OPEL INSIGNIA 2015.5 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2015.5, Model line: INSIGNIA, Model: OPEL INSIGNIA 2015.5Pages: 371, PDF Size: 9.21 MB
Page 211 of 371

Возење и ракување209
приспособливата контрола на
патувањето е неактивна или
исклучена.9 Предупредување
Возачот прифаќа целосна
одговорност за соодветно
растојание напред врз основа
на сообраќајните, временските
и условите на видливоста.
Оддалеченоста за следење
треба да се прилагоди или
системот треба да се исклучи кога бараат условите.
Откривање на возило напред
Зелената осветлена контролна
сијаличка A за возило напред се
прикажува кога системот ќе открие
возило на патеката за возење.
Предупредување за преден судир
3 213.
Доколку овој симбол не се прикаже,
или доколку накратко се прикаже, приспособливата контрола на
патувањето нема да реагира на
возилата напред.
Деактивирање
Возачот ја деактивира
приспособливата контрола на
патувањето кога:
■ Ќе се притисне y.
■ Ќе се притисне педалата за сопирачките.
■ Педалата на куплунгот е притисната подолго од
четири секунди.
■ Рачката на менувачот на автоматскиот менувач е ставена
во N.
Системот се деактивира
автоматски и кога:
■ Брзината на возилото се зголемува над 190 км/ч или се
намалува под 15 км/ч (кај возила
со автоматски менувач сенамалува до запирање без
деактивирање во рок од
две минути).
■ Работи системот за контрола на превртувањето.
■ Работи електронската контрола на стабилноста.
■ Нема сообраќај и не е откриено ништо од страните на патот
неколку минути. Во тој случај,
нема радарско ехо и сензорот
може да извести дека е
блокиран.
■ Системот за моменталното сопирање при судир ги активира
сопирачките.
■ Радарскиот сензор е блокиран од
мраз или слој вода.
■ Откриен е дефект на радарот, моторот или системот на
сопирачките.
Освен тоа, системот автоматски се
деактивира кај возилата со
автоматски менувач
(приспособлива контрола на
патувањето за целосен опсег на
брзината) кога:
Page 212 of 371

210Возење и ракување
■ Електричната сопирачка запаркирање е активирана.
■ Возилото е запрено од системот повеќе од две минути.
■ Возилото сопира, безбедносниот
ремен на возачот е одврзан и
возачката врата е отворена.
Кога приспобливата контрола на
патувањето ќе се деактивира
автоматски, контролната сијаличка
m или C свети бело и се појавува
предупредувачки порака во
информативниот центар на
возачот.
Зачуваната брзина се задржува.9 Предупредување
Кога ќе се деактивира
приспособливата контрола на
патувањето, возачот мора да ја
преземе целосната контрола
врз сопирачките и моторот.
Исклучување
Притиснете C за да ја исклучите
приспособливата контрола на
патувањето. Контролната
сијаличка m или C се гаси.
Зачуваната брзина се брише.
Со исклучување на палењето се
исклучува и приспособливата
контрола на патувањето и се
брише зачуваната брзина.
Внимание на возачот ■ Користете ја приспособливата контрола на патувањето
внимателно на свиоци или
планински патишта, бидејќи
може да го изгуби возилото
напред и потребно е време
повторно да го регистрира.
■ Не користете го системот на лизгави патишта бидејќи може да
создаде брзи промени на
припивањето на гумите(пролизгување на тркалата), така
што може да изгубите контрола
врз возилото.
■ Не користете ја приспособливата
контрола на патувањето при
дожд, снег или многу прашина,
бидејќи радарскиот сензор може
да се прекрие со слој вода, земја,
мраз или снег. Тоа ја намалува
или сосема ја онеспособува
видливоста. Во случај на
блокирање на сензорот,
исчистете го капакот на
сензорот.
Ограничувања на системот ■ Автоматската сопирна сила на системот не дозволува наглосопирање и нивото на сопирањеможе да не биде доволно за да се избегне судир.
■ По ненадејно менување лента, на системот му треба одредено
време да го регистрира следното
возило напред. Затоа, ако се
открие ново возило, системот
може да забрза наместо да
сопре.
Page 213 of 371

