OPEL VIVARO C 2020 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2020, Model line: VIVARO C, Model: OPEL VIVARO C 2020Pages: 321, PDF Size: 10.33 MB
Page 281 of 321

Нега на возилото279предизвика повреди и
оштетувања во случај на
директен допир.
● Не изложувајте го акумулаторот на отворен
пламен или на искри.
● Испразнет акумулатор може да
замрзне при температура од
0 °C . Одмрзнете го смрзнатиот
акумулатор пред да
поврзувате кабли за палење.
● Носете заштитни очила и заштитна облека кога работитесо акумулатор.
● Користете помошен акумулатор со ист напон (12 V ).
Неговиот капацитет (Ah) не
смее да биде значително
помал од оној на испразнетиот
акумулатор.
● Употребувајте кабли за палење со изолирани клеми и
пресек од најмалку 16 мм 2
(25
мм 2
за мотори на дизел).
● Не откачувајте го испразнетиот
акумулатор од возилото.
● Исклучете ги сите непотребни електрични потрошувачи.
● Не се наведнувајте над акумулаторот за време на
палењето со кабли за палење.
● Не дозволувајте клемите од едниот кабел да ги допрат ониена другиот кабел.
● Возилата не смеат да дојдат во
контакт еден со друг за време
на процесот на палењето со кабли.
● Затегнете ја рачната сопирачка, ставете го
менувачот во лер,
автоматскиот менувач во P.Отворете ги заштитните капаци на
позитивната клема на двата
акумулатори.
Редослед на спојувањето на
каблите:
1. Спојте го црвениот кабел со позитивната клема на
помошниот акумулатор.
2. Спојте го другиот црвен кабел со позитивната клема на
испразнетиот акумулатор.
3. Спојте го црниот кабел со негативната клема на
помошниот акумулатор.
4. Поврзете го другиот крај на црниот кабел во точка на
вземјување на возилото во
моторниот простор.
Спроведете ги каблите така што да не можат да се закачат за
вртливите делови во моторниот простор.
Палење на моторот: 1. Запалете го моторот на возилото што дава струја.
Page 282 of 321

280Нега на возилото2. По 5 минути, запалете годругиот мотор. Обидите за
палење не треба да траат
подолго од 15 секунди во
периоди од 1 минута.
3. Оставете ги двата мотора да работат в место околу три
минути со поврзани кабли.
4. Вклучете електрични потрошувачи на пр. светла,
греење на задното стакло на
возилото на коешто му се
помага при палењето.
5. Кога ги отстранувате каблите, треба да се повтори точно
истото од горе наведенот само
по обратен редослед.Влечење
Влечење на возилото
Притиснете ја средината на
плочката-капак и лизгајте ја до
горниот лев агол за да ја извадите.
Алката за влечење се наоѓа заедно
со прирачните алати 3 261.
Зашрафете ја алката за влечење
надесно колку што може, додека не
застане во хоризонтална положба.
Закачете сајла за влечење – или,
уште подобро е шипка за влечење
– за алката за влечење.
Алката за влечење треба да се
користи за влечење, а не за
ослободување на возилото.
Вклучете го палењето за да го
ослободите закочувањето на
воланот и за да го овозможите
работењето на стоп-светлата,
сирената и бришачот на
шофершајбната.
Page 283 of 321

Нега на возилото281Внимание
Деактивирајте ги системите за
помош на возачот како што е
активното итно сопирање 3 210,
во спротивно, возилото може да
закочи автоматски при
влечењето.
Ставете ја рачката на менувачот во лер.
Отпуштете ја сопирачката за
паркирање.
Внимание
Никогаш не влечете возило со
погон на сите тркала (AWD) со
предните или задните гуми на
патот. Ако влечете возило со
AWD додека предните или
задните гуми се тркалаат по
патот, системот за возење на возилото може сериозно да се
оштети. При влечење возило
со AWD, сите четири тркала не
смее да дојдат во допир со
патот.
Внимание
Возете полека. Не возете со нагли движeња. Преголеми
влечни сили може да го оштетат возилото.
Кога моторот не работи, потребнае значително поголема сила за сопирање и за управување.
За да не влегуваат издувни гасови
од влечното возило, вклучете го
кружењето на воздухот и затворете
ги прозорците.
Возила со автоматски менувач: Возилото треба да се влече
свртено нанапред, не побрзо од
80 км/ч, ниту подалеку од 100 км.
Во сите други случаи и кога
менувачот е дефектен, предната оска треба да се крене од земјата.
Побарајте помош од
автомеханичар.
По влечењето, отшрафете ја
алката за влечење.
Ставете го капачето со фланшата
во отворот и прицврстете го со
туркање.
Влечење друго возило
На задниот браник, притиснете ја
плочката-капак на горниот лев агол за да ја извадите.
Алката за влечење се наоѓа заедно
со прирачните алати 3 261.
Page 284 of 321

