OPEL CORSA 2015.75 Сопственички прирачник

Page 241 of 295

Нега на возилото239
Споредување на сензорите
на TPMS
Секој сензор на TPMS има
единствена идентификациска
шифра. Кодот за идентификација мора да се спореди со позицијатана новото тркало по ротирање на
гумите или по замена на целиот
комплет на тркалото, како и по
замена на еден или повеќе сензори
на TPMS. Споредувањето на
сензорите TPMS треба да се врши
и откако ќе се замени резервно
тркало со тркало за патување со
сензор TPMS.
Светлото за неисправност w и
предупредувачката порака или
шифра треба да се изгаснат при
следното палење. Сензорите се
споредуваат со положбите на
тркалата со користење на алатката
за повторно учење на TPMS по
следниов редослед: лево предно
тркало, десно предно тркало,
десно задно тркало и лево задно
тркало. Трепкачот на
моменталната активна положба
свети додека да се усогласи
сензорот.Консултирајте се со својот сервис
за сервисирање или купување на
алатката за повторно учење. Има
2 минути за споредување на
положбата на првото тркало и
5 минути вкупно за да се споредат
сите четири положби на тркалата.
Ако трае подолго, споредувањето
престанува и мора повторно да се
почне.
Споредувањето на сензорите на
TPMS е:
1. Активирајте ја сопирачката за паркирање.
2. Вклучете го палењето.
3. Кај возилата со автоматски менувач: ставете ја рачката на
менувачот во P.
На возила со автоматизиран
рачен менувач: Притиснете ја и држете ја педалата на
сопирачките. Поместете ја и
држете ја рачката на менувачот 5 секунди во положба N додека
не се прикаже P на DIC. P
укажува дека може да почне
споредувањето на сензорите
на TPMS.За возила со рачен пренос:
одберете лер.
4. Со MENU на рачката за
трепкачите изберете Vehicle
Information Menu (Изборник за
информации за возилото) ?
на DIC.
5. Со тркалцето дојдете до изборникот за притисокот на
гумите.
Екран од основно и од средно
ниво:
Екран од високо ниво:

Page 242 of 295

240Нега на возилото
6. Притиснете SET/CLR за да
почне споредувањето на сензорите. Треба да се прикаже порака што ќе побара
прифаќање на процесот.
7. Притиснете SET/CLR повторно
за да го потврдите изборот.
Сирената се огласува двапати за да сигнализира дека
приемникот е во режим на
повторно учење.
8. Почнете со левото предно тркало.
9. Ставете ја алатката за повторно учење до страната на
гумата, блиску до вентилот.
Потоа притиснете го копчето за
да го активирате сензорот на
TPMS. Кус сигнал на сирената
потврдува дека идентификациската шифра на
сензорот е споредена со таа
положба на тркалото.
10. Продолжете со десното предно тркало и повторете јапостапката од чекор 9.
11. Продолжете со десното задно тркало и повторете ја
постапката од чекор 9.
12. Продолжете со левото задно тркало и повторете ја
постапката од чекор 9.
Сирената се огласува двапати
да укаже дека
идентификациската шифра на сензорот е споредена со левото
задно тркало и споредувањето
на сензорите на TPMS веќе не е активно.
13. Исклучете го палењето.
14. Прилагодете го притисокот во сите четири гуми според
препорачаните вредностиприкажани на етикетата за
информации за притисок во
гумите.
15. Проверете дали статусот за оптоварување на гумите е
поставен според избраниот
притисок 3 105.
Зависност од температурата Притисокот во гумата зависи од
нејзината температура. За време
на возењето, температурата и
притисокот на гумите се
зголемуваат. Вредностите за
притисокот во гумите на ознаката
за информации за гумите и
табелата за притисок на гумите се
важечки за ладни гуми, а тоа значи 20°C. Притисокот се зголемува за
речиси 10 kPa за покачување на
температурата за 10°C. Тоа мора
да се земе во предвид кога се
проверуваат топли гуми.
Вредноста на притисокот во гумата
прикажана во DIC го покажува
реалниот притисок во гумите.
Оладена гума ќе покаже намалена
вредност, што не укажува на
излегување на воздух.

