OPEL ZAFIRA C 2014 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2014, Model line: ZAFIRA C, Model: OPEL ZAFIRA C 2014Pages: 339, PDF Size: 9.01 MB
Page 21 of 339

Накратко19
е нагазнат. За да ставите во P или
R , притиснете го копчето за
ослободување.
Автоматски менувач 3 192.Поаѓање
Проверете ги пред да појдете ■ Притисокот во гумите и нивната состојба 3 279, 3 323.
■ Нивоата на моторното масло и на течностите 3 256.
■ Сите прозорци, ретровизори, надворешни светла и
регистарски таблички, дали се
чисти, да нема снег и мраз на
нив, и дали функционираат.
■ Правилната положба на ретровизорите, седиштата и
безбедносните ремени 3 33,
3 42, 3 57.
■ Функционирањето на сопирачките при мала брзина,
особено ако сопирачките се
мокри.Палење на моторот
■ c вртете го клучот во положбата 1
■ помрднете го воланот малку за да се ослободи бравата на
воланот
■ притиснете ги куплунгот и сопирачката
■ автоматскиот менувач во P или N
■ не нагазнувајте го педалот за гас
Page 22 of 339

20Накратко
■ мотори на дизел: свртете гоклучот во положбата 2 за
предзагревање и почекајте да се изгасне контролната
сијаличка !
■ свртете го клучот во положбата 3 и отпуштете го
Палење на моторот 3 182.Систем за сопирање-поаѓање
Ако возилото оди со мала брзина
или е сопрено и одредени услови
се исполнети, вклучете го Autostop
на следниов начин:
■ Притиснете ја педалата за куплунг.
■ Ставете ја рачката на менувачот на N.
■ Отпуштете ја педалата за куплунг.
Autostop е покажано на
вртежомерот со иглата во положба AUTOSTOP .
За повторно палење на моторот,
притиснете ја педалата за
куплунгот уште еднаш.
Систем за сопирање-поаѓање
3 183.
Page 23 of 339

Накратко21Паркирање■ Секогаш затегнувајте ја рачната сопирачка. Затегнувајте ја
рачната сопирачка без да го
притиснете копчето за
ослободување. Затегнувајте ја
колку е можно поцврсто на
удолници или угорници.
Притиснете ја ножната
сопирачка истовремено за да се
намалат работните сили.
Кај возилата со електрична
сопирачка за паркирање,
повлечете го прекинувачот m
околу една секунда.
■ Изгаснете го моторот. Свртете го
клучот за палење во положбата
0 и извадете го. Завртете го
воланот додека не се
почувствува дека бравата на воланот се закочила.
Кај возилата со автоматски
менувач, клучот може да се
извади само кога рачката на менувачот е во положбата P.
■ Ако возилото е на рамна површина или на угорница,ставете во прва брзина или
наместете ја рачката на
менувачот во P пред да го
исклучите палењето. Ако
возилото е на угорница, свртете
ги предните тркала од работ на тротоарот.
Ако возилото е на удолница,
ставете во рикверц или
наместете ја рачката на
менувачот во P пред да го
исклучите палењето. Свртете ги
предните тркала кон работ на
тротоарот.
■ Заклучете го возилото со копчето
e на далечинскиот управувач.
Активирајте го системот за
тревожење при кражба 3 29.
■ Не паркирајте го возилото на лесно запалива површина.
Високата температура на
системот на ауспухот може да ја
запали површината.
■ Затворете ги прозорците.■ Вентилаторите на ладилникот може да работат и по гаснењето
на моторот 3 255.
■ По возење со голема брзина на моторот или при големо
оптоварување на моторот,
оставете го моторот кратко
време да работи со мало
оптоварување или во лер за
околу 30 секунди пред да го изгаснете, за да го заштитите
турбополначот.
Клучеви, брави 3 22, Оставање
на возилото да стои подолго време
3 254.
Page 24 of 339

