OPEL ADAM 2019 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2019, Model line: ADAM, Model: OPEL ADAM 2019Pages: 253, PDF Size: 6.59 MB
Page 161 of 253

Возење и ракување159Кога системот ќе открие возило во
страничната слепа зона додека се вози нанапред, независно дали се
претекнува возилото или Ве
претекнуваат, жолт
предупредувачки симбол B ќе се
вклучи на соодветниот страничен
ретровизор. Ако возачот тогаш ги
вклучи трепкачите,
предупредувачкиот симбол B
почнува да трепка жолто како
предупредување да не се менува
лентата.
Забелешка
Ако возилото што претекнува е
побрзо од претекнатото возило
најмалку за 10 км/ч, може да не
свети предупредувачкиот симбол
B во соодветниот страничен
ретровизор.
Известувањето за странична слепа
точка е активно од брзини од
10 км/ч до 140 км/ч. Ако се вози
побрзо од 140 км/ч, системот се
исклучува, на што укажуваат слаби светлосни предупредувачки
симболи B во двата странични
ретровизори. Со повторно
намалување на брзианта,
предупредувачките симболи ќе се
изгаснат. Ако потоа се открие
возило во слепата зона,
предупредувачките симболи B ќе
светнат како што е нормално, на
соодветната страна.
Кога ќе се стартува возилото,
екраните на двата странични
ретровизори кратко ќе светнат за
да покажат дека системот работи.
Системот може да се активира или
деактивира од Инфо-екранот.
Приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 98.
На исклучувањето укажува порака
во Информативниот центар за
возачот.
Зони на откривање
Зоните на откривање почнуваат кај задниот браник и се протегаат
околу 3 м наназад и настрана.
Висината на зоната е помеѓу околу
0,5 м и 2 м од подлогата.
Известувањето за странична слепа
точка е конструирано да игнорира
статични објекти како, на пр.
банкини, столбови, рабници,
ѕидови и греди. Паркирани или
возила што доаѓаат од
спротивната страна не се
откриваат.
Page 162 of 253

160Возење и ракувањеДефект
Може да дојде до повремени
пропуштени известувања во
нормални околности и тие се
почести при влажни услови.
Известувањето за странична слепа точка не работи кога левиот или
десниот агол на задниот браник е
прекриен со кал, нечистотија, снег, мраз, влажен снег, или при големо
невреме.
Упатства за чистење 3 214.
Во случај на дефект на системот
или ако системот не работи поради
привремени услови, се прикажува
порака во Информативниот центар за возачот. Побарајте помош од
автомеханичар.Гориво
Гориво за бензинскимотори
Користете само безоловно гориво
според европскиот стандард
EN 228 или еквивалентно.
Моторот е способен да работи со
гориво што содржи до 10% етанол
(на пример, наречен E10).
Користете гориво со
препорачаниот октански број.
Понискиот октански број може да ја
намали моќноста и вртежниот
момент на моторот и малку ќе ја
зголеми потрошувачката на
гориво.
Внимание
Не користете гориво или адитиви за гориво што содржат
метални состојки како адитиви
врз основа на манган. Тоа може
да предизвика оштетување на
моторот.
Внимание
Користењето гориво што не е во
согласност со EN 228 или
слично може да доведе до
таложење или оштетување на
моторот.
Внимание
Користењето гориво со понизок
октански број од најнискиот
можен октански број може да
предизвика неконтролирано
согорување и оштетување на
моторот.
Page 163 of 253

