OPEL CASCADA 2015.5 Сопственички прирачник
Page 191 of 291
Возење и ракување189
Деактивирање
Системот се деактивира со:
■ кратко притискање на D ако се
вклучени напредната помош за
паркирање и предно-задната
помош за паркирање
■ долго притискање на D ако е
вклучена напредната помош за
паркирање
■ маневрата за паркирање заврши
успешно
■ возење побрзо од 30 км/ч
■ исклучување на палењето
На деактивирањето од страна на
возачот или на системот за време
на маневрирањето ќе укаже
Parking Deactivated (Паркирањето
е деактивирано) во DIC.
Дефект
Се појавува порака во DIC кога:
■ има дефект во системот,
■ возачот не ја заврши маневрата за паркирање успешно,
■ системот не функционира.Ако се детектира предмет во текот
на насоките за паркирање, Stop
(Застанете) се прикажува во DIC.
Со отстранување на предметот се
продолжува маневрот за
паркирање. Ако не се отстрани
предметот, системот ќе се
деактивира. Држете го D околу
една секунда за да се активира
системот и да се бара ново место
за паркирање.
Основни белешки за
системите за помош за
паркирање9 Предупредување
Во одредени услови, сјајните
површини на разни предмети
или на облека, како и
надворешните извори на
бучава, може да предизвикаат системот да не ги открие
пречките.
Треба да се обрне посебно
внимание на ниските пречки
што може да го оштетат долниот дел на браникот.Внимание
Перформансите на системот
може да бидат намалени кога
сензорите се прекриени, на пр.
со мраз или снег.
Перформансите на системот за помош при паркирање може да
се намалат поради голема
оптовареност.
Важат посебни услови ако во
близина има повисоки возила
(на пр. теренски возила,
комбија, камионети).
Идентификацијата на предмети
и правилното укажување на
оддалеченоста во горните
делови од такви возила не може да се гарантира.
Page 192 of 291
190Возење и ракувањеСистемот може да не открие
предмети со многу мала
површина за одразување,
на пр. тесни предмети или меки
материјали.
Системите за помош за
паркирање не откриваат
предмети надвор од опсегот за
откривање.
Забелешка
Системот за помош при
паркирање може да се активира и
деактивира со менување на
поставките на Инфо-екранот. Ако
е закачена приколка, треба да се
избере од изборникот.
Приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 117.
Забелешка
Системот за помош при
паркирање автоматски ја
приметува фабрично
монтираната опрема за влечење.
Се деактивира кога е приклучен
штекерот.
Можно е сензорот да открие
непостоечки предмети (ехо
пречење), што е предизвикано од
надворешни звучни или
механички пречки.
Системот на напреднатата помош за паркирање може да не реагира
на промени на паркирното место
откако ќе се почне паралелен
маневар за паркирање.
Забелешка
По употреба, напредната помош
за паркирање треба да се
калибрира. За оптимално
наведување при паркирање,
потребна е возна оддалеченост
од најмалку 35 км, вклучително и свиоци.
Известување за
странична слепа точка
Системот за известување за
странична слепа точка открива и пријавува предмети од двете
страни на возилото, во одредена
"мртва" зона. Системот известува
визуелно во секој ретровизор когаоткрива објекти што може да не се
видливи во внатрешниот и
страничните ретровизори.
Сензорите на системот се наоѓаат
во браникот од левата и десната
страна на возилото.9 Предупредување
Известувањето за странична
слепа точка не го заменува
видот на возачот.
Системот не открива: ■ Возила вон страничните слепи зони што може да се
приближуваат брзо.
■ Пешаци, велосипедисти или животни.
Пред менување лента, секогаш
проверувајте ги сите
ретровизори, погледнете преку
рамо и користете го трепкачот.
Кога системот ќе открие возило во
страничната слепа зона додека се
вози нанапред, независно дали се
претекнува возило или Ве
претекнуваат, портокалов
Page 193 of 291
Возење и ракување191
предупредувачки симбол B ќе се
запали на соодветниот страничен
ретровизор. Ако возачот тогаш го
вклучи трепкачот,
предупредувачкиот симбол B
почнува да трепка портокалово како предупредување да не се
менува лентата.
Забелешка
Ако возилото што претекнува е
побрзо од претекнатото возило
барем за 10 км/ч, нема да свети
предупредувачкиот симбол B во
соодветниот страничен
ретровизор.Известувањето за странична слепа
точка е активно од брзини од
10 км/ч до 140 км/ч. Ако се вози
побрзо од 140 км/ч, системот се исклучува, на што укажуваат слаби светлосни предупредувачки
симболи B во двата странични
ретровизори. Со повторно
намалување на брзианта,
предупредувачките симболи ќе се
изгаснат. Ако потоа се открие
возило во слепата зона,
предупредувачките симболи B ќе
светнат како што е нормално, на
соодветната страна.
Кога ќе се стартува возилото,
екраните на двата странични
ретровизори накусо ќе светнат за
да укажат дека системот работи.
Системот може да се активира или деактивира во изборникот Settings
(поставки) на Инфо-екранот,
приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 117.