22Клучеви, врати и прозорциКлучеви, врати и
прозорциКлучеви, заклучување ...............22
Врати ........................................... 28
Безбедност на возилото ............29
Странични ретровизори ............32
Ретровизори ............................... 34
Прозорци .................................... 35
Покрив ......................................... 38Клучеви, заклучување
Клучеви Резервни клучеви
Бројот на клучот е наведен во
Картичката на автомобилот или на
етикетата која се вади.
Бројот на клучот треба да се
наведе кога се нарачуваат
резервни клучеви бидејќи тој е
компонента на системот на
имобилизаторот.
Брави 3 299.Клуч со дел што се
преклопува
Притиснете го копчето за да се
извлече. За да се преклопи клучот,
прво притиснете го копчето.
Картичка на автомобилот
Картичката на автомобилот
содржи податоци за возилото
поврзани со безбедноста и затоа
треба да се чува на сигурно место.
Кога возилото се носи кај
автомеханичар, тие податоци на
возилото се потребни за да се
извршат извесни постапки.
Page 25 of 339

Клучеви, врати и прозорци23Далечински управувач
Се користи за ракување со:■ Централна брава
■ Систем за заштита од кражба
■ Систем за тревожење при кражба
■ Електрични прозорци
Далечинскиот управувач има
приближен опсег до 20 метри. Него може да го ограничат надворешнивлијанија. Предупредувачките
трепкачи го потврдуваат
работењето.
Ракувајте со него внимателно,
штитете го од влага и високи
температури и избегнувајте
непотребно ангажирање.
Дефект
Ако со централната брава не може да се работи со далечинскиот
управувач, причината може да
биде следното:
■ Опсегот е пречекорен
■ Напонот во батеријата е пренизок
■ Често, повеќекратно работење со далечинскиот управувач
додека не е во опсегот, што ќе
побара повторно
синхронизирање
■ Преоптоварување на системот на централната брава поради
често ангажирање, тогаш
напојувањето се прекинува
накратко
■ Пречки од посилни радио бранови од други извори
Отклучување 3 24.Основни поставки
Некои поставки може да се изменатво изборникот Settings (поставки)
на Инфо-екранот.
Приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 145.
Замена на батеријата на
далечинскиот управувач Заменете ја батеријата штом се
намалува опсегот.
Акумулаторите не му припаѓаат на
домашниот отпадок. Тие треба да
се фрлат кај соодветен пункт за
собирање на отпадоци за
рециклирање.
Page 26 of 339

24Клучеви, врати и прозорци
Клуч со дел што се преклопува
Извлечете го клучот и отворете го
уредот. Заменете ја батеријата
(вид на батеријата CR 2032),
обрнувајќи внимание на положбата
на инсталирањето. Затворете го
уредот и синхронизирајте го.
Синхронизирање на
далечинскиот управувач По заменувањето на батеријата
отклучете ја вратата со клучот во
бравата на возачката врата.
Далечинскиот управувач ќе се
синхронизира кога ќе го вклучите
палењето.
Меморизирани поставки
При секое вадење на клучот од
бравата за палење, клучот
автоматски ги меморира следните
поставки:
■ Светла
■ Инфозабавен систем
■ Централна брава
■ Поставки на спортскиот режим
■ Поставки за удобност
Зачуваните поставки автоматски се користат следниот пат кога
меморираниот клуч ќе се вметне во бравата за палење и ќе се сврти во
положбата 1 3 181.
Предуслов е Personalization by
driver (приспособување кон
индивидуалните потреби на
возачот) да е активиран во личните
поставки на Сликовниот
инфо-екран. Тоа мора да се
постави за секој клуч што се
користи. Кај возилата со
Информативен екран во боја,приспособувањето на возилото кон индивидуалните потреби е
постојано активирано.
Приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 145.
Систем на централната
брава Ги отклучува и заклучува вратите,товарниот простор и капачето на
резервоарот.
Едно повлекување на внатрешната
рачка од некоја врата ја отклучува
односната врата. Повлекувањето
на рачката уште еднаш ја отвора
вратата.
Забелешка
Во случај на сообраќајка во
којашто се активираат воздушни
перничиња или затегнувачи на
ремените, возилото автоматски
се отклучува.
Page 27 of 339

