OPEL ZAFIRA C 2017.25 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2017.25, Model line: ZAFIRA C, Model: OPEL ZAFIRA C 2017.25Pages: 333, PDF Size: 9.02 MB
Page 191 of 333

Возење и ракување189
Контролна сијаличка u 3 126.
Приспособливо стоп-светло При целосно сопирање, сите три
стоп-светла трепкаат за време на
примената на ABS контролата.
Дефект
9 Предупредување
Ако има дефект во ABS,
тркалата може да бидат склони
да се блокираат поради такво
кочење што е посилно од
обичното. Предностите на ABS
веќе не функционираат. При
силно сопирање, со возилото не може веќе да се управува и
може да скршне.
Нека Ви ја отстрани причината на
дефектот автомеханичар.
Сопирачка за паркирање9 Предупредување
Пред да го напуштите возилото,
проверете го статусот на
рачната сопирачка.
Контролната сијаличка R
(рачна сопирачка за паркирање) или m (електрична сопирачка
за паркирање) мора постојано
да светат.
Рачна сопрачка за паркирање
9 Предупредување
Секогаш затегнувајте ја рачната
сопирачка цврсто без да
ракувате со копчето за
ослободување, и на удолнини
или угорнини затегнете ја
истата колку е можно поцврсто.
За да ја отпуштите рачната
сопирачка, малку повлечете ја
рачката нагоре, притиснете го
копчето за ослободување и
спуштете ја рачката целосно.
За да се намалат работните
сили на рачната сопирачка,
истовремено притискајте ја
ножната сопирачка.
Контролна сијаличка R 3 125.
Page 192 of 333

190Возење и ракувањеЕлектрична сопирачка за
паркирање
Се применува кога возилото е во
мирување
9 Предупредување
Повлечете го прекинувачот m
за минимум една секунда се
додека контролниот индикатор
m свети постојано и електрична
сопирачка за паркирање се
применува 3 125. Електричната
сопирачка за паркирање работи
автоматски со соодветна сила.
Пред да го напуштите возилото, проверете го статусот на
електрична сопирачка за
паркирање. Контролна
сијаличка m 3 125.
Електричната сопирачка за
паркирање може да се активира
секогаш, дури ако палењето е
исклучено.
Не ракувајте со системот на
електричната сопирачка за
паркирање пречесто без да работи
моторот, тоа ќе го испразни
акумулаторот.
Ослободување
Вклучете го палењето. Држете го
педалот на ножната сопирачка
притиснат и потоа притиснете го
прекинувачот m.
Функција за поаѓање
Возила со рачен менувач:
Притискање на куплунгот, па мало
отпуштање на куплунгот и мало
притискање на гаста автоматски ја
ослободува електричната
сопирачка за паркирање. Тоа не е
возможно кога прекинувачот m се
повлекува истовремено.
Возила со автоматски менувач:
Активирање на D, па притискање
на гаста автоматски ја ослободува
електричната сопирачка за
паркирање. Тоа не е возможно кога
прекинувачот m се повлекува
истовремено.
Динамично сопирање кога
возилото се движи
Кога возилото се движи и
прекинувачот m се држи повлечен,
системот на електричната
сопирачка за паркирање ќе го
забави возилото, но нема да се
активира статично.
Штом прекинувачот m ќе се
ослободи, динамичното сопирање
ќе престане.
Page 193 of 333

