OPEL ASTRA K 2018.75 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2018.75, Model line: ASTRA K, Model: OPEL ASTRA K 2018.75Pages: 365, PDF Size: 9.63 MB
Page 211 of 365

Возење и ракување209Одржувајте постојан притисок врз
педалата на сопирачката додека е
потребно целосно сопирање.
Максималната сила на сопирањето
автоматски се намалува кога ќе се
отпушти педалата на сопирачките.
Помош при поаѓање наугорници
Системот помага да се спречи
несакано движење кога се вози по косини.
При отпуштање на педалата за
сопирање по застанување на
стрмнина, сопирачките се
активирани уште две секунди.
Сопирачките се отпуштаат
автоматски штом возилото ќе
почне да забрзува.Системи за контрола
на возењето
Систем за контрола на пролизгувањето
Системот за контрола на
пролизгувањето (TC) е компонента
на Електронската контрола на
стабилноста (ESC).
TC ја подобрува стабилноста при
возењето кога е потребно, без
оглед на видот на површината на
коловозот или прилепувањето на
гумите, со спречување на
шлајфувањето на погонските
тркала.
Штом погонските тркала почнат да
шлајфуваат, излезната силата на
моторот се намалува и тркалото
кое најмногу шлајфува поединечно
се сопира. Тоа значително ја
подобрува стабилноста при
возење на возилото на лизгави
површини.
TC функционира по секое палење
на возилото, штом ќе се изгасне
контролната сијаличка b.
Кога TC работи, b трепка.
9 Предупредување
Не дозволувајте ова посебно
безбедносно својство да Ве
наведе да ризикувате за време
на возењето.
Приспособете ја брзината кон
условите на патот.
Контролна сијаличка b 3 124.
Page 212 of 365

210Возење и ракувањеДеактивирање
TC може да се исклучи кога е
потребно вртење на погонските
тркала во место: притиснете
кратко b.
Контролна сијаличка k се пали.
Порака за статус се појавува во
Информативниот центар за
возачот кога TC ќе се деактивира.
Кога TC е деактивирана, ESC
останува активен, но со повисок праг на контрола.
TC повторно се активира со
повторно притискање на b. Порака
за статус се појавува во
Информативниот центар за
возачот кога TC ќе се активира
повторно.
TC исто така се активира повторно
следниот пат кога ќе се вклучи
палењето.
Дефект Ако има дефект на системот,
контролната сијаличка b постојано
свети и на Информативниот
центар за возачот се појавува
порака. Системот не функционира.
Нека Ви ја отстрани причината на
дефектот автомеханичар.
Електронска контрола настабилноста
Електронската контрола на
стабилноста (ESC) ја подобрува
стабилноста при возењето кога епотребно, без оглед на видот на површината на патот или
прилепувањето на гумите.
Штом возилото почне да занесува
(недоволно вртење/нагло
свртување), излезната сила на
моторот се намалува и тркалата се
закочуваат посебно.
ESC работи во комбинација со
систем за контрола на
пролизгувањето. Го спречува
шлајфувањето на погонските
тркала.
Распределбата на силата на
вртење е посебна одлика што ја распоредува силата на возење на
тркалата пред да се активира ESC. При вртење, тркалата од
внатрешната страна на кривината
сопираат одвоено. Исто така,
силата на вртење на моторот може да се распредели на тркалата од
надворешната страна на
кривината. Ова ја намалува
тенденцијата на подуправување и
го подобрува влечењето при брзо
возење на кривина.
Page 213 of 365

Возење и ракување211
ESC функционира по секое палењена возилото, штом ќе се изгасне
контролната сијаличка b.
Кога ESC работи, b трепка.
9 Предупредување
Не дозволувајте ова посебно
безбедносно својство да Ве
наведе да ризикувате за време
на возењето.
Приспособете ја брзината кон
условите на патот.
Контролна сијаличка b 3 124.
Деактивирање
ESC и TC можат да бидат
деактивирани:
● држете го притиснато b
најмалку пет секунди: ESC и TC
се деактивирани. Светнуваат
k и n, а во Информативниот
центар за возачот се
појавуваат пораки за статусот.
● За да го деактивирате само Системот за контрола на
пролизгувањето, кратко
притиснете го копчето b: TC е
неактивно, но ESC останува
активно, светнува k. Порака за
статус се појавува во
Информативниот центар за
возачот кога TC ќе се
деактивира.
ESC повторно се активирана со
притиснување на копчето b
одново. Ако TC системот
претходно е оневозможен, TC и
ESC се повторно се активираат. k
и n се исклучуваат кога TC и ESC
се повторно се активираат.
ESC исто така се активира
повторно следниот пат кога ќе се
вклучи палењето.
Page 214 of 365

