OPEL VIVARO B 2019 Сопственички прирачник

Page 191 of 263

Нега на возилото189Хауба
Отворање
Повлечете ја рачката за
ослободување и вратете ја во
првобитната положба.
Поместете го налево
безбедносното резе што се наоѓа
малку надесно од средината, па
подигнете ја хаубата.
Багажникот се држи отворен
автоматски со подигач.
Ако багажникот е отворен за време
на Autostop, моторот автоматски ќе
се запали повторно поради
безбедноста.
Систем за сопирање-поаѓање
3 152.
Внимание
Проверете дали бришачот на
шофершајбната е исклучен
пред да ја отворите хаубата
3 93.
Затворање
Спуштете ја хаубата и оставете да
падне на бравата од мала висина
(приближно 30 см). Проверете
дали хаубата е заглавена.
Внимание
Не притискајте ја хаубата на
резето, за да избегнете
вдлабнувања.
9 Предупредување
Дури и во случај на мал челен
судар, безбедносното резе за
хаубата треба да го провери
автомеханичар.

Page 192 of 263

190Нега на возилотоМоторно маслоПроверувајте го нивото на
моторното масло рачно за да нема
оштетувања на моторот.
Проверете дали се користи
моторно масло со правилната
спецификација.
Препорачаните течности и
средства за подмачкување 3 234.
Максималната потрошувачка на моторното масло е 0,6 л на
1000 км.
Проверувајте го со возилото на
рамна површина. Моторот треба
да биде со работна температура и
изгаснат најмалку 10 минути.Извлечете ја прачката, избришете
ја, ставете ја повторно целосно,
извлечете ја и прочитате го нивото на моторното масло.
Кога нивото на моторното масло
паднало до ознаката MIN, дотурете
моторно масло.Внимание
Не дозволувајте нивото на
масло во моторот да се спушти
под минималното ниво!
Препорачуваме употреба на
моторно масло од ист вид како она
што било употребено при
последното менување.
Помеѓу MIN и MAX , може да се
дополни количество од околу
2,1 литри за моторите R9M 408,
R9M 413 и R9M 415 и околу
3,5 литри за моторите R9M 450 и R9M 452.
Нивото на моторното масло не
смее да ја надмине ознаката за
максимум MAX на прачката.Внимание
Вишокот на моторното масло
треба да се исиса или да се
отстрани. Ако маслото е над
максималното ниво, не
стартувајте го возилото и
контактирајте со
автомеханичар.
За спречување на истурање на
моторно масло при дотурање,
препорачуваме да се користи инка
за надополнување на моторно

Page 193 of 263

Нега на возилото191масло. Внимавајте инката да е
добро наместена на цевката за
полнење.
По надополнувањето, ставете ја
инката во пластична кеса и чувајте
ја на сигурно.
Потрошувачката на моторното
масло нема да се стабилизира
додека возилото не поминало
повеќе илјади километри. Дури
тогаш може да се утврди
фактичката мера на
потрошувачката.
Ако потрошувачката надминува
повеќе од 0,6 литри на 1000 км по
периодот на разработувањето,
консултирајте се со
автомеханичар.
Наместете го капачето право и
затегнете го.Филтер за воздух
Сијаличка за протокот на
воздух во моторот
Кај одредени модели сијаличката
се наоѓа во системот за индукција на моторот и покажува дали е
ограничен доводот на воздух во
моторот.
Слободен:Нема
ограничувањеЦрвен
симбол:ОграниченАко е прикажан црвениот симбол
кога моторот работи,
посоветувајте се со
автомеханичар.
Ладилник Течноста за ладење дава заштита
од замрзнување до околу -28 °C.Внимание
Употребувајте само одобрен
антифриз.
Ниво на течноста за ладење
Внимание
Прениското ниво на течноста за
ладење може да предизвика
оштетување на моторот.

