OPEL CROSSLAND X 2017.75 Сопственички прирачник

Page 151 of 275

Возење и ракување149● Вакуумот на сопирачката не едоволен.
● Возилото било возено барем со брзина на одење.
● Системот за контрола на климатизацијата бара палењена моторот.
● Климатизацијата е вклучена рачно.
Ако багажникот не е целосно
затворен, се прикажува
предупредувачка порака на
Информативниот центар за
возачот.
Ако некој електричен уред, на пр.
преносен ЦД-плеер, е поврзан со
штекер, може да се забележи кус пад на напонот за време на
повторното палење.
Паркирање9 Предупредување
● Не го паркирајте возилото
врз лесно запалива
површина. Високата
температура на издувниот
систем може да ја запали
површината.
● Секогаш затегнувајте ја рачната сопирачка.
Затегнувајте ја рачната
сопирачка без да го
притиснете копчето за
ослободување. Затегнувајте
ја колку е можно поцврсто на
удолници или угорници.
Притиснете ја педалата за кочење истовремено за да се
намалат работните сили.
● Изгаснете го моторот.
● Ако возилото е на рамна површина или на угорница,
ставете во прва брзина или
поставете ја рачката на
менувачот во положбата P
пред да го извадите клучот за палење или исклучување на
палењето на возилото со
копчето. Ако возилото е на
угорница, свртете ги
предните тркала од работ на
тротоарот.Ако возилото е на рамна
површина или на надолница,
ставете во рикверц брзина или поставете ја рачката на
менувачот во положбата P
пред да го извадите клучот за
палење или исклучување на
палењето на возилото со
копчето. Свртете ги предните
тркала кон работ на
тротоарот.
● Затворете ги прозорците.
● Извадете го клучот за палење од бравата за
палење или исклучете го
палењето на возилото со
копчето за вклучување.
Завртете го воланот додека
не се почувствува дека
бравата на воланот се
заглавила.
● Заклучете го возилото.
● Активирајте го системот за тревожење при кражба.
● Вентилаторите на ладилникот може да работат и по
гаснењето на моторот 3 197.

Page 152 of 275

150Возење и ракувањеВнимание
По возење со голема брзина на
моторот или при големо
оптоварување на моторот,
оставете го моторот да работи
кусо време со мало
оптоварување или во лер околу
30 секунди пред да го изгаснете
за да го заштитите
турбополначот.
Забелешка
Во случај на сообраќајка со
отворање на воздушните
перничиња моторот се гасне
автоматски ако возилото застане
за извесно време.
Операција за итни случаи во
екстремно ладни температури
9 Предупредување
Ова итна операција може да се
врши само во случај на
екстремно ниски температури и
ако возилото е паркирано на
рамна површина.
Во земјите со екстремно ниски
температури може да биде
потребно да се паркира возилото
без да се применува рачната
сопирачка.
Ова е операција за итни случаи за
да се избегне замрзнување на
рачната сопирачка.Издувни гасови од
моторот9 Опасност
Издувните гасови од моторот
содржат отровен јаглерод
моноксид, којшто е безбоен,
нема мирис и може да биде
смртоносен ако се вдишува.
Ако издувни гасови навлегуваат во внатрешноста на возилото,
отворете ги прозорците. Нека Ви ја елиминира причината на
дефектот автомеханичар.
Избегнувајте да возите со
отворен товарен простор, инаку
издувните гасови можат да
навлезат во возилото.

Page 153 of 275

Возење и ракување151Филтер за дизелски
честички
Процес на автоматско чистење
Системот на филтерот за дизелски честички ги филтрира штетните
честички на саѓи од издувните
гасови.
Започнувањето на заситувањето
на филтерот за честички се
покажува со привремено
светнување на % или H, заедно
со порака во Информативниот
центар за возачот.
Штом ќе дозволат сообраќајните
услови, обновете го филтерот така што ќе возите со најмалку 60 км/ч
додека контролната сијаличка не
се изгасне.
Забелешка
Кај ново возило, првите
обновувања на филтерот за
честички можат да бидат
придружени со мирис на изгорено,
што е нормално. По подолга
работа на возилото со многу мала
брзина или во лер, може, во
исклучителни случаи, дазабележите испуштање на водена пареа од ауспухот при
забрзување. Тоа не влијае врз
однесувањето на возилото или на
околината.
Процесот на чистење не е
можен
Ако % или H продолжи да свети
заедно со звучен сигнал и порака,
тоа покажува дека нивото на
адитив во филтерот за честички е
прениско.
Резервоарот мора да се дополни
веднаш. Побарајте помош од
автомеханичар.
Катализатор
Катализаторот го намалува
количеството на штетните
материјали во издувните гасови.Внимание
Класи на гориво пионакви од
оние наброени на страниците
3 185, 3 249 може да го
оштетат катализаторот или
електронските компоненти.
Бензинот кој не се игорил ќе се
прегрее и ќе го оштети
катализаторот. Затоа
избегнувајте ги прекумерното
работење со стартерот,
испразнувањето на
резервоарот за гориво и
палењето на возилото со
туркање или влечење.
Во случај моторот да не пали,
нерамномерно да работи, има
очигледен пад во перформансите
на моторот или има други
невообичајни проблеми, нека Ви ја
елиминира причината на дефектот
автомеханичар колку е можно
поскоро. Во хаварии, со возењето
може да се продолжи за кратко
време, задржувајќи ја брзината на
возилото и вртежите на моторот на
ниско ниво.

