OPEL ADAM 2019 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2019, Model line: ADAM, Model: OPEL ADAM 2019Pages: 253, PDF Size: 6.59 MB
Page 151 of 253

Возење и ракување149Показател
Системот го предупредува возачот
со акустични сигнали за
потенцијално опасни пречки зад
возилото во опсег до 1,5 м. Како
што возилото се приближува до пречката, интервалот помеѓу
звуците се намалува. Кога е
оддалеченоста помала од околу 30 см, звукот е постојан.
Освен тоа, оддалеченоста до
пречките одзади се прикажува со
променливи линии за
оддалеченост на Информативниот
центар за возачот со екран од
високо ниво 3 86 или, во зависност
од верзијата, на Информативниот
екран во боја 3 92.Деактивирање
Системот се исклучува автоматски
кога ќе се извади од рикверц.
Можно е рачно деактивирање со
притискање на r.
Во двата случаи, светлото во
копчето се гаси.
Дефект
Во случај на дефект или ако
системот не работи привремено,
на пр., поради голема бучава
надвор или други фактори што
пречат, светлото во копчето трепка 3 секунди, а потоа се гаси.
Контролната сијаличка r се пали
во групата инструменти 3 84 се
појавува порака во
Информативниот центар за
возачот.
Предно-задна помош за
паркирање9 Предупредување
Возачот носи целосна
одговорност за маневрот за
паркирање.
Секогаш проверувајте наоколу кога одите наназад или напред
и го користите системот за
помош за паркирање.
Предно-задната помош за
паркирање ја мери оддалеченоста
меѓу возилото и пречките пред и
зад возилото. Го известува и
предупредува возачот преку
акустични сигнали и показатели на
екранот.
Page 152 of 253

150Возење и ракување
Системот има по шест ултразвучни
сензори за паркирање во предниот и задниот браник.
Користи два различни акустични
предупредувачки сигнали за
предната и задната област за
следење, секоја со различна
фреквенција на тонот.
Предно-задната помош за
паркирање секогаш се комбинира
со напредната помош за
паркирање, видете во делот
„Напредна помош за
паркирање“ подолу.
Копче за помош за паркирање D
и логика за ракување
Предно-задната помош за
паркирање и напредната помош за паркирање го користат истото
копче за активирање и
деактивирање:
Кусо притискање на D ја активира
или деактивира помошта за
паркирање.
Долго притискање на D (околу
1 секунда) ја активира или
деактивира напредната помош за
паркирање, видете во посебниот опис.
Логиката на копчето ракува со
системите со притискање на D на
следниов начин:
● Ако е активна само предно- задната помош за паркирање,
кусо притискање ја деактивира
предно-задната помош за
паркирање.
● Ако е активна само предно- задната помош за паркирање,
долго притискање ја активира
напредната помош за
паркирање.
● Ако е активна само напредната
помош за паркирање и
системот е во режим за барање
место за паркирање, кратко
притискање ја активира
предно-задната помош за
паркирање.
● Ако е активна само напредната
помош за паркирање и
системот е во режим за
наведување за паркирање,
краток притисок ја исклучува
напредната помош за
паркирање.
Page 153 of 253

Возење и ракување151● Ако е активна напреднатапомош за паркирање, долго
притискање ја деактивира
напредната помош за
паркирање и предно-задната
помош за паркирање.
● Ако е избрана брзина за напред или лер, кусо
притискање ја активира или
деактивира само предната
помош за паркирање.
● Ако е избрана брзина за назад,
кусо притискање ја активира
или деактивира предната и
задната помош за паркирање.
Активирање
Системот се активира автоматски
при брзини до 11 км/ч.
Запалена сијаличка во копчето на
помош за паркирање D означува
дека системот е подготвен да
работи.
Ако D е исклучен во рамките на
еден циклус на палење, помошта
при предното паркирање се
деактивира. Ако брзината на
возилото надминала 25 км/чпретходно, помошта за паркирање
повторно ќе се активира кога
брзината ќе се намали под 11 км/ч.
Кога системот ќе се деактивира,
LED-сијаличката во копчето се
исклучува и во Информативниот
центар за возачот се појавува
порака.
Показател
Системот го предупредува возачот
со акустични сигнали за
потенцијално опасни пречки пред
возилото во опсег до 80 см и за
потенцијално опасни пречки зад
возилото во опсег до 1,5 м.
Зависно која страна на возилото е
поблиску до пречка, од таа страна
ќе слушате предупредувачки
звучни сигнали во возилото.
Периодот помеѓу звуците се
скусува додека возилото
наближува до пречката. Кога е
оддалеченоста помала од околу
30 см, звукот е постојан.
Освен тоа, оддалеченоста до
пречките се прикажува на
Информативниот центар за
возачот со екран од високо ниво3 86 или, во зависност од
верзијата, на Информативниот
екран во боја 3 92.
Оддалеченоста до предна и задна
пречка се прикажува со менување
на линиите на оддалеченост во
Информативниот центар за
возачот.
Показателот за оддалеченост
може да се потисне со пораки за возилото од повисок приоритет.
Откако ќе се отфрли пораката
показателот за растојание
повторно ќе се појави.
Page 154 of 253

