OPEL VIVARO B 2019 Сопственички прирачник
Page 211 of 263
Нега на возилото209Бр.Струјно коло1Резервен акумулатор (со
систем на електронскиот
клуч)2Адаптации3Адаптации4Акумулатор (со систем на
електронски клуч)5Дополнително греење и
проветрување / Систем за
климатизација6Дополнителен систем за
греење и проветрување7Електрични странични
ретровизори / Дополнителни
приспособувања8Странични ретровизори со
греење9Радио / Мултимедија /
Електрични странични
ретровизори / Приклучок за
дијагностикаБр.Струјно коло10Мултимедија / Кука за
приколки11Светла за внатрешноста /
Заштита на акумулаторот од
празнење12Десно долго светло / Лево
средно светло / Странични
светла / Десно светло за
дневно возење13Предупредувачки трепкачи /
Трепкачи14Централна брава15Лево долго светло / Десно
средно светло / Задни светла / Лево светло за дневно
возење16Предни фарови за магла /
Задни фарови за магла /
Светло за регистарската
табличка17Аларм / Сирена / Светла /
БришачБр.Струјно коло18Група инструменти19Систем за греење и
проветрување20Бришач на задното стакло /
Пумпа за миење на
шофершајбната / Сирена21Општ акумулатор22Светло за рикверц23Прекинувач за сопирачките24Инјектирање гориво / Стартер25Воздушно перниче /
Заклучување на
управувачкиот столб26Патнички електричен
прозорец27Серво управување28Стоп-светла29Резервен акумулатор (со
систем на електронскиот
клуч)
Page 212 of 263
210Нега на возилотоБр.Струјно коло30Екран за сервисирање31Запалка / Штекер за
напојување32Систем за греење и
проветрување33Стоп-светла / ABS /
Имобилизатор34Внатрешно светло /
Климатизација35Стартување со системот на
електронски клуч36Бришач на задното стакло37Предупредувачки сигнал38Штекер за напој во товарниот
простор39Електричен возачки прозорец40Заден штекер за напој41Стартување / Модул за
контрола на каросеријата42Греење на седиштатаБр.Струјно коло43Тахиграф44Бришач на шофершајбната45Греење / Климатизација
Откако ќе бидат променети
неисправните осигурувачи,
заменете го трим панелот.
Прирачен алат
Алати
Дигалката, клучот за тркалата,
клучот за завртките на тркалата,
имбус клучот, адаптерите, куката
за раткапните и алката за влечење се наоѓаат во комплет под
возачкото седиште.
Page 213 of 263
Нега на возилото211
Слизнете го седиштето нанапред и
склопете го потпирачот за грб
нанапред 3 53 за да дојдете до
кутијата со алати. Кутијата со алати може да е прицврстена со навртка
со крилца. Свртете ја навртката со
крилца налево за да ја ослободите.
Менување на тркалата 3 220.
Резервно тркало 3 222.
Возила со комплет за поправање
гуми: Куката за раткапните и имбус клучот се наоѓаат во кутијата на
комплетот за поправање гуми,
складирана под возачкото
седиште.
Комплет за поправање гуми 3 217.
Тркала и гуми
Состојба на гумите, состојба на
тркалата
Преку рабови возете полека и под
прав агол ако е возможно.
Возењето преку остри рабови
може да предизвика оштетувања
на гумите и на тркалата. Не ги
заглавете гумите на работ од
тротоарот кога паркирате.
Редовно проверувајте ги тркалата
да не се оштетени. Побарајте
помош од автомеханичар во случај на оштетување или необично
абење.
Препорачуваме да не се
заменуваат предните со задните
тркала и обратно, тоа може да
влијае врз стабилноста на
возилото. Секогаш користете
помалку изабени гуми на задната
оска.Гуми
Фабрички монтираните гуми се
приспособени кон шасијата и
пружаат оптимална удобност и
безбедност при возењето.
Зимски гуми Зимските гуми ја подобруваат
безбедноста на возењето при
температури под 7 °C и затоа треба
да се ставаат на сите тркала.
Во согласност со прописите што се
специфични за земјата, во видното поле на возачот треба да се залепибелешка што ја означува
најголемата дозволена брзина за
гумите.
