претходните
услови на возењето не овозможиле
автоматско чистење, тоа ќе се
означи со светење на контролните
сијалички F 3 95 и Z 3 94 во
групата инструменти. Побарајте помош од автомеханичар веднаш.Внимание
Ако процесот на чистењето е
прекинат, има ризик од
предизвикување на тешко
оштетување на моторот.
Чистењето се одвива најбрзо при големи брзини и оптовареност на
моторот.
Катализатор
Катализаторот го намалува
количеството на штетните
материјали во издувните гасови.
Внимание
Класите на гориво поинакви од
оние наведени на страницата 3 150, 3 205, може да го
оштетат катализаторот или
електронските компоненти.
Неизгореното гориво ќе се
прегрее и ќе го оштети
катализаторот. Затоа
Page 138 of 227

136Возење и ракувањеизбегнувајте ги прекумерното
работење со стартерот,
испразнувањето на
резервоарот за гориво и
палењето на возилото со
туркање или влечење.
Во случај моторот да не пали,
нерамномерно да работи, има
очигледен пад во перформансите
на моторот или има други
невообичајни проблеми, нека Ви ја
елиминира причината на дефектот
автомеханичар колку е можно
поскоро. Во хаварии, со возењето
може да се продолжи за кратко
време, одржувајќи се брзината на
возилото и вртежите на моторот на
ниско ниво.
Ако контролната сијаличка Z
трепка, дозволените гранични
вредности за испуштање може да
бидат пречекорени. Подигнете ја
ногата од педалот за гас додека
Z не престане да трепка и не свети
постојано. Контактирајте со
автомеханичар веднаш.
Контролно светло за
неисправности 3 94.Рачен менувач
За да ставите во рикверц, кога
возилото е во мирување,
притиснете го педалот на
куплунгот, повлечете го прстенот
на рачката на менувачот нагоре и
ставете во рикверц спротив
отпорот.
Ако менувачот не влезе во
рикверц, ставете ја рачката во лер, отпуштете го куплунгот и повторно
притиснете го; потоа повторете го
ставањето во рикверц.
Page 139 of 227

Возење и ракување137
Не нагазнувајте го куплунгот
непотребно.
Кога ракувате со него, притиснете
го куплунгот целосно. Не одморајте
ја ногата на педалот.Внимание
Непрепорачливо е да се вози со раката легната на рачката на
менувачот.
Сопирачки
Системот на сопирачки се состои
од две независни кола за
сопирање.
Ако откаже едно коло за сопирање,
возилото се уште може да се сопре со употреба на другото коло за
сопирање. Меѓутоа, дејството на
сопирањето се постигнува само
кога ќе го притиснете педалот за
сопирачките цврсто. Значително
повеќе сила треба да користите за
тоа. Растојанието за сопирање се
зголемува. Побарајте помош од
автомеханичар пред да
продолжите со патувањето.
Кога моторот не работи,
поддршката на серво уредот за
сопирачките ја снемува штом
педалот за сопирачките ќе се
притисне еднаш или двапати.
Дејството на сопирањето не е
намалено, но за сопирање е
потребна значајно поголема сила.
Тоа е особено важно да се има на
ум кога се влече.Ако контролната сијаличка R
свети во групата инструменти за
време на возењето и се појавува
соодветна порака на
Информативниот центар за
возачот, има дефект во системот
на сопирачките. Побарајте помош
од автомеханичар веднаш.
Контролна сијаличка R 3 95.
Пораки за возилото 3 100.
Систем за деблокирање
на сопирачките Antilock Brake System -от (ABS)
(Систем за деблокирање на
сопирачките) не дозволу тркалата
да се блокираат.
ABS почнува да го регулира
притисокот на сопирачките штом
некое тркало покажува тенденција
да се блокира. Возилото останува
управливо, дури при јако
сопирање.
Контролата на ABS станува
очигледна преку пулсирање во
педалот на сопирачките и звукот на
процесот за регулирање.
Page 140 of 227

138Возење и ракување
За оптимално сопирање, држете го
педалот за сопирање докрај
притиснат за време на целиот
процес на сопирањето, иако
педалот ќе пулсира. Не
намалувајте го притисокот врз
педалот.
Контролна сијаличка u 3 95.
Дефект
Ако контролната сијаличка u не се
изгасне по неколку секунди откако ќе се вклучи палењето или ако
свети за време на возењето, има
дефект на ABS. Контролната
сијаличка F 3 95 може да се запали
и во групата инструменти заедно со соодветна порака на
Информативниот центар за
возачот. Системот на сопирачки
останува функционален, но без
регулирање од ABS.9 Предупредување
Ако има дефект во ABS,
тркалата може да бидат склони
да се блокираат поради такво
кочење што е посилно од
обичното. Предностите на ABS
веќе не функционираат. При
силно сопирање, со возилото не може веќе да се управува и
може да скршне.
Ако контролните сијалички u, F ,
R 3 95 и C 3 95 светат, постои
дефект во системот на сопирачки.
Се појавува и соодветна порака на
Информативниот центар за
возачот 3 99. Нека Ви ја отстрани
причината на дефектот
автомеханичар.
Пораки за возилото 3 100.
Сопирачка за паркирање9 Предупредување
Секогаш затегнувајте ја рачната
сопирачка цврсто без да
ракувате со копчето за
ослободување, и на удолнини
или угорнини затегнете ја
истата колку е можно поцврсто.
За да ја отпуштите рачната
сопирачка, малку повлечете ја
рачката нагоре, притиснете го
копчето за ослободување и
спуштете ја рачката целосно.