OPEL INSIGNIA BREAK 2019.5 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2019.5, Model line: INSIGNIA BREAK, Model: OPEL INSIGNIA BREAK 2019.5Pages: 369, PDF Size: 9.49 MB
Page 181 of 369

Возење и ракување179Практични совети за
возење
Контрола над возилото
Никогаш не оставајте го
возилото да оди на падини со
изгаснат мотор
Многу системи нема да
функционираат во оваа ситуација
(на пр. серво уредот на
сопирачките, серво
управувањето). Таквото возење е
опасно за Вас и за други.
Сите системи функционираат при
Autostop.
Систем за сопирање-поаѓање
3 183.
Педали За да се обезбеди непречен од напедалите, не смее да има
подлошки во пределот на
педалите.Користете само патосници кои се
вклопуваат добро и се
зацврстуваат од држачите на
страната на возачот.
Управување Ако се изгуби помошта за
хидраулично управување бидејќи
моторот сопрел или поради дефект
на системот, со возилото може да
се управува, но може да треба
поголем напор.Поаѓање и ракување
Разработување на новото возило
Не кочете непотребно силно припрвите неколку патувања.
За време на првото возење може
да се јави чад поради
испарувањето на восокот и
маслото на системот за издувни
гасови. Паркирајте го возилото на
отворено место за извесно време
по првото возење за да не ги
вдишувате пареите.
За време на периодот за
разработување потрошувачката на
гориво и моторно масло може да
биде поголема.
Освен тоа, постапката за чистење
на филтерот за издувни гасови може да се врши почесто.
Филтер за издувни гасови 3 187.
Page 182 of 369

180Возење и ракувањеКопче за вклучување
Електронскиот клуч мора да е
внатре во возилото.
Режим за помошно напојување
Притиснете Engine Start/Stop
еднаш без да ракувате со
куплунгот или педалата на
сопирачката. Жолтата сијаличка во
копчето се пали. Заклучувањето на воланот се отпушта и некои
електрични функции работат,
палењето е исклучено.Режим за напојување со вклучено
палење
Задржете притиснато
Engine Start/Stop 6 секунди без да
ракувате со кумплунгот или
педалот на сопирачката. Зелената
сијаличка во копчето се пали,
дизел моторот се предзагрева.
Контролните сијалички светат и
може да се ракува со повеќето
електрични функции.Стартување на моторот
Кратко притиснете
Engine Start/Stop додека:
● рачен менувач: го притискате куплунгот,
● автоматски менувач: ја притискате педалата за
сопирачките, а рачката на
менувачот е во P или N.
Палење на моторот 3 182.Исклучено палење
Кратко притиснете
Engine Start/Stop кога е активиран
Autostop или кога моторот работи и
возилото е во мирување.Автоматски менувач: активирајте
ја рачната сопирачка и ставете во P .
Притиснете Engine Start/Stop
кратко без да притискате на
педалата за куплунгот или
сопирачките во режим за
напојување.
Некои функции остануваат активни
додека не се отвори возачката
врата, под услов палењето да било
вклучено претходно.Итно исклучување на моторот при
возење
Притиснете Engine Start/Stop
подолго од 2 секунди или
притиснете двапати кратко во рок
од 5 секунди 3 182.
Заклучување на воланот
Заклучувањето на воланот се
активира автоматски кога:
● Возилото е во мирување.
● Палењето е исклучено.
● Возачката врата е отворена.
Page 183 of 369

Возење и ракување181За да се отклучи воланот, отворете
ја и затворете ја возачката врата и
вклучете го режимот за додатоци
или директно стартувајте го
моторот.9 Предупредување
Ако акумулаторот е испразнет,
возилото не смее да се влече,
да се пали со влечење
однапред или со туркање
одзади бидејќи бравата на
воланот не може да се
ослободи.
Ракување кај возилата со
систем на електронски клуч во случај на дефект
Ако некој од електронските клучеви потфрли или батеријата на
електронскиот клуч е слаба,
Информативниот центар за
возачот може да прикаже No
Remote Detected (Не е откриен
далечински управувач) или
Replace Battery in Remote Key
(Заменете ја батеријата во клучот
со далечинско) кога сакате да го
стартувате возилото.
Отворете го капакот од
средишната конзола пред рачката
на менувачот. Ставете го
електронскиот клуч со копчињата
свртени нагоре во џебот од
предавателот покрај штекерот за
напојување, како што е прикажано
на сликата.
Други предмети, на пр, други
клучеви, транспондер, тагови,
монети итн. мора да бидат
отстранети од џебот.
Притиснете ја педалата за
куплунгот (рачен менувач),
педалата за сопирачките и
притиснете Engine Start/Stop . Кога
ќе почне постапката за
стартување, отпуштете го копчето.
За да го изгаснете моторот,
притиснете Engine Start/Stop
повторно. Извадете го
електронскиот клуч од џебот на
предавателот.
Оваа опција е наменета само за
хаварии. Заменете ја батеријата на електронскиот клуч што е можно
поскоро 3 23.
За отклучување или заклучување
на вратите, видете во дефект на
уредот на далечинскиот управувач
или на системот на електронскиот
клуч 3 27.
Задржано исклучување
Следниве електронски системи
можат да работат додека е
отворена возачката врата или
10 минути откако ќе се исклучи
палењето:
Page 184 of 369

