OPEL ZAFIRA C 2014.5 Сопственички прирачник
Page 181 of 337
Возење и ракување179Задржано исклучување
Следниве електронски системи
можат да работат додека е
отворена возачката врата или
најмногу уште 10 минути откако ќе
се исклучи палењето:
■ Електрични прозорци
■ Штекери за напојување
Инфозабавниот систем ќе
продолжи да се напојува уште 30 минути или додека не се извади
клучот од бравата, без оглед дали
ќе се отвори некоја врата.Палење на моторот
Рачен менувач: ракувајте со
куплунгот.
Автоматски менувач: нагазнете ја
сопирачката и ставете ја рачката
на менувачот во P или N.
Не нагазнувајте го педалот за гас.
Мотори на дизел: свртете го клучот во положбата 2 за предзагревање
додека да се изгасне контролната
сијаличка !.
Свртете го клучот накратко во
положбата 3 и отпуштете го:
анласерот се пушта со автоматска
постапка со кратко доцнење дури
моторот работи, видете под
„Автоматска контрола на
анласерот“.
Пред да го запалите повторно или
за да го изгаснете моторот, вратете го клучот во положба 0.
За време на Autostop, моторот
може да се запали со притискање
на педалата на куплунгот.
Палење на моторот при ниски
температури Палењето на моторот без
дополнителни грејачи е можно до
-25 °C за мотори на дизел и до
-30 °C за бензинските мотори.
Потребно е моторно масло со
правилна вискозност, правилно
гориво, редовно извршени сервиси
и доволно полн акумулатор. При
температури под -30 °C, на
автоматскиот менувач му треба
период за загревање од околу
5 минути. Рачката на менувачот
мора да биде во положбата P.
Page 182 of 337
180Возење и ракување
Автоматска контрола наанласерот Функцијава ја контролира
постапката за палење на моторот.
Возачот не мора да го држи клучот
во положбата 3. Штом се
применува, системот ќе продолжи да запали автоматски додека не
проработи моторот. Поради
постапката за проверување
моторот проработува по кратка
пауза.
Возможни причини за непалење на моторот:
■ Куплунгот не е притиснат (рачен менувач)
■ Педалот на сопирачките не е притиснат или рачката на
менувачот не е во P или N
(автоматски менувач)
■ Дојде до надминување на времетоЗагревање на турбо мотор
По палењето, достапниот вртежен
момент на моторот може да биде
ограничен за краток временски
период, особено кога
температурата на моторот е ниска.
Ограничувањето овозможува
системот за подмачкување
целосно да го заштити моторот.
Исклучување на
пребрзувањето
Доводот на гориво се затвора
автоматски за време на
пребрзувањето, т. е. кога возилото
се вози во некоја брзина но
педалот за гас е отпуштен.Систем за сопирање-
поаѓање
Системот за сопирање-поаѓање помага да се заштеди гориво и да
се намали испуштањето издувни
гасови. Кога дозволуваат условите, го исклучува моторот штом
возилото е во мала брзина или
стои, на пр. на семафор или во
сообраќаен метеж. Го пали
моторот автоматски штом ќе се
отпушти куплунгот. Сензорот за
акумулаторот обезбедува Autostop
да се врши само ако акумулаторот е доволно полн за повторно
палење.
Активирање
Системот за сопирање-поаѓање е
достапен штом ќе се запали
моторот, возилото ќе појде и
условите како што се опишани
подолу во овој дел се исполнети.
Page 183 of 337
Возење и ракување181
Деактивирање
Исклучете го системот за
сопирање-поаѓање со притискање на копчето eco. На
деактивирањето укажува гасење
на сијаличкатата во копчето.
Autostop
Ако возилото оди со мала брзина
или е сопрено, вклучете го Autostop на следниов начин:
■ Притиснете ја педалата за куплунг
■ Ставете ја рачката во лер
■ Отпуштете ја педалата за куплунг
Моторот ќе се изгасне, а палењето
останува вклучено.
Autostop е покажано на
вртежометарот со иглата во
положба AUTOSTOP .
За време на Autostop, греењето и
сопирачките остануваат активни.Внимание
Серво управувањето може да се намали за време на Autostop.
Услови за Autostop
Системот за сопирање-поаѓање проверува дали се исполнети ситеуслови.
