OPEL ZAFIRA B 2014 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2014, Model line: ZAFIRA B, Model: OPEL ZAFIRA B 2014Pages: 243, PDF Size: 7.94 MB
Page 131 of 243

Контрола на климатизацијата129
■Ладењето n е вклучено.
■ Контролата на распределбата на
воздухот наместете ја на M.
■ Наместете ја контролата на температурата на саканата
вредност за температура.
■ Наместете го прекинувачот на вентилаторот на A.
■ Отворете ги сите отвори.
Автоматската климатизација
автоматски лади до определената
вредност со максимална сила за
ладење.
Со намалување до минимум на
контролата на темпреатурата
системот постојано работи со
максимално ладење. Системот
автоматски се мести на кружење на
воздухот кога кондиционерот е
вклучен.
Одмаглување и одмрзнувањена прозорците ■ Ладењето n е вклучено.
■ Притиснете го копчето V: во
положбата A, вентилаторот
автоматски се префрлува нанајголемата брзина,
распределбата на воздухот се
насочува кон шофершајбната.
■ Наместете ја контролата на температурата на најтопло ниво.
■ Вклучете го греењето на задното
стакло Ü.
Електронски систем за
контрола на
климатизацијатаКонтроли за: ■ Температура
■ Распределба на воздухот и избирање во изборникот
■ Брзина на вентилаторотAUTO=Автоматски режим4=кружење на воздухотV=одмаглување и
одмрзнување
Греење на задното стакло Ü 3 46.
Однапред одбраната температура
се регулира автоматски. Во
автоматскиот модус брзината на
вентилаторот и распределбат на
воздухот автоматски го регулира
протокот на воздухот.
Системот може мануелно да се
адаптира со употреба на
контролите за распределбата и
пторкот на воздухот.
Page 132 of 243

130Контрола на климатизацијата
Податоците се прикажани на
информативниот екран
Info-Display. Промените на
поставките се покажуваат накратко на Info-Display, покривајќи го
актулено прикажаниот изборник.
Системот на електронската
контрола на климата е целосно
функционален само кога работи
моторот.
Не го покривајте сензорот на
таблата со инструменти за да
работи правилно.
Автоматски режим
Основна поставка за максимална
удобност:
■ Притиснете го копчето AUTO.
■ Отворете ги сите отвори за воздух.
■ Air conditioning (Климатизација)
вклучено.
■ Поставете ја саканата температура.
Претходно одбирање на
температурата Температурите може да се
наместат на саканата вредност.
За поголема удобност,
температурата може да се менува
само постепено.
Ако минималната температура е
поставена Lo се појавува на
екранот и електронскиот систем за
контрола на климата работи со
максимално ладење.Ако максималната температура е
поставена Hi се појавува на
екранот и електронскиот систем за
контрола на климата работи со
максимално греење.
Брзина на вентилаторот Одбраната брзина на
вентилаторот се означува со x и
бројка на екранот.
Ако вентилаторот е исклучен,
климатизацијата исто така се
деактивира.
За да се вратите во автоматскиот режим: Притиснете го копчето
AUTO .
Одмаглување и одмрзнување на прозорците Притиснете го копчето V на
екранот се појавува V.
Температурата и распределбата
на воздохут се поставува
автоматски и вентилаторот работи
на голема брзина.
За да се вратите во автоматскиот
режим: притиснете го копчето V
или AUTO .
Page 133 of 243

Контрола на климатизацијата131
Вклучете го греењето на задното
стакло Ü.
Рачни поставки во изборникот
климатизација Поставките на системот за
контрола на климатизацијата може
да се менуваат преку средишното
тркалце, копчињата и изборниците
пројавени на екранот.
За повикување на изборникот
притиснете го средишното копче.
На екранот се појавува изборникот
за Climate (Клима) .
Одделните изборни ставки се
означуваат со вртење на
средишното тркалце и се одбираат
со негово притискање.
За да се излезе од изборникот
свртете го средишното копче на
контролота дури не се појави
Return (Рикверц) или Main
(Главно) .Распределба на воздухот
Свртете го средишното копче.
Изборникот Air distribut. (Распред.
на воздухот) се активира,
покажувајќи ги можните поставки за распределбата на воздухот:Горе=кон
шофершајбната и
прозорците на
предните врати.Кон
средината=кон патниците на
возилото.Долу=кон пределот на
нозете.
Изборникот Air distribut. (Распред.
на воздухот) може исто да се
повикувапреку изборникот Climate
(Клима) .
Враќање на автоматската
распределба на воздухот:
Деактивирајте ја соодветната
поставка или притиснете го
копчето AUTO.
Ладење
Во изборникот Climate (Клима)
изберете ја изборната ставка AC и
активирајте го или исклучете го
ладењето.
Системот за климатизација лади и
суши кога надворешната
температура е над определено
ниво. Затоа може да се формира
кондензација и да капи под
возилото.
Page 134 of 243

