OPEL INSIGNIA BREAK 2020 Сопственички прирачник
Page 231 of 361
Возење и ракување229погрешно да предупреди или да
сопре за предмети кои имаат
слична форма или големина на
пешаци, вклучувајќи и сенки.
Тоа е нормална работа и на
возилото не му треба
сервисирање. За да го
поништите автоматското
сопирање, силно притиснете ја
педалата за гас ако е безбедно
да го сторите тоа.9 Предупредување
Користењето на системот на
сопирачки за пешак напред при
влечење приколка може да
предизвика губење на
контролата над возилото и
судар. Ставете го системот на
Предупредување или
Исклучено во
приспособувањето на возилото
кон индивидуалните потреби
кога влечете приколка.
Приспособување на возилото
кон индивидуалните потреби
3 137.
Системски ограничувања
Во следниве случаи, предната
заштита за пешаци може да не
открие пешак напред или
перформансите на сензорот се
ограничени:
● Брзината на возилото што се движи напред е надвор од
опсегот од 8 км/ч до 80 км/ч.
● Растојанието до пешакот напред е поголемо од 40 м.
● Возење на ветровити или ридести патишта.
● При ноќно возење.
● Времето ја ограничува видливоста, на пример, кога
има магла, дожд или снег.
● Сензорот во шофершајбната е блокиран од снег, мраз,
лапавица, кал, нечистотија,
оштетување на
шофершајбната или му пречат
надворешни елементи, на
пример, налепници.Помош за паркирање
Општи информации
Кога е прицврстена кука за
приколки, променете ги поставките за конфигурација во изборникот за
приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби во
Инфо-екранот.
Приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 137.
Кога прицврстувате приколка или
носач за велосипеди на куката за
приколки, помошта за паркирање
се деактивира.
Предно-задна помош за
паркирање9 Предупредување
Возачот носи целосна
одговорност за маневрот за
паркирање.
Секогаш проверувајте наоколу кога одите наназад или напред
и го користите системот за
помош за паркирање.
Page 232 of 361
230Возење и ракувањеПредно-задната помош за
паркирање ја мери оддалеченоста
меѓу возилото и пречките пред и зад возилото. Го известува и
предупредува возачот давајќи
акустични сигнали и показатели на
екранот.
Користи два различни акустични
предупредувачки сигнали за
предната и задната област за
следење, секоја со различна
фреквенција на тонот.
Системот има четири
ултрасонични сензори за
паркирање во задниот и предниот
браник.
Активирање
Системот се активира автоматски
при брзини до 11 км/ч.
Запалена сијаличка во копчето на
помош за паркирање r означува
дека системот е подготвен да
работи.
Ако r е исклучен во рамките на
еден циклус на палење, помошта
за паркирање се деактивира. Ако
брзината на возилото надминала
25 км/ч претходно, помошта за
паркирање повторно ќе се
активира кога брзината ќе се
намали под 11 км/ч.
Кога системот ќе се деактивира,
LED-сијаличката во копчето се
исклучува и во Информативниот
центар за возачот се појавува
порака.
Показател
Системот го предупредува возачот
со звучни сигнали за потенцијално
опасни пречки пред возилото на растојание кое се движи до 80 см и
за потенцијално опасни пречки зад
возилото на растојание кое се
движи до 50 см кога е во брзина за
напред, односно до 1,5 метри кога
возилото е во рикверц.
Зависно која страна на возилото е
поблиску до пречка, од таа страна
ќе слушате предупредувачки
звучни сигнали во возилото. Како
што возилото се приближува до
пречката, периодот помеѓу
сигналите се скратува. Кога
растојанието е помало од околу
30 см, сигналот е постојан.
Покрај тоа, растојанието до
пречките одзади и однапред се
прикажува со променливи линии за растојание на Информативниот
Page 233 of 361
Возење и ракување231центар за возачот 3 123 или, во
зависност од верзијата, на Инфо- екранот 3 131.
Показателот за оддалеченост
може да се потисне со пораки за возилото од повисок приоритет.
Откако ќе се отфрли пораката
показателот за растојание
повторно ќе се појави.
Звучниот сигнал се исклучува кога
е активирана сопирачката за
паркирање или кога рачката на
менувачот кај автоматскиот
менувач е во N.
Деактивирање
Системот се деактивира
автоматски кога брзината на
возилото ќе надмине 11 км/ч.
Можно е и рачно деактивирање со
притискање на копчето за помош за
паркирање r.