Ознаки на гумите На пр. 195/65 R 16 C 88 Q195:Широчина на гумата во мм65:Профил (однос на
височината со широчината
на гумата) во %R:Вид на ременот: РадијаленRF:Вид : RunFlat (функционира и
издишана)
Page 214 of 263
212Нега на возилото16:Пречник на тркалото во инчC:Товарна или трговска
употреба88:Индекс на натовареноста, на пр. 88 одговара на 567 кгQ:Буква на шифрата за
брзината
Буква на шифрата за брзината:
Q:до 160 км/чS:до 180 км/чT:до 190 км/чH:до 210 км/чV:до 240 км/чW:до 270 км/ч
Изберете гума соодветна за
најголема брзина на Вашето
возило.
Најголемата брзина се постигнува
со максимална тежина со возачот
(75 кг) плус 125 кг товар.
Дополнителната опрема може да ја намали максималната брзина на
возилото.
Еднонасочни гуми
Монтирајте еднонасочни гуми, така што тие ќе се вртат во насоката на
патувањето. Правецот на
тркалањето е означен со симбол
(на пр. стрелка) од страната на
гумата.
Притисок на гумите Проверувајте го притисокот во
гумите кога се студени, најмалку на 14 дена и пред секое подолго
патување. Не заборавајте го
резервното тркало. Тоа важи и за
возилата со систем за контрола на
притисокот во гумите.Етикетата со информации за
притисокот на гумите на рамката на вратата на возачот укажува на
оригиналните гуми и на
соодветните притисоци во гумите.
Секогаш пумпајте ги гумите до
вредноста за притисок дадена на
ознаката.
Притисоци во гумите 3 243.
Податоците за притисокот во
гумите се однесуваат на ладни
гуми. Тоа важи за летни и зимски
гуми.
Секогаш пумпајте ја резервната гума на најголемиот притисок што
е наведен за оваа големина на
гумата.
Неправилниот притисок во гумите
ќе ја влоши безбедноста,
управувањето на возилото,
удобноста и економичноста на
потрошувачката на гориво, и ќе го
зголеми абењето на гумите.
Табелата за притисок во гумите ги
покажува сите можни комбинации
на гуми 3 243.
Page 215 of 263
Нега на возилото213За гумите одобрени за Вашето
возило, видете го Сертификатот за
сообразност на ЕК доставен со
Вашето возило или другите
национални документи за
регистрација.
Возачот е одговорен за правилно прилагодување на притисокот во
гумите.9 Предупредување
Ако притисокот е пренизок,
гумите може премногу да се
загреат и да се оштетат
однатре, што може да
предизвика цепење на шарите,
па дури и експлозија на гумите
при големи брзини.
9 Предупредување
За специфични гуми,
препорачаниот притисок во
гумите што е прикажан во
табелата за притисок во гумите може да биде поголем од
максималниот притисок во
гумите што е наведен на гумата.
Никогаш не надминувајте го
максималниот притисок што е
прикажан на гумата.
Зависност од температурата
Притисокот во гумата зависи од
нејзината температура. За време
на возењето, температурата и
притисокот на гумите се
зголемуваат.
Вредностите за притисокот во
гумите на ознаката за информации
за гумите и табелата за притисок
на гумите се важечки за ладни
гуми, а тоа значи 20 °C. Притисокот се зголемува за речиси 10 kPa
(0,1 bar) за покачување на
температурата за 10 °C. Тоа мора да се земе во предвид кога се
проверуваат топли гуми.
Влечење на приколка Кога се влече приколка, а возилото
е целосно натоварено, притисокот
во гумите мора да се зголеми за
20 kPa/0,2 bar (3,0 psi), а максималната брзина да се
ограничи на 100 км/ч.
Влечење на приколка 3 184.
Систем за следење на притисокот на гумите
Системот за следење на
притисокот на гумите користи
радио и сензорска технологија за
проверка на притисокот во гумите.Внимание
Системот за следење на
притисокот во гумите само
предупредува за послаб
притисок и не е замена за
редовното одржување на
гумите од страна на возачот.
Сите четири тркала треба да бидат опремени со сензори за притисокот
во гумите и гумите треба да го
имаат пропишаниот притисок.
Page 216 of 263
214Нега на возилотоЗабелешка
Во земјите каде што системот за
следење на притисокот во гумите
е законска обврска, користењето
тркала без сензори за притисокот
ќе ја поништи дозволата за работа на возилото.
