OPEL CROSSLAND X 2019 Сопственички прирачник
Page 201 of 297
Возење и ракување199За повеќе информации,
контактирајте со продавачот или со
квалификуван автомеханичар.Внимание
Користењето кој било друг тип
(био) гориво (растителни или
животински масла, чисти или
разредени, домашно гориво и
др.) е строго забрането (постои
ризик од оштетување на
моторот и системот за гориво).
Забелешка
Единствените адитиви за дизел
кои се дозволени за употреба се
оние кои ги исполнуваат
стандардот B715001.
Работа при ниски температури
При температури под 0 °C, некои
дизел производи со мешавини од
биодизел може да се затнат, да
замрзнат или да се претворат во
гел, што може да влијае врз
системот за довод на гориво.
Палењето и работата на моторот
може да не функционираат
правилно. Не заборавајте да
дополнувате дизел-гориво со
зимска вредност при температура
на околината под 0 °C.
Дизел гориво со арктички степен
може да се користи при екстремно
ниски температури под -20 °C. Не
се препорачува користење на
гориво од ваков степен во жешки
или топли клими и може да
предизвика заглавување на
моторот, лошо палење или
оштетување на системот за
вбризгување гориво.
Гориво за работа на течен
гас
Течниот гас е познат како LPG
(Liquefied Petroleum Gas - течен
нафтен гас - ТНГ) или по
француското име GPL (Gaz de
Pétrole Liquéfié). LPG е познат и
како автоплин.
ТНГ се состои главно од пропан и
бутан. Октанскиот број е меѓу 105 и 115, во зависност од делот бутан.
LPG се чува течен на притисок од
околу 5-10 бари.
Точката на вриење зависи од
притисокот и соодносот на
мешавината. На атмосферски
притисок, таа е меѓу -42 °C (чист
пропан) и -0,5 °C (чист бутан).Внимание
Системот работи на околна
температура од околу -8 °C до
100 °C.
Целосното функционирање на
системот за LPG може да се
гарантира само со течен гас што ги
задоволува минималните барања
на DIN EN 589.
Селектор на гориво 3 92.
Page 202 of 297
200Возење и ракувањеПолнење гориво9Опасност
Пред да полните гориво,
исклучете ги палењето и сите
надворешни грејачи со комори за согорување.
Следете ги упатствата за
ракување и безбедноста на
бензинската пумпа кога полните
гориво.
9 Опасност
Горивото е запаливо и
експлозивно. Пушењето е
забрането! Забранети се гол
пламен и искри.
Ако намирисате гориво во Вашето возило, нека Ви ја
отстрани причината на тоа
автомеханичар веднаш.
На етикетата со симболи на
вратничката за полнење гориво се
прикажани дозволените типови
гориво. Цевките на пумпите на
бензинските станици во Европа се
означени со овие симболи.
Полнете само гориво од дозволен
тип.
Внимание
Во случај на погрешно ставено
гориво, не вклучувајте го
палењето.
Вратичката на резервоарот за
гориво се наоѓа од задната лева
страна на возилото.
Вратичката на резервоарот за
гориво може да се отвори само ако возилото е отклучено. Ослободете
ја вратичката на резервоарот со притискање на истата.
Полнење со бензин и дизел За да отворите, полека свртете го
капачето налево.
Page 203 of 297
Возење и ракување201
Капачето за полнење гориво може
да се закачи за куката на
вратичката на резервоарот.
Поставете ја млазницата во
исправена положба во однос на грлото за полнење и притиснете
малку за да влезе.
За да наполните гориво, вклучете
ја цевката на пумпата.
По автоматското исклучување,
резервоарот може да се дополни
целосно со вклучување на цевката
на пумпата уште најмногу двапати.
Внимание
Веднаш избришете го горивото
што претекло.
За да го затворите, свртете го
капачето за полнење гориво
надесно.
Затворете ја вратичката и оставете
да се заглави.
Полнење со течен гас
Следете ги упатствата за ракување и безбедноста на бензинската
пумпа кога полните гориво.
Адаптер за полнење
Бидејќи системите за полнење не
се стандардизирани, потребни се
различни адаптери кои се достапни кај дистрибутерите на Opel и кај
овластените партнери на Opel.
Адаптер ACME: Белгија,
Германија, Ирска, Луксембург,
Швајцарија
Page 204 of 297
202Возење и ракувањеDISH адаптер: Босна и
Херцеговина, Бугарија, Данска,
Естонија, Франција, Грција,
Италија, Хрватска, Летонија,
Литванија, Македонија, Австрија,
Полска, Португалија, Романија, Шведска, Швајцарија, Србија,
Словачка, Словенија, Чешка,
Турција, Украина, Унгарија
Адаптер бајонет: Холандија,
норвешка, Шпанија, Велика
Британија
ЕУРО адаптер: Шпанија
Вентилот за полнење течен гас е
зад капачето на резервоарот за
гориво.