282Нега на возилото
Зашрафете ја алката за влечење
надесно колку што може, додека не застане во хоризонтална положба.
Алката за врзување во задниот дел
под возилото никогаш не смее да
се употребува како алка за
влечење.
Закачете сајла за влечење – или,
уште подобро е шипка за влечење
– за алката за влечење.
Алката за влечење треба да се
користи за влечење, а не за
ослободување на возилото.
Внимание
Возете полека. Не возете со
нагли движeња. Преголеми
влечни сили може да го оштетат возилото.
По влечењето, отшрафете ја
алката за влечење.
Ставете го капачето со горната
фланша во процепот и
прицврстете го со туркање.
Нега за изгледот
Нега на надворешноста
Брави
Бравите се подмачкуваат во
фабриката со употребата на
високо квалитетно мазиво за
цилиндрите на бравите. Користете
средство за одмрзнување само
кога е апсолутно неопходно,
бидејќи тоа одмастува и ја
попречува функционирањето на
бравите. По употребата на
средство за одмрзнување, нека Ви
ги подмачка бравите повторно
автомеханичар.
Миење Бојата на Вашето возило е
изложена на влијанија од
околината. Мијте го и полирајте го
Вашето возило редовно. Кога
користите автоматски перални за
возила, одберете таква програма
којашто содржи полирање.
Изметот од птиците, мртвите
инсекти, смолата, поленот и
сличното треба веднаш да се
Page 285 of 321

Нега на возилото283исчистат, бидејќи содржат
агресивни состојки што може да ја
оштетат бојата.
Ако користите перална за возила,
спроведете ги соодветните
напатствија на производителот на
пералната. Бришачите на
шофершајбната и на задното
стакло мора да бидат исклучени.
Извадете ги антената и
надворешните додатоци, како на
пример багажниците за на покрив,
итн.
Ако го миете возилото рачно,
погрижете се темелно да ја
исплакнете и внатрешната страна
на крилата.
Редовно полирајте ги обоените
делови на возилото.
Исчистете ги рабовите и
преклопите на отворените врати и
хаубата, како и пределите што ги
покриваат.
Чистете ги светлите метални
украси со раствори за чистење
одобрени за алуминиум за да се
избегне штета.Внимание
Секогаш користете средство за
чистење со pH вредност од
4 до 9.
Не користете средства за
чистење на жешки површини.
Не го чистете моторниот простор
со компресорска млазница или
млазни чистачи со голем притисок.
Целосно исушете го и избришете
го возилото. Често плакнете ја
еленската кожа. Употребувајте
посебни кожи за бојата и за
прозорците:остатоците од полир-
пастата на прозорците ќе ја
намалат видливоста.
Нека Ви ги подмачкува шарките на вратите со мазиво автомеханичар.
Не користете тврди предмети за
вадење на флеки од катран.
Користете спреј за вадење на
катран на обоените површини.
Надворешни светла
Капаците на предните фарови и на другите светла се направени од
пластика. Не користете
нагризувачки средства или
киселини, не користете гребач за
мраз и не сушете ги.
Полирање и нанесување восок Редовно полирајте го возилото со
полир-паста најдоцна кога веќе не
се формираат капки од водата.
Инаку бојата ќе се исуши.
Полирањето со средство за
полирање е неопходно само ако
бојата го изгубила сјајот или ако на неа се нафатиле цврсти наслојки.
Полирањето на бојата со силикон
обликува заштитен слој, правејќи
го полирањето со восок
непотребно.
Пластичните делови на
каросеријата не смеат да се
намачкаат со восок или средства
за полирање.
Page 286 of 321

284Нега на возилотоПрозорци и четкички на
бришачите
Исклучете ги бришачите пред дапристапите до нивните области.
Употребувајте мека крпа без
влакненца или еленска кожа
заедно со средство за чистење
прозорци и средство за вадење
инсекти.
Користете само водоотпорни
производи што се одобрени за
возилото.
Кога го чистите задниот прозорец
однатре, секогаш бришете
паралелно со грејачот за да
спречите оштетување.
За механичко вадење на мраз,
употребувајте гребло на мраз со
остар раб. Притиснете го гребачот
цврсто на стаклото за да не
влегуваат нечистотии под него и
гребете го стаклото.
Чистете ги четкичките на
бришачите што замачкуваат со
мека крпа и средство за чистење на прозорци.Отстранете ги наслагите
нечистотија од замачкувачките
бришачи со мека крпа и средство
за чистење прозорци. Внимавајте и
да отстраните остатоци од восок,
инсекти и слично од стаклото.
Остатоци од мраз, загадување и постојано бришење на суви стакла
ќе ги оштети, па и уништи
бришачите.
Стаклена плоча Никогаш не чистете со раствори
или нагризувачки средства, горива, агресивни средства, на пример,
растворувачи на бои, раствори што
содржат ацетон, киселини или
многу алкални средства или
абразивни сунѓери.
Тркала и гуми Не користете компресорски
млазници за чистење.
Чистете ги бандажите со pH
неутрално средство за чистење на
тркалата.Бандажите се бојосани и може да
се чистат со истите средства како и шасијата.
Оштетување на бојата
Поправете ги помалите оштети на
бојата со апликатор пред да се
формира ‘рѓа. Поголемите оштети
или предели со ’рѓа нека Ви ги
поправи автомеханичар.
Подвозје
Некои предели на подвозјето на возилото имаат премаз од PVC
додека другите критични предели
имаат траен слој од заштитен
восок.
Откако подвозјето ќе се измие,
проверете го истото и нанесете
повеќе заштитен восок ако е
потребно.
Битуменски / гумени материјали
може да го оштетат слојот од PVC.
Нека Ви ја изведе работата на подвозјето автомеханичар.
Пред и после зимата, измијте го
подвозјето и нека Ви го проверат
слојот на заштитниот восок.
Page 287 of 321

