OPEL INSIGNIA BREAK 2019.5 Сопственички прирачник
Page 201 of 369
Возење и ракување199Сопирачки
Системот на сопирачки се состои
од две посебни кола за сопирање.
Ако откаже едно коло за сопирање,
возилото се уште може да се сопре со употреба на другото коло за
сопирање. Меѓутоа, дејството на
сопирањето се постигнува само
кога педалот на сопирачкте е
притиснат цврсто. Значително
поголема сила треба за тоа.
Растојанието за сопирање се
зголемува. Побарајте помош од
автомеханичар пред да
продолжите со патувањето.
Кога моторот не работи,
поддршката на серво уредот за
сопирачките ја снемува откако
педалот ќе се притисне еднаш или
двапати. Дејството на сопирањето
не е намалено, но за сопирање е
потребна значајно поголема сила.
Тоа е особено важно да се има на
ум кога се влече.
Контролна сијаличка R 3 118.
Активно итно сопирање 3 229.Систем за деблокирање
на сопирачките
Antilock Brake System -от (ABS) (Систем за деблокирање на
сопирачките) не дозволу тркалата
да се блокираат.
ABS почнува да го регулира
притисокот на сопирачките штом
некое тркало покажува тенденција
да се блокира. Возилото останува
управливо, дури при јако
сопирање.
Контролата на ABS станува
очигледна преку пулсирање во
педалот на сопирачките и звукот на процесот за регулирање.
За оптимално сопирање, држете го
педалот за сопирање докрај
притиснат за време на целиот
процес на сопирањето, иако
педалот ќе пулсира. Не
намалувајте го притисокот врз педалот.
По палењето, системот врши
самоиспитување што може да биде
чујно.
Контролна сијаличка u 3 119.
Приспособливо стоп-светло
При целосно сопирање, сите три
стоп-светла трепкаат за време на
примената на ABS контролата.
Дефект
9 Предупредување
Ако има дефект во ABS,
тркалата може да бидат склони
да се блокираат поради такво
кочење што е посилно од
обичното. Предностите на ABS
веќе не функционираат. При
силно сопирање, со возилото не може веќе да се управува и
може да скршне.
Нека Ви ја отстрани причината на
дефектот автомеханичар.
Page 202 of 369
200Возење и ракувањеСопирачка за паркирање9Предупредување
Пред да го напуштите возилото,
проверете го статусот на
рачната сопирачка.
Контролната сијаличка m мора
да свети постојано.
Електрична сопирачка за
паркирање
Се применува кога возилото е во
мирување9 Предупредување
Повлечете го прекинувачот m
најмалку 1 секунда сè додека
контролниот индикатор m не
свети постојано и електричната
сопирачка за паркирање е
активирана 3 118 . Електричната
сопирачка за паркирање работи
автоматски со соодветна сила.
Пред да го напуштите возилото, проверете го статусот на
електрична сопирачка за
паркирање.
Контролна сијаличка m 3 118.
Електричната сопирачка за
паркирање може да се активира
секогаш, дури ако палењето е
исклучено.
Не ракувајте со системот на
електричната сопирачка за
паркирање пречесто без да работи моторот, тоа ќе го испразни
акумулаторот.
Ослободување
Вклучете го палењето. Држете го
педалот на ножната сопирачка
притиснат и потоа притиснете го
прекинувачот m.
Функција за поаѓање
Возила со рачен менувач:
Притискање на куплунгот, па мало
отпуштање на куплунгот и мало
притискање на гаста автоматски ја
ослободува електричната
сопирачка за паркирање. Тоа не е
можно кога прекинувачот m се
повлекува истовремено.
Возила со автоматски менувач:
Активирање на D, па притискање
на гаста автоматски ја ослободува електричната сопирачка за
паркирање. Тоа не е можно кога
прекинувачот m се повлекува
истовремено.
Динамично сопирање кога
возилото се движи
Кога возилото се движи и
прекинувачот m се држи повлечен,
системот на електричната
Page 203 of 369
Возење и ракување201сопирачка за паркирање ќе го
забави возилото, но нема да се
активира статично.
Штом прекинувачот m ќе се
ослободи, динамичното сопирање ќе престане.