Извадете го капачето од грлото за
полнење.
Навртете го потребниот адаптер
цврсто со рака на грлото за
полнење.
Адаптер ACME: Завртете ја
навртката на цревото за полнење
на адаптерот. Активирајте ја
рачката за заклучување на цревото за полнење гориво.
DISH адаптер: Ставете го цревото
за полнење во адаптерот.
Активирајте ја рачката за
заклучување на цревото за
полнење гориво.
Адаптер бајонет: ставете го
цревото за полнење гориво и
свртете го за една четвртина од
кругот. Активирајте ја рачката за
заклучување на цревото за
полнење гориво.
ЕУРО адаптер: притиснете го
цревото за полнење на адаптерот. Активирајте ја рачката за
заклучување на цревото за
полнење гориво.
Page 205 of 297
Возење и ракување203Притиснете го копчето на пумпата
за течен гас. Системот за полнење
сопира или почнува да работи
полека кога ќе се дојде до 80% од зафатнината на резервоарот
(максимално ниво за полнење).
Ослободете го копчето на
системот за полнење да се запре
процесот на полнење. Отпуштете
ја рачката за блокирање и извадете го цревото за полнење. Може да се
испушти мало количество течен
гас.
Извадете го адаптерот и одложете
го во возилото.
Ставете го заштитното капаче за
да спречите влегување туѓи тела
во отворот за полнење и во
системот.9 Предупредување
Поради конструкцијата на
системот, неизбежно е
испуштање течен гас по
отпуштањето на рачката за
блокирање. Не вдишувајте.
9 Предупредување
Резервоарот за течен гас може
да се наполни само 80% заради безбедносни причини.
Мултивентилот на резервоарот за
течен гас автоматски го ограничува
количеството за полнење. Ако се
додаде поголемо количество,
препорачуваме возилото да не се
изложува на сонце додека не се
искористи вишокот.
12 минути по исклучувањето на
палењето, системот за полнење
гориво се исклучува. За да го
престартувате, вклучете го, па
исклучете го палењето.
Капаче на резервоарот за
гориво
Користете само оригинални
капачиња за полнење гориво.
Возилата со мотори на дизел
имаат специјални капачиња на
резервоарот.
Кука за приколки
Општи информацииФабрично монтираната влечнаопрема е преклопена под натписот
на задниот браник.
Доверете му го отпослежното
монтирање на опремата за
влечење на автомеханичар. Може
да биде потребно да се извршат
измени кои делуваат врз системот
за ладење, топлоотпорните
обвивки или друга опрема.
Употребувајте само таква опрема
за влечење која е одобрена за
Вашето возило.
За да се избегне оштетување на
возилото, со електричната задна
врата не може да се ракува со
далечинскиот управувач кога е
приклучена приколка електрично.
Функцијата за откривање
откажување на сијаличките за
светлото на сопирачките на
приколката не може да открие
делумно откажување на
сијаличките, на пример, во случај
на четири сијалички со моќност од
Page 206 of 297
204Возење и ракување5 W, открива откажување на
сијаличките само кога останала само една или ниту една сијаличка
од 5 W.
Приколките опремени со LED-
светла не се соодветни за склопот
на кабли на оваа кука за приколки.
Монтирањето на опрема за
влечење може да го прекрие
отворот на алката за влечење. Ако
е така, за влечење користете ја
влечната кука.
Возни карактеристики,совети за влечење
Пред да закачите приколка,
подмачкајте ја влечната топка со
мазиво. Меѓутоа, не го правите тоа ако за намалување на кривулести
движења се употребува
стабилизатор, којшто делува врз
влечната топка.
При влечење приколка не ја
надминувајте брзината од 80 км/ч.
Максималната брзина од 100 км/ч е
соодветна само ако се користи
амортизер за осцилациите и
дозволената бруто тежина наприколката не ја надминува
тежината на возилото при
сопирање.
За приколки со ниска стабилност
при возење и караван-приколки, се препорачува користење на
амортизер за осцилации.
Ако приколката почне да се извива,
возете пополека, не обидувајте се
да го исправите управувањето и
сопирајте нагло ако е потребно.
Кога возите по удолнина, возете во
иста брзина како да возевте по
угорница и возете со слична
брзина на возилото.
Дотерајте го притисокот во гумите
до вредноста определена за полна натовареност 3 272.
Влечење на приколка Товарење на приколката
Дозволената оптовареност на
приколките се максималните
вредности кои зависат од возилото
и од моторот и не смеат да се
пречекоруваат. Фактичната
оптовареност на приколката еразликата помеѓу бруто тежината
на приколката и актуелната
оптовареност на влечната спојка
кога е приклучена приколката.
