OPEL INSIGNIA BREAK 2018 Прирачник за инфозабавата

Page 111 of 145

Основно ракување111Off (Искл.): без засилување на
гласноста при зголемување на
брзината на возилото.
High (Високи) : максимално
засилување на гласноста при
зголемување на брзината на
возилото.
Активирање или деактивирање
на функцијата за повратни
информации со звукот на допир
Ако се активира функцијата за
повратни информации со звукот на
допир, при секое допирање на екранско копче или ставка во
изборник ќе се испушта звук.
Притиснете ; и потоа изберете
Settings (Поставки) .
Изберете Radio (Радио) , па
листајте низ списокот за да
изберете Audible Touch Feedback
(Чујни допирни повратни
информации) .
Допрете го екранското копче до
Audible Touch Feedback (Чујни
допирни повратни информации) за
да ја активирате или деактивирате функцијата.
Гласност на сообраќајните
соопштенија
За да ја приспособите гласноста на сообраќајните соопштенија,
поставете ја саканата гласност
додека системот емитува
сообраќајно соопштение. Потоа
системот ја зачувува соодветната
поставка.
Системски поставки
Следниве поставки се однесуваат
на целиот систем. Сите други
поставки се опишани по тема во
односните поглавја во овој
прирачник.
Поставки за време и датум
Притиснете ; и потоа изберете
Settings (Поставки) .
Изберете Time and Date (Време и
датум) за приказ на односниот
подизборник.

Page 112 of 145

112Основно ракувањеSet Time Format (Поставете
формат на времето)
За да изберете формат на
времето, притиснете го екранското копче 12 ч или 24 ч.
Set Date Format (Поставете формат на датумот)
Да го изберете саканиот формат на
датум, изберете Set Date Format
(Поставете формат на датумот) и
изберете некоја од достапните
опции во подизборникот.
Auto Set (Автоматско поставување)
За да изберете дали времето и
датумот ќе се постават автоматски или рачно, одберете Auto Set
(Автоматско поставување) .
За времето и датумот да бидат поставени автоматски, одберете On - RDS (Вкл. RDS) .
За времето и датумот да бидат
поставени рачно, одберете Off -
Manual (Искл. - Рачно) . Ако Auto Set
(Автоматско поставување) е
поставено на Off - Manual (Искл. -
Рачно) , елементите Set Time
(Местење на часовникот) и SetDate (Местење на датумот)
стануваат достапни во
подизборникот.
Поставување на време и датум
За да го прилагодите времето и
датумот, изберете Set Time
(Местење на часовникот) или Set
Date (Местење на датумот) .
Притискајте ги + и - за да ги
прилагодите поставките.
Поставки за јазикотПритиснете ; и потоа изберете
Settings (Поставки) .
Изберете Language ( Јазик) за да се
прикаже односниот изборник.
За да се приспособи јазикот за
текстовите на изборниците:
допрете го саканиот јазик.
Функција за листање на текстот Ако на екранот се прикаже долг
текст, на пример наслови на песни
или имиња на станици, тој може да се листа постојано или еднаш, па
да се прикаже во скратен облик.Притиснете ; и потоа изберете
Settings (Поставки) .
Изберете го Radio (Радио) .
Ако сакате текстот да се листа
постојано, активирајте Text Scroll
(Листање текст) .
Ако сакате текстот да се листа во
блокови, деактивирајте ја
поставката.
Функција на црн приказ
Ако не сакате приказот да биде
осветлен, на пример, ноќе, може да го исклучите приказот.
Притиснете ; и потоа изберете
Settings (Поставки) .

Page 113 of 145

Основно ракување113Лизгајте низ списокот и изберете
Исклучи го приказот . Приказот е
исклучен; функциите на звукот
остануваат активни.
За да го вклучите екранот
повторно, допрете го екранот или
притиснете некое копче.
Основни фабрички поставки
Притиснете ; и потоа изберете
Settings (Поставки) .
Листајте и изберете Return to
Factory Settings (Врати на
фабрички поставки) .
За да ги обновите сите поставки за
приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби,
изберете Обнови ги поставките на
возилото .
За да ги избришете поврзаните уреди со Bluetooth, зачуваните
список на контакти и броевите за
говорна пошта, изберете Clear All
Private Data (Избриши ги сите
приватни податоци) .
За да ги ресетирате поставките за
тон и гласност, избришете ги сите омилени, избришете го изборот натон на ѕвонење, изберете Restore
Radio Settings (Обнови радио поставки) .
Во секој случај, се прикажува
порака за предупредување.
Изберете Continue (Продолжи) за
да ги ресетирате поставите.
Верзија на системот
Притиснете ; и потоа изберете
Settings (Поставки) .
Листајте и изберете Software
Information (Информации за
софтверот) .
Ако е поврзан USB уред, на него
можете да ги зачувате
информациите за возилото.
Одберете го System Update
(Ажурирање на системот) и потоа
Save Vehicle Info to USB (Зачувај ги информациите за возилото на
USB) .
За ажурирање на системот,
контактирајте со сервисот.Поставки на возилото
Поставките за возилото се
опишани во Сопственичкиот
прирачник.

