OPEL INSIGNIA 2015.5 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2015.5, Model line: INSIGNIA, Model: OPEL INSIGNIA 2015.5Pages: 371, PDF Size: 9.21 MB
Page 181 of 371

Возење и ракување179
контрола на климатизациајта се
намалува за да се заштеди
енергија.
Повторно палење на моторот
од страна на возачот
Притиснете ја педалата на
куплунгот за повторно палење на
моторот.
Палењето на моторот е прикажано
од иглата на вртежометарот во
положба за лер.
Ако рачката на менувачот се
помести од лер пред претходно
притискање на кумплунгот,
контролната сијаличка - свети
или е прикажана како симбол на
Информативниот центар за
возачот.
Контролна сијаличка - 3 115.
Повторно палење на моторот
од страна на системот за
сопирање-поаѓање
Рачката на менувачот треба да
биде во лер за да се овозможи
автоматско повторно палење.Ако еден од следниве услови се
појави за време на Autostop,
моторот автоматски ќе се запали
повторно од страна на системот за сопирање-поаѓање:
■ Системот за сопирање-поаѓање е исклучен рачно.
■ Хаубата е отворена.
■ Безбедносниот ремен на возачот
е одврзан и е отворена возачката
врата.
■ Температурата на моторот е прениска.
■ Наполнетоста на акумулаторот е
под одредено ниво.
■ Вакуумот на сопирачката не е доволен.
■ Возилото било возено барем со брзина на одење.
■ Системот за контрола на климатизацијата бара палење намоторот.
■ Климатизацијата е вклучена рачно.Ако багажникот не е целосно
затворен, се прикажува
предупредувачка порака на
Информативниот центар за
возачот.
Ако некој електричен уред, на пр.
преносен ЦД-плеер, е поврзан со
штекер, може да се забележи кус пад на напонот за време на
повторното палење.
Паркирање9 Предупредување
■Не го паркирајте возилото врз
лесно запалива површина.
Високата температура на
издувниот систем може да ја
запали површината.
■ Секогаш затегнувајте ја рачната сопирачка.
Затегнувајте ја рачната
сопирачка без да го
притиснете копчето за
ослободување. Затегнувајте
ја колку е можно поцврсто на
Page 182 of 371

180Возење и ракувањеудолници или угорници.
Притиснете ја ножната
сопирачка истовремено за да се намалат работните сили.
Кај возилата со електрична
сопирачка за паркирање,
повлечете го прекинувачот
m околу една секунда.
Електричната сопирачка за
паркирање се активира кога
ќе светне контролната
сијаличка m 3 115.
■ Изгаснете го моторот.
■ Ако возилото е на рамна површина или на нагорнина,
ставете во прва брзина или
ставете ја рачката на
менувачот во положба P пред
да го извадите клучот за
палење. Ако возилото е на
угорница, свртете ги предните тркала од работ на тротоарот.
Ако возилото е на надолнина,
ставете во рикверц или
ставете ја рачката на
менувачот во положба P предда го извадите клучот за
палење. Свртете ги предните тркала кон работ на
тротоарот.
■ Затворете ги прозорците и подвижниот покрив.
■ Извадете го клучот за палење. Завртете го воланот
додека не се почувствува
дека бравата на воланот се
заглавила.
Кај возилата со автоматски
менувач, клучот може да се
извади само кога рачката на менувачот е во положба P.
■ Заклучете го возилото со копчето
e на далечинскиот управувач.
Активирајте го системот за
тревожење при кражба 3 37.
■ Вентилаторите на ладилникот може да работат и по гаснењето
на моторот 3 254.
Внимание
По возење со голема брзина на
моторот или при големо
оптоварување на моторот,
оставете го моторот да работи
кусо време со мало
оптоварување или во лер околу
30 секунди пред да го изгаснете
за да го заштитите
турбополначот.
Забелешка
Во случај на сообраќајка со
отворање на воздушните
перничиња моторот се гасне
автоматски ако возилото застане
за извесно време.
Page 183 of 371