Возење и ракување191Проверка на функционалноста
Кога возилото не се движи,
електричната сопирачка за
паркирање може да се активира
автоматски. Ова се прави за да се
провери системот.
Дефект
На дефектен режим на
електричната сопирачка за
паркирање укажува контролната
сијаличка j и порака за возилото
што е прикажана на
Информативниот центар за
возачот. Пораки за возилото 3 138.
Активирање на електричната сопирачка за паркирање:
повлечете го и држете го
прекинувачот m подолго од пет
секунди. Ако контролната
сијаличка m светне, електричната
сопирачка за паркирање е активирана.
Отпуштете ја електричната
сопирачка за паркирање:
притиснете го и држете го
прекинувачот m подолго од
две секунди. Ако контролнатасијаличка m се изгасне,
електричната сопирачка за
паркирање е отпуштена.
Контролната сијаличка m трепка:
електричната сопирачка за
паркирање не е целосно
активирана или отпуштена. Кога
трепка постојано, отпуштете ја
електричната сопирачка за
паркирање и обидете се да ја
активирате повторно.
Серво кочење Ако педалата на сопирачките се
нагазне брзо и силно, автоматски
се применува максимална сила на сопирање.
Работењето на помошта на
сопирањето може да се забележи
по пулсирање во педалата за
сопирачките и поголем отпор кога
се нагазнува педалата.
Одржувајте постојан притисок врз
педалата на сопирачката додека е
потребно целосно сопирање.
Максималната сила на сопирањето
автоматски се намалува кога ќе се
отпушти педалата на сопирачките.Помош при поаѓање на
угорници
Системот помага да се спречи несакано движење кога се вози по стрмнини.
При отпуштање на педалата за
сопирачката по застанување на
закосена површина, сопирачките
се активирани уште две секунди.
Сопирачките се отпуштаат
автоматски штом возилото ќе
почне да забрзува или ќе заврши
времето за задржување од
две секунди.
Помошта при поаѓање на
нагорнини не е активна за време на Autostop.
Page 194 of 333

192Возење и ракувањеСистеми за контрола
на возењето
Систем за контрола на пролизгувањето
Системот за контрола на
пролизгувањето (TC) е компонента
на Електронската контрола на
стабилноста.
TC ја подобрува стабилноста при возењето кога е потребно, без
оглед на видот на површината на
коловозот или прилепувањето на гумите, со спречување на
шлајфувањето на погонските
тркала.
Штом погонските тркала почнат да
шлајфуваат, излезната силата на
моторот се намалува и тркалото
кое најмногу шлајфува поединечно
се сопира. Тоа значително ја
подобрува стабилноста при
возење на возилото на лизгави
површини на коловозот.
TC функционира по секое палење
на возилото, штом ќе се изгасне
контролната сијаличка b.
Кога TC работи, b трепка.
9 Предупредување
Не дозволувајте ова посебно
безбедносно својство да Ве
наведе да ризикувате за време
на возењето.
Приспособете ја брзината кон
условите на патот.
Контролна сијаличка b 3 127.
Деактивирање
TC може да се исклучи кога е
потребно вртење на погонските
тркала во место: притиснете
кратко b.
Порака за статус се појавува во
Информативниот центар за
возачот кога TC ќе се деактивира.
Контролна сијаличка k се пали.
Page 195 of 333

Возење и ракување193Кога TC е деактивирана, ESC
останува активен, но со повисок
праг на контрола.
ТС повторно се активира со
повторно притискање на b. Порака
за статус се појавува во
Информативниот центар за
возачот кога TC ќе се активира
повторно.
TC исто така се активира повторно
следниот пат кога ќе се вклучи
палењето.
Дефект
Ако има дефект на системот,
контролната сијаличка b постојано
свети и на Информативниот
центар за возачот се појавува
порака. Системот не функционира.
Нека Ви ја отстрани причината на
дефектот автомеханичар.
Електронска контрола настабилноста
Електронската контрола на
стабилноста (ESC) ја подобрува
стабилноста при возењето кога епотребно, без оглед на видот на
површината на патот или
прилепувањето на гумите.
Штом возилото почне да занесува
(недоволно вртење/нагло
свртување), излезната сила на
моторот се намалува и тркалата се сопираат посебно.
ESC работи во комбинација со
систем за контрола на
пролизгувањето. Го спречува
шлајфувањето на погонските
тркала.
ESC функционира по секое палење на возилото, штом ќе се изгасне
контролната сијаличка b.
Кога ESC работи, b трепка.
9 Предупредување
Не дозволувајте ова посебно
безбедносно својство да Ве
наведе да ризикувате за време
на возењето.
Приспособете ја брзината кон
условите на патот.
Контролна сијаличка b 3 127.
Деактивирање
Page 196 of 333