■ Системот за сопирање-поаѓање не е исклучен рачно
■ багажникот е целосно затворен
■ возачката врата е затворена или
безбедносниот ремен на возачот е прицврстен
■ акумулаторот е доволно наполнет и е во добра состојба
■ моторот е загреан
■ температурата на течноста за ладење на моторот не е
превисока
Page 184 of 337
182Возење и ракување
■ температурата на издувнитегасови не е превисока, на пр. по
возење со големо оптоварување
на моторот
■ околната температура е повисока од -5° C
■ системот за контрола на климатизацијата дозволува
Autostop
■ вакуумот на сопирачката е доволен
■ функцијата за самочистење на филтерот за дизелски честички
не е вклучен
■ возилото било возено барем со брзина на одење од последното
Autostop
Инаку, Autostop е попречено.
Одредени поставки на системот за контрола на климатизацијата може
да го попречат Autostop. Видете во
поглавјето Контрола на
климатизацијата за повеќе детали
3 170.
Веднаш по возење по автопат,
Autostop може да биде попречено.Разработување на новото возило
3 178.
Заштита на акумулаторот од
празнење
За да обезбедите сигурно палење
на моторот, вградени се неколку
функции за заштита од празнење
на акумулаторот како дел од
системот за сопирање-поаѓање.
Мерки за штедење енергија
За време на Autostop, неколку
електрични функции, како
помошниот електричен грејач или
греењето на задното стакло се
исклучени или префрлени во
режим за штедење енергија.
Брзината на вентилаторот на
системот за контрола на
климатизациајта се намалува за да
се заштеди енергија.
Повторно палење на моторотод страна на возачот
Притиснете ја педалата на
куплунгот за повторно палење на
моторот.Палењето на моторот е прикажано
од иглата на вртежометарот во
положба за лер.
Ако рачката на менувачот се
помести од лер пред претходно
притискање на куплунгот,
контролната сијаличка - свети
или е прикажана како симбол на
Информативниот центар за
возачот.
Контролна сијаличка - 3 123.
Повторно палење на моторот
од страна на системот за
сопирање-поаѓање Рачката на менувачот треба да
биде во лер за да се овозможи
автоматско повторно палење.
Ако еден од следниве услови се
појави за време на Autostop,
моторот ќе се запали повторно
автоматски од страна на системот
за сопирање-поаѓање.
■ Системот за сопирање-поаѓање е исклучен рачно
■ багажникот е отворен
Page 185 of 337
Возење и ракување183
■безбедносниот ремен на возачот
е одврзан и е отворена возачката
врата
■ температурата на моторот е прениска
■ наполнетоста на акумулаторот е под одредено ниво
■ вакуумот на сопирачката не е доволен
■ возилото било возено барем со брзина на одење
■ системот за контрола на климатизацијата бара палење на
моторот
■ климатизацијата е вклучена рачно
Ако багажникот не е целосно
затворен, се прикажува
предупредувачка порака на
Информативниот центар за
возачот.
Ако некој електричен уред, на пр.
преносен ЦД-плеер, е поврзан со
штекер, може да се забележи кус пад на напонот за време на
повторното палење.Паркирање
■ Не паркирајте го возилото на лесно запалива површина.
Високата температура на
системот на ауспухот може да ја
запали површината.
■ Секогаш затегнувајте ја рачната сопирачка. Затегнете ја рачната
сопирачка за паркирање без
притиснување на копчето за
ослободување. Затегнувајте ја
колку што може поцврсто на
угорници или падини.
Притиснете ја ножната
сопирачка истовремено за да се
намалат работните сили.
Активирајте ја електричната
сопирачка за паркирање
влечејќи го прекинувачот m
околу една секунда. Контролната сијаличка m треба да се запали.
■ Исклучете ги моторот и палењето. Свртете го воланот
дури не се заглави истиот.
■ Ако возилото е на рамна површина или на угорница,
ставете во прва брзина илинаместете ја рачката на
менувачот во P пред да го
исклучите палењето. Ако
возилото е на угорница, свртете ги предните тркала од работ на
тротоарот.
Ако возилото е на удолнина,
ставете во рикверц или
наместете ја рачката на
менувачот во P пред да го
исклучите палењето. Свртете ги
предните тркала кон работ на
тротоарот.
■ Заклучете го возилото и активирајте го системот за
тревожење при кражба.
Забелешка
Во случај на сообраќајка со
отворање на воздушните
перничиња моторот се гасне
автоматски ако возилото застане
за извесно време.