Сензорите на системот за контрола на притисокот во гумите го следат
воздушниот притисок во гумите и ги
емитуваат резултатите од
мерењата на притисокот до
приемник што се наоѓа во
возилото.
Табела за притисок во гумите
3 243.Состојба на низок притисок на
гумите
Откриена состојба на низок
притисок на гумите се прикажува со
светење на контролната сијаличка
w 3 110 и соодветна порака се
појавува на Информативниот
центар за возачот.
Ако се запали w, сопрете штом
можете и напумпајте ги гумите
според препораките 3 243.
Откако ќе се напумпаат, може да биде потребно одредено возење за да се ажурираат вредностите на
притисокот во гумите во системот.
За тоа време може да свети w.
Ако свети
w при пониски
температури и се изгасне по
одредено време возење, може да
биде показател дека се
приближува состојба за низок
притисок во гумите. Проверете го
притисокот во сите четири гуми.
Ако притисокот во гумите мора да
се намали или зголеми, исклучете
го палењето.
Монтирајте само тркала со сензори
за притисок, инаку w трепка
неколку секунди, а потоа свети
постојано заедно со контролната сијаличка j 3 108, а соодветна
порака се појавува во
Информативниот центар за
возачот.
Резервното тркало или
привременото резервно тркало не
е опремено со сензори за притисок. Системот за контрола на
притисокот во гумите не
функционира за тие тркала. За
другите три тркала системот за
контрола на притисокот во гумите
останува функционален.
Page 217 of 263
Нега на возилото215Контролната сијаличка w и
соодветна порака се појавуваат
при секој циклус на палење додека
гумите не се напумпаат до
правилниот притисок.
Информативен центар за возачот
3 112.
Пораки за возилото 3 113.
Продупченост На дупната или многу издишана
гума се укажува со светење на
контролната сијаличка w заедно со
C 3 108 и соодветна порака се
појавува на Информативниот
центар за возачот. Запрете го
возилото и изгаснете го моторот.
Притисок во гумите 3 243.
Комплет за поправање гуми 3 217.
Резервно тркало 3 222.
Менување на тркалата 3 220.Функција за повторно учење
Откако ќе се поправи дупката и
возачот ќе ги напумпа гумите до
правилниот притисок во гумите,
потребно е повторно да се
пресмета со системот за контрола
на притисокот во гумите.
Притисок во гумите 3 243.
Комплет за поправање гуми 3 217.
Во текот на возењето, изберете го
изборникот за притисок во гумите
во Информативниот центар за
возачот притискајќи го копчето на
крајот од рачката за бришачите.
Притиснете го и држете го копчето
околу 5 секунди за да ја иницирате
повторната пресметка. На
Информативниот центар за
возачот се појавува соодветна
порака.
Неколку минути возење со брзина над 40 км/ч може да биде потребно
да го завршите процесот на
проучување. Системот може да
дава само ограничени
информации за тоа време.
Ако дојде до проблеми за време на процесот на повторно учење,
контролната сијаличка w останува
да свети и во Информативниот центар за возачот се прикажува
предупредувачка порака.
Информативен центар за возачот
3 112.
Пораки за возилото 3 113.
Општи информации Употребата на синџири за гуми или
течните комплети за поправање на гуми што се достапни во трговијатаможе да го влоши
функционирањето на системот.
Page 218 of 263
216Нега на возилотоМоже да се користат комплети за
поправање гуми одобрени од
фабриката.
Комплет за поправање гуми 3 217.
Синџири за гуми 3 217.
Надворешни радио опреми со
голема моќност може да му пречат на системот за контрола на
притисокот во гумите.
Секогаш кога се заменуваат
гумите, сензорите на системот за
контрола на притисокот во гумите
треба да се демонтираат и да се
сервисираат во сервис.
Длабочина на шарата
Редовно проверувајте ја
длабочината на шарите.
Гумите треба да се заменат од
безбедносни причини при
длабочина на шарите од 2-3 мм
(4 мм за зимски гуми).
Од безбедносни причини, се
препорачува длабочината на
шарите на гумите на една оска да
не се разликува повеќе од 2 мм.
