OPEL CASCADA 2015.5 Сопственички прирачник
Page 161 of 291
Возење и ракување159Катализатор
Катализаторот го намалува
количеството на штетните
материјали во издувните гасови.Внимание
Класи на гориво пионакви од
оние наброени на страниците
3 199, 3 268 може да го
оштетат катализаторот или
електронските компоненти.
Бензинот кој не се игорил ќе се
прегрее и ќе го оштети
катализаторот. Затоа
избегнувајте ги прекумерното
работење со стартерот,
испразнувањето на
резервоарот за гориво и
палењето на возилото со
туркање или влечење.
Во случај моторот да не пали,
нерамномерно да работи, има
очигледен пад во перформансите
на моторот или има други
невообичаени проблеми,
причината за дефектот треба да ја
отстрани автомеханичар колку е
можно поскоро. Во хаварии, со
возењето може да се продолжи за
кратко време, одржувајќи се
брзината на возилото и вртежите
на моторот на ниско ниво.
AdBlueОпшти информации
Селективното каталитичко
намалување ( BlueInjection) е метод
на значително намалување на
азотните оксиди во издувните
емисии. Тоа се постигнува со
инјектирање издувна течност од
дизел (DEF) во издувниот систем.
Ознаката на употребената DEF е
AdBlue Ⓡ 1)
. Тоа е нетоксична,
незапалива, безбојна течност без
мирис што се состои од 32% уреа и
68% вода.9 Предупредување
Избегнувајте контакт на очите и
кожата со AdBlue.
Во случај на контакт со очите
или кожата, исплакнете со вода.
Внимание
Избегнувајте контакт на бојата
со AdBlue.
Во случај на контакт, исплакнете со вода.
AdBlue замрзнува на температура
од приближно 11 °C. Со оглед на
тоа што возилото е опремено со предгреач за AdBlue, обезбедено е намалување на емисиите при
ниски температури. Предгреачот
за AdBlue работи автоматски.
Предупредувања за нивото
Потрошувачката на AdBlue е
приближно 0,7 литри на 1000 км и
зависи од начинот на возење.
1) Регистриран заштитен знак на Verband der Automobilindustrie e.V. (VDA).
Page 162 of 291
160Возење и ракување
Доколку нивото на AdBlue падне
под одредена вредност, на
Информативниот центар за
возачот (DIC) ќе се прикаже
предупредување за нивото AdBlue
Range: (Опсег AdBlue:) 2400 km .
Наскоро треба да се дополнат
уште најмалку 5 литри AdBlue што
е можно поскоро.
Возењето е можно без никакви
ограничувања.
Доколку не се наполни AdBlue до одредено растојание, на DIC и
понатаму се прикажуваат
предупредувања за нивото во
зависност од моменталното ниво
на AdBlue. Подоцна се прикажува
барање за дополнување AdBlue и
конечно соопштение за да се
спречи повторно палење на
моторот. Овие ограничувања се
законски барања.При досег на AdBlue од 900 км,
следниве предупредувачки пораки
се прикажуваат наизменично на
DIC:
■ AdBlue Low Refill Now (AdBlue е
при крај, дополнете веднаш)
■ Engine Restart Prevented in
(Рестартирање на моторот е
спречено во) 900 км
Освен тоа, контролната сијаличка
Y трепка постојано и се огласува
предупредувачка мелодија
четирипати на три минути.
Пред да се активира спречувањето
на повторно палење на моторот,
следниве предупредувачките
пораки:
■ AdBlue Empty Refill Now (Нема
AdBlue, дополнете веднаш)
■ Engine Will Not Restart (Моторот
нема да стартува)
едноподруго се прикажуваат на
DIC.
Освен тоа контролната сијаличка Y трепка постојано и се огласува
предупредувачка мелодија
четирипати на три минути.По спречувањето на палење на
моторот, следнава порака:
Refill AdBlue To Start Vehicle
(Дополнете AdBlue за да го
стартувате возилото)
ќе се прикаже.
За да го стартувате моторот,
резервоарот мора прво да се
наполни со AdBlue.