Кога системот ќе се деактивира
рачно, LED-сијаличката во копчето
се исклучува и во Информативниот
центар за возачот се појавува
порака.
По рачното деактивирање, предно-
задната помош за паркирање се
активира повторно ако се притисне
r .
Целиот систем мора да се
деактивира рачно во изборникот за
приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби во
Инфо-екранот. Останува
деактивиран во текот на циклусот
на палењето или додека не се
активира повторно во изборникот
за приспособување кон
индивидуалните потреби.
Приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 137.Дефект
Во случај на дефект или ако
системот привремено не работи,
на пр. поради голема бучава
надвор или други фактори што
пречат, се појавува порака во
Информативниот центар за
возачот.
Пораки за возилото 3 136.
Напредна помош за паркирање9 Предупредување
Возачот носи целосна
одговорност за прифаќање на местото за паркирање
предложено од системот и
маневрот за паркирање.
Секогаш проверувајте ја
околината во сите насоки кога ја
користите напредната помош за паркирање.
Напредната помош за паркирање
мери соодветно место за
паркирање при поминување, ја
пресметува патеката и автоматски
Page 234 of 361
232Возење и ракувањего наведува возилото во
напоредно или напречно место за паркирање.
Упатствата се дадени во
Информативниот центар за
возачот 3 123 или, во зависност од
верзијата, во Информативниот
екран 3 131, проследени со звучни
сигнали.
Возачот треба да ги контролира
забрзувањето, сопирањето и
менувањето брзини, додека
управувањето се врши автоматски.Само за модели GSi
Кај возила со автоматски менувач,
возачот мора да го контролира
забрзувањето и менувањето
брзини, а сопирањето и
управувањето се вршат
автоматски.
Напредната помош за паркирање
секогаш е во спој со предно-
задната помош за паркирање.
Двата системи ги користат истите
сензори во предниот и задниот
браник.
Системот има шест ултрасонични
сензори за паркирање и во задниот и во предниот браник.
Активирање на напредната помош
за паркирање
Напредната помош за паркирање
може да се активира само при
возење напред.Кога барате место за паркирање,
системот е подготвен за работа со
кратко притискање на (.
Системот препознава и помни
10 м за места за напоредно
паркирање или 6 м за места за
напречно паркирање во режимот за помош за паркирање.
Системот може да биде активиран
и да пребарува за место за
паркирање само со брзина до
30 км/ч.
Напредната помош за паркирање
може да не се активира кога возите
на многу остри стрмнини.
Page 235 of 361
Возење и ракување233ФункционалностВо режимот на барање на место за
паркирање, ознака во
Информативен центар за возачот
Во Информативниот центар за
возачот изберете место за
паркирање што е паралелно и е
под прав агол преку долго
притискање на копчето (.
Системот е конфигуриран да
открива места за паркирање од
совозачката страна. За да се
откријат места за паркирање од
возачката страна, вклучете ги
трепкачите од возачката страна.
Показател на Инфо-екранот
Изберете го паралелното или под
прав агол место за паркирање со
лесно допирање на соодветната икона на екранот.
Изберете го местото за паркирање
со лесно допирање на соодветната
икона на екранот.
Кога ќе се открие соодветно место, се даваат визуелни информации
на Инфо-екранот и звучен сигнал.
Ако возачот не го запре возилото
откако ќе се предложи паркирно
место, системот почнува да бара
друго соодветно паркирно место.
Режим за наведување при
паркирање
Предлогот за место за паркирање
од системот се прифаќа кога
возачот ќе го сопре возилото за
десет метри за места за напоредно
паркирање или шест метри за
места за напречно паркирање
откако ќе се појави пораката за да
Page 236 of 361
234Возење и ракувањесе запре возилото. Системот ја
пресметува оптималната патека до
паркирното место.
Куса вибрација на воланот по
ставањето во рикверц укажува
дека системот го контролира
управувањето. Потоа возилото со
рачен менувач се управува во
местото автоматски со тоа што на
возачот му се даваат детални
упатства за сопирање, забрзување
и менување брзини. Кај возилата
со рачен менувач, возилото се управува во местото автоматски со
тоа што на возачот му се даваат
детални упатства за забрзување и
менување брзини за напред или
назад. Возачот не треба да го
допира воланот. При режимот за
наведување при паркирање,
брзината на маневрирање е
ограничена.
