OPEL MOKKA X 2019.5 Сопственички прирачник

Page 191 of 287

Возење и ракување189Користете само дизел гориво што е
според EN 590 и со концентрација
на сулфур од најмногу 10 ppm.
Можат да се користат горива сосодржина на биодизел (споредEN 14214) од најмногу 7% од
волуменот (на пр., со име B7).
Ако патувате во земји надвор од
Европската Унија, можно е
повремено користење на гориво
евро-дизел со концентрација на
сулфур помала од 50 ppm.Внимание
Честото користење на дизел
гориво што содржи повеќе од
15 ppm сулфур ќе предизвика
големо оштетување на моторот.
Внимание
Користењето гориво што не е во
согласност со EN 590 или
слично може да доведе до
губење на моќноста на
возилото, зголемено абење или
оштетување на моторот.
Не користете бродски дизел
горива, горива за греење, Аквазол
и слични мешавини на дизел и
вода. Дизел горивата не смеат да
се разредат со горива за бензински мотори.
Работа при ниски температури
При температури под 0 °C, некои
дизел производи со мешавини од
биодизел може да се затнат, да
замрзнат или да се претворат во
гел, што може да влијае врз
системот за довод на гориво.
Палењето и работата на моторот
може да не функционираат
правилно. Не заборавајте да
дополнувате дизел-гориво со
зимска вредност при температура
на околината под 0 °C.
Дизел гориво со арктички степен може да се користи при екстремно
ниски температури под -20 °C. Не
се препорачува користење на
гориво од ваков степен во жешки
или топли клими и може да
предизвика заглавување намоторот, лошо палење или
оштетување на системот за
вбризгување гориво.
Гориво за работа на течен
гас
Течниот гас е познат како LPG
(Liquefied Petroleum Gas - течен
нафтен гас - ТНГ) или по
француското име GPL (Gaz de
Pétrole Liquéfié). LPG е познат и
како автоплин.
ТНГ се состои главно од пропан и
бутан. Октанскиот број е меѓу 105 и 115, во зависност од делот бутан.
LPG се чува течен на притисок од
околу пет до десет бари.

Page 192 of 287

190Возење и ракувањеТочката на вриење зависи од
притисокот и соодносот на
мешавината. На атмосферски
притисок, таа е меѓу -42 °C (чист пропан) и -0,5 °C (чист бутан).Внимание
Системот работи на околна
температура од околу -8 °C до
100 °C.
Целосното функционирање на
системот за LPG може да се
гарантира само со течен гас што ги
задоволува минималните барања
на DIN EN 589.
Селектор на гориво 3 94.
Полнење гориво9 Опасност
Пред да полните гориво,
исклучете ги палењето и сите
надворешни грејачи со комори за согорување.
Следете ги упатствата за
ракување и безбедноста на
бензинската пумпа кога полните
гориво.
9 Опасност
Горивото е запаливо и
експлозивно. Пушењето е
забрането! Забранети се гол
пламен и искри.
Ако намирисате гориво во Вашето возило, нека Ви ја
отстрани причината на тоа
автомеханичар веднаш.
На етикетата со симболи на
вратничката за полнење гориво се
прикажани дозволените типови
гориво. Цевките на пумпите на
бензинските станици во Европа се
означени со овие симболи.
Полнете само гориво од дозволен
тип.
Внимание
Во случај на погрешно ставено
гориво, не вклучувајте го
палењето.
Вратичката на резервоарот за
гориво се наоѓа на задната десна
страна од возилото.

Page 193 of 287

Возење и ракување191
Вратичката на резервоарот за
гориво може да се отвори само ако возилото е отклучено. Ослободете
ја вратичката на резервоарот со притискање на истата.
Полнење со бензин и дизел
За да отворите, полека свртете го
капачето налево.
Капачето за полнење гориво може
да се задржи во рамката на
вратичката на резервоарот.
Поставете ја млазницата во
исправена положба во однос на грлото за полнење и притиснете
малку за да влезе.
За да наполните гориво, вклучете
ја цевката на пумпата.
По автоматско исклучување,
резервоарот може да се дополни
целосно со вклучување на цевката
на пумпата уште најмногу двапати.
Внимание
Веднаш избришете го горивото
што претекло.
За да го затворите, свртете го
капачето на резервоарот надесно
додека да кликне.
Затворете ја вратичката и оставете
да се заглави.
Спречувач за погрешно гориво
9 Предупредување
Не обидувајте се рачно да ја
отворите вратичката на грлото
на резервоарот за гориво кај
возилата со инхибитор за
погрешно гориво.
Непочитувањето на ова може
да доведе до фаќање на
прстите.
Дизел возилата се опремени со
спречувач за погрешно гориво.