Клучеви, врати и прозорци25
Забелешка
За кратко време по
отклучувањето со далечинскиот
управувач, вратите се
заклучуваат автоматски ако не се
отворила ниедна врата.
Отклучување
Притиснете го копчето c.
Две поставки може да се изберат: ■ За отклучување само на возачката врата, товарниот
простор и вратичката за полнење
гориво, притиснете го копчето c
еднаш. За отклучување на сите
врати, притиснете го копчето c
двапати
или
■ притиснете го копчето c еднаш
за да се отклучат сите врати,
товарниот простор и вратичката за полнење гориво
Поставката може да се измени во
изборникот Settings (поставки) на
Инфо-екранот. Приспособување
на возилото кон индивидуалните
потреби 3 145.
Поставката може да се сними за
клучот кој се употребува.
Меморизирани поставки 3 24.
Заклучување
Затворете ги вратите, товарниот
простор и вратичката на
резервоарот.
Притиснете го копчето e.
Ако возачката врата не е правилно затворена, системот на
централната брава нема да
работи.
Page 28 of 339

26Клучеви, врати и прозорци
Отклучување и отворање назадната врата
Притиснете го копчето c кога
палењето е исклучено. Задната
врата е ослободена да се отклучи
и отвори со притиснување на
прекинувачот на допирање под
рачката.
Копчиња за централната
брава
Ги заклучува или отклучува сите
врати, товарниот простор и
вратичката за полнење на
резервоарот од патничкиот
простор.
Притиснете го копчето e за
заклучување.
Притиснете го копчето c за
отклучување.
Дефект во системот на
далечинскиот управувач
Отклучување
Рачно отклучете ја возачката врата
со вртење на клучот во бравата.
Вклучете го палењето и
притиснете го копчето на
централна брава c за да се
отклучат сите врати, товарниот
простор и вратичката за полнење
на резервоарот. Кога ќе се вклучи
палењето, се исклучува системот
за заштита од кражба.
Page 29 of 339

Клучеви, врати и прозорци27
Заклучување
Рачно заклучете ја возачката врата
со вртење на клучот во бравата.
Дефект во централната брава
Отклучување
Рачно отклучете ја возачката врата
со вртење на клучот во бравата.
Другите врати може да се отворат
со повлекување на внатрешната
квака двапати. Товарниот простор
и вратичката на резервоарот за
гориво не може да се отворат. За
да го деактивирате системот за
заштита од кражба, вклучете го
палењето 3 29.
Заклучување
Турнете ги навнатре копчињата за
заклучување на сите врати освен
на возачката врата. Потоа
затворете ја возачката врата и
заклучете ја однадвор со клучот.
Вратичката на резервоарот за
гориво и задната врата не може да
се заклучат.Автоматско заклучување
Оваа безбедносна функција може
да се намести автоматски да се
заклучат сите врати, товарниот
простор и вратичката на
резервоарот за гориво штом ќе се
надмине извесна брзина.
Дополнително, може да се
конфигурира да ја отклучува
возачката врата или сите врати откако ќе се исклучи палењето и ќе се извади клучот (рачен менувач)
или рачката на менувачот ќе се
стави во положбата P (автоматски
менувач).
Поставките може да се изменат во
изборникот Settings (поставки) на
Инфо-екранот. Приспособување
на возилото кон индивидуалните
потреби 3 145.
Поставките може да се снимат за
клучот кој се употребува 3 24.Детски брави9 Предупредување
Користете ги детските брави
кога и да седат деца на задните
седишта.
Користејќи клуч или соодветен
шрафцигер, свртете ја детската брава во задната врата во
хоризонтална положба. Вратата не
може да се отвори однатре. За
деактивирање свртете ја детската
брава во вертикална положба.
Page 30 of 339

28Клучеви, врати и прозорциВрати
Товарен простор Задна врата
Отворање
По отклучувањето притиснете го
прекинувачот на допирање под лентата на задната врата и
отворете ја задната врата.
Централна брава 3 24.
Затворање
Користете ја внатрешната рачка.
Не притиснувајте го прекинувачот
на допирање под лентата на
задната врата додека таа се
затвора бидејќи така пак ќе ја
отклучите.
Централна брава 3 24.
Општи практични совети за
ракување со задната врата9 Опасност
Не возете со отворена или
подотворена задна врата,
на пр. кога превозувате кабасти
предмети, бидејќи во возилото
може да навлезат отровни
издувни гасови што не можат да
се видат или намирисаат. Тоа
може да предизвика несвест и
дури смрт.
Внимание
Пред да ја отворите задната врата, проверете дали има
пречки во горниот дел, на пр.
врата од гаража, со цел да се избегне оштетување на задната
врата. Секогаш проверувајте ја
движечката површина над и зад задната врата.