Секогаш внимавајте на сигналот на
предно-задната помош за
паркирање. Постојан сигнал
укажува дека растојанието до
некоја пречка е помало од околу
30 см.Значи, ако поради нешто возачот
треба да преземе контрола врз
управувањето, држете го воланот
само за надворешниот раб. Тогаш
ќе се откаже автоматското
управување.Индикации на екранот
Упатствата на екранот покажуваат:
● Општи практични совети и пораки за предупредување.
● Совет кога се вози побрзо од 30 км/ч во текот на режимот на
пребарување на паркинг
место.
● Барање за запирање на возилото кога е откриено местоза паркирање.
● Насока на возењето за време на маневрите за паркирање.
● Барање за менување во рикверц или во прва брзина,
или R или D кај автоматски
менувач.● Барање да се застане или да се вози побавно.
● За некои од упатствата се прикажува лента за напредокна Информативниот центар за
возачот.
● Успешно завршување на маневарот паркирање на
коешто укажува појавен
симбол и тон.
● Откажување на маневар за паркирање.
Приоритети за прикажувањето
Показателот за напредна помош за паркирање на Информативниот
центар за возачот може да се
потисне од од пораки за возилото
со повисок приоритет. Откако ќе ја
одобрите пораката со притискање
на 9 на воланот, повторно се
покажуваат упатствата за
напредната помош за паркирање и маневарот за паркирање може да
продолжи.
Page 237 of 361
Возење и ракување235Деактивирање
Системот се деактивира со:
● кратко притискање на (
● маневрата за паркирање заврши успешно
● возење побрзо од 30 км/ч при барање место за паркирање
● возење побрзо од 8 км/ч при наведување за паркирање
● откриено е попречување од возачот на воланот
● откриена е стрмна нагорнина
● се надмине максималниот број
промени на брзините:
осум циклуси при паралелно
паркирање или пет циклуси при
напречно паркирање
● исклучување на палењето
На деактивирањето од страна на
возачот или на системот за време
на маневрирањето ќе укаже порака
на екранот. Освен тоа, се огласува
звучен сигнал.
Автоматски менувач:
Ако напредната помош за
паркирање се деактивира при
маневар за паркирање илиманеварот завршил успешно,
помошта го задржува возилото во
положбата додека не се случи нешто од следново:
1. се притисне педалата за сопирачките
2. се активира електричната сопирачка за паркирање
3. рачката на менувачот е поставена во P
Дефект
Порака се појавува во следниве
случаи:
● Има дефект во системот.
● Возачот не го завршил успешно маневрот за
паркирање.
● Системот не функционира.
● Дојде до некоја од причините за деактивирање опишани
погоре.
Ако при упатствата за паркирање
се открие некој предмет, се
прикажува порака за да го запрете
возилото. Отстранувањето на
предметот ќе ја продолжиманеврата за паркирање. Ако не се
отстрани предметот, системот ќе
се деактивира.
Основни белешки за системитеза помош за паркирање9 Предупредување
Во одредени услови, сјајните
површини на разни предмети
или на облека, како и
надворешните извори на
бучава, може да предизвикаат системот да не ги открие
пречките.
Внимание
Перформансите на системот
може да бидат намалени кога
сензорите се прекриени, на пр.
со мраз или снег.
Перформансите на системот за помош при паркирање може да
се намалат поради голема
оптовареност.
Page 238 of 361
236Возење и ракувањеВажат посебни услови ако во
близина има повисоки возила
(на пр. теренски возила,
комбија, камионети).
Идентификацијата на предмети
и правилното укажување на
оддалеченоста во горните
делови од такви возила не може
да се гарантира.
Системот може да не открие
предмети со многу мала
површина за одразување,
на пр. тесни предмети или меки
материјали.
Системите за помош за
паркирање не откриваат
предмети надвор од опсегот за
откривање.
Забелешка
Можно е сензорот да открие
предмет што не постои поради
ехо-пречките од надворешна
бучава или механичко
непорамнување (повремено може да се појават лажни
предупредувања).
Внимавајте предната регистерска табличка да е правилно
монтирана (да не е свиткана и да
нема процеп до браникот од
левата или десната страна) и
сензорите да се цврсто вглавени
на своите места.
Системот на напредна помош за
паркирање може да не реагира на
промени на достапното паркирно
место откако ќе почне маневар за паркирање. Системот може да
препознае влез, порта, двор, па дури и крстосница како место за
паркирање. Откако ќе ставите во
рикверц, системот ќе почне
маневар за паркирање.
Внимавајте на достапноста на
предложеното место за
паркирање.
Системот не открива
неправилности на ниски рабови
или тло, на пример, во градежни
зони. Возачот е одговорен за тоа.