Предупредувања за многу
издувни гасови Ако издувните гасови се зголемат
над одредена вредност,
предупредувања слични на
предупредувањата за опсегот
опишани погоре ќе се прикажат во
Информативниот центар за
возачот.
Се прикажуваат барања да се
провери издувниот систем и
конечно соопштение за да се
спречи повторно палење на
моторот. Овие ограничувања се
законски барања.
Побарајте помош на сервис.
Page 163 of 291
Возење и ракување161
Дополнување AdBlueВнимание
Користете само AdBlue што е восогласност со европските
стандарди DIN 70 070 и
ISO 22241-1.
Не користете адитиви.
Не разредувајте го AdBlue.
Инаку, системот за селективно
каталитичко намалување може
да се оштети.
Забелешка
Користете ги само наменските канти за AdBlue за дотурање за да спречите прекумерно ставање
AdBlue. Освен тоа, пареите во резервоарот се собираат во
кантата и не излегуваат.
Со оглед на тоа што AdBlue има
ограничена трајност, проверете го рокот на траење пред полнењето.
Забелешка
Треба да се дополнат уште
најмалку 5 литри AdBlue. Инаку,
системот можеби нема да го
открие дополнувањето AdBlue.
Ако треба да се дополни AdBlue
на температура под -11°C,
системот може да не го открие
дополнувањето. Во тој случај,
паркирајте го возилото на место
со повисока околна температура
додека AdBlue не се втечни.
Забелешка
При одвртувањето на заштитното
капаче од грлото за полнење, може да излезат амонијачки
пареи. Не вдишувајте ги затоа
што пареите имаат остар мирис.
Пареите не се штетни доколку се
вдишат.
Возилото мора да се паркира на
рамна површина.
Грлото за полнење AdBlue се наоѓа зад вратичката на резервоарот за
гориво.Вратичката на резервоарот за
гориво се наоѓа на задната десна
страна на возилото.
Вратичката на резервоарот за
гориво може да се отвори само ако возилото е отклучено.
1. Извадете го клучот од бравата за палење.
2. Затворете ги сите врати за да не навлезат амонијачни
испарувања во внатрешноста
на возилото.
3. Повлечете ја вратичката на резервоарот за гориво за
вдлабнатинката и отворете ја
3 200.
Page 164 of 291
162Возење и ракување
4.Одвртете го заштитното капаче
од грлото за полнење.
5. Отворете ја кантата за AdBlue.
6. Поставете го едниот крај на цревото во кантата и навртете
го другиот крај на грлото за
полнење.
7. Подигнете ја кантата додека не се испразни.
8. Одвртете го цревото од грлото за полнење.
9. Поставете го заштитното капаче и вртете го надесно
додека не се вовлече.
Забелешка
Фрлете ги кантата и цревото за
AdBlue според барањата за
животна средина.
Замена на AdBlue Ако во последните 2 години не
биле дополнети помалку од
5 литри AdBlue, преостанатата
течност треба да се смени бидејќи
AdBlue има ограничена трајност.Внимание
Непочитување би можело да
доведе до оштетување на
системот за селективно
каталитичко намалување.
Автоматски менувач
Автоматскиот менувач овозможува
автоматско менување на брзини
(автоматски режим) или рачно
менување на брзини (рачен
режим).
Рачното менување е можно во рачен режим со допирање на
рачката на менувачот 3 164.
Екран на менувачот
На екранот на менувачот е
прикажано во која брзина или
режим е менувачот.
Page 165 of 291
Возење и ракување163
Во автоматскиот режим, на
програмата за возење укажува D во
Информативниот центар за
возачот (DIC).
Во рачниот режим, се покажува M и
бројот на избраната брзина.
R покажува рикверц.
N покажува лер.
P покажува паркирна положба.
Рачка на менувачотP=паркирна положба,
притиснете копче за
ослободување, тркалата се
блокирани, ставајте во брзина
само кога возилото е во
мирување и применета е
сопирачка за паркирањеR=брзина во рикверц, притиснете
копче за ослободување, се
вклучува само кога возилото е во мирувањеN=лерD=автоматски режимM=рачен режим: поместете ја
рачката на менувачот од D
налево.<=менување во поголема брзина
со рачен режим: движете ја
рачката на менувачот во
положба М и допрете нагоре]=менување во помала брзина
со рачен режим: движете ја
рачката на менувачот во
положба М и допрете наназад
Рачката на менувачот е закочена
во P и може да се помрдне само
кога палењето е вклучено и
педалот на сопирачките е
нагазнат.