Page 154 of 275

152Возење и ракувањеAdBlueОпшти информации
Селективното каталитичко
намалување ( BlueInjection) е метод
на значително намалување на
азотните оксиди во издувните
емисии. Тоа се постигнува со
инјектирање издувна течност од
дизел во издувниот систем.
Амонијакот што се ослободува од
течноста реагира со азотните
гасови (NO x) од системот за
издувни гасови и се претвора во
азот и вода.
Ознаката на оваа течност е
AdBlue ®
. Тоа е нетоксична,
незапалива, безбојна течност без мирис што се состои од 32% уреа и
68% вода.9 Предупредување
Избегнувајте контакт на очите и
кожата со AdBlue.
Во случај на контакт со очите
или кожата, исплакнете со вода.
Внимание
Избегнувајте контакт на бојата
со AdBlue.
Во случај на контакт, исплакнете со вода.
AdBlue замрзнува на температура
од приближно 11 °C. Со оглед на
тоа што возилото е опремено со предгреач за AdBlue, обезбедено е
намалување на емисиите при
ниски температури. Предгреачот
за AdBlue работи автоматски.
Предупредувања за нивото Потрошувачката на AdBlue
изнесува околу 0,7 литри на
1000 км. Потрошувачката може да
биде и поголема во зависност од
однесувањето на возачот (на
пример, тежок товар или влечење).
Во зависност од пресметаното
растојание за AdBlue, во
Информативниот центар за
возачот се прикажуваат различни
пораки. Пораките и
ограничувањата се законска
обврска.
Првата можна порака за
предупредување се појавува кога
опсегот на AdBlue е под 2400 км и
се прикажува при секое палење и
на секое намалување на
растојанието за 300 км:
Дополнете AdBlue: Палењето нема
да биде можно за 2400 км
Дополнително, контролната
сијаличка Y свети постојано и се
слуша звук при секое појавување
на пораката.
Кога опсегот на AdBlue е под
600 км, се прикажува следнава
порака за предупредување и се
прикажува при секое палење и на
секое намалување на растојанието за 20 км:
Дополнете AdBlue: Палењето нема
да биде можно за 600 км
Дополнително, контролната
сијаличка Y трепка постојано и се
слуша звук при секое појавување
на пораката.

Page 155 of 275

Возење и ракување153Забелешка
Во случај на голема потрошувачка
на AdBlue, Информативниот
центар за возачот може да го
прикаже ова предупредување без
претходните фази на
предупредување.
Во последното ниво на
предупредување се влегува кога
резервоарот за AdBlue е празен. Моторот не може повторно да се
стартува. Се прикажува следнава
порака за предупредување и не
може да се отфрли:
Дополнете AdBlue: Палењето не е
можно
Дополнително, контролната
сијаличка Y трепка постојано и
моторот нема да може да се запали повторно сè додека резервоарот
за AdBlue не се наполни со
најмалку 5 литри.
Предупредувања за многу
издувни гасови
Ако издувните гасови се зголемат
над одредена вредност,
предупредувања слични напредупредувањата за опсегот ќе се
прикажат во Информативниот
центар за возачот.
Се прикажуваат барања да се
провери издувниот систем и
конечно соопштение за
спречување на повторно
стартување на моторот. Овие
ограничувања се законски барања.
Консултирајте се со
автомеханичар.
Дополнување AdBlueВнимание
Користете само AdBlue што е во согласност со европските
стандарди DIN 70 070 и
ISO 22241-1.
Не користете адитиви.
Не разредувајте го AdBlue.
Инаку, системот за селективно
каталитичко намалување може
да се оштети.
Забелешка
Кога нема пумпа за патнички
автомобили на бензинската
станица, користете само шишиња
или канти за AdBlue со запечатен
адаптер за дополнување за да
спречите прскање или истурање и за да бидете сигурни дека
гасовите од резервоарот се
собираат и не излегуваат. AdBlue
во шишиња или канти е достапна
на многу бензински станици и
може да се купи, на пример, кај застапниците на Opel и во други
продавници.
Со оглед на тоа што AdBlue има
ограничена трајност, проверете го
рокот на траење пред полнењето.
Забелешка
Кога резервоарот за AdBlue е празен, наполнете го со најмалку
пет литри за да може да се открие новото ниво на AdBlue.
Доколку AdBlue надополнувањето
не е успешно откриено:

Page 156 of 275

154Возење и ракување1. Непрекинато возете говозилото десет минути, а
брзината на возилото секогаш
да биде поголема од 20 км/ч.
2. Ако дополнувањето на AdBlue се открие успешно,
предупредувањата и
ограничувањата на
управувањето предизвикани
од нивото на AdBlue ќе
исчезнат.
Ако се уште не е откриено
дополнувањето на AdBlue,
побарајте помош од
автомеханичар.
Ако треба да се дополни AdBlue
на температура под -11 °C,
системот може да не го открие
дополнувањето. Во тој случај,
паркирајте го возилото на место
со повисока температура на
околината додека AdBlue не стане
течна.
Забелешка
При одвртувањето на заштитното
капаче од грлото за полнење, може да излезат амонијачки
пареи. Не вдишувајте ги затоашто пареите имаат остар мирис.
Пареите не се штетни доколку се вдишат.
Се препорачува целосно да го
дополните резервоарот за AdBlue.
Возилото мора да се паркира на
рамна површина.
Отворот за дополнување AdBlue се
наоѓа зад капачето за гориво, што
се наоѓа на левата задна страна од
возилото.
Вратичката на резервоарот за
гориво може да се отвори само ако возилото е отклучено.
1. Извадете го клучот од бравата за палење.
2. Затворете ги сите врати за да не навлезат амонијачни
испарувања во внатрешноста
на возилото.
3. Ослободете ја вратничката на резервоарот така што ќе ја
притиснете 3 187.
4. Одвртете го заштитното капаче
од грлото за полнење.
5. Отворете ја кантата за AdBlue.
6. Поставете го едниот крај на цревото во кантата и навртете
го другиот крај на грлото за
полнење.
7. Подигнете ја кантата додека не се испразни или додекапротокот од кантата не запре.
Тоа може да потрае до пет
минути.
8. Спуштете ја кантата за да се испразни цревото и почекајте
15 секунди.

Page 157 of 275

Возење и ракување1559. Одвртете го цревото од грлотоза полнење.
10. Поставете го заштитното капаче и вртете го надесно
додека не се вовлече.
Забелешка
Фрлете ја кантата за AdBlue
според барањата за животна
средина. Цревото може да се
употреби повторно откако ќе се
исплакне со чиста вода пред да се
исуши AdBlue.Автоматски менувач
Автоматскиот менувач овозможува
автоматско менување на брзини
(автоматски режим) или рачно
менување на брзини (рачен
режим).
Рачното менување е можно во рачен режим со допирање на
рачката на менувачот до + или -
3 156.
Екран на менувачот
Во Информативниот центар за
возачот се прикажува режимот или избраната брзина.
Во автоматскиот режим,
програмата за возење е прикажана
со D.
Во рачниот режим, се покажува M и
бројот на избраната брзина.
R покажува рикверц.
N покажува лер.
P покажува паркирна положба.
Рачка на менувачот
Ставете ја рачката на менувачот во отворот за менување како што е
прикажано на сликата погоре.

