OPEL CASCADA 2015.5 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2015.5, Model line: CASCADA, Model: OPEL CASCADA 2015.5Pages: 291, PDF Size: 7.64 MB
Page 131 of 291

Светла129
автоматски, зависно од условите
на осветлување и информациите
дадени од системот на сензорот за дожд. Автоматска контрола на
светлата 3 125.
Приспособливо предно
светло
Функциите на приспособливото предно светло се достапни само со
биксенонските фарови. Опсегот на
светлото, распределбата на
светлината и интензитетот на
светлото разно се активираат
зависно од светлосните услови,
времето и видот на коловозот.
Кога прекинувачот за светлата е во
положбата AUTO, сите функции на
осветлувањето се достапни.
Следниве функции се достапни и со прекинувачот за светлата во
положбата 9:
■ динамично осветлување за свиоци
■ светло за вртење под кривини■ функција за рикверц
■ динамично автоматско нивелирање на височината на
фаровите
Осветлување за игралишта
Автоматски се активира при мали
брзини до околу 30 км/ч. Снопот на
светлото е свртен под агол од 8°
кон страната на патот.
Градско осветлување Автоматски се активира при обем
на брзината помеѓу околу 40 и
55 км/ч и кога сензорот за светлина
забележува улични светла.
Опсегот на светлото се намалува
со зголемена распределба на
светлината.
Осветлување надвор од градот Автоматски се активира при обем
на брзината помеѓу околу 55 и
115 км/ч. Снопот на светлото и
јачината на светлоста се различни
помеѓу левата и десната страна.Осветлување на автопатишта
Автоматски се активира при брзини над околу 115 км/ч и минимални
движења со воланот. Се вклучува
со доцнење или непосредно кога
возилото се забрзува нагло.
Снопот на светлото е подолг и
посветол.
Осветлување за неповолно
време
Автоматски се активира до брзини
од околу 70 км/ч, кога сензорот за
дожд приметува кондензација или
бришачот работи непрекинато.
Опсегот, распределбата и
интензитетот се регулираат разно
зависно од видливоста.
Динамично свиочноосветлување
Page 132 of 291

130Светла
Снопот од светлото се врти врз
основа на аголот на воланот и
брзината, подобрувајќи го
осветлувањето во кривини.
Контролна сијаличка f 3 106.
Осветлување за вртење под
кривина
На тесни свиоци или кога се врти,
зависно од аголот на
управувањето или светлото на
трепкачот, дополнителен лев или
десен фар се вклучува кој го
осветлува патот под прав агол во
насоката на патувањето. Тоа се
активира до брзини од 40 км/ч.
Контролна сијаличка f 3 106.
Функција за рикверц
Ако фаровите се вклучени и се
стави во рикверц, двете светла за
вртење под кривина се вклучуваат. Тие остануваат запалени за време
од 20 секунди по вадењето на
менувачот од рикверц или додека
не почнете да возите побрзо од
17 км/ч во некоја брзина за напред.
Помош за долгото светло
Оваа функција овозможува
долгото светло да биде главното
светло за возење ноќе и кога
брзината на возилото е поголема
од 40 км/ч.
Се префрлува на средно светло
кога:
■ Камерата во шофершајбната ги забележува светлата на
возилата од спротивната насока
или напред.
■ Брзината на возилото е помала од 20 км/ч.
■ Има магла или снег.
■ Се вози во градски предели.Ако не се откријат никакви
ограничувања, системот се враќа
на долго светло.
Активирање
Помошта за долго светло се
активира со притискање на рачката
за трепкачите двапати кога
брзината е поголема од 40 км/ч.
Зелената контролна сијаличка l
свети постојано кога помошта е
активирана, сината 7 свети кога
долгото светло е вклучено.
Контролна сијаличка l 3 106.
Page 133 of 291

Светла131
Деактивирање
Притиснете ја рачката за
трепкачите еднаш. Се исклучува и
кога предните фарови за магла се
вклучени.
Ако се активира аблендирањето
кога долгото светло е запалено,
помошта за долгото светло ќе се
деактивира.
Ако се активира аблендирањето
кога долгото светло е изгаснато,
помошта за долгото светло ќе
остане активирана.
Помошта за долго светло е
секогаш активна откако ќе се
вклучи палењето.
Интелигентен опсег на
светлата со автоматско
активирање на долгото
светло
Интелигентниот опсег на светлата
ги користи својствата на
биксенонските предни фарови за
да го рашири опсегот на светлото
на средното светло до 400 метри и
дополнително го активира
автоматското долго светло беззаслепување или попречување на
возилата од спротивен правец или
напред.
Долгото светло се исклучува и
височината на средното светло се
намалува за да се избегне
заслепување кога предната камера
на шофершајбната ќе ги открие
следниве ограничувања:
■ Откриено е возило однапред.
■ Откриено е возило од спротивната насока.
■ Влезено е во градско подрачје.
■ Има магла или снег.
Ако не се откријат никакви
ограничувања, системот се враќа
на долго светло.
Кога системот е активен, предната
камера го набљудува подрачјето
пред возилото и обезбедува
оптимално распределување на
светлото за максимална видливост на возачот при речиси сите услови.
Интелигентниот опсег на светлата
со автоматско активирање на
долгото светло со тоа ја намалува
разликата меѓу конвенционалнитесредно и долго светло без
драстични промени на опсегот,
распределувањето и интензитетот
на светлото.
Посебната функција за
топографска проценка ги открива
возилата напред на ридови и
надолнини со препознавање на
задни светла што се движат
нанапред. Системот ја
приспособува висината на опсегот
на светлата за да обезбеди
оптимално осветлување на патот
напред без заслепување.
Page 134 of 291

