OPEL ZAFIRA C 2014.5 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2014.5, Model line: ZAFIRA C, Model: OPEL ZAFIRA C 2014.5Pages: 337, PDF Size: 9.1 MB
Page 231 of 337

Возење и ракување229
Поставки за екранот
Осветленоста може да се постави
со копчињата за нагоре/надолу на
копчето за повеќе функции.
Контрастот може да се постави со копчињата за лево/десно на
копчето за повеќе функции.
Деактивирање
Камерата се деактивира кога ќе се
надмине одредена брзина
нанапред или ако не се стави во
рикверц околу 10 секунди.
Активирањето или
деактивирањето на
ретровизорската камера може да
се смени во изборникот Settings
(поставки) на Инфо-екранот.
Приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 145.
Дефект
Пораки за дефект се прикажуваат
со 9 во горниот ред на
информативниот екран.
Ретровизорската камера може да
не работи правилно кога:
■ околното подрачје е темно,
■ сонце или фарови светат директно во објективот на
камерата,
■ мраз, снег, кал или нешто друго го прекрива објективот на
камерата. Исчистете го
објективот, исплакнете го со
вода и избришете го со мека
крпа,
■ задната врата не е затворена правилно,
■ возилото се судрило од задната страна,
■ има екстремни промени на температурата.Помошник за
сообраќајни знаци
Функционалност Системот за помош со сообраќајнизнаци ги забележува сообраќајните
знаци преку предна камера и ги
прикажува во Информативниот
центар за возачот.
Сообраќајните знаци коишто ќе се
приметат се:
Знаци за ограничување и
забрането претекнување ■ ограничување на брзина
■ поминувањето е забрането
Page 232 of 337

230Возење и ракување
■ крај на ограничувањето набрзината
■ крај на забраната на поминувањетоСообраќајни знаци
почеток и крај на:
■ автопати
■ регионални патишта
■ улици за играњеДополнителни знаци ■ дополнителни знаци на сообраќајните знаци
■ ограничување за влечење приколки
■ предупредување за влажност
■ предупредување за мраз
■ стрелки за насока
Знаците за ограничување на
брзината се прикажуваат на
Информативниот центар за
возачот додека не се регистрира
следен знак за ограничување или
престанок на ограничувањето на
брзината, или додека измине
определеното време на знакот.
Возможни се комбинации на
повеќе знаци на екранот.
Извичник во рамка укажува дека е
откриен дополнителен знак што системот не го препознава.
Системот е активен до брзина од
200 км/ч, зависно од условите на
осветленост. Ноќе системот е
активен до брзина од 160 км/ч.
Штом брзината ќе се намали под
55 км/ч, екранот се ресетира и
содржината на страницата со
сообраќајни знаци се брише,
на пр. кога се влегува во градска
зона. Означувањето на следната
препозната брзина ќе се прикаже.
Индикации на екранот
Page 233 of 337

Возење и ракување231
Сообраќајните знаци се
прикажуваат на страницата Traffic
sign detection (Откривање на
сообраќајни знаци) на
Информативниот центар за
возачот, одбрана преку тркалцето
за местење на рачката за
трепкачите 3 129.
Кога е избрана друга функција на
изборникот на Информативниот
центар за возачот и потоа повторно ќе се одбере страницата
Забележување сообраќајни знаци ,
ќе се прикаже последниот препознаен сообраќаен знак.
Откако системот ќе ја избрише
страницата со сообраќајни знаци,
се појавува следниов симбол:
Содржината на страницата за
сообраќајни знаци се брише и за
време на возењето со притискање
на копчето SET/CLR на рачката за
трепкачите подолго време.Функција за појавувачки
индикации
Ограничувања на брзината и знаци
за забранување на преминувањето се прикажуваат како појавни
прозорци на секоја страница на
Информативниот центар за
возачот.
Page 234 of 337

232Возење и ракување
Функцијата може да се исклучи на
страницата со сообраќајни знаци со притискање на копчето
SET/CLR на рачката за трепкачот.
Штом ќе се појави страницата за
поставки, изберете Off
(исклучување) за да ја исклучите
функцијата за појавување. Се
активира повторно со избирање на On (Вкл.) . При вклучување на
палењето, функцијата за
појавувачки индикации е
исклучена.
Појавувачката индикација се
прикажува околу 8 секунди во
Информативниот центар за
возачот.
Дефект
Системот за помош со сообраќајни знаци може да не работи правилно
кога:
■ пределот на шофершајбната каде што се наоѓа предната
камера не е чист
■ сообраќајните знаци се целосно или делумно прекриени или
тешко се распознаваат
■ има неповолни услови од околината, на пр. силен дожд,
снег, директна сончева светлина
или сенки. Во таков случај NoTraffic Sign Detection due to
Weather (нема приметување на
сообраќајните знаци поради
времето) се означува на екранот
■ сообраќајните знаци се неправилно монтирани или се
оштетени
■ сообраќајните знаци не се во согласност со Виенската
конвенција за сообраќајни знациВнимание
Системот е наменет да му
помага на возачот во опсегот на
одреден обем на брзини за дараспознава извесни
сообраќајни знаци. Не ги
игнорирајте тие сообраќајни
знаци кои не ги прикажува
системот.
Системот не распознава други
сообраќајни знаци, освен
вообичаените, кои можат да
пропишат или завршат
ограничување на брзината.
Page 235 of 337

