OPEL ZAFIRA B 2014 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2014, Model line: ZAFIRA B, Model: OPEL ZAFIRA B 2014Pages: 243, PDF Size: 7.94 MB
Page 141 of 243

Возење и ракување139Внимание
Ако процесот на чистењето е
прекинат повеќе од еднаш, има
голем ризик од предизвикување на тешко оштетување на
моторот.
Чистењето се одвива најбрзо при големи брзини и оптовареност на
моторот.
Контролната сијаличка !
се гасне
штом ќе заврши процесот на
самочистење.
Ако A свети дополнително,
чистењето не е возможно.
Побарајте помош од
автомеханичар.
Катализатор Катализаторот го намалува
количеството на штетните
материјали во издувните гасови.Внимание
Класи на гориво пионакви од
оние наброени на страниците
3 157, 3 222 може да го
оштетат катализаторот или
електронските компоненти.
Бензинот кој не се игорил ќе се
прегрее и ќе го оштети
катализаторот. Затоа
избегнувајте ги прекумерното
работење со стартерот,
испразнувањето на
резервоарот за гориво и
палењето на возилото со
туркање или влечење.
Во случај моторот да не пали,
нерамномерно да работи, има
очигледен пад во перформансите
на моторот или има други
невообичајни проблеми, нека Ви ја
елиминира причината на дефектот
автомеханичар колку е можно
поскоро. Во хаварии, со возењето
може да се продолжи за кратко
време, одржувајќи се брзината на
возилото и вртежите на моторот на
ниско ниво.
Page 142 of 243

140Возење и ракувањеАвтоматски менувач
Автоматскиот менувач овозможува автоматско менување на брзините
(aвтоматски режим), а моделот со
ActiveSelect (Активен избор)
овозможува и рачно менување
(рачен режим).
Екран на менувачот
На екранот на менувачот е
прикажано во која брзина или
режим е менувачот.
Кај возилата со „Отвори и
појди“ систем, на екранот на
менувачот трепка „P“ кога
палењето е исклучено ако не е
ставено во P или рачната
сопирачка не е затегната.
Ако режимот Sport е активиран, се
пали 1.
Ако е активирана зимската
програма, се пали T.
Рачка на менувачотP=паркирна положба, предните
тркала се блокирани,
ставајте го менувачот во неа
само кога возилото е во
мирување и рачната
сопирачка е затегнатаR=рикверц, ставајте во него
само кога возилото е во
мирувањеN=лерD=автоматски режим со сите
брзини на менувачот
Page 143 of 243

Возење и ракување141
Рачката на менувачот може да се
помести од P или N само кога
палењето е вклучено и ножната сопирачка е нагазната (закочување
на рачката на менувачот).
Кога рачката на менувачот е во
положбата N, блокирањето на
рачката на менувачот се активира по мала пауза, а само ако возилото е во мирување.
Кога рачката на менувачот е во
положбата P или N, контролната
сијаличка jво лентата на
индикаторот за брзини се пали црвена кога рачката на менувачот
е закочена. Ако рачката на
менувачот не е во положбата P
кога палењето е исклучено,
контролната сијаличка jи P на
сигналната лента на рачката
трепка.
За да ставите во P или R,
притиснете го копчето за
ослободување на рачката на
менувачот.
Кога е одбрана положбата N,
притиснете ја ножната сопирачка
или затегнете ја рачната сопирачка
пред да запалите.
Не давајте гас кога ставате во
брзина. Никогаш не ги нагазнувајте педалот за гас и педалот за
сопирачките истовремено.
Кога е ставена некоја брзина,
возилото почнува полека да лази
кога се отпушта сопирачката.Брзини 3, 2, 13, 2, 1=Менувачот не се
префрлува над
избраната брзина.
Притиснете го копчето на рачката
на менувачот за да ставите во 3
или 1.
Изберете само 3, 2 или 1 за да
спречите автоматско
префрлување во поголема брзина
или како помош во моторното
сопирање.
Page 144 of 243

142Возење и ракување
Моторно кочење
За да се искористи дејството на
моторното сопирање, одберете
помала брзина навреме кога
возите по удолнини.
Нишање на возилото Нишањето на автомобилот е
дозволено само ако возилото е
заглавено во песок, кал, снег или
јама. Местете ја рачката на
менувачот помеѓу D и R повеќе
пати. Не турирајте го моторот и
избегнувајте нагли забрзувања.
Паркирање
Применете ја сопирачката за
паркирање и ставете во P.
Клучот за палење може да се
извади само кога рачката на
менувачот е во положбата P.Рачен режим
Извадете го менувачот од
положбата D налево а потоа
нанапред или наназад.
+=Менување во поголема
брзина.-=Менување во помала брзина.
Ако се одбере поголема брзина
кога брзината на возилото е
премала, или помала брзина кога
брзината на возилото е преголема,
не се извршува менувањето на
брзина.
Ако брзината на моторот премала,
менувачот автоматски се
префрлува во помала брзина над
определена брзина на возилото.
Не се остварува автоматско
префрлување во поголема брзина
при поголема брзина на моторот.
Од безбедносни причини, во
рачниот режим функционира и
збоднувањето.
Електронски програми за
возењето ■ По ладно палење, програмата за
работна температура ја
зголемува брзината на моторот
за брзо да го доведе
катализаторот до потребната
температура.
■ Функцијата за автоматско префрлување во лер автоматскисе префрлува на работење в
место кога возилото е застанато
во некоја брзина за напред.
■ Кога е активен режимот Sport, менувачот ги менува брзините
при поголеми брзини на моторот
Page 145 of 243