132Светла
Активирање
Интелигентниот опсег на светлата
и активирањето на автоматското
долго светло се вклучуваат заедно
со двојно туркање на рачката за
трепкачите. Може да се вклучат
кога е вклучено палењето.
Активирањето на втоматското
долго светло работи при брзини
над 40 км/ч и се исклучува под
20 км/ч. Интелигентниот опсег на
светлата работи над 55 км/ч.
Зелената контролна сијаличка l
свети постојано кога функцијата е
активирана, сината 7 свети кога
долгото светло се вклучува
автоматски.
Деактивирање
Притиснете ја рачката за
трепкачите еднаш. Се исклучува и
кога предните фарови за магла се
вклучени.
Динамично автоматско
нивелирање на височината на
фаровите
За да се спречи заслепувањето на
сообраќајот од спротивната
насока, нивелирањето на предните
фарови автоматски се дотерува
врз основа на информацијата за
наклонетоста мерена од предната и задната оска, забрзувањето или
забавањето и брзината на
возилото.Дефект во системот на
приспособливото предно
светло Кога системот пронаоѓа дефект восистемот на приспособливото
предно светло, системот се
префрлува во претходно
поставена положба за да се
избегне заслепувањето на
сообраќајот од спротивната
насока. Ако тоа не е возможно,
односниот преден фар автоматски ќе се исклучи. Во секој случај, еден
преден фар ќе остане запален. Во
Информативниот центар за
возачот (DIC) се прикажува
предупредување за состојбата.
Page 135 of 291

Светла133Предупредувачки
трепкачи
Со нив се ракува со копчето ¨.
Во случај на сообраќајка со
отворање на воздушните
перничиња предупредувачките
трепкачи се активираат
автоматски.
Трепкачи за вртење и
менување лентирачката угоре=десен трепкачрачката удолу=лев трепкач
Ако рачката се помрдне преку
отпорната точка, трепкачот е
вклучен постојано. Кога воланот се враќа назад, трепкачот автоматски
се деактивира.
За три трепкања, на пр. кога се
менува лента, притискајте ја
рачката додека не се почувствува
отпор, а потоа отпуштете ја.
Кога е приклучена приколка,
вклучувајте ги трепкачите
шест пати додека ја притискате
рачката се додека не се осети
отпор и ја отпуштате.
Помрднете ја рачката до отпорната точка и држете ја таму за подолго
трепкање.
Исклучете ги трепкачите рачно со
поместување на рачката во
првобитната положба.
Предни фарови за магла
Со нив се ракува со копчето >.
Page 136 of 291

134Светла
Прекинувачот за светлата во
положбата AUTO: вклучувањето на
предните фарови за магла ќе ги
вклучи предните светла
автоматски.
Заден фар за магла
Со нив се ракува со копчето r.
Прекинувачот за светлата во
положбата AUTO: вклучувањето на
задниот фар за магла ќе ги вклучи
предните светла автоматски.
Прекинувачот за светлата во
положбата 8: задниот фар за
магла може да се запали само
заедно со предните фарови за
магла.
Задниот фар за магла се исклучува
при влечење.
Паркирни светлаКога возилото е паркирано,
паркирните светла од една страна
може да се активираат:
1. Исклучете го палењето.
2. Турнете ја рачката за трепкачите докрај угоре (за
десното паркирно светло) или
удолу (за левото паркирно светло).
Се потврдува со сигнал и
соодветната контролна сијаличка
на трепкачите.
Светло за рикверц
Светлото за рикверц се пали кога
палењето е вклучено и е ставено
во рикверц.
Page 137 of 291