182Возење и ракување● електричните прозорци
● подвижниот покрив
● штекери за напојување
Палење на моторот
Возила со копче за вклучување
Рачен менувач: нагазнете ги
педалите на куплунгот и
сопирачките.
Автоматски менувач: нагазнете ја
педалата на сопирачката и ставете
ја рачката на менувачот во P или N.
Не нагазнувајте го педалот за гас.
Кратко притиснете
Engine Start/Stop : анласерот го
активира автоматска постапка со
кратка пауза додека моторот не
проработи, видете го делот за
автоматска контрола на анласерот.
За да го исклучите моторот додека
возилото е во мирување, кратко
притиснете Engine Start/Stop .
Автоматски менувач: активирајте ја рачната сопирачка и ставете воP .
За да го стартувате моторот за
време на Autostop:
Рачен менувач: за време на
Autostop, моторот може да се
запали со притискање на педалата
на куплунгот 3 183.
Автоматски менувач: за време на
Autostop, моторот може да се
запали со отпуштање на педалата
за сопирачките 3 183.
Итно исклучување на моторот
при возење
Ако моторот треба да се исклучи
при возење во итен случај, држете
го Engine Start/Stop подолго од2 секунди или притиснете го
двапати кратко во рок од
5 секунди.9 Опасност
Исклучување на моторот за
време на возењето може да
предизвика губење поддршка за системите за сопирање и за
управување. Системите за
помош и на воздушни
перничиња се исклучуваат.
Светлата за осветлување и на
сопирачките се гасат. Затоа
гасете го моторот и
исклучувајте го палењето при
возење само кога е потребно
при итен случај.
Page 185 of 369

Возење и ракување183Палење на моторот при ниски
температури
Палењето на моторот без
дополнителни грејачи е можно до -25 °C за мотори на дизел и до
-30 °C за бензински мотори.
Потребно е моторно масло со
правилна вискозност, правилно
гориво, редовно извршени сервиси и доволно наполнет акумулатор.
При температури под -30 °C, на
автоматскиот менувач му треба
загревање од околу 5 минути.
Рачката на менувачот мора да
биде во положбата P.
Автоматска контрола на
анласерот
Функцијава ја контролира
постапката за палење на моторот.
Возачот не треба да држи
притиснато Engine Start/Stop . Штом
се применува, системот ќе
продолжи да запали автоматски
додека не проработи моторот.
Поради постапката за
проверување моторот
проработува по кратка пауза.Возможни причини за непалење на моторот:
● Куплунгот не е притиснат (рачен менувач).
● Педалот на сопирачките не е притиснат или рачката на
менувачот не е во P или N
(автоматски менувач).
● Дојде до надминување на времето.
Загревање на турбо мотор По палењето, достапниот вртежен
момент на моторот може да биде ограничен за краток временски
период, особено кога
температурата на моторот е ниска.
Ограничувањето овозможува
системот за подмачкување
целосно да го заштити моторот.
Исклучување на пребрзувањето
Доводот за гориво се затвора
автоматски за време на
пребрзувањето, т.е. кога возилото
се вози во некоја брзина, но
педалата за гас е отпуштена.Во зависност од условите за
возење, исклучувањето на
пребрзувањето може да се
деактивира.
Систем за сопирање- поаѓање
Системот за сопирање-поаѓање
помага да се заштеди гориво и да се намали испуштањето издувни
гасови. Кога дозволуваат условите,
го исклучува моторот штом
возилото е во мала брзина или е
сопрено, на пр. на семафор или во
сообраќаен метеж. Палењето
останува вклучено.
Активирање Системот за сопирање-поаѓање е
активиран штом ќе стартува
моторот, возилото ќе тргне и
условите како што се опишани
подолу во овој дел се исполнети.
Page 186 of 369