Без нагазнување на педалата на
сопирачките, контролната
сијаличка j свети.
Ако рачката на менувачот не е во
P кога палењето е исклучено,
контролните сијалички j и P
трепкаат.
За да ставите во P или R,
притиснете го копчето за
ослободување.
Моторот може да се запали само кога рачката е во положбата P или
N . Кога е одбрана положбата N,
притиснете го педалот на
Page 166 of 291
164Возење и ракување
сопирачките или применете ја
сопирачката за паркирање пред да запалите.
Не давајте гас додека ставате во
брзина. Никогаш не ги нагазнувајте
педалот за гас и педалот за
сопирачките истовремено.
Кога е ставена некоја брзина,
возилото почнува полека да лази
кога се отпушта сопирачката.
Моторно сопирање
За да се искористи дејството на моторното сопирање, одберете
помала брзина навреме кога
возите по удолнини, видете под
„рачен режим“.
Нишање на возилото
Нишањето на возилото е
дозволено само ако возилото е
заглавено во песок, кал или снег.
Местете ја рачката на менувачот
помеѓу D и R повеќе пати. Не
турирајте го моторот и
избегнувајте нагли забрзувања.Паркирање
Затегнете ја рачната сопирачка и
ставете во P.
Клучот за палење може да се
извади само кога рачката на
менувачот е во положбата P.
Рачен режим
Поместете ја рачката на менувачот од положбата D кон лево за да
изберете рачен режим M.
Потчукнете ја рачката на
менувачотнанапред <=менување во
поголема брзинананазад ]=менување во помала
брзина
Избраната брзина е покажана во
групата инструменти.
Ако се одбере поголема брзина
кога брзината на возилото е
премала, или помала брзина кога
брзината на возилото е преголема,
не се извршува менувањето на
брзина. Тоа може да предизвика
порака во Информативниот центар за возачот.
Во рачниот режим не се остварува автоматско префрлување во
поголема брзина при поголем број
на вртежи на моторот.
Електронски програми за
возење ■ По ладно палење, програмата за
работна температура ја
зголемува брзината на моторот
Page 167 of 291
Возење и ракување165
за брзо да го доведе
катализаторот до потребната
температура.
■ Функцијата за автоматско префрлување во лер автоматски
се префрлува на работење в
место кога возилото е застанато
во некоја брзина за напред и
педалот за сопирачките е
притиснат.
■ Кога е активен режимот SPORT, менувачот ги менува брзините
при поголеми брзини на моторот
(освен ако не е вклучена
контролата на патувањето).
SPORT режимот 3 173.
■ Специјални програми автоматски ги приспособуваат
точките за менување брзини кога се вози по нагорнини или
надолнини.
Збоднување
Ако педалот за гас е притиснат
докрај во автоматскиот режим,
менувачот се префрлува во
помала брзина зависно од
брзината на моторот.Дефект
Во случај на дефект, се прикажува
порака за возилото на
Информативниот центар за
возачот (DIC). Пораки за возилото
3 115.
Менувачот веќе не менува
автоматски брзини. Непрекинато
патување е возможно со рачно менување.
Може да се избере само
најголемата брзина. Зависно од
дефектот, и втората брзина може
да се користи во рачниот режим.
Менувајте брзини само кога
возилото е во мирување.
Нека Ви ја отстрани причината на
дефектот автомеханичар.
Прекин на напојувањето
Во случај на прекин на
напојувањето рачката на
менувачот не може да се извади од
положбата P. Клучот за палење не
може да се извади од бравата за
палење.Ако е акумулаторот испразнет,
запалете го возилото користејќи
кабли за палење 3 251.
Ако акумулаторот не е причина за дефектот, отпуштете ја рачката на
менувачот.
1. Затегнете ја рачната сопирачка.
2. Ослободете ја облогата на рачката на менувачот од
средишната конзола напред,
преклопете ја угоре и завртете
ја влево.