Забелешка
Новите возила треба да се
калибрираат при првото
користење. За оптимално
наведување при паркирање,потребна е возна оддалеченост
од најмалку 10 км, вклучително и
свиоци.
Системот е калибриран на
фабрички поставените тркала.
Резултатите за паркирање се
поинакви со други гуми или
големини на тркала.
Известување за странична слепа точка
Системот за известување за
странична слепа точка открива и
пријавува предмети од двете
страни на возилото, во одредена
"мртва" зона. Системот прикажува
визуелно предупредување во секој
страничен ретровизор кога открива
објекти што може да не се видливи во внатрешниот и страничните
ретровизори.
Радарските сензори за
оддалеченост се наоѓаат во
задниот браник.
Page 239 of 361
Возење и ракување2379Предупредување
Известувањето за странична
слепа точка не го заменува
видот на возачот.
Системот не открива:
● возила вон страничните слепи зони што може да сеприближуваат брзо
● пешаци, велосипедисти или животни
Пред менување лента, секогаш
проверувајте ги сите
ретровизори, погледнете преку
рамо и користете ги трепкачите.
Кога ќе се стартува возилото,
екраните на двата странични
ретровизори кратко ќе светнат за
да покажат дека системот работи.
Кога системот ќе открие возило
што се движи во страничната слепа точка додека се вози нанапред, безразлика дали претекнувате возило
или ве претекнуваат, жолт
предупредувачки симбол F ќе се
вклучи на соодветниот страничен
ретровизор. Ако возачот тогаш ги
вклучи трепкачите,
предупредувачкиот симбол F
почнува да трепка жолто како
предупредување да не се менува
лентата.
Известувањето за странична слепа точка е активно при секоја брзина.
Деактивирање
Активирањето или
деактивирањето на известувањето за странична слепа зона може да
се постави во изборникот за
приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби на
Инфо-екранот.Приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 137.
Инфо-екран 3 131.
На исклучувањето укажува порака во Информативниот центар за
возачот.
Системски ограничувања Повремено, во нормални услови
или при остри кривини, може да се
појават испуштени
предупредувања. Системот може
привремено да предупреди на
објекти во слепата точка во
одредени временски услови (дожд, град и слично). Возење на мокар
пат или во премини од суво место
на влажна површина може да
предизвикаат вклучување на
контролната сијаличка F,
бидејќи водениот плисок може да се толкува како објект. Инаку,
контролната сијаличка F може
да се вклучи поради банкини,
знаци, дрвја, грмушки или други
неподвижни објекти. Тоа е
нормална работа и системот не
мора да се сервисира.
Page 240 of 361
238Возење и ракувањеСистемот може да не работи
правилно кога:
● Мраз, снег, кал, налепници, магнети, метални плочки или
сè друго што ги покрива
сензорите.
● Возење при поројни врнежи.
● Возилото имало несреќа или ако областа околу сензорот за
откривање е оштетена или не е правилно поправена.
● Има екстремни промени на температурата.
● Возилото влече приколка.
Во случај на дефект на системот
или ако системот не работи поради привремени услови, се прикажува
порака во Информативниот центар за возачот. Побарајте помош од
автомеханичар.
Забелешка
Секое ново возило треба да се
калибрира. За оптимални
перформанси, возете што е
можно поскоро по прав автопат со
објекти покрај патот, на пример, банкини и пречки, одредено
растојание.Известување за
менување лента
Покрај известувањето за
странична слепа точка 3 236,
известувањето за менување лента
препознава возила што се
приближуваат брзо одзади на
паралелни ленти до возилото.
Системот известува визуелно во
секој од страничните ретровизори
кога ќе открие возила што се
приближуваат брзо одзади.
Радарските сензори за
оддалеченост се наоѓаат во
задниот браник.9 Предупредување
Известувањето за менување
лента не го заменува видот на
возачот.
Пред менување лента, секогаш
проверувајте ги сите
ретровизори, погледнете преку рамо и користете го трепкачот.
Кога системот ќе открие возило
што се приближува одзади и вози
значително побрзо, жолтиот
предупредувачки симбол F ќе се
вклучи во соодветниот страничен
ретровизор. Ако возачот тогаш ги
вклучи трепкачите,
предупредувачкиот симбол F
почнува да трепка жолто како
предупредување да не се менува
лентата.
Известувањето за менување лента е активно при сите брзини.
Кога ќе се стартува возилото,
екраните на двата странични
ретровизори накусо ќе светнат за
да укажат дека системот работи.