Page 114 of 145

114РадиоРадиоУпотреба................................... 114
Пребарување станици .............114
Списоци со миленици ..............116
Радио податочен систем (RDS) ......................................... 117
Дигитална аудио дифузија ......118Употреба
Активирање на радиото
Притиснете ; и потоа изберете
Audio (Аудио) . Се прикажува
последниот избран главен
изборник за звук.
Изберете Source (Извор) на
долниот ред од активниот главен
изборник за радио за да ја отворите
интерактивната лента за избор.
Одберете ја саканата бранова
должина.
Ќе се прима последната пуштена
станица во избраното фреквентно
подрачје.
Пребарување станици
Автоматско пребарување на
станици
Кратко притиснете или допрете
t или v на контролната табла
или на екранот за да ја пуштите
претходната или следната станица
во меморијата на станици.
Рачно пребарување на станициПритиснете и задржете t или v
на контролната табла. Отпуштете
кога е речиси достигната бараната
фреквенција.

Page 115 of 145

Радио115Се врши барање на следната
станица која може да се прими и
таа се пушта автоматски.
Забелешка
Бранова должина FM: Кога
функцијата за RDS е активирана,
се бараат само RDS станици
3 117 , а кога радио сообраќајната
услуга (TP) е активирана, се
бараат само станици со
сообраќајна услуга 3 117.
Местење станици
Допрете B на екранот. Се
прикажува екранот Direct tune
(Директно пребарување) .Внесете ја саканата фреквенција.
Користете r за да ги избришете
внесените цифри. Ако е потребно,
допрете d или c за подоцна да го
приспособите внесувањето.
Потврдете го внесувањето за да ја
пуштите станицата.
Списоци со станици
Изберете го Menu (Изборник) на
долниот ред од активниот главен
изборник за радио за да го
отворите соодветниот посебен
подизборник за брановата
должина.Изберете Station List (Листа
станици) за конкретна бранова
должина. Се прикажуваат сите
станици што може да се примат на
соодветната бранова должина и во моменталното подрачје на прием.
Одберете ја саканата станица.
Забелешка
На моментално приманата радио
станица укажува симболот l до
името на станицата.
Списоци со категории
Бројни радио станици емитуваат
шифра PTY што го определува
видот на емитуваната програма (на
пр. вести). Некои станици ја
менуваат и шифрата PTY, зависно
од содржината што се емитува во
моментот.
Инфозабавниот систем ги
зачувува тие станици, подредени
според видот на програмата, на
соодветниот список со категории.
Забелешка
Ставката Categories (Категории)
од списокот е достапна само за
брановите должини FM и DAB.

Page 116 of 145

116РадиоЗа да пребарувате за тип програма
определена од станиците,
изберете Categories (Категории) .
Се прикажува листа со типови програми што се моментално
достапни.
Одберете го саканиот вид на
програмата. Се прикажува листа на станиците што емитуваат
програма од избраниот вид.
Одберете ја саканата станица.
Забелешка
На моментално приманата радио
станица укажува симболот l до
името на станицата.
Ажурирање списоци со станици
Ако станиците зачувани на
одреден список со станици за
фреквентно подрачје не можат
веќе да се примаат, списоците на
станици АМ и DAB треба да се
ажурираат.
Забелешка
Листата станици FM се ажурира
автоматски.Изберете Menu (Изборник) на
долниот ред од активниот главен
изборник за радио, па изберете
Update Station List (Ажурирање на
списокот станици) .
Забелешка
Ако се ажурира список на станици
специфични за некое фреквентно
подрачје, се ажурира и
соодветниот список на категории.
Почнува барање станици и се
прикажува соодветна порака.
Штом ќе заврши барањето, се
прикажува односната листа
станици.
Забелешка
На моментално приманата радио
станица укажува симболот l до
името на станицата.
Списоци со миленици Станици од сите бранови должини
може да се зачуваат рачно на
списоците со миленици.
Достапни се пет списоци со
миленици и во секој од нив може да
се зачуваат по 5 станици.
Забелешка
Моментално приманата станица се селектира.
Зачувување станица
Ако е потребно, допрете < или > за
да листате низ омилените
страници.
За да ја зачувате моментално
активната радио станица на
екранско копче од меморијата:
допрете го и држете го саканото
екранско копче неколку секунди.

