OPEL INSIGNIA 2015.5 Сопственички прирачник

Page 201 of 371

Возење и ракување199
■ Точките на менувањето набрзини на автоматскиот менувач
се случуваат подоцна.
■ Зависно од групата инструменти,
бојата на екранот ќе се
прилагоди.
Режим TOUR
Поставките на системите се
приспособуваат кон удобен стил на
возењето:
■ Придушувањето на амортизерите реагира помеко.
■ Педалот за гас реагира со стандардни поставки.
■ Помошта за управувањето е во стандардниот режим.
■ Вртежниот момент на Погонот на
сите тркала се пренесува главно
кон предната оска.
■ Точките на менувањето на брзини на автоматскиот менувач
се одвиваат во режим за
удобност.
Нормален режим
Сите поставки на системите се
приспособени кон стандардните
вредности.
Контрола на режимот за возење
Во секој рачно избран режим за
возење SPORT, TOUR или
NORMAL, Контролата на режимот
за возење (DMC) ги открива и
анализира непрекинато
вистинските карактеристики на
возењето, реакциите на возачот и
активната динамична состојба на
возилото. Ако е потребно,
контролната единица на DMC
автоматски ги менува поставките
во рамките на избраниот режим за
возење или кога ќе препознаепоголеми вариации, режимот за
возење се менува за време на
варијациите.
Ако, на пример режимот NORMAL
е избран и DMC открие спортско
однесување при возењето, DMC
менува повеќе поставки од
Нормалниот режим на спортски
поставки. DMC се префрлува на
режимот SPORT во случај на многу
спортско однесување при
возењето.
Ако е, на пример, избран режимот
TOUR и додека се вози по
серпентини е потребно да се сопре нагло и јако, DMC ќе ја открие
динамичната состојба на возилото
и ќе ги смени поставките за
амортизација во режим SPORT за
да се зголеми стабилноста на
возилото.
Кога карактеристиките на
возењето или динамичната
состојба на возилото се враќаат во
поранешната состојба, DMC ќе ги
смени поставките во претходно
избраниот режим за возење.

Page 202 of 371

200Возење и ракување
Поставки приспособени кон
индивидуалните потреби во
режимот СПОРТ
Возачот може да ги избере
функциите на режимот SPORT кога
е притиснато SPORT.
Изберете ги соодветните поставки
во Settings ( Поставки) , I Sport Mode
( Спортски режим) на инфо-екранот
во боја.
Информативен екран во боја
3 129.
Приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 134.
Флексибилно возење -
верзија OPC
Верзијата OPC на системот за
флексибилно возење функционира исто како и стандардниот систем
на флексибилно возење, со таа
разлика што режимите имаат
поспортски карактеристики.
OPC Flex Ride системот за возење
му овозможува на возачот да
избере помеѓу три режими за
возење:
■ Режим OPC: притиснете OPC,
сијаличката свети.
■ Режим SPORT: притиснете SPORT , сијаличката свети.
■ Режим NORMAL : не е притиснато
SPORT или OPC, ниедна
сијаличка не свети.
Деактивирајте ги режимот SPORT
и режимот OPC со притиснување
на соодветното копче уште еднаш.
Во секој режим за возење
OPC Flex Ride ги сврзува следните
електронски системи во мрежа:
■ Постојана контрола на амортизацијата
■ Контрола на педалот за гас
■ Контрола на управувањето со воланот
■ Погон на сите тркала
■ Електронска контрола на стабилноста (ESC)
■ Систем за деблокирање на сопирачките (ABS) со контрола
на сопирачките на свиоци (CBC)
■ Автоматски менувач
Режим OPC
Карактеристиките на динамиката на возење се приспособуваат кон
поставките за високи
перформанси.
Зависно од групата инструменти,
бојата на екранот ќе се прилагоди.