194Возење и ракувањеESC и TC можат да бидат
деактивирани:
● Држете го притиснато b
најмалку пет секунди: ESC и TC
се деактивирани. Светнуваат
k и n, а во Информативниот
центар за возачот се
појавуваат пораки за статусот.
● За да го деактивирате само Системот за контрола на
пролизгувањето, кратко
притиснете го копчето b: TC е
неактивно, но ESC останува
активно, светнува k. Порака за
статус се појавува во
Информативниот центар за
возачот кога TC ќе се
деактивира.
ESC повторно се активирана со
притиснување на копчето b
одново. Ако TC системот
претходно е оневозможен, TC и
ESC се повторно се активираат. k
и n се исклучуваат кога TC и ESC
се повторно се активираат.
ESC исто така се активира
повторно следниот пат кога ќе се
вклучи палењето.
Дефект
Ако има дефект на системот,
контролната сијаличка b постојано
свети и на Информативниот
центар за возачот се појавува
порака. Системот не функционира.
Нека Ви ја отстрани причината на
дефектот автомеханичар.Интерактивен систем за
возење
„Флекс рајд“
Flex Ride системот за возење му
овозможува на возачот да избере
помеѓу три режими за возење:
● SPORT режим: притиснете SPORT , светлото свети.
● Режим TOUR: притиснете TOUR , светлото свети.
● Нормален режим: не се притиснати ни SPORT ни
TOUR , не свети светлото.
Деактивирајте ги режимот SPORT и режимот TOUR со притиснување
на соодветното копче уште еднаш.
Во секој режим за возење
Flex Ride ги сврзува следните
електронски системи во мрежа:
● Постојана контрола на амортизацијата
● Контрола на педалот за гас
● Контрола на управувањето со воланот
● Автоматски менувач
Page 197 of 333

Возење и ракување195Режим SPORT
Поставките на системите се
приспособуваат кон поспортски
стил на возењето:
● Придушувањето на амортизерите реагира покрутоза да обезбеди подобар
контакт со површината на
коловозот.
● Моторот реагира побрзо на педалот за гас.
● Серво помошта за управувањето е намалена.
● Точките на менувањето на брзини на автоматскиот
менувач се случуваат подоцна.
Режим TOUR
Поставките на системите се
приспособуваат кон удобен стил на
возењето:
● Придушувањето на амортизерите реагира помеко.
● Педалот за гас реагира со стандардни поставки.
● Помошта за управувањето е во
стандардниот режим.
● Точките на менувањето на брзини на автоматскиот
менувач се одвиваат во режим за удобност.
Нормален режим
Сите поставки на системите се
приспособени кон стандардните
вредности.
Контрола на режимот за
возење
Во секој рачно избран режим завозење SPORT, TOUR или
Нормален, Контролата на режимот за возење (DMC) ги открива и
анализира непрекинато
вистинските карактеристики на
возењето, реакциите на возачот и
активната динамична состојба на
возилото. Ако е потребно,
контролната единица на DMC
автоматски ги менува поставките
во рамките на избраниот режим за
возење или кога ќе препознае
поголеми варијации, режимот за
возење се менува за време на
варијациите.
Ако, на пример, е избран
Нормалниот режим и DMC открие
спортско однесување при
возењето, DMC менува повеќе
поставки од Нормалниот режим на
спортски поставки. DMC се
Page 198 of 333

