OPEL ZAFIRA C 2019 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2019, Model line: ZAFIRA C, Model: OPEL ZAFIRA C 2019Pages: 365, PDF Size: 9.36 MB
Page 311 of 365

Нега на возилото309
Ако притисокот во гумата е
поголем од 1,3 бари, поставете
го до правилната вредност.
Повторете ја оваа поставка
додека веќе нема губење на
притисокот.
Ако притисокот во гумата
паднал под 1,3 бари, возилото
не смее да се користи.
Побарајте помош од
автомеханичар.
18. Чувајте го приборот за поправка на гумите во
багажниот простор.
Забелешка
Возните карактеристики на
поправената гума значително се
сменети, затоа нека Ви ја заменат таа гума.
Ако се слушне необичен шум или
компресорот се загрее, исклучете
го компресорот најмалку за
30 мин.
Вградениот сигурносен вентил се
отвора при притисок од 7 бари.
Проверете го рокот на траење на
комплетот. По тој датум
способноста за затнување веќе не
се гарантира. Внимавајте на
информациите за чување на
шишето со заптивна смеса.
Заменете го користеното шише со
заптивната смеса. Отфрлете го
шишето како што е пропишано од
соодветните закони.
Компресорот и заптивната смеса
може да се користат од околу
-30 °C.
Адаптерите кои можеби се
испорачани може да се користат
за пумпање други работи, на
пример, фудбалски топки,душеци, базени за надувување и
сл. Тие може да се наоѓаат од
долната страна на компресорот.
За да се извади, притегнете го
цревото за воздух на компресорот и извлечете го адаптерот.
Менување тркала
Сторете ги следниве подготовки и
запазете ги следните информации:
● Паркирајте на рамна, тврда и нелизгава површина.
Предните тркала треба да
бидат наместени право.
● Затегнете ја рачната сопирачка и ставете во прва
брзина, рикверц или P.
● Ако тлото на коешто стои возилото е меко, треба да се
стави тврда штица (дебела најмногу 1 см) под дигалката.
● Извадете ги тешките предмети
од возилото пред да го
кревате.
● Во возилото не смее да има луѓе или животни кога се дига.
● Не пикајте се под возило што е
кренато со дигалка.
Page 312 of 365

310Нега на возилото● Не го палете возилото кога екренато со дигалката.
● Исчистете ги навртките за тркалото и навојот со чистакрпа пред да го монтирате
тркалото.9 Предупредување
Не подмачкувајте ги навртката,
завртката и конусот на
завртката на тркалото.
Точки за подигнување
Прикажаните точки за
подигнување се однесуваат на
употребата на држачи за
подигнување и помошни дигалки
кои се користат за замена на
зимски / летни гуми.
Положбата за задната рачка на
платформата за дигање е
средишно под жлебот на прагот.
Положбата за предната рачка на
платформата за дигање е кај
подвозјето.
Резервно тркало
Резервното тркало може да се
класифицира како привремено
резервно тркало зависно од
големината, во споредба со
другите монтирани тркала и
правилата во државата. Во овој
случај, важи дозволената
максимална брзина иако на
резервното тркало нема етикета
што го покажува тоа.
Монтирајте само едно привремено
резервно тркало. Не возете побрзо
од 80 км/ч. Фаќајте ги свиоците
полека. Не го користете за подолг
период.Внимание
Употребата на резервно тркало
кое е помало од другите тркала
или во комбинација со зимски
гуми може да повлијае врз
Page 313 of 365

Нега на возилото311возната состојба. Заменете ја
неисправната гума колку е
можно поскоро.
Резервното тркало се наоѓа во
држач под подот на возилото.
1. Отворете ја складишната преграда во товарниот простор
3 297.
2. Извадете ги двете капачиња од
шестоаголните навртки.
3. Наместете го клучот за тркала на шестоаголната глава и
вртете го налево додека не
почувствувате отпор.
4. Продолжете со следната шестоаголна навртка на истиот
начин.
5. Кренете го држачот на резервното тркало и откачете
ги двете брави.
6. Спуштете го држачот на резервното тркало.
7. Отстранете го безбедносниоткабел.
8. Спуштете го држачот докрај иизвадете го резервното тркало.
Page 314 of 365