Page 158 of 275

156Возење и ракувањеP:паркирна положба, тркалата
се блокирани, ставајте во
брзина само кога возилото е
во мирување и сопирачката за паркирање е применетаR:рикверц, ставајте во него само
кога возилото е во мирувањеN:лерD:автоматски режимM:рачен режим<:ставање во поголема брзина
во рачен режим]:ставање во помала брзина во
рачен режим
Рачката на менувачот е закочена
во P и може да се помрдне само
кога палењето е вклучено и
педалот на сопирачките е
нагазнат.
Моторот може да се запали само кога рачката е во положбата P или
N . Кога е одбрана положбата N,
притиснете го педалот на
сопирачките или применете ја
сопирачката за паркирање пред да запалите.
Не давајте гас додека ставате во
брзина. Никогаш не ги нагазнувајте
педалот за гас и педалот за
сопирачките истовремено.
Кога е ставена некоја брзина,
возилото почнува полека да лази
кога се отпушта сопирачката.
Моторно сопирање
За да се искористи дејството на
моторното сопирање, одберете
помала брзина навреме кога
возите по удолнини, видете под
„рачен режим“.
Нишање на возилото
Нишањето на возилото е
дозволено само ако возилото е
заглавено во песок, кал или снег.
Местете ја рачката на менувачот
помеѓу D и R повеќе пати. Не
турирајте го моторот и
избегнувајте нагли забрзувања.
Паркирање
Затегнете ја рачната сопирачка и ставете во P.Рачен режим
Поместete ја рачката на менувачот
од положбата D кон лево во
положбата M.
Допрете ја рачката на менувачот
нагоре + за да се префрли во
поголема брзина.
Допрете рачката на менувачот
надолу - за да се префрли во
помала брзина.
Ако се одбере поголема брзина
кога брзината на возилото е
премала, или помала брзина кога
брзината на возилото е преголема, не се извршува менувањето на

Page 159 of 275

Возење и ракување157брзина. Тоа може да предизвика
порака во Информативниот центар
за возачот.
Во рачниот режим не се остварува
автоматско префрлување во
поголема брзина при поголем број
на вртежи на моторот.
Показател за менување брзини Се покажува R со бројот на
поголемата брзина кога се
препорачува менување во
поголема брзина за заштеда на
гориво.
Укажувањето за промена се
појавува само во рачниот режим.
Електронски програми завозење
● По ладно палење, програмата за работна температура ја
зголемува брзината на
моторот за брзо да го доведе
катализаторот до потребната
температура.● Специјални програми автоматски ги приспособуваат
точките за менување брзини
кога се вози по угорници или
удолнини.
● Во снежни или подмрзнати услови или на други лизгави
површини, контролата на
електронскиот пренос му
овозможува на возачот да
избере рачно прва, втора или
трета брзина за поаѓање.
Збоднување
Притискањето на педалата за гас
повеќе од жлебот за збоднување ќе
предизвика максимално
забрзување без оглед на
избраниот режим на возење.
Менувачот се префрлува во
помала брзина во зависност од
брзината на моторот.
Дефект
Во случај на дефект, се прикажува
порака на Информативниот центар за возачот. Пораки за возилото
3 107.Електронската контрола на
менувачот овозможува само трета
брзина. Менувачот веќе не менува
брзини автоматски.
Не возете побрзо од 100 км/ч.
Нека Ви ја отстрани причината на
дефектот автомеханичар.
Прекин на напојувањетоВо случај на прекин на
напојувањето рачката на
менувачот не може да се извади од
положбата P. Клучот за палење не
може да се извади од бравата за
палење.
Ако е акумулаторот испразнет,
запалете го возилото користејќи
кабли за палење 3 232.
Ако акумулаторот не е причина за
дефектот, отпуштете ја рачката на
менувачот.
1. Активирајте ја сопирачката за паркирање.
2. Отпуштете го тапацирот на рачката на менувачот од
средишната конзола.
Притиснете со прстот во

Page 160 of 275

158Возење и ракувањекожното лежиште под рачката
на менувачот и повлечете го
тапацирот нагоре.
3. Притиснете го копчето и извадете ја рачката на
менувачот од P. Нека Ви ја
елиминира причината на
прекинот на напојувањето
автомеханичар.
4. Монтирајте ја облогата на рачката на менувачот врз
средишната конзола и
наместете ја повторно.
Рачен менувач
За да ставите во рикверц на 5-
степен менувач, притиснете ја
педалата за куплунгот, па
поместете ја рачката на менувачот
надесно и назад.
За да ставите во рикверц на 6-
степен менувач, притиснете ја
педалата за куплунгот, подигнете
го прстенот под рачката на
менувачот, па поместете ја рачката на менувачот целосно налево и
напред.
Ако менувачот не влезе во
рикверц, ставете ја рачката во лер, отпуштете го куплунгот и повторно
притиснете го; потоа повторете го
ставањето во рикверц.
Не нагазнувајте го куплунгот
непотребно.
Кога ракувате со него, притиснете го куплунгот целосно. Не одморајте
ја ногата на педалот.

Page:   < prev 1-10 ... 111-120 121-130 131-140 141-150 151-160 161-170 171-180 181-190 191-200 ... 280 next >