OPEL ADAM 2019 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2019, Model line: ADAM, Model: OPEL ADAM 2019Pages: 253, PDF Size: 6.59 MB
Page 191 of 253

Нега на возилото189Прирачен алат
Алати Возила без резервно тркало
Некои алати и алката за влечење
се наоѓаат во кутијата за алати во
товарниот простор, под капакот на
подот. Кај верзијата со складишна
кутија, прво извадете ја кутијата 3 58.
Кај верзиите со заден систем за
превезување или мотор на течен
гас, алатите се наоѓаат заедно со
алката за влечење прицврстен со
каиш на левиот страничен ѕид во
товарниот простор.Кај верзијата со складишна кутија,
куферот со алатките и алката за
влечење се наоѓаат во комора на
кутијата во товарниот простор
3 58.
Page 192 of 253

190Нега на возилотоКај верзијата со сабвуферска
кутија, алатите и алката за
влечење се наоѓаат заедно со
предупредувачкиот триаголник во
кутијата под капакот на подот. За
да пристапите, извадете го капакот на подот: преклопете го задниот
дел напред и извлечете го капакот кон назад 3 59.
Возила со резервно тркало
Дигалката, клучот за завртките на
тркалата, алатите и два ремени за
прицврстување оштетено тркало
се во кутијата со алати под капакот на подот на товарниот простор
3 59.
Тркала и гуми
Состојба на гумите, состојба на
тркалата
Преку рабови возете полека и, ако
е можно, под прав агол. Возењето
преку остри рабови може да
предизвика оштетувања на гумите
и на тркалата. Не ги заглавете
гумите на работ од тротоарот кога
паркирате.
Редовно проверувајте ги тркалата
да не се оштетени. Контактирајте
со автомеханичар во случај на
оштетување или необично абење.
Препорачуваме да не се
заменуваат предните со задните
тркала и обратно, тоа може да
влијае врз стабилноста на
возилото. Секогаш користете
помалку изабени гуми на задната
оска.Зимски гуми
Зимските гуми ја подобруваат
безбедноста на возењето при
температури под 7 °C и затоа треба да се стават на сите тркала.
Сите големини на гуми се
дозволени за зимски гуми 3 232.
Големината 185/60 R 15 е
дозволена само како зимска гима.
Во согласност со прописите
спесифични за државата, залепете
ја налепницата за брзина во
видното поле на возачот.
Ознаки на гумите На пр. 195/55 R 16 95 H195:широчина на гумата во мм55:профил (сооднос на
височината со широчината
на гумата) во %R:вид ремен: РадијаленRF:вид: RunFlat (функционира и
издишана)16:пречник на тркалото во инчи
Page 193 of 253

Нега на возилото19195:индекс на оптоварувањето,
на пр. 95 одговара на 690 кгH:буква на шифрата за
брзината
Буква на шифрата за брзината:
Q:до 160 км/чS:до 180 км/чT:до 190 км/чH:до 210 км/чV:до 240 км/чW:до 270 км/ч
Изберете гума соодветна за
најголема брзина на Вашето
возило. Видете во Сертификатот за сообразност на ЕЕЗ доставен со
возилото или во другите
национални документи за
регистрација. Дополнителната
опрема може да ја намали
максималната брзина на возилото.
Еднонасочни гуми Еднонасочните гуми треба да се
монтираат така што ќе се вртат во
правилна насока. Правилната
насока на вртење ја покажува
симбол (на пр. стрелка) од
страната на гумата.
Притисок на гумите
Проверувајте го притисокот во
гумите кога се студени, најмалку на 14 дена и пред секое подолго
патување. Не заборавајте го
резервното тркало.
Тоа важи и за возилата со систем
за контрола на притисокот во
гумите.
Притисок во гумите 3 232.
Етикетата со информации за
притисокот во гумите на рамката на десната врата ги посочува
оригиналните гуми и соодветните
притисоци во гумите.
Податоците за притисокот во
гумите се однесуваат на ладни
гуми. Тоа важи за летни и зимски
гуми.
ECO притисокот на гумите служи да се постигне најмалата можна
потрошувачка на гориво.
Неправилниот притисок во гумите
ќе ја влоши безбедноста,
управувањето на возилото,
удобноста и економичноста на
потрошувачката на гориво, и ќе го
зголеми абењето на гумите.
Табелите за притисок во гумите ги
покажуваат сите можни
комбинации на гуми 3 232.
Идентификувајте ја гумата.
За гумите одобрени за Вашето
возило, видете во Сертификатот за
сообразност на ЕК доставен со
возилото или во други национални
документи за регистрација.
Возачот е одговорен за правилно
прилагодување на притисокот во
гумите.
Page 194 of 253