Автоматска примена
Ако возилото е опремено со
автоматски менувач и е активна
приспособливата контрола на
патувањето, електричната
сопирачка за паркирање се
активира автоматски кога возилото
е сопрено подолго од 2 минути.
Сопирачката за паркирање се
отпушта автоматски кога ќе
тргнете.
Проверка на функционалноста
Кога возилото не се движи,
електричната сопирачка за
паркирање може да се активира
автоматски. Ова се прави за да се
провери системот.
Дефект
На дефектен режим на
електричната сопирачка за
паркирање укажува контролнатасијаличка j и порака за возилото
што е прикажана на
Информативниот центар за
возачот.
Пораки за возилото 3 137.
Активирање нa електричната
сопирачка за паркирање:
повлечете го и држете го
прекинувачот m подолго од
5 секунди. Ако контролната сијаличка m светне, електричната
сопирачка за паркирање е
активирана.
Отпуштање нa електричната
сопирачка за паркирање:
притиснете го и држете го
прекинувачот m подолго од
2 секунди. Ако контролната сијаличка m се изгасне,
електричната сопирачка за
паркирање е отпуштена.
Контролната сијаличка m трепка:
електричната сопирачка за
паркирање не е целосно
активирана или отпуштена. Кога
трепка постојано, отпуштете ја
електричната сопирачка за
паркирање и обидете се да ја
активирате повторно.Серво кочење
Ако педалата на сопирачките се
нагазне брзо и силно, автоматски
се применува максимална сила на
сопирање.
Работењето на помошта на
сопирањето може да се забележи
по пулсирање во педалата за
сопирачките и поголем отпор кога
се нагазнува педалата.
Одржувајте постојан притисок врз
педалата на сопирачката додека е
потребно целосно сопирање.
Максималната сила на сопирањето
автоматски се намалува кога ќе се
отпушти педалата на сопирачките.
Помош при поаѓање на угорници
Системот помага да се спречи
несакано движење кога се вози по
стрмнини.
При отпуштање на педалата за сопирање по застанување на
стрмнина, сопирачките остануваат
активни уште 2 секунди.
Сопирачките автоматски се
Page 204 of 369
202Возење и ракувањеотпуштаат кога возилото ќе почне
да забрзува. Помошта при поаѓање
на угорници нема да се активира
ако има еден од следниве случаи:
● менувачот е во брзина за движење напред кога возилотое насочено надолу.
● менувачот е во рикверц кога возилото е насочено нагоре.
● безбедносниот ремен за возачот не е ставен.
● возачката врата е отворена.
Подолго задржување на
помошта при поаѓање на
угорници
Возилата со автоматски менувач
се дополнително опремени со
подолго задржување на помошта
при поаѓање на угорници. Оваа
функција го задржува возилото
неподвижно најмногу 5 минути
откако ќе се отпушти педалата за
сопирачките.Електричната сопирачка за
паркирање автоматски ќе се
активира за да го спречи
движењето на возилото ако има
еден од следниве случаи:
● подолгото задржување на помошта при поаѓање на
угорници е деактивирано по
5 минути.
● палењето е исклучено.
● откриено е излегување на возачот.
Помошта при поаѓање на угорници
или подолгото задржување на
помошта при поаѓање на угорници
може да се избере во
приспособувањето на возилото кон индивидуалните потреби 3 139.
Забелешка
Помошта при поаѓање на
угорници и подолгото
задржување на помошта при
поаѓање на угорници нема да се
активираат кога менувачот е во
лер. Ако се избере лер кога
возилото е во активнозадржување, помошта ќе се
деактивира и возилото може да
почне да се движи.
Page 205 of 369
Возење и ракување203Системи за контрола
на возењето
Систем за контрола на пролизгувањето
Системот за контрола на
пролизгувањето (TC) е компонента
на Електронската контрола на
стабилноста (ESC).
TC ја подобрува стабилноста при
возењето кога е потребно, без
оглед на видот на површината на
коловозот или прилепувањето на
гумите, со спречување на
шлајфувањето на погонските
тркала.
Штом погонските тркала почнат да
шлајфуваат, излезната силата на
моторот се намалува и тркалото
кое најмногу шлајфува поединечно се сопира. Тоа значително ја
подобрува стабилноста при
возење на возилото на лизгави
површини.
TC функционира по секое палење на возилото, штом ќе се изгасне
контролната сијаличка b.