Дозволената оптовареност за
товарот на приколките е
определена во документите на
возилото. Воопшто, тие важат за
стрмнини до 12%.
Дозволениот товар во приколката се однесува на одредената
стрмнина и на надморската
височина. Бидејќи моќноста на
моторот се намалува со
зголемување на надморската
височина поради разретчување на
воздухот, со што се намалува и
способноста за искачување, и
дозволената тежина за влечење се
намалува за 10% на секои
1000 метри надморска височина.
Бруто влечната тежина не мора да
се намалува кога се вози по
патишта со мала стрмнина (помала од 8%, на пр. магистрални
патишта).
Page 207 of 297
Возење и ракување205Не смее да се пречекори
дозволената бруто тежина на
оските. Оваа тежина е забележана
на идентификациската табличка
3 261.
Вертикална оптовареност на
влечната спојка
Вертикалната оптовареност на
влечната спојка е оптовареноста
со којашто приколката ја
оптоварува влечната кука. Може да
се менува со менување на
распоредот на тежината кога се
товари приколката.
Максималната дозволена
вертикална оптовареност на
влечната спојка од (50 кг) е
наведена на идентификациската
табличка на влечната опрема и во
документите на возилото. Секогаш
трудете се за максималната
оптовареност, особено во случај на
тешки приколки. Вертикалната
оптовареност на влечната спојка
никогаш не смее да падне под 25 кг.Натоварување на задната оска
Кога е прикачена приколка, а
влечното возило е целосно
натоварено, дозволената
оптовареност на задната оска
(видете ја идентификациската
табличка или документите на
возилото) може да се надмине за
60 кг, а вредноста за бруто тежина
на возилото не смее да се надмине.
Ако се надмине дозволената
оптовареност на задната оска,
максималната брзина е 100 км/ч.
Опрема за влечењеВнимание
При работење без приколкаизвадете ја влечната кука со
топка.
Чување на влечната кука
Торбата со влечната кука е
поставена на капакот од подот во
задниот дел од товарниот простор.
Поставете го ременот низ задната
десна алката за врзување,
завиткајте го околу неа двапати и
затегнете го ременот за да се
прицврсти торбата.
Page 208 of 297
206Возење и ракувањеМонтирање на топчестата
влечна кука
Свртете го приклучокот за
поврзување надолу. Извадете го
заптивниот клин од дупката за
влечната кука и складирајте го.
Проверка на затегнатоста на
влечната кука
● Црвената ознака на вртливото копче посочува кон зелената
ознака на влечната кука.
● Меѓупросторот помеѓу вртливото копче и влечнатакука мора да биде околу 6 мм.
● Клучот треба да биде во положбата c.
Инаку влечната кука треба да се
затегне пред да се вметне:
● Отклучете ја влечната кука со вртење на клучот во
положбата c.
● Извлечете го вртливото копче
и свртете го во правец на
стрелките на часовникот колку
што може.
Page 209 of 297
Возење и ракување207Вметнување на влечната кука
Вметнете ја затегнатата шипка на
влечната кука во отворот и турнете
ја цврсто угоре додека не се
заглави чујно.
Вртливата рачка скокнува назад во
основната положба, потпирајќи се
на влечната кука без расцеп.
9 Предупредување
Не ја допирајте вртливата рачка
за време на вметнувањето.
Заклучете ја влечната кука со
вртење на клучот во положбата e.
Извадете го клучот и затворете го
заштитното капаче.
Алка за кабелот за приврзување
Закачете го кабелот кој спречува
да се откачи приколката, за алката.
Проверете дали влечната кука е
правилно инсталирана
● Зелената ознака на вртливото копче мора да посочува кон
зелената ознака на влечната
кука.
● Не смее да има расцеп помеѓу вртливата рачка и шипката на
влечната кука.
● Влечната кука треба цврсто да
се заглави во отворот.
● Влечната кука треба да се заклучи и клучот да се извади.9Предупредување
Влечењето на приколка е
дозволена само ако влечната
кука е монтирана правилно. Ако влечната кука не е заглавена
правилно, побарајте помош од
автомехануичар.
Page 210 of 297
208Возење и ракувањеДемонтирање на топчестата
влечна кука
Отворете ја заштитната вратичка и свртете го клучот во положбата c
за да се отклучи влечната кука.
Извлечете ја вртливата рачка и
свртете ја во правец на стрелките
на часовникот колку што може.
Извлечете ја шипката на влечната
кука удолу.
Вметнете го заптивниот клин во
отворот.
Свртете го приклучокот за
поврзување нагоре.
Ставете ја влечната кука во
торбата и заклучете ја со
прицврстување на ременот низ
задната десна алка за врзување.
Завиткајте ја околу неа двапати и
затегнете го ременот за да се
прицврсти торбата.