OPEL ADAM 2019 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2019, Model line: ADAM, Model: OPEL ADAM 2019Pages: 253, PDF Size: 6.59 MB
Page 201 of 253

Нега на возилото199
Кај верзиите со складишна кутија
во товарниот простор, куферот со
комплетот за поправање гуми се
наоѓа во комора на кутијата 3 58.
Кај верзиите со кутија за звучник,
комплетот за поправање гуми се
наоѓа во кутијата под капакот на
подот во товарниот простор. За да
го користите комплетот за
поправање гуми, првин извадете го капакот на подот: преклопете го
задниот дел напред и извлечете го капакот кон назад 3 59.
1. Земете го комплетот за
поправање гуми од преградата.
2. Извадете го компресорот.
3. Извадете го кабелот за поврзување со струја и цревотоза воздух од преградите за
складирање на долната страна
на компресорот.
Page 202 of 253

200Нега на возилото4. Зашрафете го цревото завоздух од компресорот на
приклучокот на шишето со
заптивната смеса.
5. Наместете го шишето со заптивната смеса во држачот
на компресорот.
Поставете го компресорот
близу до гумата така што
шишето со заптивна смеса ќе
биде исправено.
6. Отштрафете ги капаците на вентилите од дефектната гума.
7. Зашрафете го цревото за полнење на вентилот на гумата.
8. Прекинувачот на компресоротмора да биде поставен на J.
9. Приклучете го приклучникот на компресорот во штекерот за
струја или во приклучокот на
запалката.
За да се избегне
испразнувањето на
акумулаторот, Ви
препорачуваме да го оставете
моторот да работи.
10. Поставете го преклопникот на
компресорот на I. Гумата се
полни со заптивната смеса.
11. Мерачот за притисок на компресорот накратко се
покачува до 6 бари додека
шишето за заптивната смеса се празни (околу 30 секунди).
Потоа притисокот почнува да
опаѓа.
12. Целата заптивна смеса се пумпа во гумата. Потоа гумата
се надува.
13. Пропишаниот притисок за гумата би требало да се
достигне во рок од 10 минути.
Притисок во гумите 3 232.
Кога ќе се постигне правилниот
притисок, исклучете го
компресорот.
Ако пропишаниот притисок за
гумата не се достигне во рок од
10 минути, извадете го
комплетот за поправање гуми.
Помрднете го возилото за едно вртење на гумата. Повторно
ставете го комплетот за
поправање гуми и продолжете
со постапката за полнење уште
10 минути. Ако сè уште не е
постигнат пропишаниот
притисок во гумата, тогаш
Page 203 of 253

Нега на возилото201гумата е премногу оштетена.
Побарајте помош од
автомеханичар.
Исцедете го вишок притисокот од гумата со копчето над
индикаторот за притисок.
Во зависност од верзијата,
копчето може да се наоѓа на
цревото за воздух.
Не работете со компресорот
подолго од 10 минути.
14. Откачете го комплетот за поправање гуми. Притиснете ја
спојката на рамката за да го
извадите шишето со заптивна
смеса од рамката. Зашрафете
го цревото за пумпање на гуми
на слободниот приклучок на
шишето со заптивната смеса.
Тоа ја спречува заптивната
смеса да истече. Чувајте го
приборот за поправка на гумите во багажниот простор.
15. Извадете ја излишната заптивна смеса користејќи
ткаенина.
16. Земете ја налепницата која ја покажува најголемата
дозволена брзина од шишето
со заптивната смеса, и закачете
ја во видното поле на возачот.
17. Продолжете со возењето веднаш за да се распространи
средството рамномерно во
гумата. По возење околу 10 км
(но не повеќе од 10 минути),
застанете и проверете го
притисокот во гумата.
Притегнете го цревото на
воздухот директно врз вентилот на гумата и за тоа време нека
работи компресорот.
Page 204 of 253