Законски дозволената минимална
длабочина на шарата (1,6 мм) е достигната кога шарата е изабена
до една од ознаките за изабеност
( TWI). Нивната положба е означена
со обележувања од страните на
гумата.
Гумите стареат, дури ако не се
употребуваат. Препорачуваме
замена на гумите на 6 години.
Менување на големинатана гумите и тркалата
Ако се употребуваат гуми со
различна големина од оние
монтирани во фабриката, може да
биде неопходно повторно да се програмира номиналниот притисок
во гумите и да се извршат други
преиначувања на возилото.
По префрлувањето на гуми со
друга големина, нека Ви ја заменат
етикетата со притисоци за гумите.
Систем за контрола на притисокот
во гумите 3 213.9 Предупредување
Употребата на несоодветни
гуми или тркала може да доведе
до незгоди и ќе ја поништи
дозволата за работа на
возилото.
Раткапни
Раткапните и гумите што се
одобрени од фабриката за
соодветното возило и ги
исполнуваат сите соодветни
барања за комбинирање на
тркалата и гумите, можат да се
користат.
Page 219 of 263
Нега на возилото217Ако раткапните и гумите кои се
користат не се фабрично
одобрени, гумите не смеат да
имаат заштитно ребро на работ.
Раткапните не смеат да му пречат на ладењето на сопирачките.9 Предупредување
Употребата на несоодветни
гуми или раткапни може да
доведува до нагло губење на
притисок и притоа несреќи.
Синџири за гуми
Синџири за гуми се дозволуваат
само на предните тркала.
Секогаш употребувајте синџири со
ситни алки што не додаваат повеќе од 15 мм до шарата и внатрешните
страни на гумата (вклучувајќи ја и
бравата на синџирот).
За гуми од големината 215/60 R17,
посоветувајте се со
автомеханичар.9 Предупредување
Оштетувањата може да
доведат до пукање на гумата.
Капаците на тркалата на челичните бандажи може да дојдат во контакт
со делови од синџирите. Во такви
случаи, извадете ги раткапните.
Синџири за гуми смеат да се
користат само при брзини до
50 км/ч а, кога се вози по патишта
коишто се без снег, тие смеат да се
користат само за кратки периоди
бидејќи се изложени на брзо абење на тврд коловоз и може да се
скинат.
Употребата на синџири за гуми не
се дозволува на привременото
резервно тркало.
Комплет за поправањегуми
Помалите оштетувања на шарата
на гумата и на страните може да се
поправат со комплетот за
поправање гуми.
Не ги вадете туѓите предмети од
гумите.
Оштетувањата на гумите што
надминуваат четири мм или што се
од страната на гумата близу до
тркалата не можат да се поправат
со комплетот за поправање гуми.9 Предупредување
Не возете побрзо од 80 км/ч.
Не го користете за подолг
период.
Управувањето со воланот и
ракувањето може да станат
поинакви.
Ако возилото има издишна гума:
Page 220 of 263
218Нега на возилотоЗатегнете ја рачната сопирачка и
ставете во прва брзина или
рикверц.
Комплетот за поправање гуми се наоѓа под возачкото седиште.
Прирачен алат 3 210.
1. Извадете ги компресорот и шишето со заптивна смеса од
кутијата на комплетот за
поправање гуи.
2. Извадете ги кабелот за електрична врска и цревото за
воздух од преградите на
долната страна на
компресорот.3. Навртете го цревото за воздух на приклучокот на шишето со
заптивната смеса.
4. Наместете го шишето со заптивната смеса во држачот
на компресорот.
Поставете го компресорот
близу до гумата така што
шишето со заптивна смеса ќе
биде исправено.
5. Отштрафете ги капаците на вентилите од дефектната гума.
6. Зашрафете го цревото за полнење на вентилот на гумата.
7. Прекинувачот на компресорот мора да биде поставен на O.
8. Поврзете го кабелот за
електрично поврзување со
штекерот за струја или во
приклучокот на запалката.
За да се избегне
испразнувањето на
акумулаторот, Ви
препорачуваме да го оставете
моторот да работи.
9. Поставете го преклопникот на компресорот на I. Гумата се
полни со заптивната смеса.
10. Манометарот на компресорот накратко означува вредност до
шест бари (600 kPa/87 psi).
Потоа притисокот почнува да
опаѓа.