Page 168 of 291
166Возење и ракување
3. Вметнете шрафцигер воотворот колку што може
подлабоко и извадете ја
рачката на менувачот од P или
N . Ако Pили Nе одбрано
повторно, рачката на
менувачот ќе биде закочена во
положбата повторно. Нека Ви ја
елиминира причината на
прекинот на напојувањето
автомеханичар.
4. Монтирајте ја облогата на рачката на менувачот врз
средишната конзола и
наместете ја повторно.
Рачен менувач
За да ставите во рикверц: кога
возилото е во мирување, нагазнете го куплунгот, притиснете го копчето за ослободување на рачката на
менувачот и ставете во рикверц.
Ако менувачот не влезе во
рикверц, ставете ја рачката во лер,
отпуштете го куплунгот и повторно
притиснете го; потоа повторете го
ставањето во рикверц.
Не нагазнувајте го куплунгот
непотребно.
Кога ракувате со него, притиснете го куплунгот целосно. Не одморајте
ја ногата на педалот.Внимание
Не е препорачливо да се вози со раката легната на рачката наменувачот.
Показател за менување во
поголема брзина 3 103.
Page 169 of 291
Возење и ракување167Сопирачки
Системот на сопирачките се состои
од две независни кола за
сопирање.
Ако откаже едно коло за сопирање, возилото се уште може да се сопре
со употреба на другото коло за
сопирање. Меѓутоа, дејството на
сопирањето се постигнува само
кога педалата на сопирачките е
притисната цврсто. Значително
повеќе сила треба за тоа.
Растојанието за сопирање се
зголемува. Побарајте помош од
автомеханичар пред да
продолжите со патувањето.
Кога моторот не работи,
поддршката на серво уредот за
сопирачките ја снемува штом
педалот за сопирачките ќе се
притисне еднаш или двапати.
Дејството на сопирањето не е
намалено, но за сопирање е
потребна значајно поголема сила.
Тоа е особено важно да се има на
ум кога се влече.
Контролна сијаличка R 3 102.Систем за деблокирање
на сопирачките Системот за деблокирање на
сопирачките (ABS) ги спречува
тркалата да се блокираат.
ABS почнува да го регулира
притисокот на сопирачките штом
некое тркало покажува тенденција
да се блокира. Возилото останува
управливо, дури при јако
сопирање.
Контролата на ABS станува
очигледна преку пулсирање во
педалот на сопирачките и звукот на процесот за регулирање.
За оптимално сопирање, држете го
педалот за сопирачките целосно
притиснат за време на целиот
процес на сопирањето, иако
педалот ќе пулсира. Не
намалувајте го притисокот врз
педалот.
По палењето, системот врши
самоиспитување што може да биде
бучно.
Контролна сијаличка u 3 103.
Приспособливо стоп-светло
При целосно сопирање, сите три
стоп-светла трепкаат за време на
примената на ABS контролата.
Дефект
9 Предупредување
Ако има дефект во ABS,
тркалата може да бидат склони
да се блокираат поради такво
кочење што е посилно од
обичното. Предностите на ABS
Page 170 of 291
168Возење и ракувањевеќе не функционираат. При
силно сопирање, со возилото не може веќе да се управува и
може да скршне.
Нека Ви ја отстрани причината на
дефектот автомеханичар.
Сопирачка за паркирање Рачна сопрачка за паркирање
9 Предупредување
Секогаш затегнувајте ја рачната
сопирачка цврсто без да
ракувате со копчето за
ослободување, и на удолнини
или угорнини затегнете ја
истата колку е можно поцврсто.
За да ја отпуштите рачната
сопирачка, малку повлечете ја
рачката нагоре, притиснете го
копчето за ослободување и
спуштете ја рачката целосно.
За да се намалат работните
сили на рачната сопирачка,
истовремено притискајте ја
ножната сопирачка.
Контролна сијаличка R 3 102.
Електрична сопирачка за
паркирање
Се применува кога возилото е во
мирување
9 Предупредување
Повлечете го прекинувачот m
околу една секунда,
електричната сопирачка за
паркирање се вклучува
автоматски со соодветна сила.
За максимална сила, на пр.