132Контрола на климатизацијата
Ако веќе не е потребно ладење или
сушење, исклучете го системот за
климатизација за да заштедите
гориво Eco (Еко) се појавува на
екранот
Регулирање на вентилаторот
во автоматскиот режим
Регулирањето на вентилаторот во
автоматскиот режим може да се
преиначува.
Одберете ја изборната ставка
Automatic blower (Автоматски
вентилатор) од изборникот Climate
(Клима) и одберете го саканото
регулирање на вентилаторот.
Рачен режим за кружење на
воздухот Режимот за кружење на воздухотсе управува со копчето 4.9Предупредување
Менувањето на свежиот воздух
е намалено во режимот за
кружење на воздухот. При
работа без ладење, влажноста
на воздухот се зголемува, па
прозорците може да се
замаглат. Квалитетот на
воздухот во патничката кабина
се влошува, што може да
предизвика дремливост кај
патниците.
Климатизација кога моторот
не работи
Кога палењето е исклучено,
преостанатата топлина или
ладење во системот може да се
употреби за контрола на климата
во патничкиот простор.
Притиснете го копчето AUTO кога
палењето е исклучено. На екранот накратко се појавува Residual air
conditioning on (Климатизација на
преостанатиот воздух е вклучена) .
Контролата на климатизацијата на
преостанатиот воздух може да
работи само за ограничено
времетраење. За откажување,
притиснете го копчето AUTO.
Дополнително греење
Грејач на воздухот
Брзото греење е дополнителен
електричен грејач кој автоматски го загрева патничкиот простор
побргу.
Грејач на течноста за ладење
Возилата со мотори на дизел
имаат помошен грејач на гориво кој ја загрева течноста за ладење кога
моторот работи.
Page 135 of 243

Контрола на климатизацијата133Отвори за
проветрување
Приспособливи отвориза проветрување
Мора да биде отворен барем еден
отвор за проветрување додека е
вклучено ладењето за да се спречи испарувачот да замрзне поради
недвижење на воздухот.
Отвори за проветрување со тркалцеЗа да се отвори или затвори
отворот за проветрување свртете
го тркалцето за местење.
Насочете го протокот на воздухот
со навалување и вртење на
решетките.
Отвори за проветрување без
тркалце
Отворете ги отворите и насочете го
потокот на воздухот.
За да се затворат преградите,
насочете ги отворите надолу.
9 Предупредување
Не закачувајте предмети за
решетките на отворите за
проветрување. Ризик од
оштетување и повреда во случај на сообраќајка.
Page 136 of 243

134Контрола на климатизацијатаФиксни отвори за
проветрување Дополнителни отвори за
проветрување се наоѓаат под
шофершајбната и прозорците на
вратите и во пределите на нозете.Одржување
Довод на воздухот
Процепите за довод на воздухот
пред шофершајбната во
моторниот простор мора да се
чуваат чисти за да се овозможи
доводот на воздухот. Извадете ги лисјата, нечистотијата или снегот.
Филтер за полен Филтерот за полен ги отстранува
правот, саѓите, поленот и спорите
од воздухот што влегуваат
однадвор.
Обично работење на
кондиционерот За да се обезбедат постојано
ефикасни перформанси, ладењето
мора да се вклучува неколку
минути еднаш месечно, без оглед
на времето и годишната доба. Не е возможно ракувањето со ладењето
кога надворешната температура е
прениска.
Сервис За оптимални перформанси на
ладењето, се препорачува ситемот
за контрола на климатизацијата да
се проверува годишно, почнувајќи
три години по првата регистрација
на возилото, заедно со следниве:
■ Тестирање на функционирањето и притисокот
■ Функционирање на греењето
■ Проверка да не капе
■ Проверка на погонските ремени ■ Чистење на одводот на кондензаторот и испарувачот
■ Проверка на перформансите
Page 137 of 243

Возење и ракување135Возење и ракувањеПрактични совети за возење..135
Поаѓање и ракување ................ 135
Издувни гасови од моторот .....138
Автоматски менувач ................140
Рачен менувач ......................... 145
Автоматизиран рачен
менувач ..................................... 145
Сопирачки ................................. 150
Системи за контрола на
возењето ................................... 151
Контрола на патувањето .........154
Системи за приметување предмети ................................... 155
Гориво ....................................... 157
Кука за приколка ......................161Практични совети за
возење
Контрола над возилото
Никогаш не оставајте го
возилото да оди на падини со
изгаснат мотор
Многу уреди нема да
функционираат во таква ситуација
(на пр. серво уредот на
сопирачките, електронското
управување). Таквото возење е
опасно за Вас и за други.
ПедалиЗа да се обезбеди непречен од на
педалите, не смее да има
подлошки во пределот на
педалите.Поаѓање и ракување
Разработување на
новото возило
Не кочете непотребно силно на
првите 200 км.
За време на првото возење може
да се јави чад поради
испарувањето на восокот и
маслото на системот за издувни
гасови. Паркирајте го возилото на
отворено место за извесно време
по првото возење за да не ги
вдишувате пареите.
За време на периодот на
разработувањето потрошувачката
на гориво и на моторно масло може
да биде поголема и процесот на
чистењето на филтерот за
дизелски честички може да се
одвива почесто. Филтер за
дизелски честички 3 138.
Page 138 of 243