Page 203 of 371

Возење и ракување201
Режим SPORT
Поставките на системите се
приспособуваат кон поспортски стил на возењето.
Нормален режим
Во режимот NORMAL, кога не е притиснато SPORT или OPC, сите
поставки на системите се
приспособени кон стандардните вредности.
Поставки приспособени кон
индивидуалните потреби во
режимот OPC
Возачот може да ги избере
функциите на режимот OPC кога е
притиснато OPC.
Изберете ги соодветните поставки
во Settings ( Поставки) , I Sport Mode
( Спортски режим) на инфо-екранот
во боја.
Информативен екран во боја
3 129.
Приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 134.Системи за помош на
возачот9 Предупредување
Системите за помош на возачот
се конструирани да го
поддржуваат возачот, а не да го заменат вниманието на возачот.
Возачот има целосна
одговорност кога го вози
возилото.
Кога се користат системите за
помош за возачот, секогаш
внимавајте на моменталната
сообраќајна ситуација.
Контрола на патувањето
Контролата на патувањето може
да сними и одржува брзини од
околу 30 до 200 км/ч. Може да дојде до отстапувања од снимените
брзини кога се вози по угорници
или удолнини.
Од безбедносни причини,
контролата на патувањето не може да се активира додека ножната
сопирачка не се притисне барем
еднаш. Активирањето во прва
брзина не е возможно.
Не ја користите контролата на
патувањето ако не е препорачливо да се одржи постајана брзина.
Со автоматскиот менувач,
контролата на патувањето
активирајте ја само во автоматски
режим.
Контролна сијаличка m 3 120.

Page 204 of 371

202Возење и ракување
Вклучување
Притиснете m; контролната
сијаличка m во групата
инструменти свети бело.
Активирање
Забрзајте се до саканата брзина и
свртете го малото тркалце на
SET/- : актуелната брзина се
зачувува и одржува. Контролната
сијаличка m во групата
инструменти свети зелено.
Одредената брзина е прикажана
на екранот од средно или горно
ниво до симболот m. Педалот за
гас може да се отпушти.
Брзината на возилото може да се зголеми со нагазување на
педалата за гас. Кога ќе се отпушти педалот за гас, се продолжува со
претходно зачуваната брзина.
Контролата на патувањето
останува активирана при промена
на брзината.
Зголемување на брзината При активна контрола на
патувањето, држете го малото
тркалце свртено на RES/+ или
вртете го накратко на RES/+ повеќе
пати: брзината се зголемува
продолжително или во мали
чекори.
Како алтернатива забрзете се до
саканата брзина и снимете ја со
вртење на SET/-.
Намалување на брзината При активна контрола на
патувањето, држете го малото
тркалце свртено на SET/- или
вртете го накратко на SET/- повеќе
пати:брзината се намалува
продолжително или во мали
чекори.
Деактивирање Притиснете y; контролната
сијаличка m во групата
инструменти свети бело.Контролата на патувањето се
деактивира. Последната зачувана
брзина се меморира за повторно
враќање на брзината подоцна.
Автоматско деактивирање: ■ Брзината на возилото е под околу 30 км/ч.
■ Брзината на возилото е над околу 200 км/ч.
■ Педалата на сопирачките е притисната.
■ Педалата на куплунгот е притисната неколку секунди.
■ Рачката на менувачот е заглавена во N.
■ Брзината на моторот е многу мала.
■ Работи системот за контрола на пролизгувањето или
електронската контрола за
стабилност.
■ Известувањето за преден судир е активирано.

Page 205 of 371

Возење и ракување203
Продолжување со снимената
брзина Свртете го малото тркалце на
RES/+ при брзини над 30 км/ч.
Снимената брзина ќе се постигне.
ИсклучувањеПритиснете m; контролната
сијаличка m во групата
инструменти се гаси. Зачуваната
брзина се брише.
Со притискање на L за активирање
на ограничувачот на брзината или
исклучување на палењето се
исклучува и контролата на
патувањето и се брише зачуваната брзина.
Ограничувач на
брзината
Ограничувачот на брзината го спречува возилото да надмине
претходно поставена максимална
брзина.
Максималната брзина може да се
постави при брзини над 25 км/ч.Возачот може да забрза само до
претходно поставената брзина.
Може да дојде до отстапувања од
ограничената брзина само при
возење надолу.
Претходно поставеното
ограничување за брзината се
прикажува на Информативниот
центар за возачот кога е активен
системот.
Активирање
Притиснете L. Контролната
сијаличка L во групата
инструменти свети бело. Ако
претходно се активирани
контролата на патувањето или приспособливата контрола на
патувањето, се исклучуваат кога ќе
се активира ограничувањето на
брзината и контролната сијаличка
m се гаси.
Поставување на
ограничување на брзината Со активен ограничувач на
брзината, држете го тркалцето
свртено на RES/+ или кратко
вртете го на RES/+ неколкупати
додека не се прикаже саканата
максимална брзина на
Информативниот центар за
возачот.
Или, забрзајте до саканата брзина и свртете го тркалцето накратко на
SET/- : моменталната брзина се
зачувува како максимална брзина.
Ограничувањето на брзината се
прикажува во Информативниот
центар за возачот.