Page 194 of 263

192Нега на возилото
Ако системот за ладење е студен,
нивото на течноста за ладење
треба да биде токму над ознаката
MINI . Дотурете ако нивото е ниско.
9Предупредување
Оставете моторот да се олади
пред да го отворите капачето. Внимателно отворајте го
капакот, ослободуваќи го вишок
притисокот полека.
Дотурете антифриз. Ако нема
антифриз на располагање,
користете чиста вода од чешма или дестилирана вода. Ставете го
капакот цврсто. Нека Ви ја провери концентрацијата на антифризот и
нека Ви ја отстрани причината на
губење на течноста за ладење
автомеханичар.
Ако е потребно значтелно
количество на течност за ладење,
ќе треба да се исцеди заглавениот
воздух од системот за ладење.
Побарајте помош од
автомеханичар.
Ако температурата на течноста за
ладење е превисока, контролната
сијаличка W 3 109 свети црвено во
групата инструменти, заедно со C
3 108. Посоветувајте се со
автомеханичар ако нивото на
течноста за ладење е доволно.
Течност за сервоуправувањеВнимание
Многу мали загадувања можеда предизвикат оштетување на
системот за управување и
неправилна работа. Не
дозволувајте загадувачи да
дојдат во допир со делот што
доаѓа во допир со течноста на капачето на резервоаротили да
навлезат во резервоарот.
Резервоарот на течноста за серво
управување се наоѓа под сводот на левото предното тркало, под
плочата на облогата.
Нивото на течноста обично не
треба да се проверува. Во случај на
невообичаен звук при
управувањето или ако серво
управувањето реагира
невообичаено, побарајте помош во сервис.

Page 195 of 263

Нега на возилото193Ако нивото на течноста во
резервоарот падне под ознаката
MIN , посоветувајте се со
автомеханичар.
Течност за миење
Наполнете со чиста вода мешана
со соодветно количество течност
за миење на шофершајбната која
содржи антифриз.
Внимание
Само течностите за миење со
доволна концентрација на
антифриз даваат заштита при
ниски температури или нагол
пад во температурата.
Користењето течност за миење
што содржи изопропанол може
да ги оштети надворешните
ламби.
Течност за миење 3 234.
Сопирачки Штом се ставени нови пакните, не
сопирајте непотребно силно на
првите неколку патувања.
Течност за сопирачките
9 Предупредување
Течноста за сопирачките е
отровна и нагризува. Избегнете
контакт со очите, кожата,
текстил и бојадисани површини.
Течноста за сопирачките мора да
биде меѓу ознаките MINI и MAXI .
Кога дотурате, уверете се дека течноста е сосема чиста бидејќи
загадената течност за сопирачките
може да доведе до неисправности
во системот на сопирачки. Нека Ви ја отстрани причината на губењето
на течноста за сопирачките
автомеханичар.
Користете течност за сопирачките
само со високи перформанси
одобрена за Вашето возило.
Течност за сопирачките 3 234.

Page 196 of 263

194Нега на возилотоАкумулатор
Акумулаторот на возилото се наоѓа
под капак во моторниот простор.
Акумулаторот на возилото не се сервисира под услов
карактеристиките на возењето да
овозможат доволно полнење на
акумулаторот. Кратки возења и
чести палења на моторот можат да
го испразнат акумулаторот.
Избегнувајте ја употребата на
непотребни електрични
потрошувачи.
Контролната сијаличка p
светнува ако има дефект на
системот за полнење. Запрете,
исклучете го моторот и побарајте
помош од автомеханичар.
Систем за полнење 3 107.
Акумулаторите не му припаѓаат на
домашниот отпадок. Тие треба да
се фрлат кај соодветен пункт за
собирање на отпадоци за
рециклирање.
Паркирање на возилото подолго од четири седмици може да доведе до
празнење на акумулаторот.
9 Опасност
Уверете се дека палењето е
целосно исклучено (возилото не смее да биде во Autostop), пред
да го поврзете или исклучите акумулаторот.
Систем за сопирање-поаѓање
3 152.
Замена на акумулаторот
Акумулаторот секогаш треба да се
заменува со акумулатор од ист тип.
Побарајте помош од
автомеханичар за да ви го заменат акумулаторот.
Систем за сопирање-поаѓање
3 152.
Полнење на акумулаторот
9 Предупредување
Кај возила со систем за
сопирање-поаѓање, уверете се
дека потенцијалот на
полнењето не надминува

Page 197 of 263

Нега на возилото19514,6 V кога се користи полнач за
батерија. Во спротивно, може да се оштети батеријата на
возилото.9 Опасност
Обезбедете соодветно
проветрување кога го полните акумулаторот. Постои ризик одексплозија ако гасовите што се
произведуваат за време на
полнењето се остават да се
насоберат!
Палење со кабли 3 224.
Предупредувачки натпис
Значење на симболите:
● Без искри, отворени огнови или
пушење.
● Секогаш заштитете ги очите. Експлозивните гасови може да
предизвикаат слепило или
повреда.
● Чувајте го акумулаторот вон дофат на деца.
● Акумулаторот содржи сулфурна киселина што може
да предизвика слепило или
тешки изгореници.
● Видете го упатството за сопственикот за понатамошни
информации.
● Можно е присуство на експлозивен гас во близина на
акумулаторот.
Дополнителен акумулатор
Во зависност од помошната
опрема на возилото, одредени
модели може да имаат
дополнителен акумулатор
монтиран под клупата на предното
совозачко седиште.

