OPEL ZAFIRA C 2019 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2019, Model line: ZAFIRA C, Model: OPEL ZAFIRA C 2019Pages: 365, PDF Size: 9.36 MB
Page 281 of 365

Нега на возилото279Нека Ви ја провери
концентрацијата на течноста за
ладење и нека Ви ја отстрани
причината на губење на течноста
за ладење автомеханичар.
Течност за серво управувањеВнимание
Многу мали загадувања можеда предизвикат оштетување на
системот за управување и
неправилна работа. Не
дозволувајте загадувачи да
дојдат во допир со делот што
доаѓа во допир со течноста на капачето на резервоарот/
прачката за мерење или да
навлезат во резервоарот.Вообичаено, течноста за серво
управување не треба да се
проверува. Ако се јави необичен
звук при управувањето или серво
управувањето реагира необично,
побарајте помош од
автомеханичар.
Течност за миење
Наполнете со чиста вода мешана
со соодветно количество одобрена течност за миење на
шофершајбната која содржи
антифриз.
Внимание
Само течностите за миење со
доволна концентрација на
антифриз даваат заштита при
ниски температури или нагол
пад во температурата.
Page 282 of 365

280Нега на возилотоСопирачкиВо случај на минимална дебелинана плочките за сопирање, за време на сопирањето се слуша цвичење.
Можно е да се продолжи со
возењето, но нека Ви ги заменат
пакните на сопирачките колку е
можно поскоро.
Штом се ставени нови пакни, не
сопирајте непотребно силно при
првите неколку патувања.
Течност за сопирачките9 Предупредување
Течноста за сопирачките е
отровна и нагризува. Избегнете
контакт со очите, кожата,
текстил и бојадисани површини.
Нивото на течноста за сопирачките
мора да биде помеѓу ознаките MIN
и MAX .
Ако нивото на течноста е под MIN,
побарајте помош од
автомеханичар.
Течност за сопирачките и за
куплунгот 3 325.
Акумулатор
Акумулаторот на возилото не се
сервисира под услов
карактеристиките на возењето да
овозможуваат доволно полнење на
акумулаторот. Возењето по кратки
растојанија и чести палења на
моторот можат да го испразнат
акумулаторот. Избегнувајте ја
употребата на непотребни
електрични потрошувачи.
Акумулаторите не му припаѓаат на
домашниот отпадок. Тие треба да
се фрлат кај соодветен пункт за
собирање на отпадоци за
рециклирање.
Паркирање на возилото подолго од четири седмици може да доведе до
празнење на акумулаторот.
Откачете го негативниот пол од
акумулаторот на возилото.
Уверете се дека палењето е
исклучено пред да го поврзете или откачите акумулаторот на
возилото.
Заштита на акумулаторот од
празнење 3 138.
Page 283 of 365

Нега на возилото281Откачување на акумулаторотАко акумулаторот на возилото
треба да се откачи (на пр. за
одржување), сирената на алармот
треба да се деактивира на
следниот начин: вклучете го, па исклучете го палењето, потоа
откачете го акумулаторот на
возилото во рок од 15 секунди.
Замена на акумулаторот Забелешка
Непочитувањето на упатствата
дадени во овој дел може да
доведе до привремено
деактивирање или попречување
на системот за сопирање-
поаѓање.
Кога се заменува акумулаторот,
проверете да нема отворени дупки за проветрување во близина на
позитивната клема. Ако некоја
дупка за проветрување е отворена
во тој предел, треба да се затвори
со нешто што личи на капаче, а
проветрувањето во близина на
негативната клема треба да се
отвори.Користете само акумулатори над
коишто може да се монтира кутија
со осигурувачи.
Акумулаторот секогаш треба да се
заменува со акумулатор од ист тип.
Препорачуваме акумулаторот да
Ви го замени автомеханичар.
Систем за сопирање-поаѓање
3 210.
Полнење на акумулаторот9 Предупредување
Кај возилата со систем за
сопирање-поаѓање, внимавајте потенцијалот за полнење да не
надмине 14,6 волти кога
користите полнач на
акумулатори. Инаку,
акумулаторот може да се
оштети.
Палење со кабли 3 316.
Етикета за предупредување
Значење на симболите:
● Забранети се искри, отворен пламен или пушење.
● Секогаш штитете ги очите. Експлозивните гасови може дапредизвикаат слепило или
повреда.
● Чувајте го акумулаторот вон дофат на деца.
● Акумулаторот содржи сулфурна киселина што може
да предизвика слепило или
тешки изгореници.
Page 284 of 365

282Нега на возилото● Видете во Сопственичкиотприрачник за повеќе
информации.
● Може да има експлозивен гас во близина на акумулаторот.
Цедење на системот со
дизел гориво
Ако резервоарот се испразнилдокрај, системот за дизел гориво
треба да се исцеди. Вклучете го
палењето трипати по 15 секунди.
Потоа верглајте го моторот
најмногу 40 секунди. Повторете го
овој процес по не помалку од пет
секунди. Ако моторот не се пали,
побарајте помош од
автомеханичар.Замена на четкичките на
бришачите
Шофершајбна
Кренете го бришачот до исправенаположба, притиснете го копчето за
да ја ослободите четкичката и
извадете ја.
Прицврстете ја четкичката на
бришачот под мал агол во однос на рачката на бришачот и притиснете
ја се додека не се заглави.
Спуштете ја рачката на бришачот внимателно.
Заден прозорец
Подигнете ја рачката на бришачот.
Откачете ја четкичката на
бришачот како што е покажано на
илустрацијата и извадете ја.
Прицврстете ја четкичката на
бришачот под мал агол во однос на рачката на бришачот и притиснете
ја се додека не се заглави.
Спуштете ја рачката на бришачот
внимателно.
Page 285 of 365