Page 186 of 337
184Возење и ракувањеИздувни гасови од
моторот9 Опасност
Издувните гасови од моторот
содржат отровен јаглерод
моноксид, којшто е безбоен,
нема мирис и може да биде
смртоносен ако се вдишува.
Ако издувни гасови навлегуваат во внатрешноста на возилото,
отворете ги прозорците. Нека Ви ја елиминира причината на
дефектот автомеханичар.
Избегнувајте да возите со
отворен товарен простор, инаку
издувните гасови можат да
навлезат во возилото.
Филтер за дизелски
честички Системот на филтерот за дизелски честички ги филтрира штетните
честички на саѓи од издувните
гасови. Системот содржи функција
на самочистење која работи
автоматски за време на возењето
без известување. Филтерот се
чисти со изгорување на честичките
од саѓи периодично на висока
температура. Овој процес се
одвива автоматски при
определени услови за возење и може да потрае до 25 минути.
Обично се потребни од
7 до 12 минути. Autostop не е
достапно и потрошувачката на
гориво може да биде поголема во
овој период. Испуштањето на
миризби и чад за време на овој
процес е нормално.При извесни услови на возењето,
на пр. кратки растојанија, системот
не може сам да се исчисти
автоматски.
Ако постои потреба од чистење на
филтерот и ако претходните
услови на возењето не овозможиле автоматско чистење, тоа ќе се
означи со контролната сијаличка
% . Истовремено се појавува Diesel
partic. filter is full continue driving
(филтерот за дизелски честички е
полн, продолжете со возењето)
или предупредувачката шифра 55
на Информативниот центар за
возачот.
% свети кога филтерот за дизелски
честички е полн. Почнете го
процесот на чистење колку е можно
поскоро.
% трепка кога филтерот за
дизелски честички го достигнал
максималното ниво за полнење.
Почнете го процесот на чистење
веднаш за да се избегне
оштетување на моторот.
Page 187 of 337
Возење и ракување185
Процес на чистење
За да се активира процесот на
чистење, продолжете со возењето, држете ја брзината на моторот над
2000 вртежи на минута. Сменете во помала брзина ако е потребно.
Тогаш почнува чистењето на
филтерот за дизелски честички.
Ако g свети дополнително,
чистењето не е возможно.
Побарајте помош од
автомеханичар.Внимание
Ако процесот на чистењето е
прекинат, има ризик од
предизвикување на тешко
оштетување на моторот.
Чистењето се одвива најбрзо при големи брзини и оптовареност на
моторот.
Контролната сијаличка % се гасне
штом ќе заврши процесот на
самочистење.
Катализатор
Катализаторот го намалува
количеството на штетните
материјали во издувните гасови.Внимание
Класи на гориво пионакви од
оние наброени на страниците
3 234, 3 311 може да го
оштетат катализаторот или
електронските компоненти.
Бензинот кој не се игорил ќе се
прегрее и ќе го оштети
катализаторот. Затоа
избегнувајте ги прекумерното
работење со стартерот,
испразнувањето на
резервоарот за гориво и
палењето на возилото со
туркање или влечење.
Во случај моторот да не пали,
нерамномерно да работи, има
очигледен пад во перформансите
на моторот или има други
невообичаени проблеми,
причината за дефектот треба да ја
отстрани автомеханичар колку е
можно поскоро. Во хаварии, со
возењето може да се продолжи за
кратко време, одржувајќи се
брзината на возилото и вртежите
на моторот на ниско ниво.
AdBlueОпшти информации
Селективното каталитичко
намалување ( BlueInjection) е метод
на значително намалување на
азотните оксиди во издувните
емисии. Тоа се постигнува со
инјектирање издувна течност од
дизел (DEF) во издувниот систем.
Ознаката на употребената DEF е
AdBlue Ⓡ 1)
. Тоа е нетоксична,
незапалива, безбојна и течност без мирис која се состои од 32% уреа и
68% вода.1) Регистриран заштитен знак на Verband der Automobilindustrie e.V. (VDA)
Page 188 of 337
186Возење и ракување9Предупредување
Избегнувајте контакт на очите и
кожата со AdBlue.
Во случај на контакт со очите
или кожата, исплакнете со вода.
Внимание
Избегнувајте контакт на бојата
со AdBlue.
Во случај на контакт, исплакнете со вода.
AdBlue замрзнува на температура
од приближно 11°C. Со оглед на
тоа што возилото е опремено со предгреач за AdBlue, обезбедено е намалување на емисиите при
ниски температури. Предгреачот
за AdBlue работи автоматски.