Возење и ракување143
(освен ако не е вклучена
контролата на патувањето).
Sport режим 3 152.
Зимска програма T
Активирајте ја зимската програма
ако имате проблеми со поаѓањето
на лизгави површини на коловозот.
Активирање кај возалата без рачен
режим
Притиснете го копчето T со P, R , N ,
D или 3. Возилото поаѓа во трета
брзина.
Активирање кај возалата со рачен
режим
Во автоматскиот режим
притиснете го копчето T. Зависно
од површината на патот, возилото
поаѓа во 2-ра или 3-та брзина.
Деактивирање
Зимската програма се исклучува
со:
■ повторно притискање на копчето T,
■ рачно одбирање 2 или 1,
■ префрлување во рачниот режим,
■ исклучување на палењето,
■ или ако температурата на маслото за менувачот е
превисока.Збоднување
Ако педалот за гас е нагазнат преку отпорната точка, зависно од
брзината на моторот менувачот се
префрлува во помала брзина.
Дефект
Во случај на дефект, се пали A.
Менувачот веќе не менува
автоматски брзини. Непрекинато
патување е возможно со рачно менување.
Нека Ви ја отстрани причината на
дефектот автомеханичар.
Page 146 of 243

144Возење и ракување
Модел без рачен режим
Не може да се користи
втората брзина. Рачно менување:1=1-ва брзина2=3-та брзина3, D=4-та брзина
Модел со рачен режим
Може да се избере само
најголемата брзина. Зависно од
дефектот, и втората брзина може
да се користи во рачниот режим.
Прекин на напојувањето Во случај на прекин на
напојувањето рачката на
менувачот не може да се извади од положбата P или N.
Ако акумулаторот е испразнет,
запалете го возилото користејќи
кабли за палење 3 204.
Ако акумулаторот не е причина на
дефектот, ослободете ја рачката
на менувачот:
1. Применете ја сопирачката за паркирање.
2. Извадете го влогот напепелникот 3 89. Олабавете го
шрафот на металниот капак и
извадете ги двата дела.
Прирачен алат 3 190.
3. Откачете го држачот на пепелникот или капакот:
посегнете со раката во отворот
кај горниот раб, откачете го
држачот на пепелникот или
капакот и извадете го.4. Повлечете ја гајката и извадете
ја рачката на менувачот од P
или N. Ако P или N е одбрано
повторно, рачката на
менувачот ќе биде закочена во положбата повторно. Нека Ви ја елиминира причината на
прекинот на напојувањето
автомеханичар.
5. Ставете го држачот на пепелникот или капакот и
заглавете го.
6. Прицврстете го металниот капак со шрафот. Наместете го
влогот на пепелникот 3 89.
Page 147 of 243

Возење и ракување145Рачен менувач
За ставање во рикверц, кога
возилото е во мирување, почекајте 3 секунди откако ќе го ослободите
куплунгот и потоа притиснете го
копчето за ослободување на
рачката на менувачот и ставете во
рикверц.
Ако менувачот не влезе во
рикверц, ставете ја рачката во лер,
отпуштете го куплунгот и повторно
притиснете го; потоа повторете го
ставањето во рикверц.
Не нагазнувајте го куплунгот
непотребно.
Кога ракувате со него, притиснете го куплунгот целосно. Не одморајте ја ногата на педалот.Внимание
Не е препорачливо да се вози сораката легната на рачката наменувачот.
Автоматизиран рачен
менувач
Менувачот Изитроник овозможува
рачно (рачен режим) или
автоматско менување на брзините
(автоматски режим), и двете со
автоматска контрола на куплунгот.
Екран на менувачот
Ги покажува режимот и
моменталната брзина.
Page 148 of 243