На исклучувањето укажува порака во Информативниот центар за
возачот (DIC).Зони на откривање
Сензорот на системот покрива
зона од околу 3 метри од двете
страни на возилото. Оваа зона
почнува кај секој од страничните
ретровизори и има опсег наназад
околу 3 метри. Висината на зоната
е приближно околу 0,5 метри и
2 метри од тлото.
Системот се исклучува ако
возилото влече приколка.
Известувањето за странична слепа точка е конструирано да игнорира
статични објекти како банкини,
столбови, рабници, ѕидови и греди. Паркирани или возила што доаѓаат
од спротивната страна не се
откриваат.
Дефект Може да дојде до повременипропуштени известувања во
нормални околности.
Известувањето за странична слепа
точка не работи кога левиот или
десниот агол на задниот браник е
Page 194 of 291
192Возење и ракување
прекриен со кал, нечистотија, снег,мраз или кашавица. Упатства за
чистење 3 255.
Во случај на дефект на системот
или ако системот не работи поради
привремени услови, се прикажува
порака на DIC. Побарајте помош од
автомеханичар во случај на
постојан дефект.
Ретровизорска камера Ретровизорската камера му помага
на возачот кога вози наназад со
прикажување поглед на подрачјето зад возилото.
Сликата од камерата се прикажува на информативниот екран во боја.9 Предупредување
Ретровизорската камера не го
заменува видот на возачот.
Имајте предвид дека предмети
што се надвор од полето на
видливост на камерата и на
сензорите за напредна помош
за паркирање, на пр. под
браникот или под возилото, не
се прикажуваат.
Не возете наназад со возилото
гледајќи само во инфо-екранот
и проверете ги подрачјето
одзади и околу возилото пред
да возите наназад.
Активирање
Ретровизорската камера се
активира автоматски кога ќе се
стави во рикверц.
Функционалност
Камерата е монтирана меѓу
светлата за регистерската
табличка и има агол на гледање од
130°.
Подрачјето што го прикажува
камерата е ограничено.
Оддалеченоста на сликата што се
појавува на екранот се разликува
од фактичката оддалеченост.
Наведувачки линии
Динамичките наведувачки линии
се хоризонтални линии на
растојание од 1 метар проектирани
Page 195 of 291
Возење и ракување193
на сликата за да ја определат
оддалеченоста од прикажаните
објекти.
Траекториската патека на
возилото се прикажува во
согласност со аголот на свртеност
на воланот.
Функцијата може да се деактивира
во изборникот Settings (Поставки)
на Инфо-екранот.
Приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 117.
Предупредувачки симболи
Предупредувачките симболи се
покажуваат како триаголници 9 на
сликата што ги покажува пречките
откриени од задните сензори на
напредната помош за паркирање.
Дополнително, 9 се појавува на
горната лента на инфо-екранот со
предупредување да се провери
околу возилото.
Горната лента на екранот може да
се избрише со притискање на
повеќефункциското копче.
Поставки за екранотNavi 650/Navi 950 : Осветленоста
може да се постави прво со
притискање и потоа вртење на
надворешниот прстен на копчето
за повеќе функции.
CD 600 : Осветленоста може да се
постави прво со притискање, а потоа со вртење на копчето за
повеќе функции.
Деактивирање
Камерата се деактивира кога ќе се
надмине одредена брзина
нанапред или ако не се стави во
рикверц околу 10 секунди.
Активирањето или
деактивирањето на
ретровизорската камера може да
се смени во изборникот Settings
(Поставки) на Инфо-екранот.
Приспособување кон
индивидуалните потреби 3 117.
Дефект
Пораки за дефект се прикажуваат
со 9 во горниот ред на
информативниот екран.
Page 196 of 291
194Возење и ракување
Ретровизорската камера може да
не работи правилно кога:
■ Околното подрачје е темно.
■ Сонце или фарови светат директно во објективот на
камерата.
■ Мраз, снег, кал или нешто друго го прекрива објективот на
камерата. Исчистете го
објективот, исплакнете го со
вода и избришете го со мека
крпа.
■ Возилото е удрено одзади.
■ Има екстремни промени на температурата.
Помошник за
сообраќајни знаци
Функционалност
Системот за помош со сообраќајни знаци ги забележува зададените
сообраќајни знаци преку предна
камера и ги прикажува во
Информативниот центар за
возачот (DIC).
Сообраќајните знаци коишто ќе се
приметат се:
Знаци за ограничување и
забрането претекнување ■ ограничување на брзина
■ поминувањето е забрането
■ крај на ограничувањето на брзината
■ крај на забраната на поминувањетоСообраќајни знаци
Почеток и крај на:
■ автопати
■ регионални патишта
■ улици за играњеДополнителни знаци ■ дополнителни знаци на сообраќајните знаци
■ ограничување за влечење приколки
■ ограничувања за влечење
■ предупредување за влажност
■ предупредување за мраз
■ стрелки за насока
Знаците за ограничување на
брзината и за непретекнување се
прикажуваат на DIC додека не се
регистрира следен знак за
ограничување или престанок на
ограничувањето на брзината или
измине времето на знакот по
определено време.
