OPEL CORSA 2016 Сопственички прирачник

Page 211 of 301

Возење и ракување209за влечењето. Секогаш задржи ја
влечната кука во возилото кога не
е во употреба.
Возни карактеристики, совети за влечење
Пред да закачите приколка,
подмачкајте ја влечната топка со
мазиво. Меѓутоа, не го правите тоа ако за намалување на кривулести
движења се употребува
стабилизатор, којшто делува врз
влечната топка.
За приколки со слаба стабилност
при возење и за камперски
приколки со дозволена бруто
тежина на возилото од повеќе од
1000 кг не смее да се надмине
брзината од 80 км/ч; се
препорачува употреба на
стабилизаторот.
Ако приколката почне да се извива,
возете пополека, не обидувајте се
да го исправите управувањето и
сопирајте нагло ако е потребно.Кога возите по удолнина, возете во иста брзина како да возевте по
угорница и возете со слична
брзина на возилото.
Дотерајте го притисокот во гумите
до вредноста определена за полна
натовареност 3 284.
Влечење на приколка Товарење на приколката
Дозволената оптовареност на
приколките се максималните
вредности кои зависат од возилото
и од моторот и не смеат да се
пречекоруваат. Фактичната
оптовареност на приколката е
разликата помеѓу бруто тежината
на приколката и актуелната
оптовареност на влечната спојка
кога е приклучена приколката.
Дозволената оптовареност за
товарот на приколките е
определена во документите на
возилото. Воопшто, тие важат за
стрмнини до најмногу 12%.Дозволените оптоварености на
приколката важат до определената стрмнина и до надморска височина од 1000 метри. Бидејќи моќноста намоторот се намалува со
зголемување на надморската
височина поради разретчување на
воздухот, со што се намалува и
способноста за искачување,
дозволената тежина за влечење
исто така се намалува за 10 % на
секои 1000 метри дополнителна
надморска височина. Бруто
влечната тежина не мора да се
намалува кога се вози по патишта
со мала стрмнина (помала од 8%,
на пр. магистрални патишта).
Не смее да се пречекори
дозволената бруто тежина на
оските. Оваа тежина е забележана
на идентификациската табличка
3 271.
Вертикална оптовареност на
влечната спојка
Вертикалната оптовареност на
влечната спојка е оптовареноста
со којашто приколката ја

Page 212 of 301

210Возење и ракувањеоптоварува влечната кука. Може да
се менува со менување на
распоредот на тежината кога се
товари приколката.Бензински и мотори на дизел
Максималната дозволена
вертикална оптовареност на
влечната спојка (55 кг) е наведена
на идентификациската табличка на
влечната опрема и во документите
на возилото. Секогаш одете на
максимална оптовареност,
особено ако се работи за тешка
приколка. Вертикалната
оптовареност на влечната спојка
никогаш не смее да падне под
25 кг.Мотор B14XEL LPG
Максималната дозволена
вертикална оптовареност на
влечната спојка (45 кг) е наведена
на идентификациската табличка на
влечната опрема и во документите на возилото. Секогаш одете на
максимална оптовареност,
особено ако се работи за тешка
приколка. Вертикалнатаоптовареност на влечната спојка
никогаш не смее да падне под 25 кг.
Натоварување на задната оскаБензински и мотори на дизел
Кога е закачена приколка, а
влечното возило е докрај
натоварено, дозволената
оптовареност на задната оска
(видете ја идентификациската
табличка или документите на
возилото) кај патнички возила
може да се надмине за 70 кг за
возило со 5 врати и 60 кг за возило
со 3 врати, а дозволената бруто
тежина на возилото за 55 кг.Мотор B14XEL LPG
Кога е закачена приколка, а
влечното возило е докрај
натоварено, дозволената
оптовареност на задната оска
(видете ја идентификациската
табличка или документите на
возилото) кај патнички возила
може да се надмине за 70 кг за
возило со 5 врати и 70 кг за возило
со 3 врати и дозволената бруто тежина на возилото за 45 кг.Комбе
Кога е прикачена приколка, а
влечното возило е докрај
натоварено, дозволената
оптовареност на задната оска
(видете ја идентификациската
табличка или документите на
возилото) кај патнички возила
може да се надмине за 60 кг, а
дозволената бруто тежина на
возилото за 55 кг.Општо
Ако се надмине дозволената
оптовареност на задната оска, максималната брзина е 100 км/ч.
Ако максималната брзина во
земјата е определена како пониска
за ракување со приколки, таа треба
да се почитува.
Опрема за влечење
Внимание
При работење без приколка извадете ја влечната кука со
топка.