184Возење и ракувањеДеактивирање
Исклучете го системот за
сопирање-поаѓање со притискање на Ò. На исклучувањето укажува
постојаното светење на LED
сијаличката во копчето.
Autostop
Возила со рачен менувач
Autostop може да се активира во
мирување или во ниска брзина до
14 км/ч.Активирање на конвенционалниот
Autostop на следниот начин:
● Притиснете ја педалата за куплунг.
● Ставете ја рачката во лер.
● Отпуштете ја педалата за куплунг.
Моторот ќе се изгасне, а палењето останува вклучено.
Показател
Autostop е покажано на
вртежометарот со иглата во
положба AUTOSTOP .
По рестартирањето, се покажува
брзината на мирување.
За време на Autostop, греењето и
сопирачките остануваат активни.
Услови за Autostop
Системот за сопирање-поаѓање проверува дали се исполнети ситеуслови:
● Cистемот за сопирање- поаѓање не е исклучен рачно.
● Хаубата е целосно затворена.
● Возачката врата е затворена или безбедносниот ремен на
возачот е врзан.
● Акумулаторот е доволно наполнет и е во добра
состојба.
● Моторот е загреан.
● Температурата на течноста за ладење на моторот не е
превисока.
● Температурата на издувните гасови од моторот не е
превисока, на пр. по возење со
големо оптоварување на
моторот.
● Околната температура е повисока од -5 °C.
Page 187 of 369

Возење и ракување185● Системот за контрола наклиматизацијата дозволува
Autostop.
● Вакуумот на сопирачката е доволен.
● Помеѓу последното престартување и новиот
Autostop мора да поминат
околу 10 секунди.
● Функцијата за самостојно чистење на филтерот за
издувни гасови не е активна.
● Возилото било возено барем со брзина на одење од
последното Autostop.
Инаку, Autostop ќе биде спречено.
Системот за сопирање-поаѓање ќе се деактивира на наклони од 12%
или поголеми.
Одредени поставки на системот за контрола на климатизацијата може
да го спречат Autostop. Видете во
поглавјето Контрола на
климатизацијата за повеќе детали 3 165.
Веднаш по возење по автопат,
Autostop може да биде попречено.Разработување на новото возило
3 179.
Заштита на акумулаторот од
празнење
За да обезбедите сигурно палење
на моторот, вградени се неколку
функции за заштита од празнење
на акумулаторот како дел од
системот за сопирање-поаѓање.
Мерки за штедење енергија
При Autostop, неколку електрични
функции, на пример, помошниот
електричен грејач или греењето на
задното стакло се исклучени или
префрлени во режим за штедење
енергија. Брзината на
вентилаторот на системот за
контрола на климатизациајта се
намалува за да се заштеди
енергија.Повторно палење на моторот
од страна на возачот
Возила со рачен менувач
Сите мотори може да се
стартуваат повторно на два
начини: со конвенционално
повторно стартување или со доцно
повторно стартување.Конвенционално рестартирање
Отпуштете го куплунгот без да
притиснете на сопирачката за да го рестартирате моторот.Задоцнето рестартирање
Доцното повторно стартување е
достапно само на нагиби до 5%.
● Притиснете ја педалата за кочење.
● Притиснете ја педалата за куплунг.
● Изберете прва брзина.
● Отпуштете ја педалата на кочницата за повторно палењена моторот.
Page 188 of 369

186Возење и ракувањеВозила со автоматски менувач
Отпуштете ја педалата на
сопирачката и извадете ја рачката на менувачот од D во N или P за да
го рестартирате моторот.
Повторно палење на моторот
од страна на системот за
сопирање-поаѓање
Рачката на менувачот треба да
биде во лер за да се овозможи
автоматско повторно палење.
Ако еден од следниве услови се
појави за време на Autostop,
моторот автоматски ќе се запали
повторно од страна на системот за
сопирање-поаѓање:
● Системот за сопирање- поаѓање е исклучен рачно.
● Хаубата е отворена.
● Безбедносниот ремен на возачот е одврзан и е отворена
возачката врата.
● Температурата на моторот е прениска.
● Наполнетоста на акумулаторот
е под одредено ниво.● Вакуумот на сопирачката не е доволен.
● Возилото било возено барем со брзина на одење.
● Системот за контрола на климатизацијата бара палењена моторот.
● Климатизацијата е вклучена рачно.
Ако багажникот не е целосно
затворен, се прикажува
предупредувачка порака на DIC.
Ако некој електричен уред, на пр.
преносен ЦД-плеер, е поврзан со
штекер, може да се забележи кус пад на напонот за време на
повторното палење.
Забелешка
Ако е прикачена приколка или
носач за велосипеди,
задоцнетото престартување е
деактивирано.Паркирање9 Предупредување
● Не го паркирајте возилото
врз лесно запалива
површина. Високата
температура на издувниот
систем може да ја запали
површината.
● Секогаш затегнувајте ја рачната сопирачка.
Повлечете го прекинувачот
m околу 1 секунда и
проверете дали контролната
сијаличка m ќе светне.
Електричната сопирачка за
паркирање се активира кога
ќе светне контролната
сијаличка m 3 118.
● Изгаснете го моторот.
● Ако возилото е на рамна површина или на нагорнина,
ставете во прва брзина или
ставете ја рачката на
менувачот во положба P
пред да го исклучите
Page 189 of 369

