OPEL ADAM 2019 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2019, Model line: ADAM, Model: OPEL ADAM 2019Pages: 253, PDF Size: 6.59 MB
Page 141 of 253

Возење и ракување139Систем за деблокирањена сопирачките
Antilock Brake System -от (ABS)
(Систем за деблокирање на
сопирачките) не дозволу тркалата
да се блокираат.
ABS почнува да го регулира
притисокот на сопирачките штом
некое тркало покажува тенденција
да се блокира. Возилото останува
управливо, дури при јако
сопирање.
Контролата на ABS станува
очигледна преку пулсирање во
педалот на сопирачките и звукот на
процесот за регулирање.
За оптимално сопирање, држете го педалот за сопирање докрај
притиснат за време на целиот
процес на сопирањето, иако
педалот ќе пулсира. Не
намалувајте го притисокот врз
педалот.
По палењето, системот врши
самоиспитување што може да биде
бучно.
Контролна сијаличка u 3 83.Приспособливо стоп-светло
При целосно сопирање, сите три
стоп-светла трепкаат за време на
примената на ABS контролата.
Дефект9 Предупредување
Ако има дефект во ABS,
тркалата може да бидат склони
да се блокираат поради такво
кочење што е посилно од
обичното. Предностите на ABS
веќе не функционираат. При
силно сопирање, со возилото не може веќе да се управува и
може да скршне.
Нека Ви ја отстрани причината на
дефектот автомеханичар.
Сопирачка за паркирање
Рачна сопрачка за паркирање9 Предупредување
Секогаш затегнувајте ја рачната
сопирачка цврсто без да
ракувате со копчето за
Page 142 of 253

140Возење и ракувањеослободување, и на удолнини
или угорнини затегнете ја
истата колку е можно поцврсто.
За да ја отпуштите рачната
сопирачка, малку повлечете ја
рачката нагоре, притиснете го
копчето за ослободување и
спуштете ја рачката целосно.
За да се намалат работните
сили на сопирачка за
паркирање, истовремено
ослободете ја педалата на
сопирачката.
Контролна сијаличка R 3 82.
Серво кочење
Ако педалот за сопирачките се
нагазне брзо и силно,
максималната сила на сопирањето автоматски се применува (целосно сопирање).
Одржувајте постојан притисок врз
педалот на сопирачката се додека
постои потреба од целосно
сопирање. Максималната сила на
сопирањето автоматски се
намалува кога се отпушта педалот
за сопирачките.
Помош при поаѓање на угорници
Системот помага во спречување на несакани движења при возење на
коса површина.
При отпуштање на педалата за
сопирачката по застанување на
закосена површина, сопирачките
се активирани уште 2 секунди.
Сопирачките се отпуштаат
автоматски штом возилото ќе
почне да забрзува или ќе заврши
времето за задржување од
2 секунди.
Помошта при поаѓање по
нагорнини не е активна за време
на Autostop.Системи за контрола
на возењето
Систем за контрола на
пролизгувањето
Системот за контрола на
пролизгувањето (TC) е компонента
на Електронската контрола на
стабилноста (ESC).
TC ја подобрува стабилноста при
возењето кога е потребно, без
оглед на видот на површината на
коловозот или прилепувањето на
гумите, со спречување на
шлајфувањето на погонските
тркала.
Штом погонските тркала почнат да
шлајфуваат, излезната силата на
моторот се намалува и тркалото
кое најмногу шлајфува поединечно
се сопира. Тоа значително ја
подобрува стабилноста при
возење на возилото на лизгави
површини на коловозот.
Page 143 of 253

Возење и ракување141
TC функционира по секое палење
на моторот штом ќе се изгасне
контролната сијаличка b.
Кога работи TC, b трепка.
9 Предупредување
Не дозволувајте ова посебно
безбедносно својство да Ве
наведе да ризикувате за време
на возењето.
Приспособете ја брзината кон
условите на патот.
Деактивирање
TC може да се исклучи кога е
потребно вртење на погонските
тркала во место: притиснете b
накратко.
Порака за статус се појавува во
Информативниот центар за
возачот кога TC ќе се деактивира.
Кога TC е деактивирана, ESC
останува активна.
TC повторно се активира со
повторно притискање на b. Порака
за статус се појавува во
Информативниот центар за
возачот кога TC ќе се активира
повторно.
TC исто така се активира повторно
следниот пат кога ќе се вклучи
палењето.
Дефект Ако има дефект на системот,
контролната сијаличка b постојано
свети и на Информативниот
центар за возачот се појавува
порака или шифра за
предупредување. Системот не
функционира.
Нека Ви ја отстрани причината на
дефектот автомеханичар.
Електронска контрола на стабилноста
Електронската контрола на
стабилноста (ESC) ја подобрува
стабилноста при возењето кога е
потребно, без оглед на видот на
површината на патот или
прилепувањето на гумите.
Штом возилото почне да занесува
(недоволно вртење / нагло
свртување), излезната сила на
моторот се намалува и тркалата се закочуваат посебно.
Page 144 of 253

142Возење и ракувањеESC работи во комбинација со
систем за контрола на
пролизгувањето. Го спречува
шлајфувањето на погонските
тркала.
ESC функционира по секое палење на моторот штом ќе се изгасне
контролната сијаличка b.
Кога работи ESC, b трепка.
9 Предупредување
Не дозволувајте ова посебно
безбедносно својство да Ве
наведе да ризикувате за време
на возењето.
Приспособете ја брзината кон
условите на патот.
Контролна сијаличка b 3 84.
Деактивирање
ESC и TC можат да бидат
деактивирани:
● држете го притиснато b
најмалку 5 секунди: ESC и TC
се деактивирани. Светнува t и
во Информативниот центар за возачот се појавуваат пораки
за статусот.
● За да го деактивирате само Системот за контрола на
пролизгувањето, кратко
притиснете го b: TC е
неактивно, но ESC останува
активно. Порака за статус се
појавува во Информативниот
центар за возачот кога TC ќе се
деактивира.
Page 145 of 253

Возење и ракување143Ако возилото стигне до прагот на
стабилност со деактивирано ESC,
системот автоматски ќе го
активира ESC повторно додека
трае прагот кога педалата на
сопирачката ќе се притисне еднаш.
ESC повторно се активира со
повторно притискање на b. Ако
системот TC беше претходно
исклучен, и TC и ESC се
активирани повторно. Порака за
статус се појавува во
Информативниот центар за
возачот и t се исклучува кога TC
и ESC ќе се активираат повторно.
ESC исто така се активира
повторно следниот пат кога ќе се
вклучи палењето.
Дефект
Ако има дефект на системот,
контролната сијаличка b постојано
свети и на Информативниот
центар за возачот се појавува
порака или шифра за
предупредување. Системот не
функционира.
Нека Ви ја отстрани причината на
дефектот автомеханичар.Градски режим
Градскиот режим е функција што
овозможува поголема помош со
управувањето при помали брзини,
какви што се, на пр. во градскиот сообраќај или при паркирање.
Помошта за управувањето е
поголема за поголема практичност.
Активирање
Притиснете B кога работи моторот.
Системот работи од мирување до
35 км/ч и во рикверц. Над оваа
брзина системот се враќа во
нормален режим. Кога ќе се
активира, градскиот режим се
вклучува автоматски под 35 км/ч.
Запалено светло во копчето за
градски режим укажува дека
системот е активен.
Освен тоа, се појавува порака во
Информативниот центар за
возачот.
Градскиот режим останува активен
при Autostop, но функционира само
кога работи моторот.
Систем за сопирање-поаѓање
3 132.
Деактивирање
Притиснете B. LED-сијаличката во
копчето се исклучува.
Освен тоа, се појавува порака во
Информативниот центар за
возачот.
При секое стартување на моторот,
градскиот режим се деактивира.
Page 146 of 253

144Возење и ракувањеДефект
Во случај на дефект на системот,
се вклучува контролната сијаличка
c .
Освен тоа, се појавува порака во
Информативниот центар за
возачот.
Пораки за возилото 3 94.
Калибрирање на системот
Ако контролните сијалички c и b
светат заедно, потребно е
калибрирање на системот за серво
управување. Ова може да се случи, на пр., кога воланот ќе се сврти
еден круг, а палењето е исклучено.
Во тој случај, вклучете го палењето
и свртете го воланот еднаш од
забравување до забравување.
Ако контролните сијалички c и b
не се изгаснат по калибрирањето,
побарајте помош од сервисер.Системи за помош на
возачот9 Предупредување
Системите за помош на возачот
се конструирани да го
поддржуваат возачот, а не да го заменат вниманието на возачот.
Возачот има целосна
одговорност кога го вози
возилото.
Кога се користат системите за
помош за возачот, секогаш
внимавајте на моменталната
сообраќајна ситуација.
Контрола на патувањето
Контрола на патувањето може да
сними и одржува брзини од околу 30 км/ч до максималната брзина на
возилото. Може да дојде до
отстапувања од снимените брзини кога се вози по угорници или
удолнини.
Page 147 of 253

Возење и ракување145Од безбедносни причини
контролата на патувањето не може
да се активира се додека еднаш не
се искористи педалата за
сопирање. Активирањето во прва брзина не е возможно.
Не ја користите контролата на
патувањето ако не е препорачливо да се одржи постајана брзина.
Контролна сијаличка m 3 86.
Вклучување на системот
Притиснете m; контролната
сијаличка m во групата
инструменти свети бело.
Активирање на
функционалноста
Забрзете се до саканата брзина и
свртете го малото тркалце на
SET/- , актуелната брзина се
зачувува и одржува. Контролната
сијаличка m во групата
инструменти свети зелено.
Педалот за гас може да се отпушти.
Брзината на возилото може да се
зголеми со нагазување на
педалата за гас. Кога ќе се отпушти педалот за гас, се продолжува со
претходно зачуваната брзина.
Контролата на патувањето
останува активирана при промена
на брзината.
Зголемување на брзината
При активна контрола на
патувањето, држете го малото
тркалце свртено на RES/+ или
вртете го накратко на RES/+ повеќе
пати: брзината се зголемува
продолжително или во мали
чекори.Како алтернатива забрзете се до
саканата брзина и снимете ја со
вртење на SET/-.
Намалување на брзината
При активна контрола на
патувањето, држете го малото
тркалце свртено на SET/- или
вртете го накратко на SET/- повеќе
пати:брзината се намалува
продолжително или во мали
чекори.
Page 148 of 253

146Возење и ракувањеДеактивирање на
функционалноста
Притиснете y; контролната
сијаличка m во групата
инструменти свети бело.
Контролата на патувањето се
деактивира. Последната зачувана
брзина останува во меморијата за
да може повторно да се активира подоцна.
Автоматско деактивирање:
● Брзината на возилото е под околу 30 км/ч.
● Брзината на возилото паѓа повеќе од 25 км/ч под
поставената брзина.
● Педалата на сопирачките е притисната.
● Педалата на куплунгот е притисната неколку секунди.
● Рачката на менувачот е заглавена во N.
● Брзината на моторот е многу мала.● Работи системот за контрола на пролизгувањето или
електронската контрола за стабилност.
● Со истовремено притискање RES/+ и педалата на
сопирачката се деактивира
контрола на патувањето и се
брише зачуваната брзина.
Продолжување со снимената
брзина
Свртете го малото тркалце на
RES/+ при брзини над 30 км/ч.
Снимената брзина ќе се постигне.
Исклучување на системот Притиснете m; контролната
сијаличка m во групата
инструменти се гаси. Зачуваната
брзина се брише.
Со притискање на L за активирање
на ограничувачот на брзината или
за исклучување на палењето се
исклучува и контролата на
патувањето и се брише зачуваната брзина.Ограничувач на брзината
Ограничувачот на брзината го
спречува возилото да надмине
претходно поставена максимална
брзина.
Максималната брзина може да се
намести при брзини над 25 км/ч до
200 км/ч.
Возачот може да забрза само до
претходно поставената брзина.
Може да дојде до отстапувања од
ограничената брзина само при
возење надолу.
Претходно поставеното
ограничување за брзината се
прикажува на Информативниот
центар за возачот кога е активен
системот.
Page 149 of 253

Возење и ракување147Активирање на
функционалноста
Притиснете L. Ако претходно се
активирани контролата на
патувањето, се исклучуваат кога ќе
се активира ограничувачот на
брзината и контролната сијаличка m се гаси.
Поставување на ограничување
на брзината
Забрзајте до саканата брзина исвртете го тркалцето накратко на
SET/- , моменталната брзина се
зачувува како максимална брзина.
Ограничувањето на брзината се
прикажува во Информативниот
центар за возачот.
Менување на ограничувањето
на брзината
Со активен ограничувач за
брзината, свртете го тркалцето на
RES/+ за да ја зголемите или на
SET/- за да ја намалите саканата
максимална брзина.
Надминување на
ограничувањето на брзината
Кога се надминува дозволенатабрзина без влијание на возачот,
брзината ќе светка во
Информативниот центар за
возачот и мелодијата ќе свири во
текот на овој период.
Во случај на итна потреба,
возможно е да се пречекори
ограничувањето на брзината со
цврсто притиснување на педалата
за гас блиску до крајната точка. Во
овој случај не се појавува
мелодија.
Отпуштете го педалот за гас и
функцијата за ограничување на
брзината одново се активира штом
се постигне брзина помала од
ограничувањето.
Деактивирање на
функционалноста
Притиснете y: ограничувачот на
брзината се деактивира и возилото може да се вози без ограничување на брзината.
Зачуваното ограничување на
брзината се прикажува во загради
во Информативниот центар за
возачот.
Page 150 of 253

148Возење и ракувањеДополнително, на екранот од
високо ниво се појавува соодветна
порака.
Продолжување на
ограничената брзина
Свртете го тркалцето на RES/+. Ќе
се добие зачуваното ограничување
на брзината и се прикажува без
загради во Информативниот
центар за возачот.
Исклучување на системотПритиснете L, показателот за
ограничувањето на брзината во
Информативниот центар за
возачот се гаси. Зачуваната
брзина се брише.
Со притискање на m за да се
активира контролата на
патувањето, се деактивира и
ограничувачот на брзината и
зачуваната брзина се брише.
Со исклучување на палењето се
деактивира и ограничувачот на
брзината, но ограничувањето на
брзината ќе се зачува за следното
активирање на ограничувачот на
брзината.Помош за паркирање
Општи информации
Кога е прицврстена кука за
приколки, променете ги поставките за конфигурација во изборникот за
приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби во Инфо-
екранот.
Приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 98.
Кога прицврстувате приколка или
носач за велосипеди на куката за
приколки, помошта за паркирање
се деактивира.
Задна помош за паркирање9 Предупредување
Возачот носи целосна
одговорност за маневрот за
паркирање.
Секогаш проверувајте наоколу кога одите наназад и користете
го системот за задна помош за
паркирање.
Задната помош за паркирање го
олеснува паркирањето со мерење
на растојанието помеѓу возилото и
пречките назад. Го известува и
предупредува возачот преку
акустични и визуелни сигнали.
Системот има четири
ултрасонични сензори за
паркирање во задниот браник.
Активирање
Кога се става во рикверц, системот
е подготвен за работа автоматски.
Запалена сијаличка во копчето на
помош за паркирање r означува
дека системот е подготвен да
работи.