OPEL VIVARO B 2016.5 Прирачник за инфозабавата
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2016.5, Model line: VIVARO B, Model: OPEL VIVARO B 2016.5Pages: 151, PDF Size: 2.05 MB
Page 61 of 151

Радио61R15 BT USB,R16 BT USB,
CD16 BT USB, CD18 BT USB -
RDS функции
Конфигурирање на RDS
Притиснете SETUP и свртете OK за
влез во RDS изборникот.
Притиснете го копчето за да
изберете.
Завртете го вртливото копче за да
изберете RDS SETUP
(поставување RDS).
Вклучување и исклучување на RDS
Притиснете Опции на екранот.
Следните поставки можат да се
изменат:
Вклучувајте го и исклучувајте го
RDS-AF со притискање OK. AF се
прикажува на екранот кога е
активно RDS.
Информација во текст (Радио
текст)
Извесни FM радио станици даваат
информација во текст во врска со
емитуваната програма (на пр.
наслов на песната).Притиснете SETUP и свртете OK за
влез во Радио текст изборникот.
Свртете го вртливото копче за да
изберете Radio и притиснете го
копчето за да ги видите овие
информации.
NAVI 50 IntelliLink - RDS
функции
Конфигурирање на RDS
Притиснете Опции на екранот.
Следните поставки можат да се
изменат:
● RDS (Вклучено/Исклучено)
Исклучете ако не е потребно.
● Сообраќајни соопштенија
(Вклучено/Исклучено)
Видете подолу.
● Регион /AF (Вклучено/
Исклучено)
Видете подолу.
● Новости (Вклучено/Исклучено)
Видете подолу.● AM (Вклучено/Исклучено)
Исклучете ако не е потребно.
● Ажурирање список (Вклучено/
Исклучено)
Видете во (NAVI 50 IntelliLink)
"Списоци за автоматско
зачувување" 3 59.ТА (Сообраќајни соопштенија)
Ако ТА е вклучено:
● Сообраќајните соопштенија од одредени FM радио станици
(и DAB станици, ако се
достапни) се пренесуваат
автоматски.
● Репродукцијата на радиото и помошните аудио извори се
прекинуваат за времетраење
на сообраќајното соопштение.
Забелешка
Автоматско емитување на
објавите за сообраќајот се
деактивирани ако брановата
должина е поставена на AM.Регион/AF
Ако RDS функцијата е активирана
и Регион /AF е вклучено:
Page 62 of 151

62РадиоФреквенцијата на одредена FM
радио станици може да се
промени, во зависност од
географската област.
Слабиот прием понекогаш може да предизвика несакани промени во
фреквенцијата. Исклучете Регион/
AF ако е неопходно.Новости
Ако Новости е вклучено:
● Соопштенијата за новости од одредени FM радио станици
(и DAB станици, ако се
достапни) се пренесуваат
автоматски.
● Репродукцијата на радиото и помошните аудио извори се
прекинуваат за времетраење
на сообраќајното соопштение.
Информација во текст (Радио
текст)
Одредени FM радио станици (и DAB станиците, ако се достапни)
даваат информација во текст во
врска со емитуваната програма (на
пр. наслов на песната).
NAVI 80 IntelliLink - RDS
функции
Конфигурирање на RDS
За да пристапите до изборникот на Поставки за радиото од Почетната
страница, притисни ИЗБОРНИК,
потоа Мултимедија и потоа
Поставки , па Радио на екранот за
прикажување.
Во зависност од верзијата,
притиснете < за отварање појавен
изборник и пристапување кон
опцијата „Поставки на радио“.
Следните поставки на радиото можат да се ажурираат:
● вклучете пребарување за Алтернативни фреквенции
(AF) вклучи/исклучи
● вклучување/исклучување i- Сообраќај (информации за
сообраќајна програма)
● Вклучување/исклучување на вид на програма
● вклучување/исклучување Истовремен пренос● прикажување i-информации со соопштенија (на пример,
информации за времето во
областа, информации за
настани)
● ажурирање на списокот на зачувани радио станициАлтернативни фреквенции (AF)
Вклучување на функцијата RDS-AF за секогаш да ја слушате музиката
на најдобрата приемна
фреквенција на избраната радио
станица
Слабиот прием понекогаш може да
предизвика несакани промени во фреквенцијата. Исклучете ја RDS-
AF функцијата ако е потребно.i-сообраќај (Информации за
сообраќајна програма)
Станиците со радио сообраќајна
услуга се FM RDS станици кои
емитуваат сообраќајни вести.
Вклучување I-Сообраќај за
автоматски да добивате
сообраќајни билтени кога се
пренесуваат.
Page 63 of 151

