OPEL VIVARO C 2020 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2020, Model line: VIVARO C, Model: OPEL VIVARO C 2020Pages: 321, PDF Size: 10.33 MB
Page 31 of 321

Клучеви, врати и прозорци29Потврдување
Ракувањето со системот на
централната брава се потврдува
со предупредувачките трепкачи.
Копче за централната брава
Ги заклучува или отклучува сите
врати и товарниот простор од
внатрешноста на патничкиот
простор. Ако возилото е опремено со систем на електронскиот клуч, и
вратничката на резервоарот за
гориво се заклучува или отклучува.
Притиснете - за да заклучите.
Светнува LED-сијаличката во
копчето.
Притиснете - повторно за
отклучување. LED-сијаличката во
копчето се исклучува.
Ракување со клучот во случај на дефект на системот на
централната брава
Во случај на дефект, на пример, испразнет акумулатор или
батерија на далечинската контрола или електронскиот клуч, возачката
врата може да се заклучи или
отклучи со механичкиот клуч.
Рачно отклучување
Електронски клуч: притиснете го и
задржете го копчето за да се
извлече вметнатиот клуч.
Рачно отклучете ја возачката врата
со вметнување и вртење на клучот
во цилиндарот на бравата.
Другите врати можат да се отворат
со повлекување на внатрешната
квака.
Кога ќе се вклучи палењето, се
исклучува системот за заштита од
кражба.
Page 32 of 321

30Клучеви, врати и прозорциРачно заклучување
Рачно заклучете ги вратите,
задната врата и вратничката на
резервоарот за гориво така што ќе
го ставите и ќе го свртите клучот во
цилиндарот на бравата од вратата
на возачот.
Автоматско заклучување Автоматско заклучување по
поаѓање
Системот дозволува автоматско
заклучување на вратите и задната
врата штом брзината на возилото
ќе надмине 10 км/ч.
Ако една од вратите или задната
врата е отворена, автоматското
централно заклучување нема да се
активира. На тоа се укажува со
звукот на отклучување на бравите,
придружено со осветлување на N
на групата инструменти, звучен
сигнал и прикажување порака за
предупредување.
Оваа функција може да се
активира или деактивира во секое
време. Со вклучено палење,
притискајте - додека не започне
да се емитува звучен сигнал и не се
прикаже соодветна порака.
Состојбата на системот останува
во меморијата кога ќе го исклучите палењето.
Автоматско повторно
заклучување по отклучувањето
Оваа функција автоматски ги
заклучува сите врати, товарниот простор и вратичката на
резервоарот за гориво автоматски кратко по отклучувањето со
далечинскиот управувач или
електронскиот клуч ако ниту една
врата не била отворена.
Детски брави9 Предупредување
Користете ги детските брави
кога и да седат деца на задните
седишта.
Page 33 of 321

Клучеви, врати и прозорци31Механички детски брави
За да ги активирате, свртете ја
детската брава нагоре. Лизгачката
врата не може да се отвори
однатре.
За да ги деактивирате, свртете ја детската брава надолу. Лизгачката врата може да се отвори однатре.
Електрични детски брави
Систем со којшто се ракува од
далечина за да се спречи
отворање на лизгачките врати со
внатрешните рачки на вратите.
Вклучување
Притиснете >. Се вклучува
индикаторското светло во копчето, придружено со порака за
потврдување. Ова индикаторско
светло останува вклучено додека
не се исклучат детските брави.
Исклучување
Притиснете го > повторно.
Индикаторското светло се
исклучува, придружено со порака
за потврдување. Ова индикаторско
светло останува вклучено додека
не се вклучат детските брави.
Page 34 of 321

