OPEL ASTRA K 2017 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2017, Model line: ASTRA K, Model: OPEL ASTRA K 2017Pages: 349, PDF Size: 9.1 MB
Page 261 of 349

Нега на возилото259ЛадилникСредството за ладење овозможува
заштита од мрзнење до околу
-28 °C. Во студените региони со
многу ниски температури,
фабрички наполнетото средство за ладење овозможува заштита од
мрзнење до околу -37 °C.Внимание
Употребувајте само одобрен
антифриз.
Течност за ладење и антифриз
3 311.
Ниво на течноста за ладење
Внимание
Прениското ниво на течноста за ладење може да предизвика
оштетување на моторот.
Ако системот за ладење е студен,
течноста за ладење треба да биде
над линиската ознака за полнење.
Дотурете ако нивото е ниско.
9 Предупредување
Оставете моторот да се олади
пред да го отворите капачето. Внимателно отворајте го
капакот, ослободуваќи го вишок
притисокот полека.
За дотурање, користете 1:1
мешавина на купен концентрат од
течност за ладење мешан со чиста вода од чешмата. Ако не е
достапен концентрат од течност за
ладење, користете чиста вода од
чешмата. Ставете го капакот
цврсто. Нека Ви ја провери
концентрацијата на течноста за
ладење и нека Ви ја отстрани
причината на губење на течноста за ладење автомеханичар.
Течност за миење
Наполнете со чиста вода мешана
со соодветно количество одобрена
течност за миење на
шофершајбната која содржи
антифриз.
Page 262 of 349

260Нега на возилотоВнимание
Само течностите за миење со
доволна концентрација на
антифриз даваат заштита при
ниски температури или нагол
пад во температурата.
Течност за миење 3 311.
Сопирачки Во случај на минимална дебелина
на плочките за сопирање, за време на сопирањето се слуша цвичење.
Можно е да се продолжи со
возењето, но нека Ви ги заменат
пакните на сопирачките колку е
можно поскоро.
Штом се ставени нови пакни, не
сопирајте непотребно силно при
првите неколку патувања.
Течност за сопирачките9 Предупредување
Течноста за сопирачките е
отровна и нагризува. Избегнете
контакт со очите, кожата,
текстил и бојадисани површини.
Нивото на течноста за сопирачките
мора да биде помеѓу ознаките MIN
и MAX .
Ако нивото на течноста е под MIN,
побарајте помош од
автомеханичар.
Течност за сопирачките и за
куплунгот 3 311.
Акумулатор
Акумулаторот на возилото се наоѓа
во товарниот простор под капакот
во задниот дел на подот зад
задните седишта. Капак на задниот под 3 88.
Постојат точки за поврзување за
палењето со кабли во моторниот
простор.
Палење со кабли 3 302.
Page 263 of 349

Нега на возилото261Акумулаторот на возилото не се
сервисира под услов
карактеристиките на возењето да
овозможат доволно полнење на
акумулаторот. Возењето по кратки растојанија и чести палења на
моторот можат да го испразнат
акумулаторот. Избегнувајте ја
употребата на непотребни
електрични потрошувачи.
Акумулаторите не му припаѓаат на
домашниот отпадок. Тие треба да
се фрлат кај соодветен пункт за
собирање на отпадоци за
рециклирање.
Паркирање на возилото подолго од четири седмици може да доведе до
празнење на акумулаторот.
Откачете го негативниот пол од
акумулаторот на возилото.
Уверете се дека палењето е
исклучено пред да го поврзете или откачите акумулаторот на
возилото.
Заштита на акумулаторот од
празнење 3 162.
Откачување на акумулаторот
Ако треба да се откачи
акумулаторот (на пример за
одржување), сирената за аларм
мора да се деактивира на следниов
начин: Вклучете го, па исклучете го палењето и откачете го
акумулаторот во рок од
15 секунди.
Замена на акумулаторот Забелешка
Непочитувањето на упатствата
дадени во ова поглавје може да
доведе до привремено
исклучување на системот за
сопирање-поаѓање.
Кога се заменува акумулаторот,
проверете да нема отворени дупки за проветрување во близина на
позитивната клема. Ако некоја
дупка за проветрување е отворенаво тој предел, треба да се затвори
со нешто што личи на капаче, а
проветрувањето во близина на
негативната клема треба да се
отвори.
Во возилата со акумулатор AGM
(Впивачка стаклена подлога),
проверете дали го заменувате акумулаторот со друг акумулатор
AGM.
Акумулатор AGM може да се
препознае по етикетата на
акумулаторот. Препорачуваме
користење на оригинален
акумулатор од Opel.
Page 264 of 349

262Нега на возилотоЗабелешка
Користење акумулатор AGM
различен од оригиналниот
акумулатор Opel може да
предизвика послаби
перформанси.
Препорачуваме акумулаторот да
Ви го замени автомеханичар.
Систем за сопирање-поаѓање
3 182.
Полнење на акумулаторот9 Предупредување
Кај возилата со систем за
сопирање-поаѓање, внимавајте потенцијалот за полнење да не
надмине 14,6 волти кога
користите полнач на
акумулатори. Инаку,
акумулаторот може да се
оштети.
Палење со кабли 3 302.
Етикета за предупредување
Значење на симболите:
● Забранети се искри, отворен пламен или пушење.
● Секогаш штитете ги очите. Експлозивните гасови може дапредизвикаат слепило или
повреда.
● Чувајте го акумулаторот вон дофат на деца.
● Акумулаторот содржи сулфурна киселина што може
да предизвика слепило или
тешки изгореници.
● Видете во Сопственичкиот прирачник за повеќе
информации.
● Може да има експлозивен гас во близина на акумулаторот.
Цедење на системот со дизел гориво
Ако резервоарот се испразнил
докрај, системот за дизел гориво
треба да се исцеди. Вклучете го палењето трипати по 15 секунди.
Потоа верглајте го моторот
најмногу 40 секунди. Повторете го
овој процес по не помалку од пет
секунди. Ако моторот не се пали,
побарајте помош од
автомеханичар.
Page 265 of 349