136Возење и ракувањеПоложби на
прекинувачот за палење0=Исклучено палење1=Бравата на воланот е
ослободена, исклучено
палење2=Вклучено палење, за мотор на
дизел: предзагревање3=ПалењеПалење на моторот
Палење на моторот со
прекинувачот за палење
Нагазнете ги куплунгот и
сопирачката, автоматскиот
менувач во P или N
Не нагазнувајте го педалот за гас.
Мотори на дизел: свртете го клучот во положбата 2 за предзагревање
додека контролната сијаличка !
не се изгасне.
Накратко свртете го клучот во
положбата 3 и отпуштете го клучот
кога ќе проработи моторот.
Пред да го запалите повторно или
изгаснете моторот, вратете го
клучот во положбата 0.
Палење на моторот со
копчето Start/Stop
Електронскиот клуч мора да биде
внатре во возилото. Нагазнете ги
куплунгот и сопирачката,
автоматскиот менувач во P или N
Не нагазнувајте го педалот за гас.
Мотори на дизел: притиснете го
копчето накратко за да се вклучи
предзагревањето, помрднете го
малку воланот за да се ослободи
бравата на воланот, чекајте додека
Page 139 of 243

Возење и ракување137
контролната сијаличка ! не се
изгасне и потоа притиснете го
копчето 1 секунда и отпуштете го
кога моторот ќе проработи.
За да ја повторите постапката за
палење или да го изгаснете
моторот, притиснете го копчето
повторно.
Палење на моторот при ниски
температури
Палењето на моторот без
дополнителни грејачи е можно до
-25° C за мотори на дизел и до
-30 °C за бензинските мотори.
Потребно е моторно масло со
правилна вискозност, правилно
гориво, редовно извршени сервиси и доволно полн акумулатор. При
температури под -30 °C, на
автоматскиот менувач и
автоматизираниот рачен менувач
им треба фаза на загревање од
околу 5 минути. Рачката на
менувачот мора да биде во
положбата P соодветно N.Исклучување на
пребрзувањето Доводот за гориво се затвора
автоматски за време на
пребрзувањето, на пр. кога
возилото се вози во некоја брзина
без давање гас.
Паркирање ■ Не паркирајте го возилото на лесно запалива површина.
Високата температура на
системот на ауспухот може да ја
запали површината.
■ Секогаш затегнувајте ја рачната сопирачка без да го притиснете
копчето за ослободување.
Затегнувајте ја колку што може
поцврсто на угорници или
падини. Притиснете ја ножната
сопирачка истовремено за да се
намалат работните сили.
■ Исклучете ги моторот и палењето. Свртете го воланот
дури не се заглави истиот.■ Ако возилото е на рамна површина или на угорница,
ставете во прва брзина или
наместете ја рачката на
менувачот во P пред да го
исклучите палењето. Ако
возилото е на угорница, свртете
ги предните тркала од работ на
тротоарот.
Ако возилото е на удолнина,
ставете во рикверц или
наместете ја рачката на
менувачот во P пред да го
исклучите палењето. Свртете ги
предните тркала кон работ на
тротоарот.
■ Заклучете го возилото и активирајте ги системот за
заштита од кражба и системот за тревожење при кражба.
Page 140 of 243

138Возење и ракувањеИздувни гасови од
моторот9 Опасност
Издувните гасови од моторот
содржат отровен јаглерод
моноксид, којшто е безбоен,
нема мирис и може да биде
смртоносен ако се вдишува.
Ако издувни гасови навлегуваат во внатрешноста на возилото,
отворете ги прозорците. Нека Ви ја елиминира причината на
дефектот автомеханичар.
Избегнувајте да возите со
отворен товарен простор, инаку
издувните гасови можат да
навлезат во возилото.
Филтер за дизелски
честички Системот на филтерот за дизелски честички ги филтрира штетните
честички на саѓи од издувните
гасови. Системот содржи функција
на самочистење која работи
автоматски за време на возењето.
Филтерот се чисти со изгорување
на честичките од саѓи на висока
температура. Овој процес се
одвива автоматски при
определени услови за возење и може да потрае до 25 минути. За
овој период потрошувчката на
гориво може да биде поголема.
Испуштањето на миризби и чад за
време на овој процес е нормално.
При извесни услови на возењето,
на пр. кратки растојанија, системот
не може сам да се исчисти
автоматски.
Ако на филтерот му е потребно
чистење, а претходните услови на
возењето не овозможија
автоматско чистење, контролната
сијаличка ! трепка. Продолжете
со возењето, одржувајќи ја
брзината на моторот над 2000
вртежи на минута. Сменете во
помала брзина ако е потребно.
Тогаш почнува чистењето на
филтерот за дизелски четички.
Прекинувањето на патувањето или
гаснењето на моторот за време на
чистењето не се препорачува.