OPEL CROSSLAND X 2017.75 Сопственички прирачник
Page 161 of 275
Возење и ракување159Кога ќе се открие лизнување на
куплунгот за одредено време,
моќноста на моторот ќе се намали.
Во Информативниот центар за
возачот се прикажува
предупредување. Отпуштете го
куплунгот.Внимание
Не е препорачливо да се вози со раката легната на рачката на
менувачот.
Показател за менување брзини
3 97.
Систем за сопирање-поаѓање
3 146.
Сопирачки
Системот на сопирачки се состои од две посебни кола за сопирање.
Ако откаже едно коло за сопирање, возилото се уште може да се сопре
со употреба на другото коло за
сопирање. Меѓутоа, дејството на
сопирањето се постигнува само
кога педалот на сопирачкте е
притиснат цврсто. Значително
поголема сила треба за тоа.
Растојанието за сопирање се
зголемува. Побарајте помош од автомеханичар пред да
продолжите со патувањето.
Кога моторот не работи,
поддршката на серво уредот за
сопирачките ја снемува откако
педалот ќе се притисне еднаш или
двапати. Дејството на сопирањето
не е намалено, но за сопирање е
потребна значајно поголема сила. Тоа е особено важно да се има на
ум кога се влече.
Контролна сијаличка R 3 96.Систем за деблокирање
на сопирачките
Системот за деблокирање на
сопирачките (ABS) ги спречува
тркалата да се блокираат.
ABS почнува да го регулира
притисокот на сопирачките штом
некое тркало покажува тенденција
да се блокира. Возилото осанува управливо, дури при јако
сопирање.
Контролата на ABS станува
очигледна преку пулсирање во
педалот на сопирачките и звукот на процесот за регулирање.
За оптимално сопирање, држете го
педалот за сопирачките целосно
притиснат за време на целиот
процес на сопирањето, иако
педалот ќе пулсира. Не
намалувајте го притисокот врз
педалот.
По палењето, системот врши
самоиспитување што може да биде
бучно.
Page 162 of 275
160Возење и ракување
Контролна сијаличка u 3 96.
Приспособливо стоп-светло
При целосно сопирање, сите три
стоп-светла трепкаат за време на
примената на ABS контролата.
Дефект
9 Предупредување
Ако има дефект во ABS,
тркалата може да бидат склони
да се блокираат поради такво
кочење што е посилно од
обичното. Предностите на ABS
веќе не функционираат. При
силно сопирање, со возилото не може веќе да се управува и
може да скршне.
Нека Ви ја отстрани причината на
дефектот автомеханичар.
Сопирачка за паркирање9 Предупредување
Пред да го напуштите возилото,
проверете го статусот на
рачната сопирачка.
Контролната сијаличка R мора
да свети постојано.
Рачна сопрачка за паркирање
9 Предупредување
Секогаш затегнувајте ја рачната
сопирачка цврсто без да
ракувате со копчето за
ослободување, и на удолнини
или угорнини затегнете ја
истата колку е можно поцврсто.
За да ја отпуштите рачната
сопирачка, малку повлечете ја
рачката нагоре, притиснете го
копчето за ослободување и
спуштете ја рачката целосно.
За да се намалат работните
сили на рачната сопирачка,
истовремено притискајте ја
ножната сопирачка.
Контролна сијаличка R 3 96.
Серво кочење
Ако педалата на сопирачките се
нагазне брзо и силно, автоматски
се применува максимална сила на сопирање.
Page 163 of 275
Возење и ракување161Работењето на помошта на
сопирањето може да се забележи
по пулсирање во педалата за
сопирачките и поголем отпор кога
се нагазнува педалата.
Одржувајте постојан притисок врз
педалата на сопирачката додека е
потребно целосно сопирање.
Максималната сила на сопирањето
автоматски се намалува кога ќе се
отпушти педалата на сопирачките.
Помош при поаѓање наугорници
Системот помага да се спречи несакано движење кога се вози по косини.
При отпуштање на педалата за
сопирање по застанување на
стрмнина, сопирачките се
активирани уште две секунди.