192Нега на возилото9Предупредување
Ако притисокот е пренизок,
гумите може премногу да се
загреат и да се оштетат
однатре, што може да
предизвика цепење на шарите,
па дури и експлозија на гумите
при големи брзини.
9 Предупредување
За специфични гуми,
препорачаниот притисок во
гумите што е прикажан во
табелата за притисок во гумите може да биде поголем од
максималниот притисок во
гумите што е наведен на гумата.
Никогаш не надминувајте го
максималниот притисок што е
прикажан на гумата.
Ако притисокот во гумите мора да
се намали или зголеми, исклучете го палењето. Откако ќе го
приспособите притисокот во
гумите вклучете го палењето и изберете ја соодветната поставка
на страницата Оптоварување на
гумите во Информативниот центар
за возачот (DIC) 3 86.
Зависност од температурата
Притисокот во гумата зависи од
нејзината температура. За време
на возењето, температурата и
притисокот на гумите се
зголемуваат. Вредностите на
притисокот во гумите кои се дадени на етикетата за информации за
притисокот на гумите, важи за
ладни гуми што значи на 20 °C.
Притисокот се зголемува за околу
10 kPa за покачување на
температурата од 10 °C. Тоа мора да се земе во предвид кога се
проверуваат топли гуми.
Вредноста на притисокот во гумите
прикажана во Информативниот систем за возачот го покажува
реалниот притисок во гумите.
Оладена гума ќе покаже намалена
вредност, што не укажува на
излегување на воздух.Систем за следење на
притисокот на гумите
Системот за контрола на
притисокот во гумите го проверува
притисокот во сите четири гуми
еднаш по минута кога брзината на
возилото ќе надмине определена
граница.Внимание
Системот за следење на
притисокот во гумите само
предупредува за послаб
притисок и не е замена за
редовното одржување на
гумите од страна на возачот.
Сите четири тркала треба да бидат опремени со сензори за притисокот
во гумите и гумите треба да го
имаат пропишаниот притисок.
Забелешка
Во земјите каде што системот за
следење на притисокот во гумите
е законска обврска, користењето
тркала без сензори за притисокот
ќе ја поништи дозволата за работа на возилото.
Page 195 of 253

Нега на возилото193Актуелниот притисок во гумите
може да се покаже на Vehicle
Information Menu (Изборник за
информации за возилото) во
Информативниот центар за
возачот.
Изборникот може да се избере со
притискање на копчињата на
рачката.
Притиснете MENU за да изберете
Vehicle Information Menu (Изборник
за информации за возилото) X .
Свртете го тркалцето за местење
за да го изберете системот за
контрола на притисокот во гумите.
Состојбата на системот и
предупредувања за притисокот се
прикажуваат со порака додека
трепка соодветната гума во
Информативниот центар за
возачот.
Системот ја зема во предвид
температурата на гумите при
предупредувањата.
Зависност од температурата
3 191.Откриен слаб притисок во гума се
покажува со контролната сијаличка
w 3 85.
Ако се запали w, сопрете штом
можете и напумпајте ги гумите
според препораките 3 232.
Ако w светка 60-90 секунди, потоа
свети непрекинато, има дефект во
системот. Посоветувајте се со
автомеханичар.
Откако ќе се напумпаат, може да
биде потребно одредено возење за
да се ажурираат вредностите на
притисокот во гумите во
Page 196 of 253