Page 117 of 145

Радио117Соодветната фреквенција или име
на станицата се прикажува на
екранското копче.
Повикување на станици Ако е потребно, допрете < или > за
да листате до саканата страница
со омилени.
Изберете го екранското копче за
меморијата во која е сочувана
саканата радио станица.
Одредување на бројот на
достапните страници со
омилени
За да го одредите бројот на
омилените страници што се
прикажуваат за изборот,
притиснете ;, па изберете Settings
(Поставки) на екранот.
Изберете Radio (Радио) , а потоа
Manage Favourites (Ракување со
милениците) за да се прикаже
односниот подизборник.
Во зависност од омилените
страници што сакате да се
прикажат, активирајте ги или
деактивирајте ги страниците.Радио податочен систем
(RDS)
RDS е услуга на FM станиците која
значително го олеснува наоѓањето на саканата станица и приемот за
неа без грешка.
Предности на RDS ● На екранот се појавуваат името на програмата на
станицата наместо
фреквенцијата.
● При барање станици, Инфозабавниот систем мести
само станици со RDS.
● Инфозабавниот систем секогаш ја пушта
фреквенцијата со најдобар
прием на наместената станица
со помош на AF (алтернативна
фреквенција).
● Зависно од станицата што се прима, инфозабавниот систем
прикажува радио текст што
може да содржи, на пример,информации за актуелната
програма.Конфигурација RDS
Допрете го Menu (Изборник) на
долниот ред од главниот изборник
за FM-радиото за да го отворите
соодветниот подизборник за
брановата должина.
Листајте до RDS.
Активирајте или деактивирајте
RDS .
Сообраќајна програма
Станиците со радио сообраќајна услуга се RDS станици кои
емитуваат сообраќајни вести. Ако е
вклучена сообраќајната услуга,
моментално пуштениот
аудиоизвор се прекинува додека
трае сообраќајното соопштение.
Активирање на функцијата за
сообраќајна програма
Изберете го Menu (Изборник) на
долниот ред од главниот изборник
за FM-радиото за да го отворите
соодветниот подизборник за
брановата должина.

Page 118 of 145

118РадиоДопрете го екранското копче до
Traffic Programme (Сообраќајна
програма) за да ја активирате или
деактивирате функцијата.
Забелешка
Во списокот на станици, до
станицата што овозможува
сообраќајна програма се
прикажува TP.
Ако е активирана радио
сообраќајната услуга, во горниот
ред на сите главни изборници е
прикажано [TP]. Ако моменталната
станица не е станица со радио
сообраќајна услуга, TP е посивено
и автоматски почнува да се бара
следната станица со радио
сообраќајна услуга. Штом ќе се
најде станица со радио
сообраќајна услуга, TP е
нагласено. Ако не се најде станица
со радио сообраќајна услуга, TP
останува посивено.
Ако се емитува сообраќајно
соопштение на односната станица, се прикажува порака.За да го прекинете соопштението и да се вратите на претходно
активираната функцијата, допрете
го екранот или притиснете m.
Регионализација
Понекогаш станиците со RDS
емитуваат регионално различни
програми на различни
фреквенции.
Изберете го Menu (Изборник) на
долниот ред од главниот изборник
за FM-радиото за да го отворите
соодветниот подизборник за
бранова должина и листајте до
Region (Регион)
Активирајте или деактивирајте
Region (Регион) .
Ако е активирана
регионализацијата, се избираат
алтернативни фреквенции со
истите регионални програми кога е потребно. Ако регионализацијата е
исклучена, се избираат
алтернативни фреквеции на
станиците без оглед на
регионалните програми.Дигитална аудио дифузија
DAB дигитално емитува
радиостаници.
Станици со DAB се означуваат со
името на програмата наместо
фреквенцијата на емитувањето.
Општи информации ● Со DAB може да се емитуваат повеќе радиопрограми
(сервиси) на еден ансамбл.
● Покрај висококвалитетните дигитални аудио услуги, DAB
исто така е способен да
предава податоци поврзани со
програмите и мноштво други
податочни услуги вклучувајќи
информации за патувањето и
за сообраќајот.
● Се додека еден даден DAB приемник може да го фати
сигналот испратен од некоја
станица за дифузија (дури ако
сигналот е многу слаб),
репродукцијата на звукот е
обезбедена.
● Во случај на лош прием, гласноста се намалува