Сопирачките се отпуштаат
автоматски штом возилото ќе
почне да забрзува.Системи за контрола
на возењето
Електронска контрола на стабилноста и Систем законтрола напролизгувањето
Електронската контрола на
стабилноста ја подобрува
стабилноста при возењето кога е
потребно, без оглед на видот на
површината на патот или
прилепувањето на гумите.
Штом возилото почне да занесува
(недоволно вртење/нагло
свртување), излезната сила на
моторот се намалува и тркалата се
закочуваат посебно.
Електронската контрола на
стабилноста работи во
комбинација со Систем за контрола на пролизгувањето. Го спречува
шлајфувањето на погонските
тркала.Системот за контрола на
пролизгувањето е компонента на
Електронската контрола на
стабилноста.
Контролата на пролизгувањето ја подобрува стабилноста при
возењето кога е потребно, без
оглед на видот на површината на
коловозот или прилепувањето на гумите, со спречување на
шлајфувањето на погонските
тркала.
Штом погонските тркала почнат да шлајфуваат, излезната силата на
моторот се намалува и тркалото
кое најмногу шлајфува поединечно
се сопира. Тоа значително ја
подобрува стабилноста при
возење на возилото на лизгави
површини на коловозот.
Page 164 of 275
162Возење и ракувањеЕлектронската контрола на
стабилноста и Контролата на
пролизгувањето функционираат по
секое палење на возилото, штом ќе
се изгасне контролната сијаличка
b .
Кога Електронската контрола на
стабилноста и Контролата на
пролизгувањето работат, b трепка.9 Предупредување
Не дозволувајте ова посебно
безбедносно својство да Ве
наведе да ризикувате за време
на возењето.
Приспособете ја брзината кон
условите на патот.
Контролна сијаличка b 3 97.
Деактивирање
Електронската контрола на
стабилноста и Контролата на
пролизгувањето може да се
деактивираат секогаш кога е
потребно: притиснете a.
Контролна сијаличка a се пали.
Контролна сијаличка a 3 97.
Порака за статус се појавува во
Информативниот центар за
возачот кога Електронската
контрола на стабилноста и
Контролата на пролизгувањето ќе
се деактивираат.
Електронската контрола на
стабилноста и Контролата на
пролизгувањето повторно се
активираат со повторно
притискање на копчето a, со
притискање на сопирачката или ако возилото се вози побрзо од 50
км/ч.
a се исклучува кога Електронската
контрола на стабилноста и
Контролата на пролизгувањето се
активираат повторно.
Електронската контрола на
стабилноста и Контролата на
пролизгувањето исто така се
активираат повторно следниот пат кога ќе се вклучи палењето.
Дефект
Ако има дефект на системот,
контролната сијаличка b постојано
свети и на Информативниот
центар за возачот се појавува
порака. Системот не функционира.
Нека Ви ја отстрани причината на
дефектот автомеханичар.
Page 165 of 275
Возење и ракување163Системи за помош навозачот9 Предупредување
Системите за помош на возачот
се конструирани да го
поддржуваат возачот, а не да го заменат вниманието на возачот.
Возачот целосно ја задржува
контролата над возилото и ја
презема целосната одговорност кога го вози возилото.
Кога ги користите системите за
помош на возачот, секогаш
внимавајте на тековната
ситуација во сообраќајот и
почитувајте ги важечките
сообраќајни правила.
Контрола на патувањето
Контролата на патувањето може
да зачувува и одржува брзини над
40 км/ч. Дополнително, кај рачен
менувач мора да се избере
најмалку трета брзина, а на
автоматски менувач положба D
или мора да се избере втората или
повисока брзина во положба M.
Може да дојде до отстапувања од
снимените брзини кога се вози по
угорници или удолнини.
Системот ја одржува брзината на
возилото на брзината определена
од возачот без притискање на
педалата за гас.
Претходно поставената брзина
може да се надмине привремено со
притискање на педалата за гас.
Статусот и претходно поставената
брзина се прикажуваат во
Информативниот центар за
возачот.