Возење и ракување187палењето. Ако возилото е на
угорница, свртете ги
предните тркала од работ на
тротоарот.
Ако возилото е на надолнина, ставете во рикверц или
ставете ја рачката на
менувачот во положба P
пред да го исклучите
палењето. Свртете ги
предните тркала кон работ на тротоарот.
● Затворете ги прозорците и подвижниот покрив.
● Исклучете го палењето со копчето за вклучување.
Завртете го воланот додека
не се почувствува дека
бравата на воланот се
заглавила.
● Заклучете го уредот со притискање на копчето на
рачката од вратата или на
копчето e на далечинскиот
уред.
● Активирајте го системот за тревожење при кражба.
● Вентилаторите на ладилникот може да работат и по
гаснењето на моторот 3 272.Внимание
По возење со голема брзина на
моторот или при големо
оптоварување на моторот,
оставете го моторот да работи
кусо време со мало
оптоварување или во лер околу
30 секунди пред да го изгаснете
за да го заштитите
турбополначот.
Забелешка
Во случај на сообраќајка со
отворање на воздушните
перничиња моторот се гасне
автоматски ако возилото застане
за извесно време.
Издувни гасови од
моторот9 Опасност
Издувните гасови од моторот
содржат отровен јаглерод
моноксид, којшто е безбоен,
нема мирис и може да биде
смртоносен ако се вдишува.
Ако издувни гасови навлегуваат во внатрешноста на возилото,
отворете ги прозорците. Нека Ви ја елиминира причината на
дефектот автомеханичар.
Избегнувајте да возите со
отворен товарен простор, инаку
издувните гасови можат да
навлезат во возилото.
Филтер за издувни гасови
Филтерот за издувни гасови е
филтер за честички за дизел и
бензински мотори.
Page 190 of 369

188Возење и ракувањеПроцес на автоматско чистење
Системот на филтерот за издувни
гасови ги филтрира честичките на
саѓи од издувните гасови.
Системот содржи функција на
самочистење која работи
автоматски за време на возењето
без известување. Филтерот се
чисти со изгорување на честичките
од саѓи периодично на висока
температура. Овој процес се
одвива автоматски при
определени услови за возење и може да потрае до 25 минути.
Обично се потребни меѓу седум и
дванаесет минути. Autostop не е
достапно и потрошувачката на
гориво може да биде поголема за
тоа време. Испуштањето на
миризби и чад за време на овој
процес е нормално.
Системот треба да се исчисти
Во одредени услови, на пример,
при возење на кратки растојанија,
системот не може сам да се
исчисти автоматски.Ако постои потреба од чистење на
филтерот и ако претходните
услови на возење не овозможиле
автоматско чистење, тоа ќе се
означи со порака за
предупредување во
Информативниот центар за
возачот.
Кога филтерот за издувни гасови е полн, се појавува порака за
предупредување. Почнете го
процесот на чистење колку е можно поскоро.
Порака за предупредување се
појавува и кога филтерот за
издувни гасови ќе го достигне
максималното ниво на полнење.
Почнете го процесот на чистење
веднаш за да се избегне
оштетување на моторот.
Активирајте го процесот на
самостојно чистење
За да се активира чистењето,
продолжете со возењето,
одржувајте брзина на моторот над
2000 вртежи во минута. Сменете вопомала брзина ако е потребно.
Тогаш ќе започне чистењето на
филтерот за издувни гасови.
Процесот на чистење завршува
побрзо при поголеми брзини и
оптоварувања на моторот.
Продолжете да возите додека не
заврши операцијата за самостојно
чистење, а пораката исчезне од
екранот.Внимание
Ако е можно, не прекинувајте го
процесот на чистење. Возете
додека не заврши чистењето за
да ја избегнете потребата од
сервисирање или поправки од
страна на автомеханичар.