Предупредувања за нивото
Потрошувачката на AdBlue е
приближно 0,7 литри на 1000 км и
зависи од начинот на возење.
Доколку нивото на AdBlue падне
под одредена вредност, на
Информативниот центар за
возачот (DIC) ќе се прикаже
предупредување за нивото Exhaust
Fluid Range: (Опсег на потрошната течност:) 2400 km .
Наскоро треба да се дополнат
уште најмалку 5 литри AdBlue.
Возењето е можно без никакви
ограничувања.
Доколку не се наполни AdBlue до одредено растојание, на DIC и
понатаму се прикажуваат
предупредувања за нивото во
зависност од моменталното ниво
на AdBlue. Предупредувањата
најавуваат ограничувања,
започнувајќи со ограничувања на
максималната брзина до
спречување на стартот на моторот. Ограничувањата се законски
барања.
Page 189 of 337
Возење и ракување187
Пред да се активира
ограничувањето на максималната
брзина со следниот старт,
пораките за предупредување
■ Exhaust Fluid Empty Refill Now
(Нема потрошна течност,
наполнете сега)
■ Max Speed Upon Restart
(Максимална брзина по
стартувањето) 100 км/ч
едноподруго се прикажуваат на
DIC.
Покрај тоа, контролната сијаличка
Y постојано свети и се огласува
предупредувачки звук.
Ќе се активира ограничување на
брзината до 100 км/ч со
преостаната издувна течност за
приближно 900 км.
По дополнително ограничување на
максималната брзина на 50 км/ч, ќе
се објави спречување на повторно
палење на моторот.
Пред да се активира спречувањето на повторно палење на моторот,
предупредувачките пораки
■ Exhaust Fluid Empty Refill Now
(Нема потрошна течност,
наполнете сега)
■ Speed Limited to (Брзината е
ограничена на) 50 км/ч
■ Engine Will Not Restart (Моторот
нема да стартува)
едноподруго се прикажуваат на
DIC.
Дополнително, контролната
сијаличка Y постојано трепка и
повеќепати се огласува
предупредувачки звук.
За да го стартувате моторот,
резервоарот мора прво да се
наполни со AdBlue.
Дополнување AdBlueВнимание
Користете само AdBlue што е во согласност со европските
стандарди DIN 70 070 и
ISO 22241-1.
Не користете адитиви.
Не разредувајте го AdBlue.
Инаку, системот за селективно
каталитичко намалување може
да се оштети.
Забелешка
Користете ги само означените
канти за AdBlue за полнење за да
спречите прекумерно
дополнување AdBlue. Покрај тоа,
Page 190 of 337
188Возење и ракување
пареите во резервоарот се
собираат во кантата и не
излегуваат.
Со оглед на тоа што AdBlue има
ограничена трајност, проверете го
рокот на траење пред полнењето.
Забелешка
Треба да се дополнат уште
најмалку 5 литри AdBlue. Инаку,
системот можеби нема да го
открие полнењето AdBlue.
Доколку треба да се дополни
AdBlue на температура под -11°C,
системот може да не го открие
полнењето. Во тој случај,
паркирајте го возилото на место
со повисока околна температура додека AdBlue не се втечни.
Забелешка
При одвртувањето на заштитното
капаче од грлото за полнење, може да излезат амониумовипареи. Не вдишувајте ги затоа
што пареите имаат остар мирис.
Пареите не се штетни доколку се
вдишат.Возилото мора да се паркира на
рамна површина.
Грлото за полнење AdBlue се наоѓа
зад вратичката на резервоарот за
гориво.
Вратичката на резервоарот за
гориво се наоѓа на задната десна
страна на возилото.
Вратичката на резервоарот за
гориво може да се отвори само ако возилото е отклучено.
1. Извадете го клучот од бравата за палење.
2. Затворете ги сите врати за да не навлезат амонијачни
испарувања во внатрешноста
на возилото.
3. Повлечете ја вратичката на резервоарот за гориво за
вдлабнатинката и отворете ја
3 238.
4. Одвртете го заштитното капаче
од грлото за полнење.
5. Отворете ја кантата за AdBlue.
6. Поставете го едниот крај на цревото во кантата и навртете
го другиот крај на грлото за
полнење.
7. Подигнете ја кантата додека не се испразни.
8. Одвртете го цревото од грлото за полнење.
9. Поставете го заштитното капаче и вртете го надесно
додека не се вовлече.