Возење и ракување181Издувни гасови од
моторот9 Опасност
Издувните гасови од моторот
содржат отровен јаглерод
моноксид, којшто е безбоен,
нема мирис и може да биде
смртоносен ако се вдишува.
Ако издувни гасови навлегуваат во внатрешноста на возилото,
отворете ги прозорците. Нека Ви ја елиминира причината на
дефектот автомеханичар.
Избегнувајте да возите со
отворен товарен простор, инаку
издувните гасови можат да
навлезат во возилото.
Филтер за дизелски
честички Системот на филтерот за дизлски
честички ги филтрира штетните
честички од саѓи од издувните
гасови. Системот содржи функција
на самочистење која работи
автоматски за време на возењето
без известување. Филтерот се
чисти со изгорување на честичките
од саѓи периодично на висока
температура. Овој процес се
одвива автоматски при
определени услови за возење и може да потрае до 25 минути.
Типично му требаат помеѓу 7 и
12 минути. Autostop не е достапно
и потрошувачката на гориво може
да биде поголема за тоа време.
Испуштањето на миризби и чад за
време на овој процес е нормално.
Во извесни услови за возење, на
пр. кратки растојанија, системот не
може сам да се исчисти
автоматски.
Ако постои потреба од чистење на
филтерот и ако претходните
услови на возењето не овозможиле
автоматско чистење, тоа ќе се
означи со контролната сијаличка
% . Истовремено, во
Информативниот центар за
возачот се појавува Diesel partic.
filter is full continue driving ( Филтерот
за дизелски честички е полн,
продолжете со возењето) .
% свети кога филтерот за дизелски
честички е полн. Почнете го
процесот на чистење колку е можно поскоро.
% трепка и се огласува
предупредувачка мелодија
неколкупати кога филтерот за
дизелски честички го достигнал максималното ниво на полнење.
Почнете го процесот на чистење
веднаш за да се избегне
оштетување на моторот.
Процес на чистење
За да се активира процесот на
чистење, продолжете со возењето, држете ја брзината на моторот над
2000 вртежи на минута. Сменете во
помала брзина ако е потребно.
Тогаш почнува чистењето на
филтерот за дизелски четички.
Page 184 of 371

182Возење и ракување
Ако во Информативниот центар за
возачот дополнително се појави порака дека бришењето не е
можно, побарајте помош во сервис.Внимание
Ако процесот на чистењето е
прекинат, има ризик од
предизвикување на тешко
оштетување на моторот.
Чистењето е побрзо при големи
брзини и оптовареност на моторот.
Контролната сијаличка % се гасне
штом ќе заврши процесот на
самочистење.
Катализатор
Катализаторот го намалува
количеството на штетните
материјали во издувните гасови.
Внимание
Класи на гориво пионакви од
оние наброени на страниците
3 239, 3 317 може да го
оштетат катализаторот или
електронските компоненти.
Бензинот кој не се игорил ќе се
прегрее и ќе го оштети
катализаторот. Затоа
избегнувајте ги прекумерното
работење со стартерот,
испразнувањето на
резервоарот за гориво и
палењето на возилото со
туркање или влечење.
Во случај моторот да не пали,
нерамномерно да работи, има
очигледен пад во перформансите
на моторот или има други
невообичајни проблеми, нека Ви ја
елиминира причината на дефектот
автомеханичар колку е можно
поскоро. Во хаварии, со возењето
може да се продолжи за кратко
време, одржувајќи се брзината на
возилото и вртежите на моторот на
ниско ниво.
AdBlue
Општи информации Селективното каталитичко
намалување ( BlueInjection) е метод
на значително намалување на
азотните оксиди во издувните
емисии. Тоа се постигнува со
инјектирање издувна течност од
дизел (DEF) во издувниот систем.
Ознаката на употребената DEF е
AdBlue Ⓡ 1)
. Тоа е нетоксична,
незапалива, безбојна течност без
мирис што се состои од 32% уреа и
68% вода.9 Предупредување
Избегнувајте контакт на очите и
кожата со AdBlue.
Во случај на контакт со очите
или кожата, исплакнете со вода.
1) Регистриран заштитен знак на Verband der Automobilindustrie e.V. (VDA).
Page 185 of 371