32Клучеви, врати и прозорциВрати
Лизгачки врати
Отворање
По отклучувањето, повлечете ја
надворешната рачка на вратата и
лизгајте ја вратата наназад по
точката на отпор.
За да отворите однатре, турнете ја рачката и лизгајте ја вратата
наназад по точката на отпор.
Затворање
За да затворите однадвор,
повлечете ја рачката на вратата и
лизгајте ја вратата нанапред
додека не се заклучи.
За да затворите одвнатре, турнете
ја рачката и лизгајте ја вратата
нанапред додека не се заклучи.
Внимание
Уверете се дека страничната
лизгачка врата е целосно
затворена и безбедна пред
возење на возилото.
Page 35 of 321

Клучеви, врати и прозорци33Внимание
За да не дојде до оштетувања,
не обидувајте се да ракувате со лизгачката странична врата
кога е отворена вратичката за
полнење гориво.
9 Опасност
Не возете со отворена или
подотворена лизгачка
странична врата, на пример,
кога превезувате големи
предмети, бидејќи отровните
издувни гасови кои не може да
се видат или намирисаат може
да навлезат во возилото. Тоа може да предизвика несвест и
дури смрт.
Полнење гориво 3 227.
Електрични лизгачки врати9 Предупредување
Внимавајте кога ракувате со
електричните лизгачки врати. Ризик од повреда, особено за
децата.
Особено внимавајте кога
возилото е паркирано на
стрмнина: отворете ја или
затворете ја вратата целосно додека не се забрави во
заклучената положба.
Внимавајте добро на вратите
што се движат додека ракувате
со нив. Внимавајте ништо да не
се заглави во неа за време на
ракувањето и да нема никој во
просторот на движењето.
Со електричните лизгачки врати
може да се ракува со:
● притискање на N или M на
далечинскиот управувач
● притискање на N или M на
електронскиот клуч
● притискање на P или O на
таблата со инструменти
● притискање на P или O на
рамката од вратата
● ракување без раце со сензорите за движење под
задниот браник
● повлекување на соодветната рачка од вратата.
Ракување со електронскиот клуч
Притиснете N или M подолго за да
ја отворите соодветната
електрична лизгачка врата.
Page 36 of 321

34Клучеви, врати и прозорциРакување без раце
Во зависност од конфигурацијата
на возилото, тоа може да има една
или две лизгачки врати со кои може
да се ракува без раце.
За да отворите или затворите
лизгачка врата, движете го
стапалото под задниот браник на соодветната страна напред и
назад.
Електронскиот клуч мора да биде
надвор од возилото во опсег од
околу 1 м од сензорите за
движење. Во зависност од
конфигурацијата на возилото,
електронскиот клуч мора да се
наоѓа во соодветната област. Не
држете го стапалото подолго или
не движете го премногу бавно под
браникот.
Активирањето или
деактивирањето на ракувањето
без раце може да се постави во
Инфо-екранот 3 130.
Товарен простор
Задна врата
Прозорец на задната врата 3 46.
Отворање
По отклучувањето, притиснете го
копчето за задната врата и
отворете ја задната врата.
Page 37 of 321

Клучеви, врати и прозорци35
Во зависност од верзијата,
притиснете ' за да ја отклучите
задната врата однатре.
Затворање
За да ја спуштите задната врата
користете ја внатрешната рачка. Турнете ја задната врата одозгора
додека не се затвори целосно.
Не притискајте го копчето за
задната врата додека затворате
бидејќи така повторно ќе ја
отклучите задната врата.
Кога електронскиот клуч е надвор
од возилото и во опсег од околу
1 м од задната врата, притиснете го
десното копче за задната врата за
да го заклучите возилото.
Централна брава 3 26.
Општи практични совети за
ракување со задната врата9 Опасност
Не возете со отворена или
подотворена задна врата,
на пр. кога превозувате кабасти
предмети, бидејќи во возилото
може да навлезат отровни
издувни гасови што не можат да
се видат или намирисаат. Тоа
може да предизвика несвест и
дури смрт.
Внимание
Пред да ја отворите задната врата, проверете дали има
пречки во горниот дел, на пр.
врата од гаража, со цел да се избегне оштетување на задната
врата. Секогаш проверувајте ја
движечката површина над и зад задната врата.
Page 38 of 321