Page 206 of 371

204Возење и ракување
Контролната сијаличка L во
групата инструменти свети зелено.
Ако возилото е опремено со екран
од горно ниво и е избран
спортскиот режим 3 121, скалата
на брзиномерот покажува само до одреденото ограничување на
брзината. Ако поставката на
ограничувањето на брзината е
означено со зелена точка, се
менува во бела кога системот е
активен, но не е вклучен.
Менување на
ограничувањето на брзината
Со активен ограничувач за
брзината, свртете го тркалцето на RES/+ за да ја зголемите или на
SET/- за да ја намалите саканата
максимална брзина.
Надминување на
ограничувањето на брзината
Во итен случај, можно е да се
пречекори ограничувањето на
брзината со цврсто притискање на
педалата за гас преку отпорната
точка.
Ограничувањето за брзината ќе
трепне на Информативниот центар за возачот и се огласува мелодија
за ова време.
Отпуштете го педалот за гас и
функцијата за ограничување на
брзината одново се активира штом
се постигне брзина помала од
ограничувањето.
Деактивирање
Притиснете y: ограничувачот на
брзината се деактивира и возилото може да се вози без ограничување на брзината.
Ограничената брзина се зачувува и
на Информативниот центар за
возачот се појавува соодветна
порака.Продолжување на
ограничената брзина
Свртете го тркалцето на RES/+. Ќе
се постигне зачуваното
ограничување на брзината.
Исклучување Притиснете L, показателот за
ограничувањето на брзината во
Информативниот центар за
возачот се гаси. Зачуваната
брзина се брише.
Со притискање на m за да се
активира контролата на
патувањето или приспособливата
контрола на патувањето или со
гасење на палењето, се
деактивира и ограничувачот на
брзината и зачуваната брзина се
брише.
Приспособлива контрола
на патувањето Приспособливата контрола на
патувањето (ACC) претставува
подобрување на традиционалната
контрола на патувањето со

Page 207 of 371

Возење и ракување205
дополнителна карактеристика на
одржување одредена
оддалеченост зад возилата
напред.
Приспособливата контрола на
патувањето го забавува возилото кога се приближува кон возило што се движи побавно. Потоа ја
приспособува брзината на
возилото да го следи возилото
напред со избраната оддалеченост
за следење. Брзината на возилото
се зголемува или намалува за да го
следи возилото напред, но нема да ја надмине поставената брзина.
Може да примени ограничено
сопирање со активирани светла за
сопирачките.
Приспособливата контрола на
патување може да зачува и
одржува брзини поголеми од околу
25 км/ч. Ако следите возило што
пред вас вози побавно од 25 км/ч,
ќе се постави помалата брзина. Кај возилата со автоматски менувач,
системот сопира до застанување.
Приспособливата контрола на
патувањето користи радарски
сензор за да открива возила
напред. Ако не се открие возило на патеката на возење,
приспособливата контрола на
патувањето ќе се однесува како
традиционалната контрола на
патувањето.
Поради безбедносни причини,
системот не може да се активира
пред да се притисне педалата за сопирачките или педалата за
квачилото еднаш по вклучување на
палењето.
Се препорачува приспособливата контрола на патувањето да се
користи главно на долги прави
патишта како автопати или
регионални патишта со постојан
сообраќај. Не користете го
системот ако не е препорачливо да
се одржува постојана брзина.
Контролна сијаличка A 3 120, m
3 120, C 3 120.9 Предупредување
Секогаш е потребно целосно
внимание на возачот додека се
вози со приспособливата
контрола на патувањето.
Возачот има целосна контрола
врз возилото бидејќи педалата
на сопирачките, педалата на
гасот и прекинувачот за
откажување се поприоритетни
од кое било работење на
приспособливата контрола на
патувањето.

Page 208 of 371

206Возење и ракување
Вклучување
Притиснете C за да ја вклучите
приспособливата контрола на
патувањето. Контролната
сијаличка m или C во групата
инструменти свети бело.
Активирање со одредување на брзината Приспособливата контрола на
патувањето може да се активира
помеѓу 25 км/ч и 180 км/ч.
Забрзете се до саканата брзина и
свртете го малото тркалце на
SET/- , актуелната брзина се
зачувува и одржува. Контролната
сијаличка m или C во групата
инструменти свети зелено.
Симболот за приспособлива
контрола на патувањето,
поставката за растојанието
однапред и одредената брзина се
прикажани на Информативниот
центар за возачот.
Педалата за гас може да се
отпушти. Приспособливата
контрола на патувањето останува активирана при промена на
брзината.
Надминување на поставената брзина Секогаш е можно да се вози побрзо
од избраната поставена брзина со
притискање на педалата на гасот.
Кога ќе се отпушти педалата на
гасот, возилото се враќа на
саканото растојание ако напред
има побавно возило. Инаку, се
враќа на зачуваната брзина.
Штом ќе се активира системот,
приспособливата контрола на
патувањето забавува или сопира
ако открие возило напред што е
побавно или поблиску од саканото
растојание за следење.9 Предупредување
Забрзување од страна на
возачот го исклучува
автоматското сопирање од
системот. На тоа укажува
појавно предупредување на
Информативниот центар за
возачот.
Зголемување на брзината
Со активна приспособлива
контрола на патувањето, држете го
тркалцето свртено на RES/+:
брзината се зголемува постојано во големи чекори, или активирајте
го неколкупати RES/+: брзината се зголемува во мали чекори.