202Нега на возилото
Ако притисокот во гумата е
поголем од 1,3 бари, наполнете
ја до правилната вредност.
Повторете ја оваа поставка
додека веќе нема губење на
притисокот.
Ако притисокот во гумата паднал под 1,3 бари, возилото
не смее да се користи.
Побарајте помош од
автомеханичар.
18. Чувајте го приборот за поправка на гумите во
багажниот простор.
Повторно наместете ја
патосницата.
Капак на задната преграда за
складирање под подот 3 59.
Забелешка
Возните карактеристики на
поправената гума значително се
сменети, затоа нека Ви ја заменат таа гума.
Ако се слушне необичен шум или
компресорот се загрее, исклучете
го компресорот најмалку за
30 мин.
Вградениот сигурносен вентил се
отвора при притисок од 7 бари.
Проверете го рокот на траење на
комплетот. По тој датум
способноста за затнување веќе не
се гарантира. Внимавајте на
информациите за чување на
шишето со заптивна смеса.
Заменете го користеното шише со
заптивната смеса. Отфрлете го
шишето како што е пропишано од
соодветните закони.
Компресорот и заптивната смеса
може да се користат од околу
-30 °C.Адаптерите кои можеби се
испорачани може да се користат
за пумпање други работи, на
пример, фудбалски топки,
душеци, базени за надувување и
сл. Тие може да се наоѓаат од
долната страна на компресорот.
За да се извади, притегнете го
цревото за воздух на компресорот и извлечете го адаптерот.
Менување тркала
Сторете ги следниве подготовки и
запазете ги следните информации:
● Паркирајте го возилото на рамна, цврста и нелизгава
површина. Предните тркала
треба да бидат наместени
право.
● Кренете ја рачната сопирачка и
ставете во прва брзина или во
рикверц.
● Ако тлото на коешто стои возилото е меко, треба да се
стави тврда штица (дебела најмногу 1 см) под дигалката.
● Извадете ги тешките предмети
од возилото пред да го
кревате.
Page 205 of 253

Нега на возилото203● Во возилото не смее да ималуѓе или животни кога се дига.
● Не пикајте се под возило што е
кренато со дигалка.
● Не го палете возилото кога е кренато со дигалката.
● Пред да ги зашрафите завртките на тркалото,
исчистете ги и малку
намачкајте го стеснетиот крај
од секоја завртка со мазиво
достапно во трговијата.9 Предупредување
Не подмачкувајте го навојот на
завртката на тркалото.
Точки за подигнување
Прикажаните точки за
подигнување се однесуваат на
употребата на држачи за
подигнување и помошни дигалки
кои се користат за замена на
зимски / летни гуми.
Положба за задната рачка на
платформата за дигање, се наоѓа
централно под вдлабнатината на
прагот.
Положба за предниот крак на
платформата за кревање на
подвозјето.
Резервно тркало
Резервното тркало може да се
класифицира како привремено
резервно тркало зависно од
големината, во споредба со
другите монтирани тркала и
правилата во државата. Во овој
случај важи дозволена максимална
брзина, иако на резервното тркало
нема етикета за тоа.
Монтирајте само едно привремено
резервно тркало. Не возете побрзо
од 80 км/ч. Фаќајте ги свиоците
полека. Не го користете за подолг
период.Внимание
Употребата на резервно тркало
кое е помало од другите тркала
или во комбинација со зимски
гуми може да повлијае врз
Page 206 of 253

204Нега на возилотовозната состојба. Заменете ја
неисправната гума колку е
можно поскоро.
Резервното тркало се наоѓа во
држач под подот на возилото.
За да го извадите: 1. Отворете го капакот на товарниот простор 3 59.
Извадете ја складишната кутија
доколку ја има 3 58.
2. Извадете го клучот за тркалата од кутијата со алати.
3. Наместете го клучот за тркалана шестоаголната глава близу
до кутијата со алати и вртете го
налево додека не
почувствувате отпор.
4. Поткренете го малку држачот на резервото тркало со рака и
откачете го резето.
5. Спуштете го држачот на резервното тркало.
6. Поткренете го малку држачотна резервото тркало со рака и
откачете го безбедносниот
кабел.
Page 207 of 253