Возење и ракување233Не дозволувајте оваа посебнафункција да Ве наведе да
ризикувате кога возите.
Секогаш приспособувајте ја
брзината кон условите на патот.
Системите за помош на возачот не го ослободуваат возачот од
целосната одговорност за
работење со возилото.
Предупредување за
напуштање лента
Системот за предупредување за
напуштање на лента ги набљудува обележувањата на лентите помеѓу
коишто возилото се вози преку
една предна камера. Системот ги
детектира менувања на лентата и
го предупредува возачот во случај на ненамерно менување на
лентата со визуелни и звучни
сигнали.
Критериуми за откривање на
ненамерното менување на лента
се:
■ неработењето со трепкачите
■ неработењето со педалот на сопирачките
■ немање активно работење со педалот за гас или забрзување
■ немање активното управување со воланот
Ако возачот е активен, нема да се
издаде никакво предупредување.
АктивирањеСистемот за предупредување за
напуштање лента се активира со
притиснување на копчето ).
Запалената сијаличка во копчето означува дека системот е вклучен.
Кога контролната сијаличка ) во
групата инструменти ќе се запали
зелена, системот е готов да
работи.
Со системот може да се работи
само при брзини на возилото над
56 км/ч и ако се обележени
лентите.
Кога системот ќе препознае
ненамерно менување на лентата, контролната сијаличка ) се
сменува во жолта и трепка.
Истовремено се активира
мелодичен звук.
Page 236 of 337

234Возење и ракување
ДеактивирањеСистемот се исклучува со
притискање на копчето ),
сијаличката во копчето се гаси.
При брзини под 56 км/ч со системот
не може да се работи.
Дефект
Системот за предупредување за
напуштање на лента може да не
работи правилно кога:
■ шофершајбната не е чиста
■ има неповолни услови од околината како јак дожд, снег,
директна сончева светлина или
сенки
Системот не може да работи кога
не се откриени ознаки на лентите.Гориво
Гориво за бензински
мотори
Користете само безоловно гориво усогласено со европскиот
стандард EN 228 или
E DIN 51626-1 или сличен.
Вашиот мотор може да работи со
гориво E10 што ги исполнува овие
стандарди. Горивото E10 содржи
до 10 % биоетанол.
Користете гориво со
препорачаниот октански број
3 311. Употребата на горива со
пренизок октански број може да ја
намали моќноста на моторот и
вртливиот момент и малку ја
зголемува потрошувачката на
гориво.Внимание
Не користете гориво или адитиви за гориво што содржат
метални состојки како адитиви
Page 237 of 337

Возење и ракување235врз основа на манган. Тоа може
да предизвика оштетување на
моторот.Внимание
Користењето гориво што не е во
согласност со EN 228 или E DIN
51626-1 или слично може да
доведе до таложења или
оштетување на моторот и да
влијае врз гаранцијата.
Внимание
Употребата на горива со
пренизок октански број може да
доведе до неконтролирано
согорување и оштета на
моторот.
Гориво за мотори на
дизел
Користете само дизел гориво што е
во согласност со EN 590.
Во земјите надвор од Европската
унија, користете дизел гориво со
концентрација на сулфур под
50 ppm.Внимание
Користењето гориво што не е во
согласност со EN 590 или
слично може да доведе до
губење на моќноста на
возилото, зголемено абење или
оштетување на моторот и може
да влијае врз гаранцијата.
Не користете бродски дизел масла,
масла за греење, Аквазол и слични емулзии на дизел и вода. Дизел
горивата не смеат да се разредат
со горива за бензински мотори.
Гориво за работење со
природен гас Употребувајте природен гас со
содржина на метан од околу
78 - 99 %. L-gas (low) (низок) има
околу 78 - 87 %, а H-gas (high)
(висок) има околу 87- 99 %.
Биогасот со иста содржина на
метанот исто така може да се
користи ако тој бил хемиски
подготвен и десулфуриран.
Користете само таков природен гас
или биогас кој се сообразува со
DIN 51624.
Течни гасови или LPG не смее да се употребува.
Селектор на гориво
Со притиснувањето на копчето Y се
префрлува меѓу употребите на
бензин или природен гас. Не е
можно префрлување при големи
оптоварувања (на пр. при големо
Page 238 of 337