Радио63Пребарување на вид на програма
(PtY)
Вклучување PtY за прикажување
на видот на програмата (на пр.
новости, спорт) што во моментот се
пренесуваАжурирање радио список
Видете во (NAVI 80 IntelliLink)
"Списоци за автоматско
зачувување" 3 59.Истовремен пренос
Вклучете ја функцијата
Истовремен пренос за автоматска
промена од ДР (дигитална радио) станица во истата станица на ФМ
бранова должина во случај на
губење прием.i-соопштение
Изберете за приказ на
информации како време или
настани во близина.
Информација во текст (Радио
текст)
Извесни FM радио станици даваат
информација во текст во врска со
емитуваната програма (на пр.
наслов на песната).
За проверување текстуалните
информации, од било кој радио
начин (на пр. Дефинирано , Список ,
Фреквенција ) притиснете < за
отварање појавен изборник и
пристапете до опциите за
текстуални информации, преку
избирање, на пример, „Прикажи
радио текст“..
Дигитална аудио дифузија Дигиталната аудио дифузија ( DAB)
е иновативен и универзален
систем за дифузија.
Општи информации ● Станици со DAB се означуваат со името на програмата
наместо фреквенцијата на
емитувањето.
● Со DAB може да се емитуваат повеќе програми (услуги) на
една фреквенција (целина).
● Покрај висококвалитетните дигитални аудио услуги, DAB
исто така е способен да
предава податоци поврзани со
програмите и мноштво другиподаточни услуги вклучувајќи
информации за патувањето и
за сообраќајот.
● Се додека еден даден DAB приемник може да го фати
сигналот испратен од некоја
станица за дифузија (дури ако
сигналот е многу слаб),
репродукцијата на звукот е
обезбедена.
● Нема стишување (ослабнување на звукот) што е
типично за AM или FM
приемот. DAB сигналот се
репродуцира на константна гласност.
● Пречење предизвикано од станиците кои се на блиски
фреквенции (појава која е
типична за приемот AM и FM)
не се појавува со DAB.
Ако сигналот DAB е преслаб за
да го прима приемникот,
системот се префрлува на
истата програма на друга
станица DAB или FM.
● Ако DAB сигналот го одбиваат природни пречки или згради,
квалитетот на приемот на DAB
Page 64 of 151

64Радиосе подобрува, додека AM или
FM приемот значително се
влошува во таквите случаи.
● Кога е вклучен прием DAB, FM-
радиото на инфозабавниот
систем остаснува активно во
заднина и постојано ги бара
FM-станиците со најдобар
прием.
Page 65 of 151

ЦД-уред65ЦД-уредОпшти информации...................65
Употреба ..................................... 66Општи информации
ЦД-плеерот на Инфозабавниот
систем може да репродуцира
аудио ЦД-а, ЦД-а со МР3 и ЦД-а
со WMA (во зависност од
верзијата).
CD16 BT, CD18 BT: Може да се
репродуцираат и форматите AAC
и WAV.
Важни информации за аудио
ЦД-а и ЦД-а со MP3/WMAВнимание
Не ставајте под никакви услови
ДВД-а, сингл ЦД-а со пречник од
8 см или ЦД-а со посебен облик
во аудио плеерот.
Немојте да ставите налепници
на ЦД-ата. Тие дискови може да се заглават во единицита за ЦД
и да ја расипат единицата.
Тогаш неопходна ќе биде скапа
замена на уредот.
● Аудио ЦД-а со заштита од
прекопирање кои не се во
согласност со стандардот за
аудио ЦД-а може да не се
репродуцираат правилно или
воопшто да не се
репродуцираат.
● Самозапишаните ЦД-а за запишување (CD-R) и ЦД-ата
за повеќекратно запишување
(CD-RW) и датотеките WMA
со Digital Rights Management
(Управување со дигиталните
права) (DRM) од онлајн
музичките продавници можеби
нема да се репродуцираат
правилно или воопшто нема да
се репродуцираат.
● На ЦД-а со мешан модус (комбинација на аудио и на
податоци на пр. MP3), ќе се
поронајдат и ќе се
репродуцираат само аудио
записите.
● Самозапишаните ЦД-а за запишување (CD-R) или ЦД-а
за повеќекратно запишување
(CD-RW) се поранливи во
поглед на неправилното
ракување од однапред
запишаните ЦД-а. Правилното
ракување треба да се
Page 66 of 151