Не ја користете контролата на
патувањето ако не е препорачливо да се задржува постајана брзина.Вклучување
Притиснете m на воланот:
симболите m и Pause се
покажуваат во Информативниот
центар за возачот. Системот сè
уште не е активен.
Page 166 of 275
164Возење и ракувањеАктивирањеПоставување на брзината од
возачот
Забрзајте до саканата брзина и
притиснете го прекинувачот еднаш
кратко до RES/+ или SET/- .
Моменталната брзина се снима и
одржува. Педалот за гас може да
се отпушти.
Претходно поставената брзина
потоа може да се промени со
притискање на прекинувачот на
RES/+ за зголемување или на
SET/- за намалување на брзината.
Краткото притискање ја променува
поставената брзина во мали
чекори, а долгото притискање во
големи чекори.
Вредноста на брзината е наведена
во Информативниот центар за
возачот.
Прифаќање на брзината од
помошникот за сообраќајни знаци
Интелигентното приспособување
на брзината го информира возачот
кога помошникот за сообраќајни
знаци ќе открие ограничување на
брзината. Ако контролата на
патувањето е активна,
препознатото ограничување на
брзината ќе се прикаже во
Информативниот центар за
возачот и ќе светне „MEM“.
Притиснете MEM на воланот за да
побарате зачувување на
предложената брзина.
Притиснете MEM на воланот уште
еднаш за да ја потврдите и
зачувате новата поставка за
брзината.
Оваа брзина е новата вредност за
контролата на патувањето.
Оваа функција може да се
деактивира или активира во
изборникот за приспособување на
возилото кон индивидуалните
потреби, 3 108.
Page 167 of 275
Возење и ракување165Надминување на поставената
брзина
Брзината на возилото може да сезголеми со нагазување на педалот
за гас. Кога ќе се отпушти педалот
за гас, се продолжува со претходно зачуваната брзина.
Деактивирање Притиснете Ñ: контролата на
патувањето е во режим на пауза и се покажува Pause. Возилото се
вози без контрола на патувањето.
Контролата на патувањето е
деактивирана, но не е исклучена.
Последната зачувана брзина се меморира за повторно враќање на
брзината подоцна.
Контролата на патувањето се
деактивира автоматски во
следниве случаи:
● Педалата на сопирачките е притисната.
● Куплунгот е притиснат.
● Брзината на возилото е под 40 км/ч.● Работи системот за контрола на пролизгувањето или
електронската контрола за стабилност.
● Рачката на менувачот е заглавена во N.
Продолжување со снимената
брзина
Притиснете го прекинувачот RES/+ или Ñ при брзина поголема
од 40 км/ч. Снимената брзина ќе се постигне.
Исклучување
Притиснете m и режимот за
контрола на патувањето ќе се
исклучи, а во Информативниот
центар за возачот ќе се исклучи и
показателот за контролата на
патувањето.
Со притискање на ß за
активирање на ограничувачот на
брзината се деактивира
контролата на патувањето.
Исклучувањето на палењето ги
откажува сите програмирани
вредности за брзина.Дефект
Во случај на дефект на контролата
на патувањето, брзината се брише и цртичките почнуваат да трепкаат.
Ограничувач на брзината
Ограничувачот на брзината го
спречува возилото да надмине
претходно поставена максимална
брзина.
Максималната брзина може да се
постави при брзини над 30 км/ч.
Возачот може да го забрза
возилото до претходно
поставената брзина. Може да дојде до отстапувања од ограничената
брзина само при возење надолу.
Претходно поставената брзина
може да се надмине привремено со силно притискање на педалата за
гас.
Статусот и претходно поставеното
ограничување на брзината се
прикажуваат во Информативниот центар за возачот.
Page 168 of 275
166Возење и ракувањеВклучување
Притиснете ß, симболите ß и
Pause се покажуваат во
Информативниот центар за
возачот. Системот сè уште не е
активен.
Активирање
Поставување на брзината од
возачот
Кратко притиснете го прекинувачот
еднаш на RES/+ или SET/- .