Page 213 of 301

Возење и ракување211Чување на влечната кукаВлечната кука е складирана во
торба во шуплината за резервното
тркало и е прицврстена до алките
за врзување во товарниот простор.
Кога ја вметнувате, ставете го
заштитното капаче врз вртливата
квака со клуч.
Монтирање на топчестата
влечна кука
Откачете го и преклопете го
приклучникот. Извадете го
заптивниот клин од дупката за
влечната кука и складирајте го.
Проверка на затегнатоста на
влечната кука
● Вртливата квака лежи на
влечната кука.
● Зелената ознака на вртливата квака не се гледа.
● Иглата за заклучување на горниот дел од влечната кука е
наместена навнатре.
● Клучот е во бравата.
Инаку, влечната кука треба да се
затегне пред да се вметне во
куќиштето за влечење:

Page 214 of 301

212Возење и ракување
●Ставете го клучот во бравата и
отклучете ја влечната кука.
● Притиснете ја вртливата квака врз влечната кука и завртете јадесно додека е притисната
надолу додека не се заглави.
Клучот останува во бравата.
Вметнување на влечната кука
Вметнете ја затегнатата шипка на
влечната кука во отворот и турнете
ја цврсто угоре додека не се
заглави чујно.
Вртливата квака скокнува назад во
основната положба, потпирајќи се на влечната кука без расцеп.
9 Предупредување
Не го допирајте вртливото копче
за време на вметнувањето.
Зелената ознака на вртливата
квака се гледа.
Заклучете ја влечната кука и
извадете го клучот.

Page 215 of 301

Возење и ракување213Алка за кабелот за приврзување
Закачете го кабелот кој спречува
да се откачи приколката, за алката.
Проверете дали влечната кука е
правилно инсталирана
● Зелената ознака на вртливата квака се гледа.
● Не смее да има расцеп помеѓу вртливата квака и шипката на
влечната кука.
● Влечната кука треба цврсто да
се заглави во отворот.
● Влечната кука треба да се заклучи и клучот да се извади.
9Предупредување
Влечењето на приколка е
дозволена само ако влечната
кука е монтирана правилно. Ако влечната кука не е заглавена
правилно, побарајте помош од
автомехануичар.
Демонтирање на топчестата
влечна кука
Вметнете го клучот во бравата и
отклучете ја влечната кука.
Притиснете ја вртливата квака врз
влечната кука и завртете ја десно
додека е притисната надолу
додека не се заглави. Извлечете ја
топчестата кука удолу.
Вметнете го клинот за затнување
во отворот за влечната кука.
Преклопете го приклучокот.
Помош за стабилноста на приколката
Ако системот открие занесувања,моќноста на моторот се намалува и
комбинацијата возила/приколка се
кочи селективно додека не
престане занесувањето. Додека
системот работи, држете го
воланот колку што може помирно.
Помошта за стабилноста на
приколката е функција на
електронската контрола на
стабилноста 3 174.

Page 216 of 301

214Нега на возилотоНега на возилотоОпшти информации.................215
Додатоци и модификации на возилото ................................ 215
Чување на возилото ..............215
Демонтирање на возилото на крајот на работниот век .......216
Прверки на возилото ...............216
Вршење работа ...................... 216
Хауба ...................................... 216
Моторно масло ......................217
Ладилник ................................ 218
Течност за миење ..................220
Сопирачки .............................. 220
Течност за сопирачките ........220
Акумулатор ............................. 221
Цедење на системот со дизел гориво .................................... 222
Замена на четкичките на бришачите ............................. 223
Замена на сијалиците ..............223
Халогенски предни фарови ..223
Ксенонски предни фарови ....226
Фарови за магла ....................227
Предни трепкачи ....................227
Задни светла .......................... 228Странични трепкачи ..............230
Средишно високо монтирано стоп-светло ........................... 230
Светло за регистарската табличка ................................ 231
Внатрешни светла .................231
Осветлување на таблата со инструменти .......................... 232
Електричен систем ..................232
Осигурувачи ........................... 232
Кутија со осигурувачи во моторниот простор ...............233
Кутија со осигурувачи во таблата со инструменти .......235
Прирачен алат ......................... 237
Алати ...................................... 237
Тркала и гуми ........................... 238
Зимски гуми ............................ 239
Ознаки на гумите ...................239
Притисок на гумите ................ 239
Систем за следење на притисокот на гумите ...........241
Длабочина на шарата ...........245
Менување на големината на гумите и тркалата .................246
Раткапни ................................. 246
Синџири за гуми ..................... 247
Комплет за поправање гуми . 247Менување тркала ................... 253
Резервно тркало ....................256
Палење со кабли ......................258
Влечење ................................... 260
Влечење на возилото ............260
Влечење друго возило ..........261
Нега за изгледот ......................262
Нега на надворешноста ........262
Нега на внатрешноста ........... 265

