USB OPEL ANTARA 2015 Прирачник за инфозабавата
[x] Cancel search | Manufacturer: OPEL, Model Year: 2015, Model line: ANTARA, Model: OPEL ANTARA 2015Pages: 171, PDF Size: 2.9 MB
Page 3 of 171

Touch & Connect (Допри и
поврзи) .......................................... 5
CD 40 USB ................................ 103
Портал за мобилен телефон ...147Содржина
Page 5 of 171

Вовед............................................ 6
Радио .......................................... 24
ЦД-уред ....................................... 29
AUX приклучок ............................ 35
USB приклучок ............................ 36
Музика Bluetooth ......................... 39 Навигација .................................. 41
Телефон ...................................... 86
Индекс ....................................... 100Touch & Connect (Допри и поврзи)
Page 6 of 171

6ВоведВоведОпшти информации.....................6
Функција за аларм при кражба .... 7
Преглед на контролните
елементи ..................................... 10
Ракување .................................... 13Општи информации
Инфозабавниот систем Ви пружа
најсовремена инфозабава во
автомобилот.
Радиото има шест места во
меморијата за станици на средни
бранови и дванаесет за
ултракратки бранови.
Вградениот аудио плеер ќе Ве
забавува со аудио ЦД-а и ЦД-а со
MP3/WMA.
Може да поврзете надворешни мемориски уреди, на пр. iPod, МП3-
плеер или стапле USB или
преносен ЦД-плеер за
Инфозабавниот систем како
дополнителни извори на аудио;
или преку кабел или преку
Bluetooth.
Системот за навигација со
динамично планирање на
маршрутата ќе Ве доведе сигурно
до Вашата дестинација и, ако
сакате, автоматски ќе ги избегнува
застоите во сообраќајот или
другите сообраќајни проблеми.Освен тоа, Инфозабавниот систем
е опремен со портал за телефон
што овозможува удобно и
безбедно користење на вашиот
мобилен телефон во возилото.
Како опција, Инфозабавниот
систем може да се управува преку
користење на далечински
управувач на воланот.
Добро обмислената конструкција
на контролните елементи,
допирниот екран и јасните екрани
ви овозможуваат да го
контролирате системот лесно и
интуитивно.
Забелешка
Упатството ги опишува сите опции и функции достапни за разни
Инфозабавни системи. Одредени
описи, вклучително и оние за
функциите на екранот и на
изборниците, може да не важат за
вашето возило поради
варијантата на моделот,
посебната опрема или
додатоците.
Page 14 of 171

14Вовед
Приспособување на гласноста на
сообраќајните соопштенија (ТА)
Гласноста на сообраќајните
соопштенија може да се
прилагодува за време на
соопштенијата со копчето X. Кога
ќе заврши или ќе се откаже
соопштение, гласноста автоматски
се враќа на првобитната поставка.
Повеќе детали за функцијата ТА
3 24 и 3 27.
Прилагодување на гласноста на
говорните команди (навигација)
Гласноста на говорните команди
може да се прилагодува додека се
соопштува командата со копчето
X или преку изборникот за
поставување на навигацијата,
видете во „Поставки на
гласноста“ подолу.
Прилагодената поставка се
зачувува во Инфозабавниот
систем и автоматски се употребува
за сите следни говорни
известувања додека повторно не
се смени.Прилагодување на гласноста на
изворите приклучени на AUX
Релативното ниво на гласноста на
надворешните извори на звук,
на пр. преносен ЦД-плеер, може да се прилагоди преку изборникот за
поставување на звукот, видете во
„Поставки на гласноста“ подолу.
Прилагодување на гласноста на
звукот на телефонот
Гласноста на звукот на телефонот
може да се прилагоди за време на
повик со копчето X.
Прилагодената поставка се
зачувува во Инфозабавниот
систем и автоматски се употребува
за сите идни телефонски повици
додека повторно не се смени.
Забелешка
Кога гласноста на звукот на
телефонот е сменета,
истовремено се менува и
гласноста на ѕвонењето.Начини на работењето
Радио
Притиснете го копчето FM-AM за
да ги отворите изборниците AM,
FM1 или FM2 или за да ги менувате
изборниците.
Детален опис на функциите на радиото 3 24.
Аудио плеери
Притиснете го копчето MEDIA за да
ги отворите изборниците CD, CD
MP3 , iPod , USB , AUX или
BLUETOOTH AUDIO (ЗВУК
BLUETOOTH) (ако се достапни)
или за да ги менувате изборниците.
Детален опис на: ■ Функции на ЦД плеерот 3 30
■ Функции на влезот AUX 3 35
■ Функции на приклучокот за USB 3 36
■ Функции за музика Bluetooth 3 39
Page 36 of 171

36USB приклучокUSB приклучокОпшти информации...................36
Репродукција на зачувани
аудио папки ................................ 37Општи информации
Во средишната конзола има USB
штекер за приклучување на
надворешни извори на аудио
податоци.
Забелешка
Штекерот секогаш треба да се
чува чист и сув.
Во USB приклучокот може да се
приклучат МП3-плеер, диск USB,
SD-картичка (преку приклучок/
адаптер за USB) или iPod.
Кога се поврзани со приклучокот
USB, со разни функциите на
уредите може да се ракува преку
контролите и изборниците на
Инфозабавниот систем.
Забелешка
Инфозабавниот систем не ги
поддржува сите модели на МП3-
плеери, погони USB, SD-картички
или iPod.
Важни информации ■ Надворешните уреди поврзани со USB приклучокот мора да се
усогласени со спецификацијата
за класа мемориски уреди USB
(USB MSC).
■ Уредите поврзани преку USB се поддржани согласно
спецификацијата за USB V 2.0.
Максимална поддржана брзина:
12 Mbit/s.
■ Поддржани се само уреди со систем на датотеки FAT16/
FAT32.
■ Единиците со тврд диск (HDD) не
се поддржуваат.
■ Не се поддржани јазли за USB.
Page 37 of 171

USB приклучок37
■ Може да се користат следнивеформати на фајлови:
ISO9660 Level 1, Level 2, (Romeo,
Joliet).
Фајловите MP3 и WMA запишани
во кој било формат освен
наведените погоре може да не се
репродуцираат правилно, а
имињата на нивните фајлови и
папки може да не се прикажат
правилно.
■ Следниве ограничувања важат за податоците зачувани на
надворешни уреди поврзани со
USB приклучокот.
Максимален број папки/музички
листи: 5000.
Максимален број датотеки/
песни: 15000.
Максимален број датотеки/песни
во папка/музичка листа: 6000.
Максимален број папки во
длабочина: барем 8.
WMA дадотеки со дигитално
ракување со правата (Digital
Rights Management) (DRM) одонлајн музички продавници не
може да се репродуцираат.
Датотеки WMA може да се
репродуцираат само ако се
направени со Windows Media
Player верзија 9 или понова.
Поддржани наставки на музички
листи: .m3u, .pls, .wpl.
Внесувањата на списокот со
репродукции треба да бидат во
обликот на споените патеки.
Атрибутот на системот за
директориуми/папки кои содржат аудио податоци не смее да се
поставува.Репродукција на
зачувани аудио папки
МП3-плеер, погон USB, SD-
картичка
Притиснете го копчето MEDIA
еднаш или повеќе пати за да се
активира USB режимот.
Репродукцијата на зачуваните
аудио податоци на USB уредот
почнува.
Ракувањето со изворите на аудио
податоци приклучени преку USB е
исто како што е опишано за аудио
ЦД со МП3/WMA 3 30.
Page 38 of 171

38USB приклучок
iPod
Притиснете го копчето MEDIA
еднаш или повеќепати за режимот
за iPod.
Репродукцијата на зачуваните
аудио податоци на iPod уредот
почнува.
Ракувањето со iPod приклучен
преку USB е главно исто како што е
опишано за аудио ЦД со МП 3/WMA
3 30.
Подолу се опишани тие аспекти на
ракувањето кои се поинакви/
дополнителни.
Прегледник на музика
Зависно од моделот/верзијата на
поврзаниот iPod и зачуваните
податоци, има разни опции за
избирање и репродукција на
песните.
Изберете го екранското копче
Browse (Разгледај) за да се
прикаже изборник со достапните
опции за разгледување на
музиката.
Изберете ја саканата опција за
разгледување музика.
Следниве чекори се главно исти
како опишаните за избор на песни
во папки на ЦД со МП3/WMA 3 30.
Page 51 of 171