Нега на возилото285Систем на течен гас9Опасност
Течниот гас е потежок од
воздухот и може да се собира во дупки.
Внимавајте кога работите на
подвозјето во канал.
За боење и кога се користи комора за сушење со температура над
60 °C, резервоарот за течен гас
мора да се извади.
Не вршете измени на системот за
течен гас.
Опрема за влечење Не ја чистете влечната кука со
компресорска млазница или
млазни чистачи со голем притисок.
Нега на внатрешноста Внатрешност и тапацир
Чистете ја внатрешноста на
возилото, вклучувајќи ја и маската
и облогите на таблата со
инструменти, само со сува крпа или средство за чистење на
внатрешноста.
Чистете го кожениот тапацир со
вода и мека крпа. Во случај на
голема извалканост, користете
средства за чистење кожа.
Групата инструменти и екраните
треба да се чистат само со мека,
влажна крпа. Ако е потребно,
користете слаб раствор на
сапуница.
Текстилниот тапацир чистете го со
правосмукалка и четка. Флеките
вадете ги со средство за чистење
на тапацирот.
Ткаенината на преслеките може да не е со трајни бои. Тоа може да
предизвика видливо
избледнување на бојата, особено
на тапацир со светли бои. Дамки и
избледена боја треба да се
исчистат што е можно поскоро.
Чистете ги безбедносните ремени
со млака вода или средство за
чистење на внатрешноста.Внимание
Затворајте ги Велкро патентите
бидејќи отворените Велкро
патенти на облеката може да го
оштетат тапацирот на
седиштата.
Истото се однесува и до облеки
со предмети со остри рабови,
како патенти или каишеви или
фармерки со нитни.
Пластични и гумени делови
Пластичните и гумените делови
може да се исчистат со истото средство за чистење кое се
користи за чистење на
каросеријата. Употребете
средство за чистење на
внатрешноста ако е потребно. Не
користете други средства.
Избегнувајте ги растворувачите и
особено бензинот. Не користете
компресорски млазници за
чистење.
Page 288 of 321

286Нега на возилотоПатосници9Предупредување
Ако големината на некоја
патосница е погрешна или
патосницата не е правилно
монтирана, таа може да ѐ
пречи на педалата за гас или на педалата за сопирачките, а тоа
може предизвика ненамерно
забрзување и/или зголемено
растојание на сопирање што
може да предизвика судар или
повреда.
Користете ги следниве насоки за
правилно користење на
патосниците.
● Оригиналните патосници се дизајнирани за вашето возило.
Ако патисниците треба да се
заменат, се препорачува да
купите сертифицирани
патосници. Секогаш
потврдувајте дека патосниците не им пречат на педалите.
● Користете ја патосницата со правилната страна нагоре. Не
превртувајте ја.
● Не ставајте ништо врз патосницата од страната навозачот.
● Користете само една патосница од страната на
возачот.
● Не ставајте една патосница врз друга.
Монтирање и отстранување на
патосниците
Патосницата од страната на
возачот се држи со две спојки.
За да ја монтирате патосницата од
страната на возачот:
1. Поместете го потпирачот за грб
на седиштето од возачот што е
можно поназад.
2. Порамнете ги отворите во патосницата со спојките како
што е прикажано.
3. Свртете ги спојките налево за четвртина од кругот.
Page 289 of 321

Нега на возилото287Вадење1. Поместете го потпирачот за грб
на седиштето од возачот што е
можно поназад.
2. Свртете ги спојките за четвртина од кругот во обратна
насока од монтирањето.
3. Извадете ја подлогата.
Page 290 of 321

288Сервисирање и одржувањеСервисирање и
одржувањеОпшти информации .................289
Сервисни информации ..........289
Препорачани течности,
средства за подмачкување и
делови ....................................... 292
Препорачаните течности и средства за подмачкување ..292