Возење и ракување161Специфичните барања за моторот
за октанскиот број се дадени во
прегледот на податоците за
моторот 3 229. Специфична
етикета за државата што е ставена
на капачето од резервоарот може
да има предност пред барањето.
Адитив за горивотоГоривото треба да содржи
детергентни адитиви кои помагаат
да се спречи формирање наслаги
во моторот и системот за гориво.
Чистите вбризгувачи и вентили за
довод на гориво овозможуваат
правилна работа на системот за
контрола на издувните гасови. Во
одредени земји, горивото не
содржи доволно количество
адитив за да останат чисти
вбризгувачите и вентилите за
довод на гориво. Во овие земји,
потребен е адитив за горивото за
некои мотори за да се надомести за недостатокот од прочистување.
Користете само адитив за горивото
што е одобрен за ова возило.Треба да додадете адитив за
горивото во наполнет резервоар за
гориво најмалку на секои 15000 км
или по една година, кое и да
настапи прво. За повеќе
информации, контактирајте со
автомеханичар.
Забранети горива Горивата кои содржат оксигенати
како што се етер и етанол, како и
преформулирани горива, се
достапни во некои градови. Ако
овие горива ги исполнуваат
горенаведените спецификации,
тогаш може да ги користите.
Сепак, E85 (85% етанол) и други
горива кои содржат повеќе од 15%
мора да се користат само во возила со FlexFuel.Внимание
Не користете горива што
содржат метанол. Може да
предизвика корозија на
металните делови во системот за гориво, како и да ги оштетипластичните и гумените делови.
Таа штета нема да биде
покриена со гаранцијата за
возилото.
Некои горива, главно
високооктански горива за трки,
може да содржат адитив за
зголемување на октанскиот број
наречен метилциклопентадиенил
трикарбонил (ММТ). Не користете
адитиви за горивото со ММТ затоа
што тие можат да го намалат
животниот век на свеќичката и да влијаат врз работата на системот
за контрола на испуштањето
издувни гасови. Може да светне
индикаторското светло за дефект
Z 3 82 . Ако се случи тоа, побарајте
помош од автомеханичар.
Гориво за работа на течен
гас
Page 164 of 253

162Возење и ракувањеТечниот гас е познат како LPG
(Liquefied Petroleum Gas - течен
нафтен гас - ТНГ) или по
француското име GPL (Gaz de
Pétrole Liquéfié). LPG е познат и
како автоплин.
ТНГ се состои главно од пропан и
бутан. Октанскиот број е помеѓу
105 и 115, зависно од делот на бутан. LPG се чува течен на
притисок од околу 5-10 бари.
Точката на вриење зависи од
притисокот и соодносот на
мешавината. На атмосферски
притисок, таа е меѓу -42 °C (чист
пропан) и -0,5 °C (чист бутан).Внимание
Системот работи на околна
температура од околу -8 °C до
100 °C.
Целосната функција на системот за ТНГ може да се гарантира само
со течен гас што ги задоволува
минималните барања на
DIN EN 589.
Селектор на гориво 3 74.
Полнење гориво9 Опасност
Пред полнење гориво,
изгаснете го палењето.
Следете ги упатствата за
ракување и безбедноста на
бензинската пумпа кога полните
гориво.
9 Опасност
Горивото е запаливо и
експлозивно. Пушењето е
забрането! Забранети се гол
пламен и искри.
Ако намирисате гориво во Вашето возило, нека Ви ја
отстрани причината на тоа
автомеханичар веднаш.
На етикетата со симболи на
вратничката за полнење гориво се
прикажани дозволените типови
гориво. Цевките на пумпите на
бензинските станици во Европа се
означени со овие симболи.
Полнете само гориво од дозволен
тип.Внимание
Во случај на погрешно ставено
гориво, не вклучувајте го
палењето.
Вратичката на резервоарот за
гориво се наоѓа од задната десна
страна на возилото.
Вратичката на резервоарот за
гориво може да се отвори само кога возилото е отклучено.
Page 165 of 253

Возење и ракување163Притиснете ја вратичката за да се
одглави. Потоа отворете ја
вратичката.
Полнење бензин Вртете го капачето на резервоарот
полека налево за да го отворите.
Капачето за полнење гориво може
да се задржи во рамката на
вратичката на резервоарот.
Поставете ја млазницата во
исправена положба во однос на грлото за полнење и притиснете
малку за да влезе.
За да наполните гориво, вклучете
ја цевката на пумпата.
По автоматското исклучување,
резервоарот може да се дополни
целосно со вклучување на цевката
на пумпата уште најмногу двапати.Внимание
Веднаш избришете го горивото
што претекло.
За да го затворите, свртете го
капачето на резервоарот надесно
додека да кликне.
Затворете ја вратичката и
заглавете ја.
Полнење течен гас Следете ги упатствата за ракување
и безбедноста на бензинската
пумпа кога полните гориво.
Адаптер за полнење
Бидејќи системите за полнење не
се стандардизирани, потребни се
различни адаптери кои се достапни кај дистрибутерите на Opel и кај
овластените партнери на Opel.
Адаптер ACME: Белгија,
Германија, Ирска, Луксембург,
Швајцарија
Page 166 of 253

164Возење и ракувањеАдаптер бајонет: Холандија,
Норвешка, Шпанија, Велика
Британија
ЕУРО адаптер: Шпанија
DISH адаптер: Австрија, Босна и
Херцеговина, Бугарија, Хрватска,
Чешка, Данска, Естонија,
Франција, Грција, Унгарија,
Италија, Летонија, Литванија,
Македонија, Полска, Португалија,
Романија, Србија, Словачка,
Словенија, Шведска, Швајцарија,
Турција, Украина
Вентилот за полнење течен гас е
зад капачето на резервоарот за
гориво.
Одвртете го заштитното капаче од
грлото за полнење.
Навртете го потребниот адаптер
цврсто со рака на грлото за
полнење.
Адаптер ACME: Завртете ја
навртката на цревото за полнење
на адаптерот. Активирајте ја
рачката за заклучување на цревото за полнење гориво.
DISH адаптер: Ставете го цревото
за полнење во адаптерот.
Активирајте ја рачката за
заклучување на цревото за
полнење гориво.
Адаптер бајонет: Ставете го
цревото за полнење гориво и
свртете го за една четвртина од
Page 167 of 253

Возење и ракување165кругот. Активирајте ја рачката за
заклучување на цревото за
полнење гориво.
ЕУРО адаптер: Притиснете го
цревото за полнење на адаптерот. Активирајте ја рачката за
заклучување на цревото за
полнење гориво.
Притиснете го копчето кај пумпата
за течен гас. Системот за полнење
сопира или почнува да работи
полека кога ќе се дојде до 80% од зафатнината на резервоарот
(максимално ниво за полнење).
Отпуштете го копчето на системот
за полнење и полнењето сопира.
Отпуштете ја рачката за
блокирање и извадете го цревото
за полнење. Може да се испушти
мало количество течен гас.
Извадете го адаптерот и ставете го на безбедно во возилото.
Ставете го заштитното капаче за
да спречите влегување туѓи тела
во отворот за полнење и во
системот.9 Предупредување
Поради конструкцијата на
системот, неизбежно е
испуштање течен гас по
отпуштањето на рачката за
блокирање. Не вдишувајте.
9 Предупредување
Резервоарот за течен гас треба
да се наполни само до 80% од
безбедносни причини.
Мултивентилот на резервоарот за
течен гас автоматски го ограничува
количеството за полнење. Ако се
додаде поголемо количество,
препорачуваме возилото да не се
изложува на сонце додека не се
искористи вишокот.
Капаче за полнење гориво Користете само оригинални
капачиња за полнење гориво.
Page 168 of 253

166Нега на возилотоНега на возилотоОпшти информации.................166
Додатоци и модификации на возилото ................................ 166
Чување на возилото ..............167
Демонтирање на возилото на крајот на работниот век .......167
Прверки на возилото ...............168
Вршење работа ...................... 168
Хауба ...................................... 168
Моторно масло ......................169
Ладилник ................................ 170
Течност за миење ..................171
Сопирачки .............................. 171
Течност за сопирачките ........171
Акумулатор ............................. 172
Замена на четкичките на бришачите ............................. 173
Замена на сијалиците ..............174
Халогенски предни фарови ..174
Предни трепкачи ....................177
Задни светла .......................... 178
Странични трепкачи ..............182
Светло за регистарската табличка ................................ 183
Внатрешни светла .................183Електричен систем ..................184
Осигурувачи ........................... 184
Кутија со осигурувачи во моторниот простор ...............185
Кутија со осигурувачи во таблата со инструменти .......187
Прирачен алат ......................... 189
Алати ...................................... 189
Тркала и гуми ........................... 190
Зимски гуми ............................ 190
Ознаки на гумите ...................190
Притисок на гумите ................ 191
Систем за следење на
притисокот на гумите ...........192
Длабочина на шарата ...........196
Менување на големината на гумите и тркалата .................196
Раткапни ................................. 197
Синџири за гуми ..................... 197
Комплет за поправање гуми . 198
Менување тркала ................... 202
Резервно тркало ....................203
Палење со кабли ......................210
Влечење ................................... 212
Влечење на возилото ............212
Нега за изгледот ......................214
Нега на надворешноста ........214
Нега на внатрешноста ........... 217Општи информации
Додатоци и модификации на возилото
Го препорачуваме користењето на
оригинални делови и опрема, и
делови одобрени од фабриката
специфично за Вашиот вид на возило. Не можеме да оцениме или
гарантираме сигурност за други
производи - дури и да имаат
регулативно или поинаку дадено
одобрение.
Каква било измена, преиначување или други промени што се
направена на стандардните
спецификации на возилото
(вклучувајќи ги, без ограничување,
измените на софтверот, измените
на електронските контролни уреди) може да ја поништи гаранцијата
што ја нуди Opel. Дополнително,
таквите промени може да влијаат
врз системите за помош на
возачот, потрошувачката на
гориво, испуштањето CO 2 и други
испуштања на издувни гасови од
Page 169 of 253

Нега на возилото167возилото. Исто така, можат да ја
поништат и дозволата за работа на
возилото.Внимание
При превезување на возилото
со воз или со возило за
влечење, калниците може да се
оштетат.
Чување на возилото
Складирање за долго времеАко возилото има да се складира за
повеќе месеци:
● Измијте го и полирајте го возилото.
● Нека Ви ја проверат заштитата
со восок во моторниот простор
и подвозје.
● Исчистете ги и намачкајте ги гумените кедери.
● Наполнете го резервоарот за гориво целосно.
● Сменете го моторното масло.
● Исцедете го садот за течноста за миење.
● Проверете ги течноста за ладење, антифризот и
заштитата од корозија.
● Дотерајте го притисокот во гумите до вредноста
определена за полна
натовареност.
● Паркирајте го возилото на суво, добро проветрено место.
Ставете во прва брзина или во рикверц. Спречете го возилото од тркалење.
● Не затегнувајте ја рачната сопирачка.
● Отворете ја хаубата, затворете
ги сите врати и заклучете го
возилото.
● Откачете го негативниот пол од акумулаторот на возилото.
Внимавајте! Сите системи не
функционираат.Враќање во работна состојба.
Кога возилото има да се врати в
работа:
● Приклучете ја штипката до негативната клема на
акумулаторот на возилото.
Активирајте ја електрониката
на електричните прозорци.
● Проверете го притисокот во гумите.
● Наполнете го садот за течноста за миење.
● Проверете го нивото на моторното масло.
● Проверете го новито на течноста за ладење.
● Ставете ја регистарската табличка ако е потребно.
Демонтирање на возилото
на крајот на работниот век
Информациите за центрите за
демонтирање и рециклирање на
возилата што се на крајот од својот работен век се наоѓаат на нашата
Page 170 of 253

168Нега на возилотовеб страна. Доверете му ја
работава само на овластен центар за рециклирање.
Возилата на гас мора да ги
рециклира сервисен центар
овластен за возила на гас.Прверки на возилото
Вршење работа9 Предупредување
Вршете проверки на моторниот
простор само кога е исклучено палењето.
Вентилаторот за ладење може
да проработи дури и ако е
исклучено палењето.
9 Опасност
Системот за палење користи
многу висок напон. Не допирајте ги.
Хауба
Отворање
Повлечете ја рачката за
ослободување и вратете ја во
својата оригинална положба.