Кога TC работи, b трепка.
9 Предупредување
Не дозволувајте ова посебно
безбедносно својство да Ве
наведе да ризикувате за време
на возењето.
Приспособете ја брзината кон
условите на патот.
Контролна сијаличка b 3 120.
Деактивирање
TC може да се исклучи кога е
потребно вртење на погонските
тркала во место: притиснете
кратко t.
Контролна сијаличка k се пали.
Порака за статус се појавува во
Информативниот центар за
возачот кога TC ќе се деактивира.
Page 206 of 369
204Возење и ракувањеКога TC е деактивирана, ESC
останува активен, но со повисок
праг на контрола.
ТС повторно се активира со
повторно притискање на t. Порака
за статус се појавува во
Информативниот центар за
возачот кога TC ќе се активира
повторно.
TC исто така се активира повторно
следниот пат кога ќе се вклучи
палењето.
Дефект
Ако има дефект на системот,
контролната сијаличка b постојано
свети и на Информативниот
центар за возачот се појавува
порака. Системот не функционира.
Нека Ви ја отстрани причината на
дефектот автомеханичар.
Електронска контрола настабилноста
Електронската контрола на
стабилноста (ESC) ја подобрува
стабилноста при возењето кога епотребно, без оглед на видот на површината на патот или
прилепувањето на гумите.
Штом возилото почне да занесува
(недоволно вртење / нагло
свртување), излезната сила на моторот се намалува и тркалата се закочуваат посебно.
ESC работи во комбинација со
систем за контрола на
пролизгувањето. Го спречува
шлајфувањето на погонските
тркала.
Распределбата на силата на
вртење е посебна одлика што ја
распоредува силата на возење на
тркалата пред да се активира ESC. При вртење, тркалата од
внатрешната страна на кривината
сопираат одвоено. Исто така,
силата на вртење на моторот може
да се распредели на тркалата од
надворешната страна на
кривината. Ова ја намалува
тенденцијата на подуправување и го подобрува влечењето при брзо
возење на кривина.
ESC функционира по секое палење на возилото, штом ќе се изгасне
контролната сијаличка b.
Кога ESC работи, b трепка.
9 Предупредување
Не дозволувајте ова посебно
безбедносно својство да Ве
наведе да ризикувате за време
на возењето.
Приспособете ја брзината кон
условите на патот.
Контролна сијаличка b 3 120.
Page 207 of 369
Возење и ракување205Деактивирање
ESC и TC можат да бидат
деактивирани:
● држете го притиснато t
најмалку пет секунди: ESC и TC
се деактивирани. Светнуваат
k и t, а во Информативниот
центар за возачот се
појавуваат пораки за статусот.
● За да го деактивирате само Системот за контрола на
пролизгувањето, кратко
притиснете го копчето t: TC е
неактивно, но ESC останува
активно, светнува k. Порака за
статус се појавува во
Информативниот центар за
возачот кога TC ќе се
деактивира.
ESC повторно се активирана со
притиснување на копчето t
одново. Ако TC системот
претходно е оневозможен, TC и
ESC се повторно се активираат. k
и t се исклучуваат кога TC и ESC
се повторно се активираат.
ESC исто така се активира
повторно следниот пат кога ќе се
вклучи палењето.
Дефект
Ако има дефект на системот,
контролната сијаличка b постојано
свети и на Информативниот
центар за возачот се појавува
порака. Системот не функционира.
Нека Ви ја отстрани причината на
дефектот автомеханичар.
Интерактивен систем завозење
FlexRide FlexRide системот за возење муовозможува на возачот да избере
помеѓу три режими за возење:
● Режим SPORT: притиснете SPORT , сијаличката свети.
● Режим TOUR: притиснете TOUR , сијаличката свети.
● Режим AUTO или Standard / Normal: не е притиснато ниту
SPORT ниту TOUR и не свети
ниту една LED-сијаличка.
Деактивирајте го режимот SPORT
или режимот TOUR со притискање
на соодветното копче уште еднаш.
Page 208 of 369
206Возење и ракувањеВо секој режим на возење
Flex Ride приспособете ги
следниве електронски системи:
● електронска контрола на амортизацијата
● контрола на педалата за гас
● електронска контрола на серво
управувањето
● автоматски менувач
● приспособлива контрола на патувањето
● погон на сите тркала
● засилување на звукот на моторот
● тема на групата инструментиРежим SPORT
Поставките на системите се
приспособуваат за поспортски стил
на возење:
● Амортизацијата на амортизерите е поставена за
подобро управување и
агилност.
