OPEL ZAFIRA C 2014.5 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2014.5, Model line: ZAFIRA C, Model: OPEL ZAFIRA C 2014.5Pages: 337, PDF Size: 9.1 MB
Page 221 of 337

Возење и ракување219
Ако системот не работи како што
треба, се прикажуваат пораки за
возилото на Информативниот
центар за возачот.
Пораки за возилото 3 137.
Помош за паркирање9 Предупредување
Возачот носи целосна
одговорност за маневрот за
паркирање.
Секогаш проверувајте наоколу кога одите наназад или напред
и го користите системот за
помош за паркирање.
Предно-задната помош за
паркирање ја мери оддалеченоста
меѓу возилото и пречките пред и
зад возилото. Системот дава
акустични сигнали и прикажува
пораки.
Системот има четири
ултрасонични сензори за
паркирање во задниот и предниот
браник.
Користи два различни акустични
предупредувачки сигнали за
предната и задната област за
следење, секоја со различна
фреквенција на тонот.
Контролна сијаличка r 3 125.
Копче D
Помошта за паркирање се
активира или деактивира со
притискање на копчето за помош за паркирање D. Ако е возилото
опремено со помош за паркирање
и напредна помош за паркирање 3 222, двете ги користат истото
копче за ракување со системите.
За активирање или деактивирање
на помошта за паркирање,
притиснете го копчето D еднаш
кусо. За активирање или
Page 222 of 337

220Возење и ракување
деактивирање на напредната
помош за паркирање, држете го
копчето D околу една секунда.
Ако е активен еден систем, може да
се префрлува меѓу двата система
со притискање на копчето покусо
или подолго.
Активирање
Кога се става во рикверц, системот
се активира автоматски.
Предната помош за паркирање
може да се активира и при мала
брзина со притискање на копчето
за помош за паркирање D накусо.
Запалена сијаличка во копчето на
помошта за паркирање означува
дека системот е готов да работи.
Показател
Системот го предупредува возачот
со звучни сигнали за пречки пред
или зад возилото. Зависно од тоа
кои сензори се поблиски до некоја
пречка, ќе чуете зуење од
односните сензори. Периодот
помеѓу звуците се скратува додека
возилото стигнува поблизу до
пречката. Кога е растојанието
помало од 30 см, звучниот сигнал е непрекинат.
Покрај тоа, оддалеченоста до
пречките може да се прикажува на
Информативниот центар за
возачот (DIC) 3 129.
Кај верзијата со горен екран,
оддалеченоста до предна пречка
се покажува со сегменти што се
менуваат.
Page 223 of 337

Возење и ракување221
Кај верзијата со горен комбиниран
екран, оддалеченоста до предна и
задна пречка се покажува со
променливи линии за
оддалеченост околу возилото.
Показателот за оддалеченост на
екранот може да се потисне и
пребрише од пораки за возилото со
повисок приоритет. Штом порака за
возилото ќе пребрише показател
за оддалеченост, таа веќе не се
покажува до повторното
активирање на помошта за
паркирање.
Деактивирање
Деактивирајте го системот со
притискање на копчето за помош за паркирање D накусо.
Сијаличката во копчето се гаси и
Park Assist Off (помошта при
паркирање е исклучена) ќе се
прикаже во Информативниот
центар за возачот (DIC).
Системот се деактивира
автоматски кога ќе се надмине извесна брзина.Ако копчето D се притисне еднаш
во еден циклус на палење,
предната помош за паркирање
секогаш повторно се активира кога
брзината на возилото ќе опадне
под одредена вредност.
Дефект Во случај на дефект во системот,
светнува r или во
Информативниот систем за возачот (DIC) се прикажува порака.
Ако системот не работи поради
привремени услови, како сензори
покриени со снег, свети r или во
Информативниот систем за возачот (DIC) се прикажува порака.
Пораки за возилото 3 137.9 Предупредување
При одредени околности,
разните сјајни површини на
предмети или облеки, како и
надворешните извори на бучава
може да предизвикаат системот
да не ги открие пречките.
Треба да се обрне посебно
внимание на ниските пречки кои може да го оштетат долниот дел на браникот.Внимание
Перформансите на сензоротможе да бидат намалени кога
сензорите се прекриени, на пр.
со мраз или снег.
Перформансите на системот за
помош при паркирање може да
се намалат поради голема
оптовареност.
Важат посебни услови ако се
работи за повисоки возила (на
пр. возила за неасфалтирани
патишта, комбиња, камионети).
Идентификацијата на предмети
во горните делови од такви
возила не може да се гарантира.
Предмети со многу мал пресекза одбивање светлост, како и
тесните предмети или меките
материјали, не може да ги
открие системот.
Page 224 of 337