Потоа, претходно поставената
брзина може да се постави со
притискање на прекинувачот на
RES/+ за зголемување или на
SET/- за намалување на саканата
максимална брзина. Краткото
притискање ја променува
претходно поставената брзина во
мали чекори, а долгото притискање
во големи чекори. Вредноста на
брзината е наведена во
Информативниот центар за
возачот.
Притиснете Ñ за да го активирате
ограничувачот на брзината.
Прифаќање на брзината од
помошникот за сообраќајни знаци
Интелигентното приспособување на брзината го информира возачот
кога помошникот за сообраќајни
знаци ќе открие ограничување на
брзината. Ако ограничувачот на
брзината е активен, препознатото
ограничување на брзината ќе се
прикаже во Информативниот
центар за возачот и ќе светне
„MEM“.
Page 169 of 275
Возење и ракување167
Притиснете MEM на воланот за да
побарате зачувување на
предложената брзина.
Притиснете MEM на воланот уште
еднаш за да ја потврдите и
зачувате новата поставка за
брзината.
Оваа брзина е новата вредност за
ограничувачот на брзината.
Оваа функција може да се
деактивира или активира во
изборникот за приспособување на
возилото кон индивидуалните
потреби, 3 108.
Надминување на
ограничувањето на брзината
Во итни случаи, можно е да се
надмине ограничувањето на
брзината со „збоднување“. Во овој
случај, претходно поставената
вредност на брзината трепка.
Отпуштете го педалот за гас и
функцијата за ограничување на
брзината одново се активира штом се постигне брзина помала од
ограничувањето.
Деактивирање
Притиснете Ñ: ограничувачот на
брзината е во режим на пауза и се
покажува Pause. Возилото се вози
без ограничување на брзината.
Ограничувачот на брзината е
деактивиран, но не е исклучен.
Последната зачувана брзина се
меморира за повторно враќање на
брзината подоцна.Продолжување на
ограничената брзина
Притиснете Ñ. Ќе се постигне
зачуваното ограничување на
брзината.
Исклучување Притиснете ß и режимот за
ограничувачот на брзината ќе се
исклучи, а во Информативниот
центар за возачот ќе се исклучи и
показателот за ограничувањето на
брзината.
Со притискање на m за активирање
на контролата на патувањето се
деактивира ограничувачот на
брзината.
Претходно поставената брзина
останува во меморијата кога ќе се
исклучи палењето.
Дефект
Во случај на дефект на
ограничувачот на брзината,
брзината се брише и цртичките
почнуваат да трепкаат.
Page 170 of 275
168Возење и ракувањеОграничувачот на брзината може
да не работи правилно ако
сообраќајните значи не се во
согласност со Виенската
конвенција за сообраќајни знаци и
сигнали (Wiener Übereinkommen
über Straßenverkehrszeichen).
Помош за паркирање Општи информации
Кога прицврстувате приколка или
носач за велосипеди на куката за
приколки, помошта за паркирање
се деактивира.9 Предупредување
Возачот носи целосна
одговорност за маневрот за
паркирање.
Секогаш проверувајте наоколу кога одите наназад или напред
и го користите системот за
помош за паркирање.
Задна помош за паркирање
Задната помош за паркирање го
олеснува паркирањето со мерење
на растојанието помеѓу возилото и
пречките назад. Го известува и
предупредува возачот давајќи
акустични сигнали и показатели на
екранот.
Системот работи со
ултрасоничните сензори за
паркирање во задниот браник.
Активирање
Задната помош за паркирање се
активира кога ќе се избере рикверц
и се вклучи палењето.
Системот е подготвен за работа
кога LED-сијаличката во копчето за
помошта за паркирање r OFF не
свети.
Показател
Системот го предупредува возачот со звучни сигнали за потенцијално
опасни пречки зад возилото во
опсег на оддалеченост до 50 см
додека е менувачот е во рикверц.
Зависно која страна на возилото е
поблиску до пречка, од таа страна
ќе слушате предупредувачки
звучни сигнали во возилото.
Периодот помеѓу звуците се
скусува додека возилото
наближува до пречката. Кога е
оддалеченоста помала од околу
30 см, звукот е постојан.