Нега на возилото2057. Спиштет ја дршката докрај изаменете го резервното тркало.
8. Сменете го тркалото 3 202.
Оштетеното тркало мора да се
прицврсти во товарниот
простор, видете подолу.
9. Подигнете го празниот држач на резервното тркало и
вметнете го безбедносниот
кабел.
10. Кренете го држачот на резервното тркало понатаму и
заглавете во резето.
Отворената страна на
патентбравата треба да биде
свртена кон напред.
11. Затворете го празниот држач за
резервното тркало вртејќи ја
шестоаголната завртка
постепено со клучот за
тркалата.
12. Затворете го капакот на товарниот простор.Монтирање на резервното
тркало
Сторете ги следниве подготовки и
запазете ги следните информации:
● Паркирајте го возилото на рамна, цврста и нелизгава
површина. Предните тркала
треба да бидат наместени
право.
● Кренете ја рачната сопирачка и
ставете во прва брзина или во
рикверц.
● Извадете го резервното тркало.
● Не менувајте повеќе од едно тркало одеднаш.
● Дигалката користете ја само за
менување на тркала во случај
на продупчување, а не за
сезонски зимски или летни
менувања на гумите.
● Дигалката не бара одржување.
● Ако тлото на коешто стои возилото е меко, треба да се
стави тврда штица (дебела најмногу 1 см) под дигалката.● Извадете ги тешките предмети
од возилото пред да го
кревате.
● Во возилото не смее да има луѓе или животни кога се дига.
● Не пикајте се под возило што е
кренато со дигалка.
● Не го палете возилото кога е кренато со дигалката.
● Пред да ги зашрафите завртките на тркалото,
исчистете ги и малку
намачкајте го стеснетиот крај
од секоја завртка со мазиво
достапно во трговијата.9 Предупредување
Не подмачкувајте го навојот на
завртката на тркалото.
1. Челични тркала
Извлечете ја раткапната.
Легирани тркала со капачиња
на завртките
Откачете ги капачињата на
завртките за тркало со
шрафцигер и извадете ги. За да
Page 208 of 253

206Нега на возилотосе заштити тркалото, ставете
мека ткаенина помеѓу шрафцигерот и лесната
бандажа.
Легирани тркала со централно
капаче
Ставете го екстракторот во
отворот на централното капаче
и извадете го капачето од
тркалото.
Прирачен алат 3 189.
2. Ставете го клучот за тркалата
уверувајќи се дека е наместен
безбедно и олабавете ја секоја
завртка на тркалото за
половина вртење.
Тркалата може да се заштитени
со завртки за заклучување на
тркалата. За да ги разлабавите
овие специфични завртки, прво
ставете го адаптерот за
заклучување на завртките од
тркалото на главата на
завртката пред да го наместите
клучот за тркалата. Адаптерот
се наоѓа во касетата.3. Уверете се дека дигалката е правилно наместена под
соодветната точка на возилото
за дигање.
Page 209 of 253

Нега на возилото207Некои верзии имаат панелни
ленти со покриени точки за
кревање на возилото: прво
извлечете го капакот на
соодветната точка за кревање
пред да ја поставите дигалката.
4. Поставете ја дигалката на потребната височина.
Наместете ја непосредно под
точката за дигање, на тој начин што ќе се спречува лизгањето.
Закачете ја рачката на
дигалката и при правилно
порамнета дигалка, завртете ја
рачката додека тркалото не е
ослободено од земјата.
5. Отшрафете ги завртките на тркалото.
6. Сменете го тркалото.
7. Зашрафете ги завртките на тркалото.
8. Спуштете го возилото.
9. Ставете го клучот за тркалата, уверете се дека е наместен
безбедно, па стегнете ја секоја
завртка по наизменичен
(вкрстен) редослед. Затезниот
момент е 110 Nm.
10. Порамнете го отворот на вентилот во раткапната на
челичното тркало со вентилот
на гумата пред да ја монтирате.
Наместете ги капачињата на
завртките или централното
капаче на легираното тркало.
11. Складирајте ги и прицврстете ги
заменетото тркало, прирачниот
алат 3 189 и адаптерот за
заклучување на завртките на
тркалото 3 55.
12. Проверете го притисокот на монтираната гума и
затегнатоста на навртките на
тркалото колку е можно
поскоро.
Складирање на оштетено
тркало во товарниот простор
Држачот на резервното тркало не е
конструиран за други големини на
гуми освен за резервното тркало.
Оштетено тркало пошироко од
резервното мора да се складира во
товарниот простор и да се
прицврсти со каиш.
Прирачен алат 3 189.
Page 210 of 253

208Нега на возилотоТркала со големина на гумата до
195/55 R 16 1. Извадете го капакот на товарниот простор и кренете го
подот на товарниот простор.
Одложете ги двете зад
подигнатите потпирачи за грб
на задните седишта.
2. Одвртете ја пеперужната навртка и извадете ја кутијата
со алати.
3. Поставете го оштетеното тркало исправено во просторот
за алати, свртено нанапред.
4. Извадете го ременот 1 од
кутијата со алати и ставете ја
јамката на ременот низ десната
алка за врзување.
5. Протнете го крајот на каишот со
куката преку јамката и
повлекувајте го додека каишот не се прицврсти стабилно до
алката за врзување.6. Вметнете го каишот преку спиците на тркалото како што е
покажано на илустрацијата.
7. Монтирајте ја куката на левата алка за врзување.
8. Затегнете го каишот и прицврстете го користејќи ја
патент-бравата.