222Возење и ракувањеПомошта за паркирање не
открива предмети надвор од
опсегот за откривање.
Забелешка
Системот за помош при
паркирање автоматски ја
приметува фабрично
монтираната опрема за влечење.
Се деактивира кога е приклучен
штекерот.
Сензорот може да открие
непостоечки предмети (ехо
пречење), што е предизвикано од
надворешни звучни или
механички пречки.
Забелешка
Доколку ставите во брзина за
напред и надминете одредена
брзина, помошта за паркирање
назад ќе се исклучи при
извлекување на задниот систем
за превозување.
Доколку прво ставите во рикверц,
помошта за паркирање ќе го
забележи задниот систем за
превозување и ќе даде звук на
зуење. Притиснете кратко r или
D за да ја исклучите помошта за
паркирање.
Напредна помош за
паркирање9 Предупредување
Возачот носи целосна
одговорност за маневрот за
паркирање.
Секогаш проверувајте наоколу кога одите наназад или напред
и го користите системот за
помош за паркирање.
Системот на напредна помош за
паркирање го маневрира возачот
на паркирното место со давање
упатства на Информативниот
центар за возачот и звучни
сигнали.
Системот ги користи сензорите на
системот за помош при паркирање
во комбинација со два
дополнителни сензора од двете
страни на предниот и на задниот
браник.
Копче D
Напредната помош за паркирање и
помошта за паркирање 3 219 го
користат истото копче за ракување со системите. За активирање или
деактивирање на помошта за
паркирање притиснете го копчето еднаш кусо. За активирање илидеактивирање на напредната
помош за паркирање, држете го
копчето D притиснато околу
една секунда.
Ако е активен еден систем, може да
се префрлува меѓу двата система
со притискање на копчето покусо
или подолго.
Page 225 of 337

Возење и ракување223
Активирање
Кога се бара место за паркирање,
системот треба да се активира со
држење на копчето D притиснато
околу една секунда.
Системот може да се активира
само при брзини до 30 км/ч и
системот бара место за паркирање
при брзини до 30 км/ч.
Најголемото дозволено паралелно
растојание помеѓу возилото и
редот на паркираните автомобили
е 1,8 метри.
Функционалност
Кога возилото поминува ред на
автомобили и системот е
активиран, системот на напредна помош за паркирање почнува дабара соодветно паркирно место.
Кога ќе се открие прикладно место, се даваат визуелни информации
на Информативниот центар за
возачот и звучен сигнал.
Ако возачот не го запре возилото
за помалку од 10 метри откако ќе се
предложи паркирно место,
системот почнува да бара друго
соодветно паркирно место.
Предлогот на системот за
паркирно место се прифаќа кога возачот ќе го запре возилото до
10 метри откако ќе се даде
пораката за сопирање. Системот ја пресметува оптималната
маршрута до паркирното место.
Потоа го маневрира возачот до
местото со давање детални
упатства.
Page 226 of 337