Page 243 of 295

Нега на возилото241Длабочина на шаратаРедовно проверувајте ја
длабочината на шарите.
Гумите треба да се заменат од
безбедносни причини ако
длабочината на шарите падне под 2-3 мм (4 мм за зимските гуми).
Од безбедносни причини, се
препорачува длабочината на
шарите на гумите на една оска да
не се разликува повеќе од 2 мм.
Законски дозволената минимална
длабочина на шарата (1,6 мм) е
достигната кога шарата е изабена
до една од ознаките за изабеност
( TWI). Нивната положба е означена
со обележувања од страните на
гумата.
Гумите стареат, дури ако не се употребуваат. Препорачуваме
замена на гумите на шест години.
Менување на
големината на гумите и
тркалата Ако се употребуваат гуми со
различна големина од оние
монтирани во фабриката, може да
биде потребно да се програмираат брзиномерот како и номиналниот
притисок во гумите повторно и да
се извршат други преиначувања на
возилото.
По префрлувањето на гуми со
друга големина, нека Ви ја заменат
етикетата со притисоци за гумите.Внимание
Кога се користат тркала со
дијаметар од 14 инчи,
растојанието до тлото се
намалува. Ова мора да се земе
предвид кога се преминуваат
препреки.
9 Предупредување
Употребата на несоодветни
гуми или тркала може да доведе
до незгоди и ќе го анулира
одобрението на видот на
возилото.
Раткапни
Раткапните и гумите што се
одобрени од фабриката за
соодветното возило и ги
исполнуваат сите соодветни
барања за комбинирање на
тркалата и гумите, можат да се
користат.

Page 244 of 295

242Нега на возилото
Ако раткапните и гумите кои се
користат не се фабрично
одобрени, гумите не смеат да
имаат заштитно ребро на работ.
Раткапните не смеат да му пречат
на ладењето на сопирачките.9 Предупредување
Употребата на несоодветни
гуми или раткапни може да
доведува до нагло губење на
притисок и притоа несреќи.
Челични тркала: Кога користите
завртки за заклучување на
тркалата, не ставајте раткапни.
Синџири за гуми
Синџири за гуми се дозволуваат
само на предните тркала.
Секогаш употребувајте синџири со
ситни алки што не додаваат повеќе од 10 мм до шарата и внатрешните
страни на гумата (вклучувајќи ја и
бравата на синџирот).
9 Предупредување
Оштетувањата може да
доведат до пукање на гумата.
Синџири за гуми се дозволени на
гуми со големина 175/70 R14,
185/70 R14, 185/65 R15,
205/45 R17.
Синџири за гуми се дозволени за
гумите со големина 195/55 R16 со
ободи со големина 16 x 6 и
16 x 6,5, за вториве само во
комбинација со ограничен агол на
управување. Побарајте помош од
автомеханичар.
Синџири за гуми не се дозволени
на гуми со големина 215/45 R17 и 215/40 R18.
Употребата на синџири за гуми не
се дозволува на привременото
резервно тркало.
Комплет за поправање
гуми Помалите оштетувања на шарата
на гумата може да се поправат со
комплетот за поправање гуми.
Не ги вадете туѓите предмети од
гумите.

Page 245 of 295

Нега на возилото243
Оштетувањата на гумите што
надминуваат 4 мм или што се од
страната на гумата близу до работ не можат да се поправат со
комплетот за поправање гуми.9 Предупредување
Не возете побрзо од 80 км/ч.
Не го користете за подолг
период.
Управувањето со воланот и
ракувањето може да станат
поинакви.
Ако имате издишна гума:
Затегнете ја рачната сопирачка и ставете во прва брзина, рикверц
или P.
Комплетот за поправање гуми се
чува во товарниот простор.
Зависно од опремата, комплетот за поправање гуми се наоѓа во
преграда во десната касета или во
преграда под подот.
Возила со комплет за
поправање гуми под подот
1. Земете го комплетот за поправање гуми од преградата.
2. Извадете го компресорот.
3. Извадете го кабелот за поврзување со струја и цревотоза воздух од преградите за
складирање на долната страна
на компресорот.