152Возење и ракување
Оддалеченоста до пречките се
прикажува на Информативниот
екран во боја со обоени зони пред
или зад возилото 3 92.
Деактивирање
Системот се деактивира
автоматски кога брзината на
возилото ќе надмине 11 км/ч.
Можно е и рачно деактивирање со
притискање на копчето за помош за паркирање D.
Кога ќе се деактивира системот,
LED-сијаличката во копчето се
гаси, а ако се деактивира рачно, во
Информативниот центар за
возачот се појавува порака.
По рачното деактивирање, предно- задната помош за паркирање се
активира повторно ако се притисне
D .
Целиот систем мора да се
деактивира рачно во изборникот за
приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби во
Инфо-екранот. Останува
деактивиран во текот на циклусот
на палењето или додека не се
активира повторно во изборникот
за приспособување кон
индивидуалните потреби.
Приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 98.
Дефект
Во случај на дефект или ако
системот привремено не работи,
на пр. поради голема бучава
надвор или други фактори што
пречат, се појавува порака во
Информативниот центар за
возачот.
Пораки за возилото 3 94.Напредна помош за паркирање9 Предупредување
Возачот носи целосна
одговорност за прифаќање на местото за паркирање
предложено од системот и
маневрот за паркирање.
Секогаш проверувајте ја
околината во сите насоки кога ја
користите напредната помош за паркирање.
Напредната помош за паркирање
мери соодветно место за
паркирање при поминување, ја
пресметува патеката и автоматски
го наведува возилото во
напоредно или напречно место за паркирање.
Упатствата се дадени во
Информативниот центар за
возачот 3 86 или, во зависност од
верзијата, во Информативниот
екран во боја 3 92, проследени со
звучни сигнали.
Page 155 of 253

Возење и ракување153Возачот треба да ги контролира
забрзувањето, сопирањето и
менувањето брзини, додека
управувањето се врши автоматски.
Напредната помош за паркирање
може да се активира само при
возење напред.
Напредната помош за паркирање
секогаш се комбинира со предно-
задната помош за паркирање,
видете во претходното поглавје.
Двата системи ги користат истите
сензори во предниот и задниот
браник.
Копче D
и логика на работењето
Напредната помош за паркирање и
предно-задната помош за
паркирање го користат истото
копче за активирање и
деактивирање:
Кусо притискање на D ја активира
или деактивира помошта за
паркирање.
Долго притискање на D (околу
1 секунда) ја активира или
деактивира напредната помош за
паркирање, видете во посебниот
опис подолу.
Логиката на копчето ракува со
системите со притискање на D на
следниов начин:
● Ако е активна само предно- задната помош за паркирање,
кусо притискање ја деактивира
предно-задната помош за
паркирање.
● Ако е активна само предно- задната помош за паркирање,
долго притискање ја активира
напредната помош за
паркирање.● Ако е активна само напредната
помош за паркирање и
системот е во режим за барање
место за паркирање, кратко
притискање ја активира
предно-задната помош за
паркирање.
● Ако е активна само напредната
помош за паркирање и
системот е во режим за
наведување за паркирање,
краток притисок ја исклучува
напредната помош за
паркирање.
● Ако е активна напредната помош за паркирање, долго
притискање ја деактивира
напредната помош за
паркирање и предно-задната
помош за паркирање.
● Ако е избрана брзина за напред или лер, кусо
притискање ја активира или
деактивира предната помош за паркирање.
● Ако е избрана брзина за назад,
кусо притискање ја активира
или деактивира предната и
задната помош за паркирање.
Page 156 of 253