Возење и ракување211
■ Приспособливата контрола напатувањето го игнорира
сообраќајот од спротивната
страна.
■ Приспособливата контрола на патувањето не сопира за
пешаци, животни, возење со
многу ниска брзина или сопрени
возила.
■ Не користете приспособлива контрола на патувањето когавлечете приколка.
Свиоци
Приспособливата контрола на
патувањето пресметува
предвидена патека врз основа на
центрифугалната сила. Оваа
предвидена патека ги зема
предвид својствата на
моменталниот свиок, но не може да земе предвид и следна промена на
свиокот. Системот може да го
изгуби возилото напред или да
земе предвид возило што не е во
истата лента. Тоа може да се случи
кога се влегува или излегува од
свиок или ако свиокот стане
поостар или поблаг. Ако веќе не
регистрира возило напред,
контролната сијаличка A ќе се
изгасне.
Ако центрифугалната сила е
преголема во свиок, системот го
забавува малку возилото. Тоа ниво
на сопирање не е конструирано да избегне излетување од свиокот.
Возачот е одговорен за
намалување на избраната брзина
пред да влезе во свиок и, општо
земено, да ја приспособи брзината на видот на патот и постојните
ограничувања на брзината.Автопати
На автопати, прилагодете ја
поставената брзина според
ситуацијата и времето. Секогаш земајте предвид дека
приспособливата контрола на
патувањето има ограничен опсег
на видливост, ограничено ниво на
сопирање и одредено време за
реакција за да потврди дали има
возило на возната патека.
Приспособливата контрола на
патувањето можеби нема да може
да го сопре возилото навреме за да
избегне судир со многу побавно
возило или по менување лента.
Тоа е посебно опасно ако возите
брз или видливоста е намалена
поради временските услови.
Кога влегувате или излегувате од
автопат, приспособливата
контрола на патувањето може да го изгуби возилото напред и да
забрза до поставената брзина.
Поради тоа, намалете ја
поставената брзина пред излез или
пред влегување на автопат.
Page 214 of 371

212Возење и ракување
Менување на патеката на возилото
Ако друго возило влезе на вашата
возна патека, приспособливата контрола на патувањето ќе го земе
предвид возилото кога ќе биде
целосно на вашата патека. Бидете
подготвени да реагирате и да ја
притиснете педалата на
сопирачката ако треба да сопрете
побрзо.
Проблеми на нагорнини и со
приколка
Перформансите на системот по
нагорнини зависат од брзината на возилото, натовареноста на
возилото, сообраќајните услови и
степенот на стрмнината. Може да
не открие возило на вашата патека
додека возите по ридови. На
стрмнини, може ќе треба да ја
користите педалата на гасот за да
ја одржувате брзината на
возилото. Кога одите по
надолнини, може ќе треба да
сопирате за да ја одржите или намалите брзината.
Имајте предвид дека со
притискање на сопирачката го
деактивирате системот. Не се
препорачува користење на
приспособливата контрола на
патувањето на стрмнини.Радарска единица
Радарската единица е монтирана
зад решетката на ладилникот под
амблемот на брендот.
9 Предупредување
Радарската единица е
порамнета внимателно за
време на производството.
Затоа, по преден судир, не
користете го веќе системот.
Предниот браник може да
изгледа неоштетен, меѓутоа
сензорот одзади може да е
Page 215 of 371

Возење и ракување213изместен и да реагира
неправилно. По сообраќајка,
посоветувајте се со
автомеханичар за да ви ја
потврди и поправи положбата
на сензорот за
приспособливата контрола на
патувањето.
Поставки
Поставката може да се смени во
изборникот за приспособување на
возилото кон индивидуалните
потреби на инфо-екранот во боја.
Изберете ја соодветната поставка
во Settings (Поставки) , I Vehicle
(Возило) на инфо-екранот во боја.
Информативен екран во боја
3 129.
Приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 134.
Дефект
Ако приспособливата контрола на
патувањето не работи поради
привремени услови (на пр.
блокирање од мраз), или ако има
постојана грешка на системот, се
прикажува порака на
Информативниот центар за
возачот.
Пораки за возилото 3 132.
Предупредување за
преден судир
Предупредувањето за преден
судир може да помогне да се
избегне или намали штетата
предизвикана од предни судири.
Контролната сијаличка A укажува
кога има возило напред.
Ако се приближувате до возило
директно напред премногу бргу, се
огласува предупредувачка
мелодија и се дава
предупредување во
Информативниот центар за
возачот.
Предуслов е да е активирано
предупредувањето за преден
судир во изборникот за
приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 134 или
Page 216 of 371