Page 217 of 301

Нега на возилото215Општи информации
Додатоци и модификации на возилото
Го препорачуваме користењето на
оригинални делови и опрема, и
делови одобрени од фабриката
специфично за Вашиот вид на возило. Не можеме да оцениме или
гарантираме сигурност за други
производи - дури и да имаат
регулативно или поинаку дадено
одобрение.
Не вршете преиначувања на
електричниот систем, на пр.
измени на електронските
контролни уреди (чип тјунинг).Внимание
При превезување на возилото
со воз или со возило за
влечење, калниците може да се
оштетат.
Чување на возилото
Складирање за долго времеАко возилото има да се складира за
повеќе месеци:
● Измијте го и полирајте го возилото.
● Нека Ви ја проверат заштитата
со восок во моторниот простор
и подвозје.
● Исчистете ги и намачкајте ги гумените кедери.
● Наполнете го резервоарот за гориво целосно.
● Сменете го моторното масло.
● Исцедете го садот за течноста за миење.
● Проверете ги течноста за ладење, антифризот и
заштитата од корозија.
● Дотерајте го притисокот во гумите до вредноста
определена за полна
натовареност.
● Паркирајте го возилото на суво, добро проветрено место.
Ставете во прва брзина илирикверц или рачката на
менувачот во P. Спречете
тркалање на возилото.
● Не затегнувајте ја рачната сопирачка.
● Отворете ја хаубата, затворете
ги сите врати и заклучете го
возилото.
● Откачете го негативниот пол од акумулаторот на возилото.
Внимавајте сите системи да
бидат исклучени, на пр.
системот за тревожење при
кражба.
Враќање во работна состојба Кога возилото има да се врати в
работа:
● Приклучете ја штипката до негативната клема на
акумулаторот на возилото.
Активирајте ја електрониката
на електричните прозорци.
● Проверете го притисокот во гумите.
● Наполнете го садот за течноста за миење.

Page 218 of 301

216Нега на возилото● Проверете го нивото намоторното масло.
● Проверете го новито на течноста за ладење.
● Ставете ја регистарската табличка ако е потребно.
Демонтирање на возилото
на крајот на работниот век
Информациите за центрите за
демонтирање и рециклирање на
возилата што се на крајот од својот
работен век се наоѓаат на нашата
веб страна. Доверете му ја
работава само на овластен центар за рециклирање.
Возилата на гас мора да ги
рециклира сервисен центар
овластен за возила на гас.Прверки на возилото
Вршење работа9 Предупредување
Вршете проверки на моторниот
простор само кога е исклучено палењето.
Вентилаторот за ладење може
да проработи дури и ако е
исклучено палењето.
9 Опасност
Системот за палење и
ксенонските фарови користат
крајно висок напон. Не
допирајте ги.
Хауба
Отворање
Повлечете ја рачката за
ослободување и вратете ја во
својата оригинална положба.

Page 219 of 301

Нега на возилото217
Притиснете ја безбедносната
спојка нагоре и отворете ја
хаубата.
Прицврстете го потпирачот на
хаубата.
Ако багажникот е отворен за време
на Autostop, моторот автоматски ќе
се запали повторно поради
безбедноста.
Затворање
Пред да ја затворите хаубата,
притиснете го потпирачот во
држачот.
Спуштете ја хаубата и оставете да
падне на бравата од мала висина
(20-25 см). Проверете дали
хаубата е заглавена.Внимание
Не притискајте ја хаубата на
резето, за да избегнете
вдлабнувања.
Моторно масло
Редовно проверувајте го нивото на
моторното масло рачно за да се
спречи оштетување на моторот.
Уверувајте се дека се користи
масло со правилната
спецификација. Препорачаните
течности и средства за
подмачкување 3 268.
Максималната потрошувачка на
моторното масло е 0,6 л на
1000 км.
Проверувајте го со возилото на
рамна површина. Моторот треба
да биде на работна температура и
исклучен барем пет минути.
Извлечете ја прачката, исчистете
ја со бришење, вметнете ја до
запирот на рачката, извлечете ја и
отчитајте го нивото на моторното
масло.
Вметнете ја прачката докрај на
рачката и свртете ја за пола
вртење.
Различни прачки се употребуваат зависно од верзијата на моторот.

Page 220 of 301

218Нега на возилото
Кога нивото на моторното масло
паднало до ознаката MIN, дотурете
моторно масло.
Препорачуваме употреба на
моторно масло од ист вид како она
што било употребено при
последното менување.
Нивото на моторното масло не
смее да ја надмине ознаката MAX
на прачката.
Внимание
Вишокот на моторното масло
треба да се исиса или да се
отстрани.
Зафатнини 3 283, Квалитет/
вискозитет на моторното масло
3 268.
Наместете го капачето право и
затегнете го.
Ладилник Средството за ладење овозможува
заштита од замрзнување до околу
-28 °C. Во северните земји со многу

Page:   < prev 1-10 ... 171-180 181-190 191-200 201-210 211-220 221-230 231-240 241-250 251-260 ... 310 next >