Нега на возилото283Замена на сијалиците
Исклучете го палењето и исклучете го соодветниот прекинувач или
затворете ги вратите.
Држете ги новите сијалици само кај
базата. Не допирајте го стаклото на сијалицата со голи раце.
Користете само ист вид сијаличка
за замена.
Заменете ги сијалиците на
фаровите од внатрешноста на
моторниот простор.
Проверка на ламбите По замена на ламба, вклучете го
палењето, вклучете ги и проверете
ги светлата.
Халогенски предни фарови
Халогенски предни фарови со
посебни ламби за средно и долго
светло. Страничните светла и
светлата за дневно возење се
направени како LED и не можат да
се заменат.
Надворешна сијалица за ( 1) средно
светло.
Внатрешна сијалица за ( 2) долго
светло.
Преден трепкач ( 3).
Средно светло (1)
1. Завртете го капачето налево и
извадете го.
Page 286 of 365

284Нега на возилото2. Завртете го држачот насијалицата налево за да се
ослободи. Повлечете ја
фасонката од куќиштето на
фарот.
3. Извадете ја ламбата од фасонката така што ќе ја
повлечете.
4. Заменете ја ламбата и приклучете ја на кабел
штекерот.
5. Ставете ја фасонката, заглавете ги двата држачи во
куќиштето на фарот и свртете
ги надесно за да се затегне.
6. Ставете го капачето и завртете го обратно од насоката на
стрелките на часовникот.
Долго светло (2)
1. Завртете го капачето налево и извадете го.
2. Повлечете ја фасонката одкуќиштето на фарот.
3. Извадете ја ламбата одфасонката така што ќе ја
повлечете.
Page 287 of 365

Нега на возилото2854. Заменете ја ламбата иприклучете ја на кабел
штекерот.
5. Ставете ја и турнете ја фасонката во куќиштето на
фарот така што ќе го поставите држачот на местото.
6. Ставете го капачето и завртете го обратно од насоката на
стрелките на часовникот.
Предни трепкачи (3)
1. Завртете ја фасонката на ламбата налево за да се
ослободи. Повлечете ја
фасонката од куќиштето на
фарот.
2. Извадете ја ламбата од фасонката така што ќе ја
свртите налево и ќе ја повлечете.
3. Заменете ја и ставете нова ламбата во фасонката и
свртете ја надесно.
4. Ставете ја фасонката во куќиштето на фарот и завртете
ја надесно.
LED предни фарови
Предните фарови за средно и
долго светло, страничните светла,
светлата за дневно возење и
трепкачите се направени како LED
и не можат да се заменат.
Во случај на дефект, светлата
треба да ги поправи
автомеханичар.
Предни фарови за магла Сијалиците се достапни од под
возилото.
1. Отстранете ги надворешните завртки од капакот како што е
покажано на илустрацијата.
Page 288 of 365

286Нега на возилото
2. Отворете го капакот сошарките.
Свртете ја фасонката налево и
извадете ја од куќиштето на
фарот.
3. Откачете ја фасонката на ламбата од кабел штекерот со
притискање на држачот.
4. Извадете ја и вратете ја фасонката со ламбата и
приклучете ја во кабел
штекерот.
5. Ставете ја фасонката во куќиштето на фарот, свртете јанадесно и заглавете ја.
6. Монтирајте го капакот со завртките.
Задни светла
1. Отворете го капакот на завртките со шарките.
2. Извадете ги заврткитеозначени со стрелките.
Page 289 of 365

Нега на возилото2873. Внимателно извлечете гокомплетот на светлото од
игличките за држење и
извадете го.
4. Откачете го кабел штекерот од комплетот на фарот.
5. Извадете ја и заменете ја ламбата вртејќи ја фасонката.
Трепкачи ( 1)
Задни светла ( 2)
Стоп-светло ( 3)
Задни светла со светлечки
диоди (LED) за задното и
светлото на сопирачките
Може да се замени само
ламбата на трепкачот ( 1).
Извадете ја и заменете ја
ламбата вртејќи ја фасонката.
6. Поврзете го кабел штекерот со комплетот на фарот.
7. Наместете го комплетот на фарот во држачите и
монтирајте го комплетот со
помош на завртките.
8. Закачете го капакот на завртките.
Светла за рикверц (4) на
задната врата
1. Отворете ја задната врата и извадете го капакот.
Page 290 of 365

288Нега на возилото2. Свртете го држачот насијалицата обратно од насоката
на стрелките на часовникот и
извадете го од фарот.
3. Извадете ја ламбата од фасонката влечејќи ја.
4. Заменете ја и вметнете нова ламба во фасонката.
5. Вметнете ја фасонката во фарот и завртете ја надесно.
6. Монтирајте го капакот.
Заден фар за магла
Сијалиците се достапни од под
возилото.
1. Свртете ја фасонката на сијалицата налево и извадете ја
од фарот.
2. Извадете ја ламбата од фасонката вртејќи ја налево.
3. Заменете ја и вметнете новаламба во фасонката вртејќи
надесно.
4. Вметнете ја фасонката во фарот, свртете ја надесно и
заглавете ја.
Проверка на ламбите Вклучете го палењето, вклучете ги
и проверете ги сите светла.
Странични трепкачи
За да ја замените сијалицата,
извадете го куќиштето на ламбата: