OPEL ADAM 2018.5 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2018.5, Model line: ADAM, Model: OPEL ADAM 2018.5Pages: 277, PDF Size: 7.46 MB
Page 51 of 277

Седишта, потпирачи49Системот на странични воздушни
перничиња се активира во случај
на страничен удар од извесна
тежина. Палењето треба да биде
вклучено.
Надуените воздушни перничиња го
придушуваат ударот, притоа
намалувајќи го ризикот од повреда на горното тело и на карлицата во
случај на судир отстрана
значително.
9 Предупредување
Чувајте го пределот во којшто се
надува воздушното перниче
слободен од препреки.
Забелешка
Уупотребувајте само такви
заштитни навлаки за седишта кои
биле одобрени за возилото.
Внимавајте да не ги прекриете
воздушните перничиња.
Систем на завесни воздушни перничиња
Системот на завесни воздушни
перничиња се состои од воздушно
перниче во рамката на покривот на секоја страна. Местото се
препознава по зборот AIRBAG на
столбовите на покривот.
Системот на завесни воздушни
перничиња се активира во случај
на страничен удар од извесна
тежина. Палењето треба да биде
вклучено.
Надуените воздушни перничиња го
придушуваат ударот, притоа
намалувајќи го ризикот од повреда
на главата во случај на удар
отстрана значително.
9 Предупредување
Чувајте го пределот во којшто се
надува воздушното перниче
слободен од препреки.
Куките на рачките во рамката на покривот се погодни само за
бесење на полесни облеки без
закачалки. Не чувајте никакви
предмети во тие облеки.
Page 52 of 277

50Седишта, потпирачиДеактивирање навоздушното перниче
Системот на воздушни перничиња
на совозачот мора да се
деактивира поради системот за
врзување на деца на совозачкото седиште, во согласност со
упатствата на табелата 3 54.
Системите на страничните и
завесните воздушни перничиња,
затегнувачите на ремените и сите
системи на воздушни перничиња
за возачот ќе останат активни.
Системот на воздушните
перничиња за совозачот може да
се деактивира преку прекинувач со
кој се работи со клуч од
совозачката страна на таблата со
инструменти.
Користете го клучот за палење за
да ја изберете положбата на
прекинувачот:* OFF:воздушното перниче за
совозачот е деактивирано
и нема да се надуе во
случај на судир.
Контролната сијаличка
* OFF свети постојано во
централната конзолаV ON:воздушното перниче за
совозачот е активно9 Опасност
Деактивирајте го системот на
воздушни перничиња за
паничкото седиште само во
комбинација со користењето
систем за врзување деца и под
услов да ги почитувате
упатствата и ограничувањата
во табелата 3 54.
Во спротивно, постои ризик од
смртоносна повреда за лицето
што седи на седиште со
деактивирано воздушно
перниче за совозачот.
Ако контролната сијаличка V
свети околу 60 секунди откако ќе се
вклучи палењето, системот на
воздушни перничиња за совозачот
ќе се надуе во случај на судар.
Ако и двете контролни сијалички се
запалени истовремено, има
системски дефект. Состојбата на
системот не е видлива, затоа никој
Page 53 of 277

Седишта, потпирачи51не смее да го зафати совозачкото
седиште. Контактирајте со
автомеханичар веднаш.
Состојбата менувајте ја само кога возилото застана и палењето е
исклучено.
Состојбата останува до следната
промена.
Контролна сијаличка за
деактивирање на воздушните
перничиња 3 96.Системи за врзување
на деца9 Опасност
Ако на предното совозачко
седиште се користи систем за
врзување деца свртен кон
назад, системот на воздушни
перничиња за предното
совоачко место мора да се
исклучи. Ова се однесува и на
одредени системи за врзување
деца свртени кон напред,
наведени во табелата 3 54.
Деактивирање на воздушното
перниче 3 50.
Етикета на воздушното перниче
3 44.
Го препорачуваме системот за
врзување на деца кој е прилагоден
специфично за возилото. За повеќе
информации, контактирајте со
автомеханичар.
Кога се користи систем за
врзување на деца, обрнете
внимание на следните упатства за
употреба и инсталација, и на оние кои се приложени со системот за
врзување на деца.
Секогаш исполнувајте ги
локалните или државните прописи.
Во некои држави, употребата на
системите за врзување на деца е
забранета на некои седишта.
Системи за врзување на деца може да бидат прицврстени со:
● Трикратно прицврстен безбедносен ремен
● Рамки за монтирање ISOFIX
● Котви Top-tether
Трикратно прицврстен
безбедносен ремен
Системите за врзување на деца може да бидат прицврстени со
користење на трикратно
прицврстен безбедносен ремен.
По поставување на системот за
врзување на деца, безбедносниот
ремен треба да се затегне 3 54.
Page 54 of 277