36Клучеви, врати и прозорциЗабелешка
Инсталирањето на определени
тешки додатоци врз задната
врата може да повлијае врз
нејзината способност да остане
отворена.
Забелешка
При ниски надворешни
температури, задната врата не
може сама да се отвори во целост.
Во овој случај, подигнете ја
задната врата рачно до нејзината
нормална крајна положба.
Итно отворање на задната
врата од внатрешноста на
возилотоПристапниот отвор помеѓу вратата и подот овозможува да се
ослободи шарката на задната
врата со соодветен алат.
Притиснете ја рачката налево за да
ја отклучите и да ја отворите
задната врата.
Врати со шарки Отклучете ги вратите со шарки со
далечинскиот управувач или со
вртење на клучот во цилиндарот од бравата на задната врата.
Централна брава 3 26.За да ги отворите вратите со
шарки, повлечете ја надворешната
рачка.
За да ја ослободите десната врата
со шарки, повлечете ја рачката.
Page 39 of 321

Клучеви, врати и прозорци37
За да ја отворите вратата од
внатрешноста на возилото,
повлечете ја внатрешната рачка.
9 Предупредување
Задните светла може да се
заматат ако задните врати се
отворени и возилото е
паркирано на работ на патот.
Помагајте им на други
корисници на патот да го
приметат возилото со
користење на предупредувачки
триаголник или друга опрема
определена во прописите за
патниот сообраќај.
Вратите се задржуваат во
положбата под агол од 90º со
дршките за запирање. За да ги отворите вратите за 180º,
притиснете го резето и завртете до саканата положба. Пред да ги
затворите вратите, уверете се дека бравата останува во положба од
90º.
9 Предупредување
Уверувајте се дека вратите со
дополнителна можност за
отворање се прицврстени кога
се целосно отворени.
Отворените врати може да се затворат со тресок поради
силата на ветарот!
Секогаш затворајте ја десната
врата пред левата врата.
Централна брава 3 26.
Page 40 of 321

38Клучеви, врати и прозорциБезбедност на
возилото
Систем за заштита од кражба9 Предупредување
Не користете го системот ако
има луѓе во возилото! Вратите
не може да се отклучат однатре.
Системот ги блокира сите врати.
Сите врати треба да се затворат,
инаку системот не може да се
активира.
Отклучувањето на возилото го
исклучува механичкиот систем за
заштита од кражба. Тоа не е
возможно со копчето на
централната брава.
Активирање Едноставен клуч: Ставете го
клучот и свртете го двапати
надесно во рок од 5 секунди.
Далечински управувач:
Притиснете го - на далечинскиот
управувач двапати во рок од пет секунди.
Електронски клуч: Притиснете
двапати на една од рачките на
вратите во рок од пет секунди
Систем за тревожење прикражба9 Предупредување
Не користете го системот ако
има луѓе во возилото! Вратите
не може да се отклучат однатре.
Системот за тревожење при
кражба е направен да го заштити
возилото од кражба и провала.
Системот за тревожење при
кражба е комбиниран со системот
за заштита од кражба.
Системот ги надгледува вратите,
задната врата, хаубата и
патничкиот простор.
Во зависност од верзијата на
возилото, не може да го
надгледува соседниот товарен
простор.
Активирање Палењето мора да биде исклучено.
Сите врати треба да се затворени
и електронскиот клуч не смее да
остане во возилото. Инаку
системот не може да се активира.
● Далечински управувач: Надгледувањето на вратите,
задната врата и хаубата се
активира 5 секунди по
заклучувањето на возилото со
притискање на e.
Надгледувањето на
патничкиот простор се
активира 45 секунди по
заклучувањето на возилото со
притискање на e.
● Систем на електронскиот клуч:
Надгледувањето на вратите,
задната врата и хаубата се
активира 5 секунди по
заклучувањето на возилото со
притискање со прст или палец
на ознаките на рачката на една