Page 209 of 371

Возење и ракување207
Ако возилото се вози со активна
приспособлива контрола на
патувањето многу побрзо од
саканата брзина, на пр., по
притискање на педалата на гасот,
моменталнатата брзина може да
се зачува и одржува со вртење на
тркалцето на SET/-.
Намалување на брзината Со активна приспособлива
контрола на патувањето, држете го
тркалцето свртено на SЕТ/-:
брзината се намалува постојано во
големи чекори, или активирајте го
неколкупати SЕТ/-: брзината се
зголемува во мали чекори.
Ако возилото се вози со активна
приспособлива контрола на
патувањето многу побавно од
саканата брзина, на пр., поради
побавно возило напред,
моменталнатата брзина може да
се зачува и одржува со вртење на
тркалцето на SET/-.Продолжување со снимената
брзина Ако системот е вклучен, но
неактивен, свртете го тркалцето на RES/+ при брзина поголема од
25 км/ч за да продолжите со
зачуваната брзина.
Приспособлива контрола на
патувањето за целосен опсег на брзината кај возила со
автоматски менувач
Приспособливата контрола на
патувањето за целосен опсег на
брзината ќе одржува растојание на следење зад откриено возило и ќе
го забави вашето возило до
застанување зад тоа возило.
Кога возилото напред заминува во
рок од две минути, свртете го
тркалцето на RES/+ или
притиснете ја педалата за гас до
брзина од 10 км/ч за да продолжи
приспособливата контрола на
патувањето за целосен опсег на
брзината.Ако запреното возило напред
почне да се движи нанапред и
приспособливата контрола на
патувањето за целосен опсег на
брзината не продолжува, зелената
запалена контролна сијаличка за
возило напред A ќе трепка и ќе се
огласи предупредувачка мелодија
како потсетник дека возилото
напред се оддалечува.
Кога возилото напред ќе запре
повеќе од две минути,
електричната сопирачка за
паркирање ќе се активира
автоматски и приспособливата контрола на патувањето за
целосен опсег на брзината е
исклучена. Во тој случај, возете нормално со притискање на
педалата за гас. Свртете го
тркалцето на RES/+ при брзина над
10 км/ч за да продолжи
приспособливата контрола на
патувањето за целосен опсег на
брзината.

Page 210 of 371

208Возење и ракување9Предупредување
Кога приспособливата контрола
на патувањето со целосен опсегна брзината е деактивирана,
возилото нема повеќе да биде запрено и може да започне дасе движи. Бидете секогаш
подготвени за рачно
вклучување на сопирачката за
да го задржите возилото
неподвижно.
Не напуштајте го возилото
додека е запрено со
приспособливата контрола на
патувањето со целосен опсег на брзината. Секогаш ставајте ја
рачката на менувачот во
позиција за паркирање Р и
исклучете го палењето пред
напуштање на возилото.
Поставување на растојанието
напред
Кога приспособливата контрола на
патувањето ќе открие побавно
возило на возната патека, ќе ја
приспособи брзината на возилото
за да го одржи растојанието напред
избрано од возачот.
Растојанието напред може да се
постави на блиску, средно или
далеку.
Притиснете E, моменталната
поставка се прикажува на
Информативниот центар за
возачот. Притиснете го E
повторно за да ја смените
оддалеченоста за следење.
Поставката е прикажана и на
Информативниот центар за
возачот.
Избраното растојание напред е
прикажано со наполнети ленти за растојание на страницата на
приспособливата контрола на
патувањето.
Имајте предвид дека поставката за
растојание напред е иста како и
поставката за чувствителноста на
предупредувањето за преден
судир 3 213.
Пример: Ако е избрана
поставката 3 (далеку), возачот се предупредува поскоро пред
можниот судир ако

Page:   < prev 1-10 ... 161-170 171-180 181-190 191-200 201-210 211-220 221-230 231-240 241-250 ... 380 next >