OPEL ADAM 2018.5 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2018.5, Model line: ADAM, Model: OPEL ADAM 2018.5Pages: 277, PDF Size: 7.46 MB
Page 61 of 277

Складирање59Заден систем за
превозување
Заден систем за превезување
за два велосипеда
Задниот систем за превезување
(систем Flex-Fix) овозможува да се
закачи еден велосипед за носачот
што се извлекува и што е вграден
во подот на возилото. Може да се
закачи уште еден велосипед на
адаптер. Превозувањето на други
предмети не се дозволува.
Максималната оптовареност на
задниот систем за превезување е
50 кг со приклучен адаптер и 30 кг
без адаптер. Тоа овозможува
закачување на електричен
велосипед на задниот систем за
превезување. Максималната
оптовареност на адаптерот е 20 кг.
Растојанието меѓу оските на
велосипедот не смее да биде
поголемо од 1,15 м. Во спротивно,
велосипедот нема да може да се
врзе на безбеден начин.
Ако не е во употреба, задниот
систем за превезување мора да се
лизне назад во подот на возилото.
Не смее да има никакви предмети
на велосипедите кои може да се
олабават за време на
превозувањето.Внимание
Ако задниот систем за
превезување е извлечен и
возилото е целосно натоварено, висината на шасијата ќе биде
намалена.
Возете внимателно секогаш
кога патот е многу стрм или кога возите преку косина, тумба и сл.
Внимание
Посоветувајте се со својот
продавач на велосипеди пред да закачите велосипеди со
јаглеродни рамки.
Велосипедите може да се
оштетат.
Забелешка
Задните светла на возилото ќе се
деактивираат ако се монтираат
задните светла на задниот систем за превезување.
Проширување
Отворете ја задната врата.
9 Предупредување
Не смеат да останат лица во
зоната на проширувањето на
задниот систем за носење,
ризик од повреда.
Page 62 of 277

60Складирање
Повлечете ја рачката за
ослободување нагоре. Системот
се ослободува и брзо излегува од
браникот.
Целосно извлечете го задниот
систем за превозување додека не
слушнете дека се заглавува.
Уверете се дека не е возможно да
се турне задниот систем за
превозување навнатре без да се
повлече рачката за ослободување
повторно.9 Предупредување
Дозволено е да се наместат
предмети на задниот систем за
носење само ако системот се
заглавил правилно. Ако задниот
систем за носење не се
заглавува правилно, не местете предмети на системот и лизнете
го системот назад. Побарајте
помош од автомеханичар.
Отклопете го светлото на
регистарската табличка
Кренете го светлото на
регистарската табличка и склопете
го наназад.
Page 63 of 277

Складирање61Преклопете ги задните ламби
нанадвор
Свртете ги шарките на двете задни
ламби наназад до каде што можат
да одат.
Свртете ги двете задни ламби
наназад до каде што можат да
одат.
Преклопување на отворот за
тркала нанадвор
Извадете го ременот и преклопете
го отворот за тркала нанадвор.
Page 64 of 277

62СкладирањеЗаклучете го задниот систем за
превозување
Извадете го ременот и свртете ги
двата лоста за држење настрана
до каде што можат да одат.
Инаку не се гарантира безбедното функционирање.
Составување на багажникот за
велосипеди
Кренете го багажникот одзади (1) и
повлечете го наназад.
Преклопете го багажникот нагоре
(2).
Притиснете го багажникот (1) и
турнете ја рачката (2) наназад за да
се заглави.
Page 65 of 277

Складирање63Притиснете го копчето (1) и
извадете го левиот дел на
багажникот (2).
Притиснете го копчето (1) и
вметнете го левиот дел од
багажникот во десниот дел (2).
Закачување на адаптерот
Кога носите два велосипеда,
адаптерот треба да се фиксира
пред да се закачи првиот
велосипед.
1. Ставете го адаптерот на задниот систем за превезување
како што е прикажано на
илустрацијата.
2. Свртете ја рачката (1) нанапред
и држете, потоа спуштете го
адаптерот (2) од задниот дел.
3. Отпуштете ја рачката и проверете дали адаптерот е
заглавен.
4. Протнете го ременот закачен за
адаптерот под рачката за
преклопување на задниот
систем за превезување
наназад. Затегнете го ременот.
Page 66 of 277

64СкладирањеЗакачување на првиот велосипед
1. Свртете ги педалите воположба како на илустрацијата
и ставете го велосипедот на
отворот за тркала.
Внимавајте велосипедот да
стои средишно на процепите за
тркала.
2. Закачете го краткиот држач за рамката на велосипедот.
Свртете го тркалцето надесно
за да го прицврстите.
3. Прицврстете ги двете тркала на
велосипедот за процепите за
тркалата користејќи ги
ремените за држење.
4. Проверете го велосипедот за да се уверите дека е безбедно
прицврстен.Внимание
Внимавајте процепот меѓу
велосипедот и возилото да е
барем 5 см. Ако е потребно,
олабавете го управувачот и
свртете го странично.
Закачување на вториот велосипед
Закачувањето втор велосипед е
слично на закачувањето на првиот. Дополнително треба да се земат
предвид неколку работи:
1. Секогаш свртете ги педалите во
соодветна положба пред да го
ставите велосипедот.
Page 67 of 277

Складирање65
2. Наместете ги велосипедите назадниот систем за превезување
наизменично налево и надесно.
3. Порамнете го задниот со предниот велосипед.
Главчините на тркалата на
велосипедите не смеат да се
допираат.
4. Закачате го задниот велосипед со подолгиот држач и соремените за држење како што е опишано за предниот
велосипед. Држачите треба да
се фиксирани паралелно.5. Дополнително, прицврстете ги двете тркала на задниот
велосипед за отворите за
тркала користејќи ги ремените
за затегнување.
Се препорачува да се закачи
предупредувачки знак на
најзадниот велосипед за да се
зголеми видливоста.
Преклопете го задниот систем за
превезување наназад
Задниот систем за превезување
може да се преклопи наназад за да се добие пристап до товарниот
простор.
● Без закачен адаптер.
Притиснете ја рачката (1) за да
одглавите и држете.
Повлечете го багажникот (2)
наназад за да се склопи
задниот систем за
превезување.
● Со закачен адаптер.
9 Предупредување
Внимавајте кога го одглавувате
задниот систем за превезување
бидејќи тој ќе се навали
наназад. Ризик од повреда.
Page 68 of 277

66Складирање
Држете ја рамката (1) на
задниот велосипед со една
рака и повлечете ја јамката (2)
за да одглавите.
Држете го задниот велосипед
со двете раце и склопете го
задниот систем за
превезување наназад.
За да ја зголемите видливоста,
задните светла на возилото се
активираат кога задниот систем за
превезување ќе се склопи наназад.
9 Предупредување
Кога повторно го преклопувате
задниот систем за превезување
нанапред, внимавајте дали
системот е безбедно заглавен.
Вадење на велосипедите
Разврзете ги каишевите за држење
на двете гуми на велосипедот.
Свртете го тркалцето налево и
извадете ги држачите.
Откачување на адаптерот 1. Преклопете ги процепите за тркалата навнатре.
2. Откопчајте го ременот.
3.Свртете ја рачката (1) нанапред
и држете ја.
4. Кренете го адаптерот (2) одзади и извадете го.
Page 69 of 277

Складирање67Расклопување на багажникот за
велосипеди
Притиснете го копчето (1) и
извадете го горниот дел на
багажникот (2).
Притиснете го копчето (1) и
повторно наместете го багажникот
(2).
Наредете го држачот како што е
прикажано на илустрацијата.
Турнете ја рачката (1) настрана за
да ја одглавите и кренете го
багажникот (2).
Преклопете го багажникот
наназад, па турнете го нанапред
додека не застане (1).
Притиснете го багажникот надолу
од задниот дел (2).
Преклопете го отворот за тркала
навнатре
Преклопете го отворот за тркала
навнатре. Затегнете го ременот.
Page 70 of 277

68Складирање
Складирајте ги држачите на
ременот прецизно.
Отклучете го задниот систем за
превезување
Свртете ги двата лоста за држење
навнатре до каде што можат да одат. Затегнете го ременот.
Преклопете ги задните ламби
навнатре
Прво свртете ги задните ламби (1)
нанапред до каде што можат да одат.
Потоа свртете ги шарките (2)
нанапред до каде што можат да одат.
Преклопете го светлото на
регистарската табличка навнатре
Преклопете го светлото за
регистарската табличка нанапред.
Вовлекување на задниот систем за превозување
Внимание
Внимавајте сите преклопни
делови, на пр. процепите за
тркалата и држачите, да се
правилно складирани. Инаку,