194Нега на возилотоИнформативниот центар за
возачот. За тоа време може да
свети w.
Ако свети w при пониски
температури и се изгасне по
одредено време возење, може да
биде показател дека се
приближува состојба за низок
притисок во гумите. Проверете го
притисокот во гумите.
Пораки за возилото 3 94.
Ако притисокот во гумите мора да
се намали или зголеми, исклучете
го палењето.
Монтирајте само тркала со сензори
за притисок, инаку притисокот во
гумите нема да се прикажува и w ќе
свети постојано.
Резервното тркало или
привременото резервно тркало не
е опремено со сензори за притисок. Системот за контрола на
притисокот во гумите не
функционира за тие гуми.
Контролна сијаличка w се пали. За
понатамошните три гуми системот
останува функционален.Употребата на комплетите за
поправање на гуми со течност што
се достапни во продажба може да
го влоши функционирањето на
системот. Може да се користат
фабрички одобрени комплети за
поправање гуми.
Работата со електронски уреди или
близината до објекти кои користат
слични бранови на фреквенција
може да доведе до нарушување на системот за следење на
притисокот во гумите.
Секогаш кога се заменуваат
гумите, сензорите на системот за следење на притисокот во гумите
треба да се демонтираат и
сервисираат. За навртниот сензор; заменете ги јадрото на вентилот и
заптивниот прстен. За прицврсниот
сензор; заменете го целиот вентил.
Состојба на оптовареност на
возилото
Приспособете го притисокот во
гумите според состојбата на
оптовареност, согласно со
етикетата за информации за
гумите или табелата со притисоциза гумите 3 232 и изберете ја
соодветната поставка во
изборникот Tyre Load
(Оптовареност на гумите) во
Информативниот центар за
возачот, Vehicle Information Menu
(Изборник за информации за
возилото) 3 86. Оваа поставка е
референтна вредност за
предупредувања за притисоци во
гумите.
Изборникот Tyre Load
(Оптовареност на гумите) се
појавува само ако возилото е во мирување или е употребена
сопирачката за паркирање. Кај
возилата со автоматски менувач,
рачката на менувачот треба да
биде во P.
Page 197 of 253

Нега на возилото195
Изберете:● Light (Светло) за удобен
притисок за до 3 лица.
● Eco (Еко) за економичен
притисок за до 3 лица.
● Max (Макс.) за целосна
оптовареност.
Споредување на сензори за
притисок на гумите
Секој од сензорите за притисокотна гумите има единствена шифра
за идентификација. Кодот за
идентификација мора да се
спореди со позицијата на новото тркало/гума по ротирање на гумите
или по замена на целиот комплет
на тркалото, како и по замена на
еден или повеќе сензори за
притисок. Споредувањето на
сензорите за притисок треба да се
изврши и откако резервна гума ќе
се замени со погонска гума со
сензор за притисок.
Светлото за неисправност w и
предупредувачката порака или
шифра треба да се изгаснат при
следното палење. Сензорите се
споредуваат со положбите на
тркалата со користење на алатката
за повторно учење по следниов
редослед: лево предно тркало,
десно предно тркало, десно задно
тркало и лево задно тркало.
Трепкачот на тековната активна
позиција свети додека сензорот не
се поврзе.
Консултирајте се со сервисер. Има 2 минути за споредување на
положбата на првото тркало и
5 минути вкупно за да се споредат
сите четири положби на тркалата.
Ако трае подолго, споредувањето
престанува и мора повторно да се
почне.Сензорот за споредување
притисок на гумите е:
1. Активирајте ја сопирачката за паркирање.
2. Вклучете го палењето.
3. На возила со рачен менувач: изберете лер.
4. Користете MENU на рачката за
да изберете Vehicle Information
Menu (Изборник за информации за возилото) на
Информативниот центар за
возачот.
5. Со тркалцето дојдете до изборникот за притисокот на
гумите.
6. Притиснете SET/CLR за да
почне споредувањето на
сензорите. Треба да се прикаже порака што ќе побара
прифаќање на процесот.
7. Притиснете SET/CLR повторно
за да го потврдите изборот.
Сирената се огласува двапати за да покаже дека приемникот е
во режим на повторно учење.
8. Почнете со левото предно тркало.
Page 198 of 253