Page 119 of 145

Радио119автоматски за да се избегне
емитување бучава.
Ако DAB сигналот е премногу
слаб за дешифрирање со
приемникот, приемот се
прекинува целосно. Ова може да се избегне со активирање
на DAB-DAB Linking
(Поврзување DAB-DAB) и/или
DAB-FM Linking (Поврзување
DAB-FM) во изборникот на DAB
(видете подолу).
● Пречење предизвикано од станиците кои се на блискифреквенции (појава која е
типична за приемот AM и FM)
не се појавува со DAB.
● Ако DAB сигналот го одбиваат природни пречки или згради,
квалитетот на приемот на DAB
се подобрува, додека AM или
FM приемот значително се
влошува во таквите случаи.
● Кога е вклучен прием DAB, FM-
приемникот на инфозабавниот
систем останува активен во
заднина и постојано ги бара
FM-станиците со најдобар
прием. Ако е вклучено TP3 117, се емитуваат
сообраќајните соопштенија на
FM-станицата со најдобар
прием. Исклучете го TP ако не сакате приемот DAB да се
прекинува со сообраќајни
соопштенија FM.
Соопштенија DAB
Покрај нивните музички програми,
многу станици DAB емитуваат и
соопштенија од разни категории.
Ако активирате некои или сите
категории, сервисот DAB што се прима моментално се прекинувакога има соопштение од таков вид.
Изберете го Menu (Изборник) на
долниот ред од главниот изборник
за DAB-радиото за да го отворите
соодветниот подизборник за
брановата должина.
Листајте низ списокот и изберете
DAB Announcements (Соопштенија
DAB) за да се прикаже листа на
достапните категории.Активирајте ги сите или само
саканите категории соопштенија.
Може да се изберат разни
категории на соопштенија
истовремено.
DAB-DAB Linking (Поврзување
DAB-DAB)
Кога е активирана оваа функција,
уредот се префрлува на истиот
сервис (програма) на друг
ансамбл DAB (ако е достапна) кога
сигналот DAB е премногу слаб за
да го прими приемникот.
Изберете го Menu (Изборник) на
долниот ред од главниот изборник
за DAB-радиото за да го отворите
соодветниот подизборник за
брановата должина.
Листајте низ листата и активирајте
или деактивирајте DAB-DAB
Linking (Поврзување DAB-DAB) .
DAB-FM Linking (Поврзување
DAB-FM)
Кога е активирана оваа функција,
уредот се префрлува на
соодветната станица FM на

Page 120 of 145

120Радиоактивниот сервис DAB (ако има)
кога сигналот DAB е премногу слаб за да го прими приемникот.
Листајте низ листата и активирајте или деактивирајте DAB-FM Linking
(Поврзување DAB-FM) .
L Band (L-опсег)
Со оваа функција можете да
дефинирате кои фреквентни
подрачја DAB ќе ги прима
Инфозабавниот систем.
Фреквентниот опсег L (земјено и
сателитско радио) е друг
радиоопсег што може да се прима
дополнително.
Изберете го Menu (Изборник) на
долниот ред од главниот изборник
за DAB-радиото за да го отворите
соодветниот подизборник за
брановата должина.
Листајте низ листата и активирајте или деактивирајте L Band (L-опсег).Интелитекст
Функцијата Intellitext (Интелитекст)
овозможува прием на
дополнителни информации како
што се финансиски информации,
спорт, вести и сл.
Забелешка
Достапната содржина зависи од
станицата и регионот.
Изберете го Menu (Изборник) на
долниот ред од главниот изборник
за DAB-радиото за да го отворите
соодветниот подизборник за
брановата должина.
Листајте и изберете Intellitext
(Интелитекст) .
Изберете една од категориите и
изберете одредена ставка за да се
прикажат детални информации.
EPG
Електронскиот програмски водич
обезбедува информации за
тековната и претстојната програма
на соодветната DAB-станица.Изберете Menu (Изборник) на
долниот ред од главниот изборник
за DAB-радио, па изберете Station
List (Листа станици) .
За да се прикаже програмата на саканата станица, допрете ја
иконата до станицата.

Page:   < prev 1-10 ... 71-80 81-90 91-100 101-110 111-120 121-130 131-140 141-150 150 next >