Page 246 of 295

244Нега на возилото
4. Зашрафете го цревото завоздух од компресорот наприклучокот на шишето со
заптивната смеса.
5. Наместете го шишето со заптивната смеса во држачот
на компресорот.
Поставете го компресорот
близу до гумата така што
шишето со заптивна смеса ќе
биде исправено.6. Отштрафете ги капаците на вентилите од дефектната гума.
7. Зашрафете го цревото за полнење на вентилот на гумата.
8. Прекинувачот на компресорот мора да биде поставен на J.
9. Приклучете го приклучникот на компресорот во штекерот за
струја или во приклучокот на
запалката.
За да се избегне
испразнувањето на
акумулаторот, Ви
препорачуваме да го оставете
моторот да работи.10. Поставете го преклопникот на компресорот на I. Гумата се
полни со заптивната смеса.
11. Мерачот за притисок на компресорот накратко се
покачува до 6 бари додека
шишето за заптивната смеса се празни (околу 30 секунди).Потоа притисокот почнува да
опаѓа.
12. Целата заптивна смеса се пумпа во гумата. Потоа гумата
се надува.
13. Пропишаниот притисок за гумата би требало да се
достигне во рок од 10 минути.

Page 247 of 295

Нега на возилото245
Притисок во гумите 3 281. Кога
ќе се постигне правилниот притисок, исклучете го
компресорот.
Ако пропишаниот притисок за
гумите не се достигне во рок од
10 минути, извадете го
комплетот за поправање гуми. Помрднете го возилото за едно
вртење на гумата. Повторно
закачете го комплетот за
поправање гуми и продолжете
со постапката за полнење за
10 минути. Ако пропишаниот
притисок за гумите се уште не е достигнат, гумата е премногу
оштетена. Побарајте помош од
автомеханичар.
Исцедете го вишок притисокот од гумата со копчето над
индикаторот за притисок.
Не работете со компресорот
подолго од 10 минути.
14. Откачете го комплетот за поправање гуми. Притиснете ја
спојката на рамката за да го
извадите шишето со заптивна
смеса од рамката. Зашрафете го цревото за пумпање на гуми
на слободниот приклучок на
шишето со заптивната смеса.
Тоа ја спречува заптивната
смеса да истече. Чувајте го
приборот за поправка на гумите во багажниот простор.
15. Извадете ја излишната заптивна смеса користејќи
ткаенина.
16. Земете ја налепницата која ја покажува најголемата
дозволена брзина од шишето
со заптивната смеса, и закачете
ја во видното поле на возачот.17. Продолжете со возењето веднаш за да се распространисредството рамномерно во
гумата. По возење околу 10 км
(но не повеќе од 10 минути),
застанете и проверете го
притисокот во гумата.
Притегнете го цревото на
воздухот директно врз вентилот на гумата и за тоа време нека
работи компресорот.
Ако притисокот во гумата е
поголем од 1,3 бари, наполнете
ја до правилната вредност.
Повторете ја оваа поставка
додека веќе нема губење на
притисокот.

Page 248 of 295

246Нега на возилото
Ако притисокот во гумата
паднал под 1,3 бари, возилото
не смее да се користи.
Побарајте помош од
автомеханичар.
18. Чувајте го приборот за поправка на гумите во
багажниот простор.
Возила со комплет за поправање гуми во касетата
За отворање на преградата,
ослободете го капакот и отворете
го.
1. Земете ги шишето со заптивната смеса и рамката со
воздушното црево од влогот.
2. Отстранете го цревото од дршката и намотајте го на
спојката на боцата со заптивнат
смеса.
3. Наместете го шишето со заптивната смеса врз рамката.Проверете да не паѓа боцата.