Возење и ракување183Внимание
Избегнувајте контакт на бојата
со AdBlue.
Во случај на контакт, исплакнете со вода.
AdBlue замрзнува на температура
од приближно 11 °C. Со оглед на
тоа што возилото е опремено со предгреач за AdBlue, обезбедено е
намалување на емисиите при
ниски температури. Предгреачот
за AdBlue работи автоматски.
Предупредувања за нивото
Потрошувачката на AdBlue е
приближно 0,7 литри на 1000 км и
зависи од начинот на возење.
Доколку нивото на AdBlue падне
под одредена вредност, на
Информативниот центар за
возачот (DIC) ќе се прикаже
предупредување за нивото AdBlue
Range: (Опсег AdBlue:) 2400 km .
Треба да се дополнат уште
најмалку 5 литри AdBlue што е можно поскоро.
Возењето е можно без никакви
ограничувања.
Доколку не се наполни AdBlue до одредено растојание, на DIC и
понатаму се прикажуваат
предупредувања за нивото во
зависност од моменталното ниво
на AdBlue. Подоцна се прикажува барање за дополнување AdBlue иконечно соопштение за да се
спречи повторно палење на
моторот. Овие ограничувања се
законски барања.
При досег на AdBlue од 900 км,
следниве предупредувачки пораки
се прикажуваат наизменично на
DIC:
■ AdBlue Low Refill Now (AdBlue е
при крај, дополнете веднаш)
■ Engine Restart Prevented in
(Рестартирање на моторот е
спречено во) 900 км
Освен тоа, контролната сијаличка Y трепка постојано и се огласува
предупредувачка мелодија
четирипати на три минути.Пред да се активира спречувањето на повторно палење на моторот,
следниве предупредувачки пораки:
■ AdBlue Empty Refill Now (Нема
AdBlue, дополнете веднаш)
■ Engine Will Not Restart (Моторот
нема да стартува)
едноподруго се прикажуваат на
DIC.
Освен тоа контролната сијаличка
Y трепка постојано и се огласува
предупредувачка мелодија
четирипати на три минути.
По спречување на палењето на
моторот, следнава порака:
Refill AdBlue To Start Vehicle
(Дополнете AdBlue за да го
стартувате возилото)
ќе се прикаже.
За да го стартувате моторот,
резервоарот мора прво да се
наполни со AdBlue.
Page 186 of 371

184Возење и ракување
Предупредувања за многу
издувни гасови Ако испуштањето издувни гасови е
поголемо од одредена вредност, ќе се прикажат предупредувања
слични на предупредувањата за
досегот опишани погоре на
Информативниот центар за
возачот.
Се прикажуваат барања за
проверка на системот за издувни
гасови и на крај известување за
спречување на повторно палење
на моторот. Овие ограничувања се
законски барања.
Побарајте помош на сервис.
Дополнување AdBlueВнимание
Користете само AdBlue што е во согласност со европските
стандарди DIN 70 070 и
ISO 22241-1.
Не користете адитиви.
Не разредувајте го AdBlue.
Инаку, системот за селективно
каталитичко намалување може
да се оштети.
Забелешка
Користете ги само наменските канти за AdBlue за дотурање за да спречите прекумерно ставање
AdBlue. Освен тоа, пареите во резервоарот се собираат во
кантата и не излегуваат.
Со оглед на тоа што AdBlue има
ограничена трајност, проверете го рокот на траење пред полнењето.
Забелешка
Треба да се дополнат уште
најмалку 5 литри AdBlue. Инаку,
системот можеби нема да го
открие дополнувањето AdBlue.
Ако треба да се дополни AdBlue
на температура под -11°C,
системот може да не го открие
дополнувањето. Во тој случај,
паркирајте го возилото на место
со повисока околна температура
додека AdBlue не се втечни.
Забелешка
При одвртувањето на заштитното
капаче од грлото за полнење, може да излезат амонијачки
пареи. Не вдишувајте ги затоа
што пареите имаат остар мирис.
Пареите не се штетни доколку се
вдишат.
Возилото мора да се паркира на
рамна површина.
Грлото за полнење AdBlue се наоѓа зад вратичката на резервоарот за
гориво.
Вратичката на резервоарот за
гориво се наоѓа на задната десна
страна на возилото.
Вратичката на резервоарот за
гориво може да се отвори само ако возилото е отклучено.
1. Извадете го клучот од бравата за палење.
2. Затворете ги сите врати за да не навлезат амонијачни
испарувања во внатрешноста
на возилото.
Page 187 of 371

Возење и ракување185
3. Повлечете ја вратичката нарезервоарот за гориво за
вдлабнатинката и отворете ја
3 242.
4. Одвртете го заштитното капаче
од грлото за полнење.
5. Отворете ја кантата за AdBlue.
6. Поставете го едниот крај на цревото во кантата и навртете
го другиот крај на грлото за
полнење.
7. Подигнете ја кантата додека не се испразни.
8. Одвртете го цревото од грлотоза полнење.
9. Поставете го заштитното капаче и вртете го надесно
додека не се вовлече.
Забелешка
Фрлете ги кантата и цревото за
AdBlue според барањата за
животна средина.
Замена на AdBlue Ако во последните 2 години не
биле дополнети помалку од
5 литри AdBlue, преостанатата
течност треба да се смени бидејќи
AdBlue има ограничена трајност.Внимание
Непочитување би можело да
доведе до оштетување на
системот за селективно
каталитичко намалување.
Автоматски менувач
Автоматскиот менувач овозможува
автоматско менување на брзини
(автоматски режим) или рачно
менување на брзини (рачен
режим).
Рачното менување е можно во рачниот режим со потчукнување на рачката на менувачот или со
влечење на лостовите на воланот
3 187.
Екран на менувачот
Page 188 of 371