Page 197 of 291
Возење и ракување195
Можно е на екранот да се појават
показатели за повеќе знаци.
Извичник во рамка укажува дека е
откриен дополнителен знак што системот не го препознава.
Системот е активен до брзина од
200 км/ч, зависно од условите на
осветленост. Ноќе системот е
активен до брзина од 160 км/ч.
Штом брзината ќе се намали под
55 км/ч, екранот се ресетира и
содржината на страницата со
сообраќајни знаци се брише,
на пр. кога се влегува во градска
зона. Означувањето на следната
препозната брзина ќе се прикаже.
Индикации на екранот Сообраќајните знаци се
прикажуваат на страницата
Откривање сообраќајни знаци на
DIC.
Изберете Settings (Поставки) X
со притискање MENU и изберете ја
ставката Откривање сообраќајни
знаци со тркалцето за местење на
рачката за трепкачите 3 107.
Кога е избрана друга страница на изборникот на Информативниот
центар за возачот и потоа повторно ќе се одбере страницата
Откривање сообраќајни знаци , ќе
се прикаже последниот препознаен
сообраќаен знак.
Page 198 of 291
196Возење и ракување
Функција за тревожење
Штом ќе се активира, знаците за
ограничување на брзината и за
непретекнување се прикажуваат
како појавни известувања на DIC.
Функцијата за тревожење може да
се активира или деактивира во
изборникот за поставување на
страницата на помошникот за
сообраќајни знаци со притискање
на копчето SET/CLR на рачката за
трепкачите.Кога ќе се прикаже страницата за
поставки, изберете Исклучено за
да ја деактивирате функцијата за тревожење. Вклучете повторно со избирање на Вклучено.
Кога ќе се вклучи палењето,
функцијата за тревожење е
деактивирана.
Појавниот показател се прикажува
околу 8 секунди во DIC.
Препоставување на системот
Содржината на меморијата на
сообраќајните знаци може да се
избрише во изборникот за
поставување на страницата на
Page 199 of 291
Возење и ракување197
помошникот за сообраќајни знаци
со притискање на копчето
SET/CLR на рачката за трепкачите
подолго време. По успешно ресетирање, ќе се огласи тон и се
покажува следниот симбол додека
не се открие следен сообраќаен
знак.
Во некои случаи системот го брише помошникот за сообраќајни знаци
автоматски.
Дефект
Системот за помош со сообраќајни знаци може да не работи правилно
кога:
■ Пределот на шофершајбната каде што се наоѓа предната
камера не е чист.
■ Сообраќајните знаци се целосно или делумно прекриени или
тешко се распознаваат.
■ Има неповолни услови од околината, на пр. силен дожд,
снег, директна сончева светлина
или сенки. Во тој случај, на
екранот е прикажано No Traffic
Sign Detection due to Weather (Нема приметување на
сообраќајните знаци поради
времето) .
■ Сообраќајните знаци се неправилно монтирани или се
оштетени.
■ Сообраќајните знаци не се во согласност со Виенската
конвенција за сообраќајни знаци.Внимание
Системот е наменет да му
помага на возачот во опсегот на одреден обем на брзини за дараспознава извесни
сообраќајни знаци. Не ги
игнорирајте тие сообраќајни
знаци кои не ги прикажува
системот.
Системот не распознава други
сообраќајни знаци, освен
вообичаените, кои можат да
пропишат или завршат
ограничување на брзината.
Не дозволувајте оваа посебна
функција да Ве наведе да
ризикувате кога возите.
Секогаш приспособувајте ја
брзината кон условите на патот.
Системите за помош на возачот не го ослободуваат возачот од
целосната одговорност за
работење со возилото.
Page 200 of 291
198Возење и ракувањеПредупредување за
напуштање лента
Системот за предупредување за
напуштање на лента ги набљудува
обележувањата на лентите помеѓу
коишто возилото се вози преку
една предна камера. Системот ги
детектира менувања на лентата и
го предупредува возачот во случај
на ненамерно менување на
лентата со визуелни и звучни
сигнали.
Критериуми за откривање на
ненамерното менување на лента се:
■ неработењето со трепкачите
■ неработењето со педалот на сопирачките
■ немање активно работење со педалот за гас или забрзување
■ немање активното управување со воланот
Ако возачот ги врши овие
активности, нема да се издаде
никакво предупредување.Активирање
Системот за предупредување за
напуштање лента се активира со
притиснување на копчето ).
Запалената сијаличка во копчето означува дека системот е вклучен.
Кога контролната сијаличка ) во
групата инструменти ќе се запали
зелена, системот е готов да
работи.
Со системот може да се работи
само при брзини на возилото над
56 км/ч и ако се обележени
лентите.
Кога системот ќе препознае
ненамерно менување на лентата, контролната сијаличка ) се
сменува во жолта и трепка.
Истовремено се активира
мелодичен звук.
Деактивирање
Системот се исклучува со
притискање на копчето ),
сијаличката во копчето се гаси.
При брзини под 56 км/ч со системот
не може да се работи.