Нега на возилото263Замена на четкичките набришачите
Кренете го бришачот до исправена положба, притиснете го копчето за
да ја ослободите четкичката и
извадете ја.
Прицврстете ја четкичката на
бришачот под мал агол во однос на рачката на бришачот и притиснете
ја се додека не се заглави.
Спуштете ја рачката на бришачот внимателно.
Четкичка на бришачот на
задното стакло
Подигнете ја рачката на бришачот.
Откачете ја четкичката на
бришачот како што е покажано на
илустрацијата и извадете ја.
Прицврстете ја четкичката на
бришачот под мал агол во однос на рачката на бришачот и притиснете
ја се додека не се заглави.
Спуштете ја рачката на бришачот
внимателно.
Замена на сијалиците
Исклучете го палењето и исклучетего соодветниот прекинувач или
затворете ги вратите.
Држете ги новите сијалици само кај
базата. Не допирајте го стаклото на
сијалицата со голи раце.
Користет само само исти вид на сијаличка за замена.
Заменете ги сијалиците на
фаровите од внатрешноста на
моторниот простор.
Проверка на ламбите
По замена на ламба, вклучете го
палењето, вклучете ги и проверете ги светлата.
Халогенски предни фарови
Халогенски предни фарови со
посебни ламби за средно и долго
светло.
Page 266 of 349

264Нега на возилото
Надворешна сијалица за (1) средно
светло.
Внатрешна сијалица за ( 2) долго
светло.
Средно светло (1)
1. Завртете го капачето налево и извадете го.
2. Со повлекување откачете ја спојката со пружина оддржачот. Повлечете ја
фасонката од куќиштето на
фарот.
3. Одвојте ја сијалицата од држачот на истата и заменете
ја.
4. Ставете ја фасонката со заглавување на двата држачи
во куќиштето на фарот и
свртете ги надесно за да се
затегне.
Page 267 of 349

Нега на возилото2655. Турнете ја спојката со пружинаназад на место.
6. Ставете го капачето и завртете го обратно од насоката на
стрелките на часовникот.
Долго светло (2)
1. Завртете го капачето налево и извадете го.
2. Ослободете ја спојката сопружина од држачот со
помрднување нанапред и
настрана. Завртување на
спојката со пружина надолу.
3. Повлечете ја фасонката од куќиштето на фарот.4. Одвојте ја сијалицата оддржачот на истата и заменете
ја.
5. Вметнете го држачот на сијалицата и инсталирајте
изворен клип.
Ставете го капачето и завртете
го обратно од насоката на
стрелките на часовникот.
Преден трепкач
Во случај на дефектни LED диоди,
нека Ви ги заменат истите кај
автомеханичар.
Page 268 of 349

266Нега на возилотоСтранично светлоВо случај на дефектни LED диоди,
нека Ви ги заменат истите кај
автомеханичар.
Светло за дневно возење
Во случај на дефектни LED диоди,
нека Ви ги заменат истите кај
автомеханичар.
Фарови за магла До сијаличките може да се
пристапи од долната страна на
возилото.1. Свртете ја фасонката налево и извадете ја од куќиштето на
фарот.
2. Откачете ја фасонката на ламбата од кабел штекерот со
притискање на држачот.
3. Извадете ја и вратете ја фасонката со ламбата и
приклучете го кабел штекерот.
4. Ставете ја фасонката во куќиштето на фарот вртејќи ја
надесно и заглавете ја.
Задни светла
Хечбек со 5 врати
1. Ослободете го капакот од односната страна и извадете
го.
Page 269 of 349

Нега на возилото267
2. Возила со комплет запоправање гуми: За да ги
замените светилките на
десната страна, прво
отшрафете ја пластичната
навртка и извадете ја па вметнете го шишето со
заптивната смеса.3. Однатре отшрафете ја пластичната навртка за
прицврстување со рака.
4. Внимателно извлечете го комплетот на задното светло оджлебот и извадете го.
5. Откачете го кабелот од држачот.
6. Притиснете ги трите држачи и извадете го носачот на ламбата
од комплетот на фарот.
Page 270 of 349

268Нега на возилото
7. Извадете и заменете гисијалиците:
Трепкачи ( 1)
Задно/стоп светло ( 2)
На верзија со LED задни светла
и LED светла на сопирачки,
само сијалица на трепкач ( 1)
може да биде отстранета и
заменета.
8. Прикачете го носачот на сијалица кон комплетот на
фарот.
9. Прикачете го кабелот на држачот.
10. Прикачете го комплетот на фарот на каросеријата изатегнете ја сигурносната
навртка од внатрешноста на
товарниот простор. Закачете го капакот.
Во зависност од верзијата, задните
светла и светлата на сопирачките
се дизајнирани како LED диоди. Во
случај на дефект, се прават замени на LED диодите од страна на
автомеханичар.Комплет светла во задната врата
1. Ослободете го капакот во задната врата и извадете го.
2. Одвртете ја пластичнатасигурносна навртка со рака.