OPEL ZAFIRA C 2019 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2019, Model line: ZAFIRA C, Model: OPEL ZAFIRA C 2019Pages: 365, PDF Size: 9.36 MB
Page 271 of 365

Возење и ракување269оптоварува влечната кука. Може да
се менува со менување на
распоредот на тежината кога се
товари приколката.
Максималната дозволена
вертикална оптовареност на
влечната спојка (75 кг) е наведена
на идентификациската табличка на
влечната опрема и во документите
на возилото.
Забелешка
Мотори D16DTH, D16DTJ,
D20DTH и D20DTJ: Во зависност
од опремата, максималната
вертикална оптовареност на
влечната спојка може да биде
75 кг или 60 кг.
Секогаш одете на максимална
оптовареност, особено ако се
работи за тешка приколка.
Вертикалната оптовареност на
влечната спојка никогаш не смее
да падне под 25 кг.Натоварување на задната оска
Кога е прикачена приколка, а
влечното возило е целосно
натоварено, дозволената
оптовареност на задната оска
(видете ја идентификациската
табличка или документите на
возилото) може да се надмине за
60 кг, а вредноста за бруто тежина
на возилото за 60 кг. Ако се
надмине дозволената
оптовареност на задната оска,
максималната брзина е 100 км/ч.
Опрема за влечењеВнимание
При работење без приколкаизвадете ја влечната кука со
топка.
Чување на влечната кука
Куката за влечење се чува во
преградата за складирање во
десниот страничен ѕид.
Page 272 of 365

270Возење и ракувањеМонтирање на топчестата
влечна кука
Откачете го и преклопете го
приклучникот. Извадете го
заптивниот клин од дупката за
влечната кука и складирајте го.
Проверка на затегнатоста на
влечната кука
● Црвената ознака на вртливото
копче посочува кон зелената
ознака на влечната кука.
● Меѓупросторот помеѓу вртливото копче и влечната
кука мора да биде околу 6 мм.
● Клучот треба да биде во положбата c.
Инаку влечната кука треба да се
затегне пред да се вметне:
● Отклучете ја влечната кука со вртење на клучот во
положбата c.
● Извлечете го вртливото копче
и свртете го во правец на
стрелките на часовникот колку
што може.
Page 273 of 365

Возење и ракување271Вметнување на влечната кука
Вметнете ја затегнатата шипка на
влечната кука во отворот и турнете
ја цврсто угоре додека не се
заглави чујно.
Вртливата рачка скокнува назад во
почетната положба, потпирајќи се
на влечната кука без расцеп.
9 Предупредување
Не ја допирајте вртливата рачка
за време на вметнувањето.
Заклучете ја влечната кука со
вртење на клучот во положбата e.
Извадете го клучот и затворете го
заштитното капаче.
Алка за кабелот за приврзување
Закачете го кабелот кој спречува
да се откачи приколката, за алката.
Проверете дали влечната кука е
правилно инсталирана
● Зелената ознака на вртливото копче мора да посочува кон
зелената ознака на влечната
кука.
● Не смее да има расцеп помеѓу вртливата рачка и шипката на
влечната кука.
● Влечната кука треба цврсто да
се заглави во отворот.
● Влечната кука треба да се заклучи и клучот да се извади.9Предупредување
Влечењето на приколка е
дозволена само ако влечната
кука е монтирана правилно. Ако влечната кука не е заглавена
правилно, побарајте помош од
автомехануичар.
Page 274 of 365

272Возење и ракувањеДемонтирање на топчестата
влечна кука
Отворете ја заштитната вратичка и свртете го клучот во положбата c
за да се отклучи влечната кука.
Извлечете ја вртливата рачка и
свртете ја во правец на стрелките
на часовникот колку што може.
Извлечете ја шипката на влечната
кука удолу.
Вметнете го заптивниот клин во
отворот. Преклопете го
приклучокот.
Помош за стабилноста на
приколката
Ако системот открие кривулести
движења, моќноста на моторот се
намалува и комбинацијата возила/
приколка се сопира селективно додека не престане кривулестото
движење. Додека системот работи, држете го воланот колку што може
помирно.
Помошта за стабилноста на
приколката (TSA) е функција на
електронската контрола на
стабилноста 3 228.
Page 275 of 365