236Возење и ракување
забрзување или возење под полн
гас). Состојбата на сијаличката го
покажува тековниот режим на
работа.1 исклучување=работење со
природен гас.1 свети=работење со
бензин.1 трепка=не е можно
префрлување,
нема еден тип
гориво.
Кога резервоарот за природен гас
ќе се испразни, работењето со
бензин се вклучува автоматски
додека не се исклучи палењето.
Ако резервоарот за природен гас
не се наполни, системот треба
рачно да се префрли на работење
на бензин пред да се запали
моторот повторно. Тоа ќе го спречи оштетувањето на катализаторот
(прегрејување предизвикано од
нередовното снабдување со
гориво).
Ако прекинувачот за одбирање се
користи повеќе пати за кратко
време, се активира функцијата за
блокирање на префрлувањето. Моторот останува во актуелниот
работен режим. Блокирањето
останува активно додека не се
исклучи палењето.
Благо намалување на моќноста и
на вртежниот момент може да се
очекува при работење со бензин.
Затоа морате да ги приспособите
стилот на возење (на пр. при
претекнување) и оптовареноста на возилото (на пр. влечење товар)
соодветно.
Секои шест месеци, испразнете го
резервоарот за бензин додека не
се запали контролната сијаличка
Y , па наполнете гориво. Тоа е
потребно за да се одржи
квалитетот на горивото, како и
функционирањето на системот,
потребно за работење на бензин.
Редовно полнете го резервоарот
целосно за да се избегне
формирањето на корозија во
резервоарот.Гориво за работа на
течен гас Течниот гас е познат како LPG
(Liquefied Petroleum Gas - течен
нафтен гас - ТНГ) или по
француското име GPL (Gaz de
Pétrole Liquéfié). LPG е познат и
како автоплин.
ТНГ се состои главно од пропан и бутан. Октанскиот степен е меѓу
105 и 115, зависно од делот бутан.
ТНГ се чува течен на на притисок
од околу 5 - 10 бари.
Точката на вриење зависи од
притисокот и соодносот на
мешавината. На атмосферски
притисок, таа е меѓу -42 °C (чист
пропан) и -0,5 °C (чист бутан).Внимание
Системот работи на околна
температура од околу -8 °C до
100 °C.
Page 239 of 337

Возење и ракување237
Целосната функција на системот
за ТНГ може да се гарантира само
со течен гас што ги задоволува
минималните барања на DIN EN
589.
Селектор на гориво
Со притискање на копчето LPG се
префрлува меѓу работа на бензин
и на течен гас штом ќе се достигнат
потребните параметри
(температура на течноста за
ладење, температурата на гасот и
минималната брзина на моторот).
Барањата обично се достигнуваат
по околу 60 секунди (зависно од
надворешната температура) и
првото цврсто притискање на
педалата за гас. Состојбата на
сијаличката го покажува тековниот
режим на работа.1 исклучување=работа на
бензин1 свети=работа на
течен гас1 трепка=не е можно
префрлување,
резервоарите
на едно гориво се празни.
Кога резервоарот за течен гас ќе сеиспразни, работењето со бензин севклучува автоматски додека не се
исклучи палењето.
Секои шест месеци испразнете го
резервоарот за бензин додека не
се запали контролната сијаличка
i , па наполнете гориво. Тоа
помага да се одржи квалитетот на
горивото и функционирањето на
системот за работа на бензин.
Редовно полнете го резервоарот
целосно за да се избегне
формирањето на корозија во
резервоарот.
Дефекти и поправки
Ако не е возможен режим на гас,
проверете го следново:
■ Има ли доволно течен гас?
■ Има ли доволно бензин за палење?
Поради екстремни температури, во
спој со составот на гасот, може да
биде потребно малку подолго
време додека системот се
префрли од бензински на режим на
гас.
Во екстремни ситуации, системот
може и да се врати во режимот на
бензин ако не се исполнети
минималните барања.
Побарајте помош од
автомеханичар во случај на сите
други дефекти.
Page 240 of 337

238Возење и ракувањеВнимание
Поправки и приспособувањасмеат да вршат само обучени
специјалисти за да се одржи
безбедноста и гаранцијата на
системот за ТНГ.
На течниот гас му е додаден
карактеристичен мирис за да може лесно да се забележи ако се
испушта.
9 Предупредување
Ако ви замириса на гас во
возилото или во непосредната
околина, веднаш префрлете на
бензин. Пушењето е забрането!
Забранет е отворен оган или
средства за палење.
Ако и понатаму има мирис на гас,
не палете го моторот. Нека Ви ја
отстрани причината на дефектот
автомеханичар.
Кога користите подземни паркинзи, следете ги упатствата на
операторот и почитувајте ги
локалните закони.
Забелешка
Во случај на незгода, изгасете ги
палењето и светлата.
Полнење гориво9 Опасност
Пред да полните гориво,
исклучете ги моторот и сите
надворешни грејачи со комори за согорување. Исклучете ги
сите мобилни телефони.
Следете ги упатствата за
ракување и безбедноста на
бензинската пумпа кога полните
гориво.
9 Опасност
Горивото е запаливо и
експлозивно. Пушењето е
забрането! Забранети се гол
пламен и искри.
Ако намирисате гориво во возилото, нека Ви ја отстрани причината веднаш
автомеханичар.