66ЦД-уредобезбеди, особено во случај наЦД-а за запишување (CD-R) и
ЦД-а за повеќекратно
запишување (CD-RW); видете
подолу.
● Гледајте да не оставате отпечатоци од прстите кога
менувате ЦД-а.
● Вратете ги ЦД-ата во нивните омоти веднаш откако ќе ги
извадите од ЦД-плеерот за да
се заштитат од валканост и
оштетувања.
● Валканоста и течностите на ЦД-ата можат да ги замачкаат
леќите на аудио плеерот
внатре во уредот и да
предизвикаат дефекти.
● Заштитувајте ги ЦД-ата од топлина и директна сончева
светлина.
● Следните ограничувања важат
за ЦД-а со МР3/WMA:
Може да се читаат само
датотеки MP3 и WMA.
Максимална длабочина на
структурата на папката:
11 нивоаМаксимален број на датотеки
MP3 и/или WMA кои можат да
се зачуваат: 1000 датотеки
Применливи проширувања на списоците со
репродукции: .m3u, .pls
Внесувањата на списокот со
репродукции треба да бидат во
обликот на споените патеки.
● Ракувањето со датотеките МР3 и WMA е идентично. Кога
е ставено ЦД со датотеки
WMA, се прикажуваат
изборници поврзани со MP3.
Употреба CD16 BT USB, CD18 BT USB -
Користење на ЦД плеер
Започнување репродукција од ЦД Вклучете го Инфозабавниот
систем (со притискање на m) и
турнете го ЦД-то со печатената
страна нагоре во отворот за ЦД
додека не биде вовлечено:
Репродукцијата од ЦД-то почнува
автоматски.Ако веќе има ЦД во уредот,
притискајте MEDIA повеќе пати за
да го изберете саканиот извор на
звукот: Репродукцијата на ЦД-то
почнува.
Забелешка
Во зависност од податоците
зачувани на аудио ЦД-то или на
ЦД-то со МР3, на екранот ќе се
прикажат различни информации
за ЦД-то и за моменталната
музичка нумера.
Избирање на албум или песна
Завртете BROWSE за да изберете
албум или песна од листата.
Притиснете го копчето за да
изберете.
Скокнување на следниот или
претходниот запис
Накратко притиснете 2 или 3
еднаш или повеќепати.
Брзо вртење напред или назад
Притиснете и држете 2 или 3 за
брзо вртење напред или назад на моменталната песна.
Page 67 of 151

ЦД-уред67Повторување
За време на репродукцијата на ЦД-
то, притиснете го и држете го
копчето 1 (од
копчињата за станици 1...6) за да ја повторите тековната мелодија.
RPT се појавува на екранот кога
повторувањето е активна.
Притиснете го и држете го
бројченото копче 1 повторно за да
ја деактивирате.
RPT исчезнува од екранот.
Произволна репродукција
За време на репродукцијата на ЦД- то, притиснете го и држете го
копчето 2 (од копчињата за станици
1...6) за да ја активирате
произволната репродукција.
MIX се појавува на екранот кога
произволната репродукција е
активна.
Забелешка
Кај ЦД со MP3, функцијата за
произволна репродукција важи
само за тековниот албум.Притиснете го и држете го
бројченото копче 2 повторно за да
ја деактивирате.
MIX исчезнува од екранот.
Произволната репродукција може
да се деактивира и со исфрлување на ЦД-то.
Забелешка
Произволната репродукција не се
деактивира кога аудио системот
се исклучува или изворот се
сменува.
Паузирање
Кратко притиснете m, @ или
заедно ! и # истовремено за да се
прекине репродукцијата на ЦД-то/
MP3. Притиснете повторно за да
продолжи репродукцијата.
Функцијата за паузирање се
деактивира автоматски кога се
дотерува гласноста, се менува
изворот на звукот или се даваат
автоматски информативни пораки.Прикажување на дополнителни
информации во текст (тескт за ЦД-
то или ID3 етикета)
По изборот на песна или албум,
кратко притиснете го TEXT за да
им пристапите на текстуалните
информации достапни на ЦД-то (на
пр. име на уметникот, име на
албумот или наслов на песната).
За да се прикажат сите текстуални
информации одеднаш, држете го притиснато бројченото копче
TEXT .
За да излезете од екранот,
притиснете го /.
Вадење на ЦД
Притиснете d: ЦД-то се турка
нанадвор од процепот за ЦД.
Ако ЦД-то не се извади по
исфрлувањето, истото автоматски
ќе се повлече повторно назад по
неколку секунди.
Page 68 of 151