Нега на возилото273Нега на возилотоОпшти информации.................274
Додатоци и модификации на возилото ................................ 274
Чување на возилото ..............274
Демонтирање на возилото на крајот на работниот век .......275
Прверки на возилото ...............275
Вршење работа ...................... 275
Хауба ...................................... 276
Моторно масло ......................276
Ладилник ................................ 278
Течност за серво управување ........................... 279
Течност за миење ..................279
Сопирачки .............................. 280
Течност за сопирачките ........280
Акумулатор ............................. 280
Цедење на системот со дизел гориво .................................... 282
Замена на четкичките на бришачите ............................. 282
Замена на сијалиците ..............283
Халогенски предни фарови ..283
LED предни фарови ..............285
Предни фарови за магла ......285Задни светла .......................... 286
Странични трепкачи ..............288
Светло за регистарската табличка ................................ 289
Внатрешни светла .................290
Осветлување на таблата со инструменти .......................... 290
Електричен систем ..................290
Осигурувачи ........................... 290
Кутија со осигурувачи во моторниот простор ...............292
Кутија со осигурувачи во
таблата со инструменти .......294
Кутија со осигурувачи во товарниот простор ................295
Прирачен алат ......................... 297
Алати ...................................... 297
Тркала и гуми ........................... 298
Зимски гуми ............................ 298
Ознаки на гумите ...................298
Притисок на гумите ................ 298
Систем за следење на притисокот на гумите ...........300
Длабочина на шарата ...........304
Менување на големината на гумите и тркалата .................304
Раткапни ................................. 305
Синџири за гуми ..................... 305
Комплет за поправање гуми . 305Менување тркала ................... 309
Резервно тркало ....................310
Палење со кабли ......................316
Влечење ................................... 318
Влечење на возилото ............318
Влечење друго возило ..........319
Нега за изгледот ......................320
Нега на надворешноста ........320
Нега на внатрешноста ........... 322
Page 276 of 365

274Нега на возилотоОпшти информацииДодатоци и модификациина возилото
Го препорачуваме користењето на
оригинални делови и опрема, и
делови одобрени од фабриката
специфично за Вашиот вид на возило. Не можеме да оцениме или
гарантираме сигурност за други
производи - дури и да имаат
регулативно или поинаку дадено
одобрение.
Каква било измена, преиначување или други промени што се
направена на стандардните
спецификации на возилото
(вклучувајќи ги, без ограничување,
измените на софтверот, измените
на електронските контролни уреди)
може да ја поништи гаранцијата
што ја нуди Opel. Дополнително,
таквите промени може да влијаат
врз системите за помош на
возачот, врз потрошувачката на
гориво, испуштањето CO 2 и други
испуштања на издувни гасови од
возилото и да предизвикаат
возилото повеќе да не ја почитувадозволата за работа што ќе влијае
врз важноста на регистрацијата на
возилото.Внимание
При превезување на возилото
со воз или со возило за
влечење, калниците може да се
оштетат.
Чување на возилото
Складирање за долго времеАко возилото има да се складира за
повеќе месеци:
● Измијте го и полирајте го возилото.
● Нека Ви ја проверат заштитата
со восок во моторниот простор
и подвозје.
● Исчистете ги и намачкајте ги гумените кедери.
● Наполнете го резервоарот за гориво докрај.
● Сменете го моторното масло.
● Исцедете го садот за течноста за миење.
● Проверете ги течноста за ладење, антифризот и
заштитата од корозија.
● Дотерајте го притисокот во гумите до вредноста
определена за полна
натовареност.
● Паркирајте го возилото на суво, добро проветрено место.
Ставете во прва брзина или
рикверц или рачката на
менувачот во P. Спречете
тркалање на возилото.
● Не затегнувајте ја рачната сопирачка.
● Отворете ја хаубата, затворете
ги сите врати и заклучете го
возилото.
● Откачете го негативниот пол од акумулаторот на возилото.
Внимавајте сите системи да
бидат исклучени, на пр.
системот за тревожење при
кражба.
Page 277 of 365