Page 194 of 287

192Возење и ракување
Спречувач за погрешно гориво
обезбедува дека вратичката на
грлото на резервоарот за гориво
може да се отвори само со
користење соодветна млазница за
гориво или инка за итно полнење.
Во итен случај, дополнете со
канистер. Мора да се употреби
инка за да се отвори капакот од
грлото за полнење.Инката се наоѓа во товарниот
простор.
Ставете ја инката во кантата за складирање, па во кесата.
Употребете ја инката за да во
налеете гориво во грлото за
полнење.
По дополнувањето, ставете ја
инката во кесата товарниот
простор.
Полнење течен гас Следете ги упатствата за ракување и безбедноста на бензинската
пумпа кога полните гориво.
Адаптер за полнење
Бидејќи системите за полнење не
се стандардизирани, потребни се
различни адаптери кои се достапни
кај дистрибутерите на Opel и кај
овластените партнери на Opel.
Адаптер ACME: Белгија,
Германија, Ирска, Луксембург,
Швајцарија

Page 195 of 287

Возење и ракување193
DISH адаптер: Австрија, Босна и
Херцеговина, Бугарија, Хрватска,
Чешка, Хрватска, Данска, Естонија,
Франција, Грција, Унгарија,
Италија, Летонија, Литванија,
Македонија, Полска, Португалија,
Романија, Србија, Словачка,
Словенија, Шведска, Швајцарија,
Турција, УкраинаАдаптер бајонет: Холандија,
норвешка, Шпанија, Велика
Британија
ЕУРО адаптер: Шпанија
Вентилот за полнење течен глас е
зад капачето на резервоарот за
гориво.
Одвртете го заштитното капаче од
грлото за полнење.

Page 196 of 287

194Возење и ракување
Навртете го потребниот адаптер
цврсто со рака на грлото за
полнење.
Адаптер ACME: Завртете ја
навртката на цревото за полнење
на адаптерот. Активирајте ја
рачката за заклучување на цревото за полнење гориво.
DISH адаптер: Ставете го цревото
за полнење во адаптерот.
Активирајте ја рачката за
заклучување на цревото за
полнење гориво.
Адаптер бајонет: ставете го
цревото за полнење гориво и
свртете го за една четвртина од
кругот. Активирајте ја рачката за
заклучување на цревото за
полнење гориво.
ЕУРО адаптер: притиснете го
цревото за полнење на адаптерот. Активирајте ја рачката за
заклучување на цревото за
полнење гориво.
Притиснете го копчето кај пумпата за течен гас. Системот за полнење
сопира или почнува да работи
полека кога ќе се дојде до 80% од зафатнината на резервоарот
(максимално ниво за полнење).
Отпуштете го копчето на системот
за полнење и полнењето сопира.
Отпуштете ја рачката за
блокирање и извадете го цревото
за полнење. Може да се испушти
мало количество течен гас.
Извадете го адаптерот и одложете
го во возилото.
Ставете го заштитното капаче за
да спречите влегување туѓи тела
во отворот за полнење и во
системот.9 Предупредување
Поради конструкцијата на
системот, неизбежно е
испуштање течен гас по
отпуштањето на рачката за
блокирање. Не вдишувајте.
9 Предупредување
Резервоарот за течен гас треба
да се наполни само до 80% од
безбедносни причини.
Мултивентилот на резервоарот за
течен гас автоматски го ограничува
количеството за полнење. Ако се
додаде поголемо количество,
препорачуваме возилото да не се
изложува на сонце додека не се
искористи вишокот.
Капаче за полнење гориво Користете само оригинални
капачиња за полнење гориво.
Возилата со мотори на дизел
имаат специјални капачиња за
полнење гориво.

Page 197 of 287

Возење и ракување195Кука за приколки
Општи информации Употребувајте само опрема за
влечење која била одобрена за Вашето возило. Доверете му го
отпослежното монтирање на
опремата за влечење на
автомеханичар. Може да биде
потребно да се извршат измени кои
делуваат врз системот за ладење,
топлоотпорните обвивки или друга
опрема.
Функцијата за откривање
откажување на сијаличките за
светлото на сопирачките на
приколката не може да открие
делумно откажување на
сијаличките, на пример, во случај
на четири сијалички со моќност од
5 W, открива откажување на
сијаличките само кога останала
само една или ниту една сијаличка
од 5 W.
Монтирањето на опрема за
влечење може да го прекрие
отворот на алката за влечење. Ако
е така, користете ја влечната куказа влечењето. Секогаш задржи ја
влечната кука во возилото кога не
е во употреба.
Возни карактеристики,совети за влечење
Пред да закачите приколка,
подмачкајте ја влечната топка со
мазиво. Меѓутоа, не ја
подмачкувајте ако за намалување
на кривулести движења се
употребува стабилизатор, којшто делува врз влечната топка.
За приколки со слаба стабилност
при возење и за камперски
приколки со дозволена бруто
тежина на возилото од повеќе од
1000 кг, не смее да се надмине
брзина од 80 км/ч. Се препорачува
употреба на стабилизатор.
Ако приколката почне да се извива,
возете пополека, не обидувајте се
да го исправите управувањето и
сопирајте нагло ако е потребно.
Кога возите по удолнина, возете во
иста брзина како да возевте по
угорница и возете со слична
брзина на возилото.Дотерајте го притисокот во гумите
до вредноста определена за полна
натовареност 3 263.
Влечење на приколка
Товарење на приколката Дозволената оптовареност на
приколките се максималните
вредности кои зависат од возилото
и од моторот и не смеат да се
пречекоруваат. Фактичната
оптовареност на приколката е
разликата помеѓу бруто тежината
на приколката и актуелната
оптовареност на влечната спојка
кога е приклучена приколката.
Дозволената оптовареност за
товарот на приколките е
определена во документите на
возилото. Воопшто, тие важат за
стрмнини до најмногу 12%.
Дозволените оптоварености на
приколката важат до определената стрмнина и до надморска височина
од 1000 метри. Бидејќи моќноста на моторот се намалува со
зголемување на надморската
височина поради разретчување на