Page 198 of 263

196Нега на возилотоЗабелешка
Дополнителниот акумулатор
автоматски се поврзува со
главниот акумулатор на возилото
само кога моторот работи. Нема
потреба рачно да го исклучувате
пред да го исклучите главниот
акумулатор на возилото или пред
да го палите возилото со кабли.
Терминалите се направени за
дополнителни електрични
потрошувачи до максимум 50 A.
Палење со кабли 3 224.
Филтер за дизел гориво На филтерот за дизел гориво можеда му се пристапи од долната
страна на возилото.
Исцедете ја наталожената вода од
филтерот при секое менување на моторното масло.
Ставете сад под куќиштето на
филтерот. Олабавете ја
избраздената завртка од долниот дел од филтерот со приближно
еден круг за да ја исцедите водата.
Филтерот е исцеден штом ќе
излезе дизел гориво без вода.
Затегнете ја завртката.
Проверувајте го филтерот за дизел гориво почесто ако возилото е
изложено на екстремни работни
услови.
Цедење на системот со
дизел гориво
Ако резервоарот за гориво се
испразнил докрај, ќе треба да се
проветри или исцеди системот за дизел гориво.
Дополнете гориво, па постапете вака:
Со клуч за палење
● Вклучувајте го палењето (клучот во положба 2)
5 секунди одеднаш.
● Исклучете го палењето (клучот
во положба 1) 3 секунди.

Page 199 of 263

Нега на возилото197● Повторете го тоа повеќепати.
● Запалете го моторот (клучот во
положба 3), потоа исклучете го
(клучот во положба 0).
Положби на прекинувачот за
палење 3 147.
Со копче за вклучување
● Вметнете го електронскиот клуч во читачот на картички.
● Притиснете START/STOP без
притискање на педалите.
● Почекајте неколку минути пред
да го стартувате моторот.
Копче за вклучување 3 147.
Ако моторот не се пали, побарајте
помош од автомеханичар.
Палење на моторот 3 149.
Замена на четкичките на
бришачите
Четкички на бришачите на
шофершајбната
Пред да ги замените четкичките на бришачите, ставете ја рачката за
бришачите во положба за
одржување (ако има).
Бришач и перач на
шофершајбната 3 93.Подигнете ја рачката на бришачот,
притиснете го копчето за да се
откачи четкичката на бришачот и
извадете ја.
Прицврстете ја новата четкичка на бришачот под мал агол во однос на рачката на бришачот и притиснете
ја се додека не се заглави.
Спуштете ја рачката на бришачот внимателно.
Четкичка на бришачот на
задното стакло

Page 200 of 263

198Нега на возилотоПодигнете ја рачката на бришачот,притиснете ги спојките заедно за
да се откачи четкичката на
бришачот и подигнете ја за да ја
извадите.
Спуштете ја рачката на бришачот
внимателно.
Кога монтирате нова четкичка на
бришачот, уверете се дека е добро
прицврстена.Замена на сијалиците
Исклучете го палењето и исклучете
го соодветниот прекинувач или
затворете ги вратите.
Држете ги новите сијалици само кај базата. Не допирајте го стаклото на
сијалицата со голи раце.
Користет само само исти вид на
сијаличка за замена.
Проверка на ламбите По замена на ламба, вклучете го
палењето, вклучете ги и проверете
ги светлата.
Предни фарови Средно светло и долго светло
Заменете ги сијалиците на
фаровите од внатрешноста на
моторниот простор.
1. Извадете го заштитниот капак вртејќи го налево.
2. Исклучете го кабел штекерот.
3. Ослободете ја спојката за држење (погледнете ја сликата)
и извадете ја сијалицата.
4. Сменете ја сијалицата и инсталирајте ја спојката за
држење уверувајќи се дека
сијалицата е во правилната
насока.
5. Вратете го кабел штекерот и заштитниот капак.

Page:   < prev 1-10 ... 151-160 161-170 171-180 181-190 191-200 201-210 211-220 221-230 231-240 ... 270 next >