Светла135Замаглени капаци на
светлата
Внатрешноста на куќиштето на
светлата може накратко да се
замагли при лоши, влажни и
студени временски услови, при
голем дожд или по миење.
Замагленоста исчезнува брзо сама од себе; за потпомагање запалете
ги фаровите.Внатрешно светло
Контрола на
осветлувањето на
таблата со инструменти
Осветленоста на следниве светла
може да се дотера кога се запалени надворешните светла:
■ осветлување на таблата со инструменти
■ амбиентално осветлување
■ горно светло
■ информативен екран
■ осветлени прекинувачи и оперативни елементи
Свртете го малото тркалце A и
држете го додека саканата
осветленост не се постигне.
Кај возилата со сензор за светлина,
осветленоста може да се
приспособува само кога
надворешните светла се вклучени
и сензорот за светлина забележува ноќни услови.
Внатрешни светла
При влегување во возилото и
излегување од него, предните и
задните внатрешни светла
автоматски се вклучуваат и потоа
се исклучуваат по пауза.
Забелешка
Во случај на сообраќајка со
отворање на воздушните
перничиња внатрешните светла
се вклучуваат автоматски.
Page 138 of 291

136Светла
Предни внатрешни светла
Ракување со преклопникот:
w=автоматско
вклучување и
исклучувањепритиснете
го u=вклучувањепритиснете
го v=исклучување
Горно светло
Спот-светлото вградено во
внатрешното осветлување се пали
кога фаровите се вклучуваат.
Амбиентално осветлување
Амбиенталното осветлување го
сочинуваат индиректни светла на
вратите и околу рачката на
менувачот.
Амбиенталното осветлување може
да се затемни со тркалцето A,
заедно со осветлувањето на
таблата со инструменти 3 135.
Се активира и со Осветлување при
влегување 3 137 и Осветлување
при излегување 3 137.
Светла за читањеСо нив се ракува со копчињата s и
t во внатрешните светла.
Светло во заштитникот
за сонце Светнува кога капакот ќе се отвори.
Page 139 of 291

Светла137Карактеристики на
осветлувањето
Осветлување при
влегување
Осветлување
"добредојдовте" Следниве светла се вклучуваатнакусо при отклучување на
возилото со далечинскиот
управувач:
■ предни фарови
■ задни светла
■ светла за регистарската табличка
■ светло на таблата со инструменти
■ внатрешни светла
■ светла на табличките
Некои функции работат само ако е
темно и го олеснуваат лоцирањето на возилото.Осветлувањето веднаш се
исклучува кога клучот за палење ќе
се сврти во положбата 1 3 151.
Следниве светла дополнително ќе се запалат кога возачката врата ќе се отвори:
■ сите прекинувачи
■ Информативен центар за возачот
■ светла во џебовите на вратите ■ светла во конзолите
Активирањето, деактивирањето и
времетраењето на оваа функција
може да се сменат во на
Инфо-екранот. Приспособување
на возилото кон индивидуалните
потреби 3 117.
Поставките може да се снимат за
клучот кој се употребува 3 25.Осветлување при
излегување
Следниве светла се палат ако
клучот се извади од бравата за
палење:
■ внатрешни светла
■ светло за таблата со инструменти (само кога е темно)
■ светла за вратите и конзолите
■ светла на табличките
Ќе се исклучат автоматски по
одредено време и повторно ќе се
вклучат ако се отвори возачката
врата.
Фаровите, задните светла и
светлата за регистарските
таблички го осветлуваат околниот
предел по напуштањето на
возилото, за толку време како што
ќе го приспособите.
Page 140 of 291

138Светла
Осветлување на патекаФаровите, задните светла и
светлата за регистарските
таблички го осветлуваат околниот
предел по напуштањето на
возилото, за толку време како што ќе го приспособите.
Вклучување
1. Исклучете го палењето
2. Извадете го клучот за палење
3. Отворете ја возачката врата 4. Повлечете ја рачката на трепкачите
5. Затворете ја возачката врата
Ако возачката врата не е
затворена, светлата се гасат по
две минути.
Осветлувањето за излегување
веднаш се исклучува ако рачката
за трепкачите се повлече додека е
отворена возачката врата.
Активирањето, деактивирањето и
времетраењето на оваа функција
може да се сменат во на
Инфо-екранот. Приспособување
на возилото кон индивидуалните
потреби 3 117.
Поставките може да се снимат за
клучот кој се употребува 3 25.
Заштита од празнење на
акумулаторот
Функција за состојбата на
наполнетост на акумулаторот
Функцијата гарантира најдолг
работен век на акумулаторот преку генератор што има контролирана
излезна сила и оптимизирана
распределба на струјата.За да се спречи празнење на
акумулаторот при возење,
следниве системи се редуцираат
автоматски во две фази и конечно
се исклучуваат:
■ дополнително греење
■ греење на задните прозорци и ретровизорите
■ греење на седиштата
■ вентилатор
Во втората фаза ќе се прикаже
порака за потврда на
активирањето на заштитата на
акумулаторот од празнење на
Информативниот центар за
возачот.
Исклучување на
електричните светла За да се спречи празнење на
акумулаторот кога палењето е
исклучено, некои внатрешни
светла се исклучуваат автоматски
за некое време.