Нега на возилото275Враќање во работна состојба
Кога возилото има да се врати в
работа:
● Откачете го негативниот пол од акумулаторот на возилото.
Активирајте ја електрониката
на електричните прозорци.
● Проверете го притисокот во гумите.
● Наполнете го садот за течноста за миење.
● Проверете го нивото на моторното масло.
● Проверете го нивото на течноста за ладење.
● Бидејќи рокот на траење на AdBlue е ограничен на две
години, течноста треба да се
замени ако е премногу стара.
Побарајте помош од
автомеханичар.
● Ставете ја регистарската табличка ако е потребно.Демонтирање на возилото
на крајот на работниот век
Информациите за центрите за
демонтирање и рециклирање на
возилата што се на крајот на
работниот век се наоѓаат на
нашата страница на интернет, каде што се бара со закон. Доверете муја оваа работа само на овластен
центар за рециклирање.
Возилата на гас мора да ги
рециклира сервисен центар
овластен за возила на гас.Прверки на возилото
Вршење работа9 Предупредување
Вршете проверки на моторниот
простор само кога е исклучено палењето.
Вентилаторот за ладење може
да проработи дури и ако е
исклучено палењето.
Page 278 of 365

276Нега на возилото9Опасност
Системот за палење користи
многу висок напон. Не допирајте ги.
Хауба
Отворање
Повлечете ја рачката за
ослободување и вратете ја во
својата оригинална положба.
Свртете ја безбедносната брава
настрана кон левата страна на
возилото и отворете ја хаубата.
Багажникот се држи отворен
автоматски со подигач.
Ако багажникот е отворен за време
на Autostop, моторот ќе се запали
повторно автоматски поради
безбедноста.
Затворање
Пред да ја затворите хаубата,
притиснете го потпирачот во
држачот.
Спуштете ја хаубата и оставете да
падне на бравата од мала висина
(20-25 см). Проверете дали
хаубата е заглавена.Внимание
Не притискајте ја хаубата на
резето, за да избегнете
вдлабнувања.
Моторно масло
Редовно проверувајте го нивото на
моторното масло рачно за да се спречи оштетување на моторот.
Уверувајте се дека се користи
масло со правилната
спецификација.
Препорачани течности и средства
за подмачкување 3 325.
Максималната потрошувачка на
моторното масло е 0,6 л на
1000 км.
Проверувајте го со возилото на
рамна површина. Моторот треба
да биде на работна температура и
исклучен барем пет минути.
Page 279 of 365

Нега на возилото277
Извадете ја прачката, избришете
ја, ставете ја повторно целосно,
извлечете ја и прочитајте го нивото на моторното масло.
Различни прачки се употребуваат
зависно од верзијата на моторот.Кога нивото на моторното масло
паднало до ознаката MIN, дотурете
моторно масло.
Препорачуваме употреба на
моторно масло од иста класа со
употребеното при последното
менување.
Нивото на моторното масло не
смее да ја надмине ознаката MAX
на прачката.
Кај некои мотори е потребна инка
за дополнување моторно масло.
Инката се наоѓа во складиштето од десната страна на товарниот
простор.
Користете ја инката за полнење
моторно масло во отворот за
моторно масло.
Page 280 of 365

278Нега на возилотоОткако ќе наполните, ставете ја
инката во пластичната ќесичка и
одложете ја во складишната
преграда.Внимание
Вишокот на моторното масло
треба да се исиса или да се
отстрани. Ако маслото е над
максималното ниво, не
стартувајте го возилото и
контактирајте со
автомеханичар.
Зафатнини 3 336.
Наместете го капачето право и
затегнете го.
Ладилник Средството за ладење овозможува
заштита од мрзнење до околу
-28 °C. Во студените региони со
многу ниски температури,
фабрички наполнетото средство за
ладење овозможува заштита од
мрзнење до околу -37 °C.
Внимание
Употребувајте само одобрен
антифриз.
Течност за ладење и антифриз
3 325.
Ниво на течноста за ладење
Внимание
Прениското ниво на течноста за ладење може да предизвика
оштетување на моторот.
Ако системот за ладење е студен,
течноста за ладење треба да биде
над линиската ознака за полнење.
Дотурете ако нивото е ниско.9 Предупредување
Оставете моторот да се олади
пред да го отворите капачето. Внимателно отворајте го
капакот, ослободуваќи го вишок
притисокот полека.
За дотурање, користете 1:1 мешавина на одобрен концентрат
од течност за ладење измешан со
чиста вода од чешма. Ако не е
достапен концентрат од течност за
ладење, користете чиста вода од
чешмата. Ставете го капакот
цврсто.
Мотор B16DTH: Откако ќе го
запалите моторот, ставете го
греењето на најтопло и брзината
на вентилаторот барем на првото
ниво околу пет минути. Тоа ќе
помогне да се издува воздухот од
системот за ладење.