146Возење и ракување
Екранот трепка неколку секунди
кога A, M или R е избрано додека
работи мотор, а ножната сопирачка
не е нагазната.
Ако е активирана зимската
програма, се пали T.
Палење на моторот Нагазнете ја ножната сопирачка
кога го палите моторот. Ако
ножната сопирачка не е
притисната j се пали во
инструментот, трепка „N“ на
екранот на менувачот и моторот не може да се запали.
Палењето не е возможно ако сите
светла за сопирачката се
дефектни.
Кога ножната сопрачка е
нагазната, менувачот автоматски
се префрлува во N при палењето.
Можее да настапи кратко
задоцнување.Рачка на менувачот
Секогаш придвижувајте ја рачката
на менувачот во соодветната
насока до каде што може да оди.
По пуштањето, автоматски се
враќа во средишната положба.
N=Лер.A=Префрлување меѓу
автоматскиот и рачниот
режим. Екранот на менувачот
покажува A или M.R=Рикверц. Ставајте во рикверц
само кога возилото е во
мирување.+=Менување во поголема
брзина.-=Менување во помала брзина.
Поаѓање
Притиснете ја ножната сопирачка и
ставете ја рачката на менувачот во A , + или -. Менувачот е во
автоматски режим и се става во прва брзина. Ако се избере R, се
активира рикверцот.
Возилото почнува да лази штом ќе
се отпушти сопирачката.
За поаѓање без да се нагазне
ножната сопирачка, давајте гас
веднаш по ставањето во брзина.
Ако ни педалот за гас ни ножната
сопирачка не е нагазната, не се
става во ниедна брзина, и за кратко време трепка A или R на екранот.
Застанување на возилото
Во A, првата брзина е ставена и
куплунгот е отпуштен кога
возилото застанува. Во R,
рикверцот останува активен.
Page 149 of 243

Возење и ракување147
Моторно кочење
Автоматски режим
Кога се вози по удолнини,
автоматскиот менувач не се
префрлува во поголеми брзини
додека не се достигне релативно
голема брзина на моторот.
Благовремено се префрлува во
помала брзина кога се сопира.
Рачен режим
За да се искористи дејството на моторното сопирање, одберете
помала брзина навреме кога
возите по удолнини.
Нишање на возилото
Нишањето на автомобилот е
дозволено само ако возилото е
заглавено во песок, кал, снег или
јама. Местете ја рачката на
менувачот помеѓу R и A повеќе
пати. Не турирајте го моторот и избегнувајте нагли забрзувања.Паркирање
Применете ја сопирачката за
паркирање. Останува најпоследно
избраната брзина (видете на
екранот на менувачот) активирана.
Со N, не е ставено во ниедна
брзина.
Кога палењето е исклучено,
менувачот веќе не реагира на
движењата на рачката на
менувачот.
Рачен режим
Ако се одбере поголема брзина
кога брзината на возилото е
премала, или помала брзина кога
брзината на возилото е преголема, не се извршува менувањето на
брзина. Тоа го спречува моторот да работи со премногу или премалку
вртежи.
Ако брзината на моторот е
премала, менувачот автоматски се менува во помала брзина.Ако брзината на моторот е
преголема, менувачот се
префрлува во поголема брзина
само преку збоднувањето.
Кога + или - е избрано во
автоматскиот режим, менувачот се
префрлува во рачен режим и
менува брзини соодветно.
Електронски програми за
возење ■ По ладно палење, програмата за
работна температура ја
зголемува брзината на моторот
за брзо да го доведе
катализаторот до потребната
температура.
■ Приспособливата програма автоматски го приспособува
менувањето на брзини кон
условите за возење, на пр.
поголема оптовареност или
стрмнини.
■ Кога е вклучен режимот Sport, времето за менување брзини е
скратено и менувачот ги менува
брзините при поголеми брзини
Page 150 of 243

148Возење и ракување
на моторот (освен ако не е
вклучена контролата на
патувањето). Sport режим 3 152.
Зимска програма T
Активирајте ја зимската програма
ако имате проблеми со поаѓањето
на лизгави површини на коловозот.
Активирање
Притиснете го копчето T.
Менувачот се префрлува во
автоматски режим. Возилото поаѓа во втора брзина. Режимот Sport се
деактивира.
Деактивирање
Зимската програма се исклучува
со:
■ повторно притискање на копчето T
■ исклучување на палењето
■ префрлување во рачен режим (кога се префрлува пак во
автоматскиот режим, зимската
програма е повторно активна)
■ кога температурата на куплунгот е превисока
ЗбоднувањеАко педалот за гас е притиснат
преку отпорната точка, менувачот
се префрлува во помала брзина
зависно од брзината на моторот.
Дефект
За да се спречи оштетувањето на
автоматизираниот рачен менувач,
куплунгот автоматски се затвора при високи температури на истиот.
Во случај на дефект, се пали A.
Може да се продолжи со возењето.
Рачниот режим не може да се
користи за префрлување.
Ако F се појави на екранот на
менувачот, не може да се
продолжи со возењето.
Нека Ви ја отстрани причината на
дефектот автомеханичар.
Прекин на напојувањетоКуплунгот не се ослободува ако
има прекин на напојувањето кога
се става во брзина. Возилото не
може да се помрдне.