● Моторот реагира побрзо на промените на педалата за гас.
● Поддршката за управувањето е поспортска.
● Менувањето на автоматски менувач е оптимизирано за
спортско возење.
● Приспособливата контрола на патувањето е приспособена за
поспортски стил на возење.
● Погонот на сите тркала го поддржува активното спортсковозење на возилото.
● Засилувањето на звукот на моторот го засилува
внатрешниот звук на моторот
во спортски стил.
● Темата на групата инструменти се променува во
спортска.
Режим TOUR
Page 209 of 369
Возење и ракување207Режимот TOUR ги приспособува
поставките на системите за удобен
стил на возење.
● Амортизацијата на амортизерите е поставена за
поголема удобност при
возењето.
● Управување е со помал напор.
● Приспособливата контрола на патувањето е приспособена за
поопуштен стил на возење.
Режим AUTO
Сите верзии освен GSi: сите
поставки на системите се однапред поставени на стандардните
вредности кои се оптимизирани за
секојдневно возење (основен
режим). Ова е целосно
приспособлив режим, кој ги
приспособува системите и за
удобни и за спортски поставки, во
зависност од стилот на возење и
ситуацијата.
Нормален режим
Само верзиите GSi: Сите поставки на системите се однапред
поставени на стандарднитевредности кои се оптимизирани за
секојдневно возење (основен
режим). Овој режим ги задржува
стандардните вредности без оглед
на ситуацијата или стилот на
возење.
Приспособлива контрола на
режимот на возење
Во рамките на секој рачно избран
режим на возење SPORT, TOUR
или AUTO, контролата на режимот
на возење (DMC) постојано ги
открива и анализира ситуацијата и стилот на возење на возачот. Ако е потребно, DMC автоматски ги
приспособува амортизацијата и
управувањето додека трае
ситуацијата.
На пример, ако во режимот AUTO
се активни нормалните поставките, а DMC открие спортско возење,
тогаш автоматски ги променува
системите во спортските поставки,
освен ако возачот не ја откаже
спортската амортизација или
управување во Sport Mode
Customisation (Прилагодување на
спортски режим) .На пример, ако поставките за
удобност се активни во режимот
TOUR и додека се вози по
серпентини потребно е да сопира нагло и јако, DMC ќе ја открие
динамичната состојба на возилото
и ќе ги врати поставките за
амортизацијата на нормални
(основни) поставки за да се
зголеми стабилноста на возилото.
Кога карактеристиките на
возењето или динамичната
состојба на возилото се враќаат во
претходната состојба, DMC ќе ги
промени на однапред избраните
поставки.
Поставки
Поставките на режимите на возење можат да се променат во
изборникот за приспособување на
возилото кон индивидуалните
потреби во Инфо-екранот 3 139.
Page 210 of 369
208Возење и ракувањеСистеми за помош навозачот9 Предупредување
Системите за помош на возачот
се конструирани да го
поддржуваат возачот, а не да го заменат вниманието на возачот.
Возачот целосно ја задржува
контролата над возилото и ја
презема целосната одговорност кога го вози возилото.
Кога ги користите системите за
помош на возачот, секогаш
внимавајте на тековната
ситуација во сообраќајот и
почитувајте ги важечките
сообраќајни правила.
Контрола на патувањето
Контрола на патувањето може да
сними и одржува брзини од околу 30 км/ч до максималната брзина на
возилото. Може да дојде до
отстапувања од снимените брзини
кога се вози по угорници или
удолнини.
Активирањето во прва брзина не е
возможно.
Не ја користите контролата на
патувањето ако не е препорачливо да се одржи постајана брзина.
Контролна сијаличка m 3 122.
Вклучување на системот
Притиснете m; контролната
сијаличка m во групата
инструменти свети бело.
Активирање на
функционалноста
Забрзете се до саканата брзина и
свртете го малото тркалце на
SET/- , актуелната брзина се
зачувува и одржува. Контролната
сијаличка m во групата
инструменти свети зелено. На
екраните од средно и високо ниво,