Навигација51
Достапни се следните
понатамошни поставки/опции:
■ Download my POIs now (Преземи
ги моите ИТ сега) : достапно е
само ако во приклучокот за USB
3 36 е приклучен погон USB со
зачувани кориснички
определени точки од интерес
(ТИ), видете во „Кориснички
определени точки од интерес“.
За преземање податоци за
кориснички определени ТИ од
погон USB, видете во
„Кориснички определени точки
од интерес“ подолу.
■ Remove User POIs From System
(Отстрани кориснички ИТ од
системот) : достапно е само ако
во Инфозабавниот систем се преземени кориснички
определени точки од интерес
(ТИ), видете во „Кориснички
определени точки од
интерес“ подолу.
Изберете ја ставката за да ги отстраните сите податоци за
кориснички определените ТИ од
Инфозабавниот систем.
■ Demo Mode (Демонстрациски
режим) : показниот режим
овозможува да го испланирате
своето патување и дава преглед
на маршрутата.
За показниот режим е потребна
почетна положба, што може да
се разликува од вашата
моментна положба, и
дестинација.
За да поставите почетна
положба: видете во Set Start
Location For Demo (Постави
почетна локација за
демонстрацијата) подолу.За да поставите дестинација:
употребете една од
вообичаените опции за
внесување дестинација 3 55.
За да го активирате показниот
режим: поставете ја опцијата на
изборникот на On (Вкл.). Се
симулира водењето по
маршрута.
Имајте предвид дека во
показниот режим прикажаното
проценето време за
пристигнување или
преостанатото време на
патување, видете во
„Информации за приказот на
картата“ погоре, не е реално. Во
показниот режим, симулираната
брзина на возилото е нереално голема за да се постигне брзо
извршување на симулираното
патување.
За да се вратите на нормалното
водење по маршрута: поставете
ја опцијата на изборникот на Off
(Искл.) .
■ Set Start Location For Demo
(Постави почетна локација за
Page 54 of 171

54Навигација
Имајте предвид дека текстот
прикажан погоре мора да биде
внесен во еден ред, видете на
сликата погоре.
3. Земете ги потребните координати GPS, на пр. од
топографска карта.
Координатите GPS треба да се
изразени во децимални
степени, како што е прикажано
во горниот пример.
4. Внесете ги координатите за географската должина и
ширина во текстуалната
датотека одделени со запирка и празно место.
5. Внесете произволно име за ТИ и, ако сакате, опционален
коментар во средни загради.
Името и коментарот мора да се
ставени во горни наводници и
одделени од координатите GPS
со запирка и празно место.6. Внесете понатамошни податоци за ТИ, користејќи нов
ред за секоја ТИ, во
текстуалната датотека, како
што е опишано погоре.
7. Зачувајте ја текстуалната датотека, на пр. на дискот на
вашиот компјутер.Предупредувања за ТИ
Направете посебна текстуална
датотека со произволно име и со
наставка .asc, на пр.
„ПредупредувањазаТИТоме.asc“.
Понатамошните оперативни
чекори за правење на текстуалната датотека со предупредувањата за
ТИ се исти како што се опишани за одредишните ТИ, видете погоре.
Единствената разлика е што,
наместо правење име (на пр.
„Куќата на Михаил“) треба да
направите порака за
предупредување (на пр. „Многу
нагло вртење“).
Зачувување на текстуалните
датотеки на погон USB
1. Во основниот директориум на погонот USB: направете папка
со име „ myPOIs“, на пр.
„F:\myPOIs“, при што „F:\“ е
основниот директориум на
погонот USB.
2. Во папката „myPOIs“, зачувајте ја текстуалната датотека со
одредишните ТИ, на пр.
„F:\myPOIs
\TomsDestinationPOIs.asc“.
Page 55 of 171

Навигација55
3. Во папката „myPOIs“ направетепотпапка со име
„ myPOIWarnings “.
4. Во таа потпапка зачувајте ја текстуалната датотека со
предупредувањата за ТИ,
на пр.
„F:\myPOIs\myPOIWarnings
\TomsPOIWarnings.asc“
Преземање на кориснички
определените ТИ
Поврзете го погонот USB со
податоците за кориснички
определените ТИ во приклучокот
за USB 3 36 на Инфозабавниот
систем.
За да почне преземањето:
притиснете го копчето SETUP,
изберете го екранското копче
Navigation (Навигација) , изберете
ја ставката Download my POIs now
(Преземи ги моите ИТ сега) , а
потоа потврдете ја прикажаната
порака.
Податоците за ТИ ќе се преземат
во Инфозабавниот систем.Внесување дестинација
Достапни се разни начини за да ја одредите вашата дестинација заводење по маршрута.
Притиснете го копчето NAV за да
се отвори изборникот NAVIGATION
(НАВИГАЦИЈА) .
Изборникот NAVIGATION
(НАВИГАЦИЈА) има три опции што
може да ги користите за внесување
дестинација:
■ Destination (Одредиште) : го
отвора изборникот ENTER
DESTINATION (ВНЕСИ
ОДРЕДИШТЕ) .
Забелешка
Ако е активно водењето по
маршрута, се прикажува порака
пред да се отвори изборникот
ENTER DESTINATION (ВНЕСИ
ОДРЕДИШТЕ) .
Треба првин да решите дали
сакате да додадете точка на патот
(попатна дестинација) на
моментно одредената
дестинација, или сакате да ја
замените моментно одредената
дестинација со нова.
Детален опис за додавање точка
на патот на дестинација, видете во поглавјето „Водење“ 3 74.