214Возење и ракување
да не е исклучено со притискање на
V (зависно од системот, видете
подолу).
Зависно од опремата на возилото,
достапни се две варијанти на
предупредувањето за преден
судир:
■ Предупредување за преден
судир врз основа на радарски
систем
кај возилата опремени со
приспособлива контрола на
патувањето 3 204.
■ Предупредување за преден
судир врз основа на предна
камера
кај возилата без контрола на
патувањето или само со
традиционална контрола на
патувањето 3 201.Предупредување за преден
судир врз основа на радарски
систем
Системот го користи радарскиот сензор зад решетката на
ладилникот за да открива возила
директно напред, на вашата
патека, на оддалеченост од
најмногу 150 метри.
Активирање
Предупредувањето за преден
судир работи автоматски при
брзина поголема од брзина на
одење, доколку поставката Auto
Collision Preparation (Автоматска
подготовка за судир) не е
деактивирана во изборникот за
приспособување кон
индивидуалните потреби 3 134.
Избор на чувствителноста на
предупредувањето
Чувствителноста на
известувањата може да се постави на блиску, средно или далеку.
Притиснете E, моменталната
поставка се прикажува на
Информативниот центар за
возачот. Притиснете го E
повторно за да ја смените
чувствителноста на тревожењето.
Поставката е прикажана и на
Информативниот центар за
возачот.
Page 217 of 371

Возење и ракување215
Имајте предвид дека поставката за
чувствителноста на навременоста
на предупредувањето е иста како и поставката за растојание однапред
на приспособливата контрола на
патувањето 3 204. Затоа,
менувањето на чувствителноста на навременоста на
предупредувањето ја менува
поставката за растојание однапред
на приспособливата контрола на
патувањето.
Известување на возачот
Зелена контролна сијаличка за
возило напред A светнува во
групата инструменти кога системот
ќе открие возило на патеката за
возење. Контролната сијаличка A
се менува во жолто кога
растојанието до возило во
движење напред премногу се
намалува, или премногу бргу се приближувате кон друго возило.
Ако е неизбежен судир, симболот
за тревожење за судир се појавува на Информативниот центар за
возачот и се огласува
предупредувачка мелодија.
Притиснете ја педалата на
сопирачката ако тоа го бара
ситуацијата.
Поставки
Поставката може да се смени во
изборникот за приспособување на
возилото кон индивидуалните
потреби на инфо-екранот во боја.
Изберете ја соодветната поставка
во Settings (Поставки) , I Vehicle
(Возило) на инфо-екранот во боја.
Информативен екран во боја
3 129.
Приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 134.
Предупредување за преден
судир врз основа на предна камера
Предупредувањето за преден
судир го користи системот на
предната камера во
шофершајбната за да открива
возило директно напред, на
вашата патека, на оддалеченост
од околу 60 метри.
Активирање
Предупредувањето за преден
судир работи автоматски при
брзини над 40 км/ч, ако не е
исклучено со притискање на V,
видете подолу.
Page 218 of 371

216Возење и ракување
Избор на чувствителноста на
предупредувањето
Чувствителноста на
известувањата може да се постави
на блиску, средно или далеку.
Притиснете V, моменталната
поставка се прикажува на
Информативниот центар за
возачот. Притиснете V повторно
за да ја смените чувствителноста
на тревожењето.
Известување на возачот
Зелена контролна сијаличка за
возило напред A светнува во
групата инструменти кога системот ќе открие возило на патеката за
возење.
Кога растојанието меѓу возилото и
возилото во движење пред него
премногу ќе се намали, или кога
премногу бргу се приближувате кон
друго возило и претстои судар, на Информативниот центар за
возачот се појавува
предупредувачки симбол.
Истовремено се огласува и
предупредувачка мелодија.
Притиснете ја педалата на
сопирачката ако тоа го бара
ситуацијата.
Деактивирање
Системот може да се деактивира.
Притискајте го V повеќепати
додека не се појави Forward
Collision Alert Off (Искл.
предупредување за преден судир)
на Информативниот центар за
возачот.
Page 219 of 371