186Возење и ракување
На екранот на менувачот е
прикажано во која брзина или
режим е менувачот.
Во автоматскиот режим, на
програмата за возење укажува D
на Информативниот центар за
возачот.
Во рачниот режим, се покажува M и
бројот на избраната брзина.
R покажува рикверц.
N покажува лер.
P покажува паркирна положба.
Рачка на менувачотP=паркирна положба,
притиснете го копчето за
отпуштање, тркалата се
блокираат, ставајте во брзина
само кога возилото е во
мирување и е активирана
сопирачката за паркирањеR=брзина за назад, притиснете го
копчето за отпуштање,
активирајте само кога
возилото е во мирувањеN=лерD=автоматски режимM=рачен режим: поместете ја
рачката на менувачот од D
налево.<=ставање во поголема брзина
во рачниот режим: поместете
ја рачката на менувачот во
положба М и потчукнете
нагоре]=ставање во помала брзина во
рачниот режим: поместете ја
рачката на менувачот во
положба М и потчукнете
наназадРачката на менувачот е закочена
во P и може да се помрдне само
кога палењето е вклучено и
педалот на сопирачките е
нагазнат.
Без нагазнување на педалот на
сопирачките контролната
сијаличка j се пали.
Ако рачката на менувачот не е во P кога е исклучено палењето,
контролната сијаличка j и P ќе
трепкаат.
За да ставите во P или R,
притиснете го копчето за
ослободување.
Page 189 of 371

Возење и ракување187
Моторот може да се запали само
кога рачката е во положбата P или
N . Кога е одбрана положбата N,
притиснете го педалот на
сопирачките или применете ја
сопирачката за паркирање пред да запалите.
Не давајте гас додека ставате во брзина. Никогаш не ги нагазнувајте
педалот за гас и педалот за
сопирачките истовремено.
Кога е ставена некоја брзина,
возилото почнува полека да лази
кога се отпушта сопирачката.
Моторно сопирање
За да се искористи дејството на моторното сопирање, одберете
помала брзина навреме кога
возите по удолнини, видете под
„рачен режим“.Нишање на возилото
Нишањето на возилото е
дозволено само ако возилото е
заглавено во песок, кал или снег.
Местете ја рачката на менувачот
помеѓу D и R повеќе пати. Не
турирајте го моторот и
избегнувајте нагли забрзувања.
Паркирање
Затегнете ја рачната сопирачка и
ставете во P.
Клучот за палење може да се
извади само кога рачката на
менувачот е во положбата P.Рачен режим
Рачка на менувачот
Поместете ја рачката на менувачот од положбата D влево за да
изберете рачен режим.
Потчукнете ја рачката на
менувачот
нанапред <=менување во
поголема брзинананазад ]=менување во помала
брзина
Избраната брзина е покажана во
групата инструменти.
Page 190 of 371

188Возење и ракување
Лостови на воланот
Поместете ја рачката на менувачотод положбата D влево за да
изберете рачен режим.
Влечете ги лостовите на воланот
за рачно менување на брзините
десен
лост <=повлечете накусо за
да смените една
брзина погорелев
лост ]=повлечете кусо за
менување една брзина
подолу, повеќе влечења
овозможуваат да се
прескокнуваат брзиниИзбраната брзина е покажана во
групата инструменти.
Приверемен рачен режим во
режимот за возење D
Рачното менување со лостовите е можно и во автоматскиот режим D.
Откако ќе заврши рачното
менување брзини, менувачот се
префрлува во автоматски режим
D по предодредено време.
За да го прекинете рачниот режим, направете едно од следново:
■ Држете ја рачката < 1 секунда.
■ Поместете ја рачката на менувачот налево за рачен
режим и назад во положбата D.
Ако возилото е во мирување и
моторот работи во празен од,
менувачот ќе остане во привремен
рачен режим. Се менува во
автоматски режим кога се ракува
со педалата на гасот одредено
време и не се смени брзина со
рачка на воланот.Општо
Ако се одбере поголема брзина кога брзината на возилото е
премала, или помала брзина кога
брзината на возилото е преголема,
не се извршува менувањето на
брзина. Тоа може да предизвика
порака во Информативниот центар за возачот.
Во рачниот режим не се остварува автоматско префрлување во
поголема брзина при поголем број
на вртежи на моторот.
Показател за менување
брзини Симболот R со бројка под него се
покажува кога е препорачано менување брзина поради штедење гориво.
Укажувањето за промена се
појавува само во рачниот режим.