68ЦД-уредNAVI 80 IntelliLink (Тип Б и В) -
Користење ЦД плеер
Започнување репродукција од ЦДВклучете го Инфозабавниот
систем (со притискање на m) и
турнете го ЦД-то со печатената
страна нагоре во отворот за ЦД
додека не биде вовлечено:
Репродукцијата од ЦД-то почнува
автоматски.
Ако веќе има ЦД во уредот,
притискајте MEDIA или AUDIO
повеќе пати за да го изберете
саканиот извор на звукот:
Репродукцијата на ЦД-то почнува.
Забелешка
Во зависност од податоците
зачувани на аудио ЦД-то или на ЦД-то со МР3, на екранот ќе сеприкажат различни информации
за ЦД-то и за моменталната
музичка нумера.
Избирање на албум или песна
Притиснете New selection или
Current playlist на екранот за приказ
или свртете го централното
вртливо копче за да изберете
албум или запис од листата.Скокнување на следниот или
претходниот запис
Накратко притиснете 2 или 3
еднаш или повеќепати.
Брзо вртење напред или назад
Притиснете и држете 2 или 3 за
брзо вртење напред или назад на
моменталната песна.
Произволна репродукција
Притиснете < на екранот за приказ
или притиснете Options на
централната контролна единица за
да пристапите до изборникот за
поставки, потоа изберете Shuffle за
активирање.
Забелешка
На ЦД со MP3/WMA, функцијата
за произволна репродукција важи
за актуелниот албум, па поминува на следниот албум.
Паузирање
Кратко притиснете = на екранот за
приказ или притиснете го
вртливото копче за гласност, @ или
заедно ! и # истовремено за
прекинување на ЦД/МП3 ЦДрепродукцијата. Притиснете
повторно за да продолжи
репродукцијата.
Функцијата за паузирање се
деактивира автоматски кога се
дотерува гласноста, се менува
изворот на звукот или се даваат
автоматски информативни пораки.
Прикажување на дополнителни
информации во текст (тескт за ЦД-
то или ID3 етикета)
Откако ќе изберете песна или
албум, притиснете го и држете го
копчето средишното вртливо копче
за да им пристапите на
текстуалните информации
достапни на ЦД-то (на пр. име на
изведувачот, име на албумот или
наслов на песната).
За да излезете од екранот,
притиснете го /.
Вадење на ЦД
Притиснете < на екранот за приказ
и потоа изберете Eject или
притиснете d: ЦД-то се турка
нанадвор од процепот за ЦД.
Page 69 of 151

ЦД-уред69Ако ЦД-то не се извади по
исфрлувањето, истото автоматски
ќе се повлече повторно назад по
неколку секунди.
Page 70 of 151

70AUX приклучокAUX приклучокОпшти информации...................70
Употреба ..................................... 70Општи информации
Достапен е приклучок AUX за
поврзување на надворешни извори на звук.
Забелешка
Штекерот секогаш треба да се
чува чист и сув.
Можно е, на пример, на
приклучокот AUX да се поврзе
преносен ЦД-плеер со машки
приклучок од 3,5 мм.
Употреба
Со извор на звук што е поврзан со
AUX приклучок може да се ракува
само преку контролите на аудио
изворот, т.е. не преку
Инфозабавниот систем. Само
тогаш одбирајте записи
непосредно од изворот на звукот
кога возилото е во мирување.Внимание
Пред поврзување или
исклучување на помошен уред,
на пр. пренослив ЦД-плеер,
исклучете го плеерот и
Инфозабавниот систем за да се избегнат проблеми со
квалитетот и можно
оштетување на опремата.
При поврзување преку машки
приклучок, системот го открива
изворот на звукот автоматски.
Зависно од гласноста на
снимањето, може да има доцнење
пред да се слушне изворот на
звукот.