196Возење и ракувањепрефрлува на режимот SPORT во
случај на многу спортско
однесување при возењето.
Ако, на пример режимот TOUR е
избран и додека се вози по
серпентина, потребно е да сопира
нагло и јако, DMC ќе ја открие
динамичната состојба на возилото
и ќе ги смени поставките за
амортизацијата на режимот
SPORT за да се зголеми
стабилноста на возилото.
Кога карактеристиките на
возењето или динамичната
состојба на возилото се враќа во
поранешната состојба, DMC ќе ги
смени поставките на претходно
избраниот режим за возење.
Поставки приспособени кон
индивидуалните потреби во
Спортскиот режим
Возачот може да ги избере
функциите на режимот SPORT кога
е притиснато SPORT.
Изберете ги соодветните поставки
во Settings (Поставки) во Инфо-
екранот.Информативен екран 3 136.
Приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 139.Системи за помош на
возачот9 Предупредување
Системите за помош на возачот
се конструирани да го
поддржуваат возачот, а не да го заменат вниманието на возачот.
Возачот има целосна
одговорност кога го вози
возилото.
Кога се користат системите за
помош за возачот, секогаш
внимавајте на моменталната
сообраќајна ситуација.
Контрола на патувањето
Контрола на патувањето може да
сними и одржува брзини од околу 30 км/ч до максималната брзина на
возилото. Може да дојде до
отстапувања од зачуваните брзини кога се вози по нагорнини или
надолнини.
Page 199 of 333

Возење и ракување197Од безбедносни причини,
контролата на патувањето не може
да се активира додека ножната
сопирачка не се притисне барем
еднаш. Активирање во прва брзина не е возможно.
Не користите ја контролата на
патувањето ако не е препорачливо да се одржува постојана брзина.
Со автоматскиот менувач,
контролата на патувањето
активирајте ја само во автоматски
режим.
Контролна сијаличка m 3 130.
Вклучување
Притиснете го m; контролната
сијаличка m во групата
инструменти свети бело.
Активирање
Забрзајте се до саканата брзина и
свртете го малото тркалце на
SET/- , актуелната брзина се
зачувува и одржува. Контролната
сијаличка m во групата
инструменти свети зелено. Педалот за гас може да се отпушти.
Брзината на возилото може да се
зголеми со нагазување на
педалата за гас. Кога ќе се отпушти
педалата за гас, се продолжува со
претходно зачуваната брзина.
Контролата на патувањето
останува активна додека се
менуваат брзините.
Зголемување на брзината
При активна контрола на
патувањето, држете го малото
тркалце свртено на RES/+ или
вртете го накратко на RES/+ повеќе
пати:брзината се зголемува
продолжително или во мали
чекори.
Или забрзајте до саканата брзина и зачувајте ја со вртење на SET/-.
Page 200 of 333

198Возење и ракувањеНамалување на брзината
При активна контрола на
патувањето, држете го малото
тркалце свртено на SET/- или
вртете го накратко на SET/- повеќе
пати:брзината се намалува
продолжително или во мали
чекори.
Деактивирање
Притиснете го y, контролната
сијаличка m во групата
инструменти свети бело.
Контролата на патувањето е
деактивирана, но не е исклучена.
Последната зачувана брзина се
меморира за повторно враќање на
брзината подоцна.
Автоматско деактивирање: ● Брзината на возилото е под околу 30 км/ч.
● Брзината на возилото паѓа повеќе од 25 км/ч под
поставената брзина.
● Педалата на сопирачките е притисната.● Педалата на куплунгот е притисната неколку секунди.
● Рачката на менувачот е заглавена во N.
● Брзината на моторот е многу мала.
● Работи системот за контрола на пролизгувањето или
електронската контрола за стабилност.
● Сопирачката за паркирање е применета.
● Со истовремено притискање RES/+ и педалата на
сопирачката се деактивира
контрола на патувањето и се
брише зачуваната брзина.
Продолжување со снимената
брзина
Свртете го малото тркалце на RES/+ при брзини над 30 км/ч.
Снимената брзина ќе се постигне.Исклучување
Притиснете го m; контролната
сијаличка m во групата
инструменти се гаси. Зачуваната
брзина се брише.
Со притискање на L за активирање
на ограничувачот на брзината или
за исклучување на палењето се
исклучува и контролата на
патувањето и се брише зачуваната брзина.
Ограничувач на брзината
Ограничувачот на брзината го
спречува возилото да надмине
претходно поставена максимална
брзина.
Максималната брзина може да се
намести при брзини над 25 км/ч до
200 км/ч.
Возачот може да забрза само до
претходно поставената брзина.
Може да дојде до отстапувања од
ограничената брзина само при
возење надолу.