Page 198 of 287

196Возење и ракувањевоздухот, со што се намалува и
способноста за искачување, и
дозволената тежина за влечење се
намалува за 10% на секои
1000 метри дополнителна
надморска височина. Бруто
влечната тежина не мора да се
намалува кога се вози по патишта
со мали стрмнини (помали од 8%,
на пр. автопатишта).
Не смее да се пречекори
дозволената бруто тежина на
оските. Оваа тежина е забележана
на идентификациската табличка
3 252.
Вертикална оптовареност на
влечната спојка
Вертикалната оптовареност на
влечната спојка е оптовареноста
со којашто приколката ја
оптоварува влечната кука. Може да
се менува со менување на
распоредот на тежината кога се товари приколката.
Максималната дозволена
вертикална оптовареност на
влечната спојка (75 кг) е наведена
на идентификациската табличка навлечната опрема и во документите на возилото. Секогаш одете на
максимална оптовареност,
особено ако се работи за тешка
приколка. Вертикалната
оптовареност на влечната спојка
никогаш не смее да падне под
25 кг.
Натоварување на задната оска Дозволените оптоварености на
оските (видете на
идентификациската табличка или
во документите на возилото) не
смее да се пречекорат.
Опрема за влечењеВнимание
При работење без приколкаизвадете ја влечната кука со
топка.
Чување на влечната кука
Торбата со влечната кука се чува
во задниот простор за складирање
на подот.
Протнете го ременот низ алката за врзување, завиткајте го околу неа
двапати и затегнете го ременот за
да се прицврсти торбата.

Page 199 of 287

Возење и ракување197Монтирање на топчестата
влечна кука
Откачете го и преклопете го
приклучникот. Извадете го
заптивниот клин од дупката за
влечната кука и складирајте го.
Проверка на затегнатоста на
влечната кука
● Црвената ознака на вртливото
копче посочува кон зелената
ознака на влечната кука.
● Меѓупросторот помеѓу вртливото копче и влечната
кука мора да биде околу 6 мм.
● Клучот треба да биде во положбата c.
Инаку влечната кука треба да се
затегне пред да се вметне:
● Отклучете ја влечната кука со вртење на клучот во
положбата c.
● Извлечете го вртливото копче
и свртете го во правец на
стрелките на часовникот колку
што може.

Page 200 of 287

198Возење и ракувањеВметнување на влечната кука
Вметнете ја затегнатата шипка на
влечната кука во отворот и турнете
ја цврсто угоре додека не се
заглави чујно.
Вртливата рачка скокнува назад во
основната положба, потпирајќи се
на влечната кука без расцеп.
9 Предупредување
Не ја допирајте вртливата рачка
за време на вметнувањето.
Заклучете ја влечната кука со
вртење на клучот во положбата e.
Извадете го клучот и затворете го
заштитното капаче.
Алка за кабелот за приврзување
Закачете го кабелот кој спречува
да се откачи приколката, за алката.
Проверете дали влечната кука е
правилно инсталирана
● Зелената ознака на вртливото копче мора да посочува кон
зелената ознака на влечната
кука.
● Не смее да има расцеп помеѓу вртливата рачка и шипката на
влечната кука.
● Влечната кука треба цврсто да
се заглави во отворот.
● Влечната кука треба да се заклучи и клучот да се извади.9Предупредување
Влечењето на приколка е
дозволена само ако влечната
кука е монтирана правилно. Ако влечната кука не е заглавена
правилно, побарајте помош од
автомехануичар.

Page:   < prev 1-10 ... 151-160 161-170 171-180 181-190 191-200 201-210 211-220 221-230 231-240 ... 290 next >