196Нега на возилото9. Ставете ја алатката заповторно учење до страната на
гумата, блиску до вентилот.
Потоа притиснете го копчето за
да го активирате сензорот за
притисокот во гумите. Кус
сигнал на сирената потврдува
дека идентификациската
шифра на сензорот е
споредена со таа положба на
тркалото.
10. Продолжете со десното предно тркало и повторете ја
постапката од чекор 9.
11. Продолжете со десното задно тркало и повторете ја
постапката од чекор 9.
12. Продолжете со левото задно тркало и повторете ја
постапката од чекор 9.
Сирената се огласува двапати
да укаже дека
идентификациската шифра на сензорот е споредена со левото задно тркало и сензор за
пријавување притисок на
гумите веќе не е активен.
13. Исклучете го палењето.14. Прилагодете го притисокот во сите четири гуми според
препорачаните вредности
прикажани на етикетата за
информации за гумите.
15. Проверете дали статусот за оптоварување на гумите е
поставен според избраниот
притисок 3 86.
Длабочина на шарата
Редовно проверувајте ја
длабочината на шарите.
Гумите треба да се заменат од
безбедносни причини ако
длабочината на шарите падне под
2-3 мм (4 мм за зимските гуми).
Од безбедносни причини, се
препорачува длабочината на
шарите на гумите на една оска да не се разликува повеќе од 2 мм.
Законски дозволената минимална
длабочина на шарата (1,6 мм) е
достигната кога шарата е изабена
до една од ознаките за изабеност
( TWI). Нивната положба е означена
со обележувања од страните на
гумата.
Гумите стареат, дури ако не се
употребуваат. Препорачуваме
замена на гумите на 6 години.
Менување на големинатана гумите и тркалата
Ако се употребуваат гуми со
различна големина од оние
монтирани во фабриката, може да
Page 199 of 253

Нега на возилото197биде неопходно повторно да сепрограмира номиналниот притисок
во гумите и да се извршат други
промени на возилото.
По префрлувањето на гуми со друга големина, нека Ви ја заменат етикетата со притисоци за гумите.
Систем за контрола на притисокот
во гумите 3 192.Внимание
Кога се користат тркала од 14
инчи, растојанието до тлото се
намалува. Ова мора да се земе
предвид кога се преминуваат
препреки.
9 Предупредување
Употребата на несоодветни
гуми или тркала може да доведе
до незгоди и ќе ја поништи
дозволата за работа на
возилото.
Раткапни
Раткапните и гумите што се
одобрени од фабриката за
соодветното возило и ги
исполнуваат сите соодветни
барања за комбинирање на
тркалата и гумите, можат да се
користат.
Ако раткапните и гумите кои се
користат не се фабрично
одобрени, гумите не смеат да
имаат заштитно ребро на работ.
Раткапните не смеат да му пречат
на ладењето на сопирачките.9 Предупредување
Употребата на несоодветни
гуми или раткапни може да
доведува до нагло губење на
притисок и притоа несреќи.
Челични тркала: Кога користите
завртки за заклучување на
тркалата, не ставајте раткапни.
Синџири за гуми
Синџири за гуми се дозволуваат
само на предните тркала.
Секогаш употребувајте синџири со
ситни алки што не додаваат повеќе од 10 мм до шарата и внатрешните
страни на гумата (вклучувајќи ја и
бравата на синџирот).
9 Предупредување
Оштетувањата може да
доведат до пукање на гумата.
Page 200 of 253

198Нега на возилотоСинџири за гуми не се дозволуваатна гуми од големините 175/70 R 14 ,
185/70 R 14, 185/60 R 15, 185/65 R 15 и 195/55 R 16.
Синџири за гуми не се дозволени
на гуми со големина 215/45 R 17 и
225/35 R 18.
Употребата на синџири за гуми не
се дозволува на привременото
резервно тркало.
Комплет за поправањегуми
Помалите оштетувања на шарата
на гумата може да се поправат со
комплетот за поправање гуми.
Не ги вадете туѓите предмети од
гумите.
Оштетувањата на гумите што
надминуваат 4 мм или што се на
страничниот ѕид од гумата не може да се поправат со комплетот за
поправање гуми.9 Предупредување
Не возете побрзо од 80 км/ч.
Не го користете за подолг
период.
Управувањето со воланот и
ракувањето може да станат
поинакви.
Ако имате издишна гума:
Затегнете ја рачната сопирачка и ставете во прва брзина.
Комплетот за поправање гуми е во
кутијата за алати под капакот на
подот во товарниот простор.
Кај верзиите со заден систем за
превозување или мотор на течен
гас, комплетот за поправање гуми се наоѓа во куфер зацврстен со
каиш на левиот страничен ѕид во
товарниот простор.