224Возење и ракување
Упатствата покажуваат:■ навестување кога се вози побрзо
од 30 км/ч,
■ барање за запирање на возилото
кога се забележува паркирно место,
■ насоката на возењето за време на маневрите за паркирање,
■ положбата на воланот за време на паркирањето,
■ за некои од упатствата се покажува линија за прогрес.На успешен маневар за паркирање
укажува симболот за крајна
положба.
Секогаш внимавајте на звукот на
предно-задната помош за
паркирање. Постојан звук значи
дека оддалеченоста до пречка е
помала од околу 30 см.
Менување на страната на
паркирањето
Системот е конфигуриран да
забележува паркирни места од
совозачката страна. За да се
откријат паркирни места од
возачката страна, вклучете го
трепкачот од возачката страна.
Приоритети за прикажувањето
По активирањето на напредната
помош за паркирање, на
Информативниот центар за
возачот се појавува порака. Ќе се
прикажуваат укажувања на
пораките со повисок приоритет,
на пр. пораките за возилото 3 137.
По одобрувањето на пораката со
притискање на копчето SET/CLR,
повторно ќе се појават пораки за
помошта за паркирање и може да
се продолжи со паркирањето.
Деактивирање Системот се деактивира со:
■ држење на копчето D
притиснато околу една секунда
■ маневрата за паркирање заврши
успешно
■ возење побрзо од 30 км/ч
■ исклучување на палењето
Page 227 of 337

Возење и ракување225
На деактивирањето од страна на
возачот или на системот за време
на маневрирањето ќе укаже
Parking Deactivated (паркирањето е
деактивирано) во
Информативниот центар за
возачот.
Дефект На Информативниот центар за
возачот се појавува порака кога:
■ има дефект во системот
■ возачот не ја заврши маневрата за паркирање успешно
■ системот не функционираАко се открие предмет за време на упатствата за паркирање, се
појавува Stop (застанете) на
Информативниот центар за
возачот. Отстранувањето на
предметот ќе ја продолжи
маневрата за паркирање. Ако не се отстрани предметот, системот ќе
се деактивира. Држете го копчето
D притиснато околу
една секунда за да се активира
системот и да се бара ново место
за паркирање.
Важни практични совети за
користење на системите за
помош при паркирање9 Предупредување
Во одредени услови, сјајните
површини на разни предмети
или на облека, како и
надворешните извори на
бучава, може да предизвикаат
системот да не ги открие
пречките.
Треба да се обрне посебно
внимание на ниските пречки
што може да го оштетат долниот дел на браникот.Внимание
Перформансите на сензоротможе да бидат намалени кога
сензорите се прекриени, на пр.
со мраз или снег.
Перформансите на системот за
помош при паркирање може да
се намалат поради голема
оптовареност.
Важат посебни услови ако се
работи за повисоки возила (на
пр. возила за неасфалтирани
патишта, комбиња, камионети).
Идентификацијата на предмети
во горните делови од такви
возила не може да се гарантира.
Предмети со многу мал пресекза одбивање светлост, како и
тесните предмети или меките
материјали, не може да ги
открие системот.
Page 228 of 337

226Возење и ракувањеПомошта за паркирање не
открива предмети надвор од
опсегот за откривање.
Забелешка
Системот за помош при
паркирање автоматски ја
приметува фабрично
монтираната опрема за влечење.
Се деактивира кога е приклучен
штекерот.
Можно е сензорот да открие
непостоечки предмети (ехо
пречење), што е предизвикано од
надворешни звучни или
механички пречки.
Системот на напреднатата помош
за паркирање може да не реагира на промени на паркирното место
откако ќе се почне паралелен
маневар за паркирање.
Забелешка
Пред да ја користите напредната помош за паркирање првпат,
возилото треба да биде возено
најмалку 40 км за автоматско
калибрирање на системот.
Известување за
странична слепа точка Системот за известување за
странична слепа точка открива и
пријавува предмети од двете
страни на возилото, во одредена
„слепа“ зона. Системот известува
визуелно во секој ретровизор кога
открива објекти што може да не се
видливи во внатрешниот и
страничните ретровизори.
Сензорите на системот се наоѓаат
во браникот од левата и десната
страна на возилото.9 Предупредување
Известувањето за странична
слепа точка не го заменува
видот на возачот.
Системот не открива:
■ Возила вон страничните слепи зони што може да се
приближуваат брзо.
■ Пешаци, велосипедисти или животни.
Пред менување лента, секогаш
проверувајте ги сите
ретровизори, погледнете преку
рамо и користете го трепкачот.
Кога системот ќе открие возило во
страничната слепа зона додека се
вози нанапред, независно дали се
претекнува возило или Ве
претекнуваат, портокалов
предупредувачки симбол B ќе се
запали на соодветниот страничен ретровизор. Ако возачот тогаш го
вклучи трепкачот,
предупредувачкиот симбол B
почнува да трепка портокалово
како предупредување да не се
менува лентата.
Page 229 of 337

Возење и ракување227
Известувањето за странична слепа
точка е активно од брзини од
10 км/ч до 140 км/ч. Ако се вози
побрзо од 140 км/ч, системот се исклучува, на што укажуваат слаби светлосни предупредувачки
симболи B во двата странични
ретровизори. Со повторно
намалување на брзианта,
предупредувачките симболи ќе се
изгаснат. Ако потоа се открие
возило во слепата зона,
предупредувачките симболи B ќе
светнат како што е нормално, на
соодветната страна.
Кога ќе се стартува возилото,
екраните на двата странични
ретровизори накусо ќе светнат за
да укажат дека системот работи.
Системот може да се активира или деактивира во изборникот Settings
(поставки) на Инфо-екранот,
приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 145.
На исклучувањето укажува порака во Информативниот центар за
возачот (DIC).
Зони на откривање
Сензорот на системот покрива
зона од околу 3 метри од двете
страни на возилото. Оваа зона
почнува кај секој од страничните
ретровизори и има опсег наназад
околу 3 метри. Висината на зоната
е приближно околу 0,5 метри и
2 метри од тлото.
Системот се исклучува ако
возилото влече приколка.
Известувањето за странична слепа точка е конструирано да игнорира
статични објекти како банкини,
столбови, рабници, ѕидови и греди.Паркирани или возила што доаѓаат
од спротивната страна не се
откриваат.
Дефект Може да дојде до повременипропуштени известувања во
нормални околности и тие се
почести при влажни услови.
Известувањето за странична слепа
точка не работи кога левиот или
десниот агол на задниот браник е
прекриен со кал, нечистотија, снег, мраз, влажен снег, или при големо
невреме. Упатства за чистење 3 296.
Во случај на дефект на системот или ако системот не работи поради привремени услови, се прикажува
порака во Информативниот центар за возачот (DIC). Побарајте помош
од автомеханичар.
Ретровизорска камера
Ретровизорската камера му помага на возачот кога вози наназад со
прикажување поглед на подрачјето зад возилото.
Page 230 of 337

228Возење и ракување
Сликата од камерата се прикажува
на информативниот екран во боја.9 Предупредување
Ретровизорската камера не го
заменува видот на возачот.
Имајте предвид дека предмети
што се надвор од полето на
видливост на камерата и на
сензорите за напредна помош
за паркирање, на пр. под
браникот или под возилото, не
се прикажуваат.
Не возете наназад со возилото
гледајќи само во инфо-екранот
и проверете ги подрачјето
одзади и околу возилото пред
да возите наназад.
Активирање
Ретровизорската камера се
активира автоматски кога ќе се
стави во рикверц.
Функционалност
Камерата е монтирана на рачката
на задната врата и има агол на гледање од 130°.
Поради високата положба на
камерата, задниот браник може да
се види на екранот како ориентир
за положбата.
Подрачјето што го прикажува
камерата е ограничено.
Оддалеченоста на сликата што се
појавува на екранот се разликува
од фактичката оддалеченост.
Предупредувачки симболи
Предупредувачките симболи се
покажуваат како триаголници 9 на
сликата што ги покажува пречките
откриени од задните сензори на
напредната помош за паркирање.