52Седишта, потпирачиРамки за монтирање ISOFIX
Прицврстете ги ISOFIX системите
за врзување на деца одобрени за
возилото до рамките за монтирање
ISOFIX. Положбите на ISOFIX
системите за врзување на деца за
конкретното возило се обележани
во табелата со IL 3 54.
Возилото е опремено со водилки
на потпирачите за грб за местење
системи за врзување деца.
Држачите за монтирање ISOFIX се
означени со логото ISOFIX на
потпирачот за грб.
Отворете ги крилцата на водилките пред да монтирате систем за
врзување деца. Откако ќе го
извадите системот за врзување
деца, затворете ги крилцата.
Котви Top-tetherКотвите Top-tether се обележани со
симболот : за детско седиште.
Освен за држачите ISOFIX,
прицврстете го каишот Top-tether
за алките за врзување Top-tether.
Положбите на системите за
врзување на деца ISOFIX од
универзалната категорија се
обележани во табелата со IUF
3 54.
Избор на правилниот систем
Задните седишта се најпогодно
место за прицврстување систем за
врзување деца.
Децата треба да патуваат свртени
наназад во возилото колку е можно
подолго. Тоа обезбедува 'рбетот
на детето, којшто е уште многу
слаб, да е под помал притисок во
случај на незгода.
Погодно за системи за врзување
што се усогласени со важечките
прописи на UN ECE. Проверете ги
локалните закони и прописи за
задолжително користење системи
за врзување на деца.
Уверете се дека системот за
врзување на деца што има да се
инсталира е компатибилен со
моделот на возилото.
Видете во табелите на следните
страници, упатствата испорачани
со системот за врзување деца и
Page 55 of 277

Седишта, потпирачи53листата типови возила за
неуниверзалните системи за
врзување деца.
Следниве системи за врзување деца се препорачани за следниве класи на тежина:
● Група 0, Група 0+
OPEL Baby cradle, со или без
основа ISOFIX, за деца до
13 кг.
● Група I
FAIR G 0/1 S ISOFIX, за деца од
9 до 13 кг во оваа група.
OPEL Duo, за деца од 13 кг до
18 кг во оваа група.
● Група II, Група III
OPEL Kid, OPEL Kidfix, TAKATA
MAXI 2/3 за деца од 15 до 36 кг.
Внимавајте местото за монтирање
на системот за врзување на деца
во возилото да е правилно, видете
во следните табели.
Дозволувајте им на деца да
влегуваат во возилото и да
излегуваат од него само од таа
страна на којашто нема сообраќај.Кога системот за врзување на деца
не е во употреба, прицврстете го
седиштето со безбедносен ремен
или извадете го од возилото.
Забелешка
Не прицврстувајте ништо на
системите за врзување на деца и
не покривајте ги со други
материјали.
Таквиот систем за врзување на
деца кој бил изложен на притисок
при сообраќајка треба да се
замени.
Page 56 of 277

54Седишта, потпирачиМеста за монтирање на системот за врзување на децаДозволени можности за монтирање на систем за врзување на деца
Класа по тежина
На совозачкото седиште
На задните седишта
активирано воздушно перничедеактивирано воздушно перничеГрупа 0: до 10 кгXU 1U*Група 0+: до 13 кгXU1U*Група I: 9 до 18 кгXU1U2
*Група II: 15 до 25 кгU**XU*Група III: 22 до 36 кгU**XU*1:ако системот за врзување деца се обезбедува со употребата на безбедносен ремен прицврстен на три точки,
приспособете го потпирачот за да бидете сигурни дека безбедносниот ремен е цврсто врзан. Приспособете
ја височината на седиштето во најгорната положба.2:извадете ги задните потпирачи за глава кога користите системи за врзување на деца од оваа група 3 36*:поместете го соодветното предно седиште пред системот за врзување на деца во една од најпредните
положби**:поместете го совозачкото седиште во најзадната положба. Поместете го седиштето во најгорната, а потпирачот за глава во најдолната положба. Приспособете го потпирачот за грб колку што е потребно до вертикална положба за да обезбедите дека безбедносниот ремен оди нанапред од горната котваU:универзална погодност заедно со безбедносниот ремен прицврстен на три точкиX:во оваа класа по тежина не се дозволува систем за врзување на деца
Page 57 of 277