312Нега на возилото9. Сменете го тркалото.Оштетеното тркало мора да се
прицврсти во товарниот
простор, видете подолу.
10. Подигнете го празниот држач на резервното тркало и
вметнете го безбедносниот
кабел.
11. Кренете го држачот на резервното тркало понатаму и
заглавете го во двете резиња.
Отворените страни на бравите
мора да се насочени во
правецот на возење.
12. Затворете го празниот држач за
резервното тркало вртејќи ги
двете шестоаголни завртки во
насока на стрелките од
часовникот со клучот за
тркалата.
13. Ставете ги капачињата на шестоаголните завртки.
14. Ставете ги клучот за тркалата и
дигалката во складиштето пред задната врата.
15. Затворете го капакот на просторот за складирање.Кога го ставате резервното тркало
во држачот, имајте предвид дека
тркалото е поставено со вентилот
на гумата над процепот на
држачот.
Монтирање на резервното
тркало
Сторете ги следниве подготовки и
запазете ги следните информации:
● Паркирајте на рамна, тврда и нелизгава површина.
Предните тркала треба да
бидат наместени право.
● Ако е потребно, ставете блокатор под тркалото што е
дијагонално спротивно од
тркалото што се менува.
● Затегнете ја рачната сопирачка и ставете во прва
брзина, рикверц или P.
● Извадете го резервното тркало
3 310.
● Не менувајте повеќе од едно тркало одеднаш.●Дигалката користете ја само за
менување на тркала во случај
на продупчување, а не за
сезонски зимски или летни
менувања на гумите.
● Дигалката не бара одржување.
● Ако тлото на коешто стои возилото е меко, треба да сестави тврда штица (дебеланајмногу 1 см) под дигалката.
● Извадете ги тешките предмети
од возилото пред да го
кревате.
● Во возилото не смее да има луѓе или животни кога се дига.
● Не пикајте се под возило што е
кренато со дигалка.
● Не го палете возилото кога е кренато со дигалката.
● Исчистете ги навртките за тркалото и навојот со чиста
крпа пред да го монтирате
тркалото.
Page 315 of 365

Нега на возилото3139Предупредување
Не подмачкувајте ги навртката,
завртката и конусот на
завртката на тркалото.
9 Предупредување
Ако ги заменувате тркалата,
секогаш проверувајте дали ги
користите правилните навртки
за тркалата. Кога монтирате
резервно тркало, можат да се
користат и навртките за
алуминиумски тркала.
1. Откачете ги капачињата на завртките за тркало со
шрафцигер и извадете ги.
Челични тркала со раткапна:
Извлечете ја раткапната.
Лесни бандажи: Откачете ги
капачињата на завртките за
тркало со шрафцигер и
извадете ги. За да се заштити
тркалото, ставете мека
ткаенина помеѓу шрафцигерот
и лесната бандажа.
2. Отворете го клучот за тркалата и ставете го уверувајќи се декае наместен цврсто и
разлабавете ја секоја навртка
на тркалото за половина
вртење.
Тркалата може да се заштитени
со завртки за заклучување на
тркалата. За да ги разлабавите
овие специфични завртки,
првин ставете го адаптерот на
главата на завртката пред да го наместите клучот за тркалата.
Адаптерот се наоѓа во касетата.3. Некои верзии може да имаат покриено место за ставање на
дигалката. Извлечете го
капакот странично.
Page 316 of 365

314Нега на возилото4. Уверете се дека дигалката еправилно наместена под
соодветната точка на возилото
за дигање.
5. Поставете ја дигалката на потребната височина.
Наместете ја непосредно под
точката за дигање, на тој начин што ќе се спречува лизгањето.
Закачете го клучот за тркалото
и при правилно порамнета
дигалка, вртете го клучот се
додека тркалото не се крене од
земјата.
6. Отшрафете ги навртките на тркалото.
7. Сменете го тркалото. Резервно тркало 3 310
8. Зашрафете ги навртките на тркалото.
9. Спуштете го возилото и тргнете
ја дигалката.
10. Ставете го клучот за тркалата, уверете се дека е наместен
безбедно, па стегнете ја секоја
навртка по наизменичен
(вкрстен) редослед. Затезниот
момент е 140 Nm.
11. Наместете го отворот за вентилот во раткапната до
вентилот на гумата пред да ја
монтирате.
Ставете ги капачињата на навртките на тркалото.
12. Наместете го капакот на местото за дигалката.
13. Складирајте ги заменетото тркало 3 310, прирачниот алат
3 297 и адаптерот за
заклучување на завртките на
тркалото 3 70.
14. Проверете го притисокот на монтираната гума изатегнатоста на навртките на
тркалото колку е можно
поскоро.
Складирање на оштетено
тркало со целосна големина во
товарниот простор
Држачот на резервното тркало не е конструиран за други големини на
гуми освен за резервното тркало.
Page 317 of 365

Нега на возилото315Оштетено тркало пошироко од
резервното мора да се складира во
товарниот простор и да се
прицврсти со каиш. Прирачен алат
3 297.
Седиштата во третиот ред треба
да се склопени 3 73.
1. Наместете го тркалото близу до
левиот страничен ѕид на
товарниот простор.
2. Протнете го крајот со јамка од ременот низ предната алка за
врзување на левата страна.
3. Протнете го крајот на ременот со куката преку јамката и
повлекувајте го додека ременот
не се прицврсти стабилно до
алката за врзување.
4. Вметнете го каишот преку спиците на тркалото како што е
покажано на илустрацијата.
5. Монтирајте ја куката на задната
лева алка за врзување.
6. Затегнете го каишот и прицврстете го користејќи ја
патент-бравата.
9 Опасност
Секогаш возете со исправени и
заглавени потпирачи на задните
седишта кога складирате
оштетено тркало со целосна
големина во товарниот простор.
9 Предупредување
Складирањето на дигалка,
тркало или дурга опрема во
товарниот простор може да
предизвика повреда ако тие не се прицврстени соодветно. При
нагло застанување или судир,
неприцврстената опрема може
да удри некого.
Секогаш ставајте ги дигалката и
алатите секогаш во
соодветните складишни
прегради и прицврстувајте ги со фиксирање.
Оштетено тркало ставено во
товарниот простор секогаш
мора да биде прицврстено со
ремен.
Page 318 of 365