154Возење и ракувањеАктивирање
Кога барате место за паркирање,
системот е подготвен за работа со долго притискање на D.
Системот препознава и помни
10 м за места за напоредно
паркирање или 6 м за места за
напречно паркирање во режимот
за помош за паркирање.
Системот може да се активира
само при брзини до 30 км/ч и
системот бара место за паркирање
при брзини до 30 км/ч.
Максималната дозволена
паралелна оддалеченост помеѓу
возилото и редот паркирани
автомобили е 1,8 м за паралелно
паркирање и 2,5 м за напречно
паркирање.
ФункционалностРежим за барање место за
паркирање
Показател во Информативниот
центар за возачот
Во Информативниот центар за
возачот изберете место за
паркирање што е паралелно и е
под прав агол со притискање на
SET/CLR .
Системот е конфигуриран да
открива места за паркирање од
совозачката страна. За да се
откријат места за паркирање од
возачката страна, вклучете го
трепкачот на возачката страна.
Page 157 of 253

Возење и ракување155
Кога ќе се открие соодветно место,се даваат визуелни информации
на Информативниот центар за
возачот и звучен сигнал.
Ознаки на Информативен екран во
бојаИзберете го паралелното или под
прав агол место за паркирање со
лесно допирање на соодветната икона на екранот.
Изберете го местото за паркирање
со лесно допирање на соодветната икона на екранот.Кога ќе се открие соодветно место,
се даваат визуелни информации
на Информативниот екран во боја
и звучен сигнал.
Ако возачот не го запре возилото
откако ќе се предложи паркирно
место, системот почнува да бара
друго соодветно паркирно место.
Режим за наведување при
паркирање
Предлогот за место за паркирање
од системот се прифаќа кога
возачот ќе го сопре возилото за
10 м за места за паралелно
паркирање или 6 м за места за
напречно паркирање откако ќе се
даде пораката Stop (Застанете) .
Page 158 of 253

156Возење и ракувањеСистемот ја пресметува
оптималната патека до паркирното
место.
Куса вибрација на воланот по
ставањето во рикверц укажува
дека системот го контролира
управувањето. Потоа возилото се
управува во местото автоматски со
тоа што на возачот му се даваат
детални упатства за сопирање,
забрзување и менување брзини.
Возачот не треба да го допира
воланот.
Секогаш внимавајте на звукот на
предно-задната помош за
паркирање. Постојан звук покажува дека оддалеченоста до пречка е
помала од околу 30 см.
Значи, ако поради нешто возачот
треба да преземе контрола врз
управувањето, држете го воланот
само за надворешниот раб. Тогаш
ќе се откаже автоматското
управување.Индикации на екранот
Упатствата на екранот покажуваат:
● општи практични совети и пораки за предупредување
● совет кога се вози побрзо од 30 км/ч при барање место за
паркирање или 8 км/ч ви
режимот за наведување
● барањето за запирање на возилото кога се приметува
паркирно место
● насоката на возењето за време
на маневрите за паркирање
● барање за менување брзина наназад или нанапред
● барање за забрзување или сопирање
● за некои од упатствата се прикажува лента за напредок
на Информативниот центар за
возачот
● успешно маневрирање за паркирање на коешто укажува
појавен симбол и мелодија
● откажување на маневар за паркирањеПриоритети за прикажувањето
Показателот за напредна помош за паркирање на Информативниот
центар за возачот може да се
потисне од од пораки за возилото
со повисок приоритет. Откако ќе ја
одобрите пораката со притискање
SET/CLR на рачката, повторно се
покажуваат упатствата за
напредната помош за паркирање и маневарот за паркирање може да
продолжи.
Деактивирање
Системот се деактивира со:
● долго притискање на D
● маневрата за паркирање заврши успешно
● возење побрзо од 30 км/ч при барање место за паркирање
● возење побрзо од 8 км/ч при наведување за паркирање
● откриено е попречување од возачот на воланот
● се надмине максималниот број
промени на брзините: осум
циклуси за паркирање при
Page 159 of 253

Возење и ракување157паралелно паркирање или пет
циклуси при напречно
паркирање
● исклучување на палењето
На деактивирањето од страна на возачот или од страна на системот
за време на маневрирањето ќе
укаже порака во Информативниот
центар за возачот. Освен тоа, се
огласува звучен сигнал.
Дефект
Порака се појавува во следниве
случаи:
● има дефект во системот
● возачот не ја заврши маневрата за паркирање
успешно
● системот не функционира ● дојде до некоја од причините за
деактивирање опишани погоре
Ако се открие предмет за време на
упатствата за паркирање, на
екранот се појавува Stop
(Застанете) . Отстранувањето на
предметот ќе ја продолжи
маневрата за паркирање. Ако не се отстрани предметот, системот ќесе деактивира. Долго притискање
на D ќе го активира системот и ќе
се бара ново паркирно место.
Основни белешки за системитеза помош за паркирање9 Предупредување
Во одредени услови, сјајните
површини на разни предмети
или на облека, како и
надворешните извори на
бучава, може да предизвикаат системот да не ги открие
пречките.
Треба да се обрне посебно
внимание на ниските пречки
што може да го оштетат долниот дел на браникот.
Внимание
Перформансите на системот
може да бидат намалени кога
сензорите се прекриени, на пр.
со мраз или снег.
Перформансите на системот за помош при паркирање може да
се намалат поради голема
оптовареност.
Важат посебни услови ако во
близина има повисоки возила
(на пр. теренски возила,
комбија, камионети).
Идентификацијата на предмети
и правилното укажување на
оддалеченоста во горните
делови од такви возила не може да се гарантира.
Системот може да не открие
предмети со многу мала
површина за одразување,
на пр. тесни предмети или меки
материјали.
Системите за помош за
паркирање не откриваат
предмети надвор од опсегот за
откривање.
Забелешка
Можно е сензорот да открие
предмет што не постои поради
ехо-пречките од надворешна
бучава или механичко
Page 160 of 253

158Возење и ракувањенепорамнување (повремено може
да се појават лажни
предупредувања).
Внимавајте предната регистерска
табличка да е правилно
монтирана (да не е свиткана и да
нема процеп до браникот од
левата или десната страна) и
сензорите да се цврсто вглавени
на своите места.
Системот на напредна помош за паркирање може да не реагира на промени на достапното паркирно
место откако ќе почне маневар за паркирање. Системот може да
препознае влез, порта, двор, па
дури и крстосница како место за
паркирање. Откако ќе ставите во
рикверц, системот ќе почне
маневар за паркирање.
Внимавајте на достапноста на
предложеното место за
паркирање.
Системот не открива
неправилности на тлото, на пр. во
градежни зони. Возачот е
одговорен за тоа.Забелешка
Ако ставите во брзина за напред и
надминете одредена брзина,
помошта за паркирање ќе се
исклучи при извлекување на
задниот систем за превезување.
Ако прво ставите во рикверц,
помошта за паркирање ќе го
забележи задниот систем за
превезување и ќе се слушне звук.
Притиснете кратко r или D за
да ја исклучите помошта за
паркирање.
Забелешка
По производството, на системот
му треба калибрација. За
оптимално наведување при
паркирање, потребна е возна
оддалеченост од најмалку 10 км,
вклучително и свиоци.
Известување за странична слепа точка
Системот за известување за
странична слепа точка открива и
пријавува предмети од двете
страни на возилото, во одредена
„мртва“ зона. Системот прикажува
визуелно предупредување во секојстраничен ретровизор кога открива објекти што може да не се видлививо внатрешниот и страничните
ретровизори.
Известувањето за странична слепа
точка користи дел од сензорите за
напредна помош за паркирање што се наоѓаат на предниот и задниот
браник од двете страни на
возилото.9 Предупредување
Известувањето за странична
слепа точка не го заменува
видот на возачот.
Системот не открива:
● возила вон страничните слепи зони што може да сеприближуваат брзо
● пешаци, велосипедисти или животни
Пред менување лента, секогаш
проверувајте ги сите
ретровизори, погледнете преку
рамо и користете го трепкачот.