Седишта, потпирачи55Дозволени можности за монтирање на систем за врзување на деца ISOFIXКласа по тежинаКласа по големинаВграден елементНа совозачкото седиштеНа задните седиштаГрупа 0: до 10 кгEISO/R1XIL*Група 0+: до 13 кгEISO/R1XIL*DISO/R2XXCISO/R3XXГрупа I: 9 до 18 кгDISO/R2XXCISO/R3XXBISO/F2XIL, IUF**B1ISO/F2XXIL, IUF**AISO/F3XIL, IUF**Група II: 15 до 25 кгXILГрупа III: 22 до 36 кгXILIL:одговара на посебни системи за врзување на деца ISOFIX од категориите „специфично за возило“,
„ограничено“ или „полу-универзално“. ISOFIX Системот за врзување на деца мора да биде одобрен за
конкретниот модел на возилоIUF:одговара на системи за врзување на деца ISOFIX со поглед напред од универзалната категорија одобрени
за употреба во оваа класа по тежинаX:во оваа класа по тежина нема одобрен систем за врзување на деца ISOFIX
Page 58 of 277

56Седишта, потпирачи*:поместете го соодветното предно седиште пред системот за врзување на деца во една од најпреднитеположби**:извадете ги соодветните задни потпирачи за глава кога користите системи за врзување на деца од оваа
класа на големина 3 36
ISOFIX класа по големина и уред за седиштето
A - ISO/F3:систем за врзување деца со поглед напред за деца со максимална големина во класата по
тежина од 9 до 18 кгB - ISO/F2:систем за врзување деца со поглед напред за помали деца во класата по тежина од 9 до 18 кгB1 - ISO/F2X:систем за врзување деца со поглед напред за помали деца во класата по тежина од 9 до 18 кгC - ISO/R3:систем за врзување деца со поглед назад за деца со максимална големина во класата по тежина
до 18 кгD - ISO/R2:систем за врзување деца со поглед назад за помали деца во класата по тежина до 18 кгE - ISO/R1:систем за врзување деца со поглед назад за мали деца во класата по тежина до 13 кг
Page 59 of 277

Складирање57СкладирањеПростори за складирање...........57
Касета ....................................... 57
Држачи за чаши .......................57
Предна складишна преграда ..58
Заден систем за превозување ........................... 59
Товарен простор ........................69
Задна преграда за складирање ............................. 70
Капак на товарниот простор ...71
Капак на задната преграда за складирање под подот ...........72
Алки за врзување ..................... 74
Предупредувачки триаголник ............................... 74
Прибор за прва помош ............75
Систем на багажници за на
покрив ......................................... 75
Багажник за на покрив .............75
Информации за товарење .........76Простори за
складирање9 Предупредување
Не чувајте тешки или остри
предмети во просторите за
складирање. Инаку, капакот на
просторот за складирање може да се отвори и патниците може
да се повредат од исфрлени
предмети во случај на нагло
сопирање, ненадејна промена
на правецот или сообраќајка.
Касета
Повлечете ја рачката за да го
отворите капакот на касетата.
Касетата има држач за монети и
адаптер за клуч за навртките за
заклучување на тркалата.
Касетата мора да биде затворена
додека се вози.
Држачи за чаши
Држачите за чаши се наоѓаат во
конзолата меѓу предните седишта.
Направени се чаши во различни
големини.
Page 60 of 277

58Складирање
Џебовите на двете врати се
направени да држат шишиња.
Дополнителни држачи за чаши или држачи за шишиња се наоѓаат на
задните странични панели.
Еластичен ремен за држач за
чаши
Подвижен гумен ремен се наоѓа во
складишната преграда пред
рачката на менувачот. Извлечете
го ременот за да прицврстите чаша или пепелник.
Предна складишна
преграда
Просторите за складирање се
наоѓаат под прекинувачот за
светло, во средишната конзола
пред рачката на менувачот, во џебовите на вратите и на
страничните панели до задните
седишта.