316Нега на возилотоРезервно тркало со насочна
гума
Ако е возможно, монтирајте ги
еднонасочните гуми така што тие
ќе се вртат во насоката на
патувањето. Правецот на
тркалањето е означен со симбол
(на пр. стрелка) од страната на
гумата.
Следново се однесува до гумите
монтирани наспроти насоката на
вртењето:
● Возната состојба може да се смени. Дефектната гума треба
да се обнови или поправи што
е можно побрзо и да се
монтира на местото од
резервното тркало.
● Возете особено претпазливо на влажни и снежни патишта.Палење со кабли
Не палете со полнач за
акумулатори.
Возило со испразнет акумулатор
може да се запали со употреба на
кабли за палење и акумулатор од друго возило.
Не палете со полнач за
акумулатори.9 Предупредување
Внимавајте многу кога палите
со кабли за палење. Кое било отстапување од следниве
напатствија може да доведе до
повреди или оштета
предизвикана од експлозија на
акумулаторот или оштетување
на електричните системи на
двете возила.
9 Предупредување
Избегнувајте контакт на
акумулаторот со очите, кожата,
ткаенини и обоени површини.
Течноста содржи сулфурна
киселина што може да
предизвика повреди и
оштетувања во случај на
директен допир.
● Не изложувајте го
акумулаторот на отворен
пламен или на искри.
● Испразнет акумулатор може да
замрзне при температура од
0 °C . Одмрзнете го смрзнатиот
акумулатор пред да
поврзувате кабли за палење.
● Носете заштитни очила и заштитна облека кога работитесо акумулатор.
● Користете помошен акумулатор со ист напон
(12 волт). Неговиот капацитет
(Ah) не смее да биде
значително помал од оној на
испразнетиот акумулатор.
Page 319 of 365

Нега на возилото317● Употребувајте кабли запалење со изолирани клеми и
пресек од најмалку 16 мм 2
(25 мм 2
за мотори на дизел).
● Не откачувајте го испразнетиот
акумулатор од возилото.
● Исклучете ги сите непотребни електрични потрошувачи.
● Не се наведнувајте над акумулаторот за време на
палењето со кабли за палење.
● Не дозволувајте клемите од едниот кабел да ги допрат оние
на другиот кабел.
● Возилата не смеат да дојдат во
контакт еден со друг за време
на процесот на палењето со кабли.
● Затегнете ја рачната сопирачка, ставете го
менувачот во лер,
автоматскиот менувач во P.
● Отворете ја позитивната клема
на Вашето возило во
моторниот простор и на
засилувачот на акумулаторот.
Редослед на спојувањето на
каблите:
1. Спојте го црвениот кабел со позитивната клема на
помошниот акумулатор.
2. Спојте го другиот црвен кабел со позитивната клема на
испразнетиот акумулатор.
3. Спојте го црниот кабел со негативната клема на
помошниот акумулатор.
4. Поврзете го другиот крај на црниот кабел во точка на
вземјување на возилото во
моторниот простор.
Спроведете ги каблите така што да
не можат да се закачат за
вртливите делови во моторниот
простор.
Палење на моторот: 1. Запалете го моторот на возилото што дава струја.
2. По пет минути, запалете го другиот мотор. Обидите за
палење не треба да траат
подолго од 15 секунди во
периоди од една минута.
3. Оставете ги двата мотора да работат в место околу три
минути со поврзани кабли.
4. Вклучете ги електричните потрошувачи (на пр. светла,
греењето на задното стакло) на
возилото што го прима
палењето со кабли.
5. Постапете по точно обратен редослед од горе наведениот
кога ги отстранувате каблите.
Page 320 of 365

318Нега на возилотоВлечењеВлечење на возилото
Откачете го капачето долу и
извадете го удолу.
Алката за влечење се наоѓа заедно
со прирачните алати 3 297.
Навртете ја алката за влечење
налево колку што може додека не
сопре во хоризонтална положба.
Закачете сајла за влечење - или, уште подобро е шипка за влечење
- за алката за влечење.
Алката за влечење треба да се
користи за влечење, а не за
ослободување на возилото.
Вклучете го палењето за да го
ослободите закочувањето на
воланот и за да го овозможите
работењето на стоп-светлата,
сирената и бришачот на
шофершајбната.
Внимание
Деактивирајте ги системите за
помош на возачот како што е
активното итно сопирање 3 248,
во спротивно, возилото може да
закочи автоматски при
влечењето.
Ставете ја рачката на менувачот во лер.
Отпуштете ја сопирачката за
паркирање.
Внимание
Возете полека. Не возете со нагли движeња. Преголеми
влечни сили може да го оштетат возилото.
Кога моторот не работи, потребнае значително поголема сила за сопирање и за управување.
За да не влегуваат издувни гасови
од влечното возило, вклучете го
кружењето на воздухот и затворете
ги прозорците.