Page 249 of 295

Нега на возилото247
4. Отштрафете ги капаците навентилите од дефектната гума.
5. Зашрафете го цревото за надувување гуми до вентилот.
6. Намотајте го цревото за воздух на спојката на компресорот.
7. Вклучете го палењето. За да се избегне
испразнувањето на
акумулаторот, Ви
препорачуваме да го оставете
моторот да работи.8. Притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување на
компресорот. Гумата се полни
со заптивната смеса.
9. Мерачот за притисок на компресорот накратко се
покачува до 6 бари додека
шишето за заптивната смеса се празни (околу 30 секунди).
Потоа притисокот почнува да
опаѓа.
10. Целата заптивна смеса се пумпа во гумата. Потоа гумата
се надува.
11. Пропишаниот притисок за гумата би требало да се
достигне во рок од 10 минути.
Притисок во гумите 3 281. Кога
ќе се постигне потребниот
притисок, исклучете го
компресорот со повторно притискање на копчето за
вклучување/исклучување.
Ако пропишаниот притисок за
гумите не се достигне во рок од
10 минути, извадете го
комплетот за поправање гуми.
Помрднете го возилото за едно вртење на гумата. Повторно
закачете го комплетот за
поправање гуми и продолжете
со постапката за полнење за
10 минути. Ако пропишаниот
притисок за гумите се уште не е достигнат, гумата е премногу
оштетена. Побарајте помош од
автомеханичар.
Испуштајте го вишок
притисокот во гумата со помош
на копчето ].
Не работете со компресорот подолго од 10 минути.

Page 250 of 295

248Нега на возилото
12. Притиснете ја спојката нарамката за да го извадите
шишето со заптивна смеса од
рамката. Зашрафете го
цревото за пумпање на гуми на
слободниот приклучок на
шишето со заптивната смеса.
Тоа ја спречува заптивната
смеса да истече. Чувајте го
приборот за поправка на гумите во багажниот простор.
13. Извадете ја излишната заптивна смеса користејќи
ткаенина.
14. Земете ја налепницата која ја покажува најголемата
дозволена брзина од шишето
со заптивната смеса, и закачете
ја во видното поле на возачот.
15. Продолжете со возењето веднаш за да се распространи
средството рамномерно во
гумата. По возење околу 10 км
(но не повеќе од 10 минути),
застанете и проверете го
притисокот во гумата.
Притегнете го цревото на
воздухот директно врз вентилотна гумата и за тоа време нека
работи компресорот.
Ако притисокот во гумата е
поголем од 1,3 бари, наполнете
ја до правилната вредност.
Повторете ја оваа поставка
додека веќе нема губење на
притисокот.
Ако притисокот во гумата
паднал под 1,3 бари, возилото
не смее да се користи.
Побарајте помош од
автомеханичар.
16. Чувајте го приборот за поправка на гумите вобагажниот простор.
Општи информации Забелешка
Возните карактеристики на
поправената гума значително се
сменети, затоа нека Ви ја заменат таа гума.
Ако се слушне необичен шум или
компресорот се загрее, исклучете
го компресорот најмалку
30 минути.Вградениот сигурносен вентил се
отвора при притисок од 7 бари.
Проверете го рокот на траење на
комплетот. По тој датум
способноста за затнување веќе не
се гарантира. Внимавајте на
информациите за чување на
шишето со заптивна смеса.
Заменете го користеното шише со заптивната смеса. Отфрлете го
шишето како што е пропишано од
соодветните закони.
Компресорот и заптивната смеса
може да се користат од околу
-30 °C.
Испорачаните адаптери може да
се користат за пумпање други
работи, на пр. фудбалски топки,
душеци, базени за надувување и
сл. Тие се наоѓаат од долната
страна на компресорот. За да се
извади, притегнете го цревото за
воздух на компресорот и
извлечете го адаптерот.

Page:   < prev 1-10 ... 201-210 211-220 221-230 231-240 241-250 251-260 261-270 271-280 281-290 ... 300 next >