Возење и ракување217
Општи информации за двете
варијанти на
предупредувањето за преден судир9 Предупредување
Предупредувањето за преден
судир е само систем за
предупредување и не ги
активира сопирачките. Кога се
приближувате кон возило
напред премногу брзо, може да
не ви остави доволно време за
да избегнете судир.
Возачот прифаќа целосна
одговорност за соодветно
растојание напред врз основа
на сообраќајните, временските
и условите на видливоста.
Секогаш е потребно целосно
внимание на возачот при
возењето. Возачот треба да е
постојано подготвен да
дејствува и да ги активира
сопирачките.
Системски ограничувања
Системот е конструиран да
предупредува само за возила, но
може да реагира и на други
метални предмети.
Во следниве случаи,
предупредувањето за преден
судир може да не открие возило
напред или перформансите на
сензорот може да се ограничени:
■ на патишта со многу свиоци
■ кога времето ја ограничува видливоста, на пр. кога има
магла, дожд или снег
■ кога сензорот е блокиран од снег,
мраз, влажен снег, кал,
нечистотија или оштетувања на
шофершајбната
Показател за растојание
однапред
Следниов показател за растојание
однапред ја прикажува
оддалеченоста од возилото во
движење напред. Системот го
користи, зависно од опремата на
возилото, или радарот задрешетката на ладилникот или
предната камера на
шофершајбната за да ја открие
оддалеченоста од возилото
директно напред во вашата патека.
Активно е при брзини поголеми од
40 км/ч.
Кога ќе се открие возило што е
напред, растојанието е прикажано
во секунди, прикажани на страница
на Информативниот центар за
возачот 3 121.
На екранот од основно ниво,
поставете Settings (Поставки)
X со копчето Изборник и
изберете Following distance
indication (Показател на растојание
однапред) со тркалцето за
местење на рачката за трепкачите
3 121.
Page 220 of 371

218Возење и ракување
На екранот од средно или горно
ниво, изберете го изборникот Info
(Информации) и притиснете o за
да изберете Following distance
indication (Показател за растојание
однапред) 3 121.
Минималното покажано растојание е 0,5 секунди.
Ако нема возило напред или
возилото напред е вон опсегот, ќе
бидат прикажани две црти: -.- s.
Ако е активна приспособливата контрола на патувањето, на оваастраница се покажува поставката
за оддалеченост за следење
3 204.
Активно итно сопирање
Активното итно сопирање може да
помогне да се намали штетата од
судири со возила и пречки
директно напред, кога судирот веќе не може да се избегне со рачно
сопирање или со вртење. Пред да
се активира итното сопирање,
возачот добива предупредување
за преден судир 3 213.
Функцијата користи разни информации (на пр., од радарски
сензор, притисокот на
сопирачките, брзината на
возилото) за да ја пресмета
веројатноста за преден судир.
Активното итно сопирање работи
автоматски при брзина поголема
од брзина на одење, доколку
поставката Auto Collision
Preparation (Автоматска
подготовка за судир) не е
деактивирана во изборникот за
приспособување кон
индивидуалните потреби 3 134.Системот вклучува:
■ систем за подготовка на
сопирачките
■ итно автоматско сопирање
■ предно серво сопирање9 Предупредување
Системот не е наменет да ја
замени одговорноста на
возачот за возење на возилото
и гледање напред. Неговите
функции се ограничени само на
дополнителна употреба.
Возачот треба да ја притиска
педалата на сопирачките
додека бараат условите на
возењето.
Систем за подготовка на
сопирачките Кога се приближувате до возило
напред толку бргу што е веројатен судир, системот за подготовка на
сопирачките малку го зголемува
притисокот врз сопирачките. Тоа го