212Возење и ракувањеДефект
Ако има дефект на системот,
контролната сијаличка b постојано
свети и на Информативниот
центар за возачот се појавува
порака. Системот не функционира.
Нека Ви ја отстрани причината на
дефектот автомеханичар.
Спортски режим
Спортскиот режим ги прилагодува поставките на некои системи на
возилото кон поспортски стил на
возење.
АктивирањеПритиснете SPORT кога работи
моторот.
LED-сијаличката во копчето
светнува кога спортскиот режим е
активиран и се појавува статусна порака во Информативниот центар на возачот.
Деактивирање
Кратко притиснете SPORT.
Спортски режим се деактивира
следниот пат кога ќе се активира палењето.Системи за помош на
возачот9 Предупредување
Системите за помош на возачот
се конструирани да го
поддржуваат возачот, а не да го заменат вниманието на возачот.
Возачот има целосна
одговорност кога го вози
возилото.
Кога се користат системите за
помош за возачот, секогаш
внимавајте на моменталната
сообраќајна ситуација.
Контрола на патувањето
Контрола на патувањето може да
сними и одржува брзини од околу 30 км/ч до максималната брзина на
возилото. Може да дојде до
отстапувања од снимените брзини кога се вози по угорници или
удолнини.
Активирањето во прва брзина не е
возможно.
Page 215 of 365

Возење и ракување213
Не користите ја контролата на
патувањето ако не е препорачливо да се одржува постојана брзина.
Илустрациите покажуваат
различни верзии.
Контролна сијаличка m 3 127.
Вклучување на системот
Притиснете го m; контролната
сијаличка m во групата
инструменти свети бело.
Активирање на
функционалноста
Забрзајте се до саканата брзина и
свртете го малото тркалце на
SET/- , актуелната брзина се
зачувува и одржува. Контролната
сијаличка m во групата
инструменти свети зелено. На
екранот од високо ниво, m
светнува зелено и се покажува поставената брзина. Педалот за
гас може да се отпушти.
Брзината на возилото може да се
зголеми со нагазување на
педалата за гас. Кога ќе се отпушти педалот за гас, се продолжува со
претходно зачуваната брзина.
Контролата на патувањето
останува активирана при промена
на брзината.
Зголемување на брзината
При активна контрола на
патувањето, држете го малото
тркалце свртено на RES/+ или
вртете го накратко на RES/+ повеќе
пати:брзината се зголемува
продолжително или во мали
чекори.
Како алтернатива забрзете се до
саканата брзина и снимете ја со
вртење на SET/-.
Page 216 of 365

214Возење и ракување
Намалување на брзинатаПри активна контрола на
патувањето, држете го малото
тркалце свртено на SET/- или
вртете го накратко на SET/- повеќе
пати: брзината се намалува
продолжително или во мали
чекори.
Деактивирање на
функционалноста
Притиснете го y; контролната
сијаличка m во групата
инструменти свети бело.
На екранот од високо ниво, m се
променува во бела боја.
Контролата на патувањето е
деактивирана, но не е исклучена.
Последната зачувана брзина
останува во меморијата за да може
повторно да се активира подоцна.
Автоматско деактивирање: ● Брзината на возилото е под околу 30 км/ч.
● Брзината на возилото паѓа повеќе од 25 км/ч под
поставената брзина.
● Педалата на сопирачките е притисната.
● Педалата на куплунгот е притисната неколку секунди.
● Рачката на менувачот е заглавена во N.
● Брзината на моторот е многу мала.
● Работи системот за контрола на пролизгувањето или
електронската контрола за стабилност.● Сопирачката за паркирање е применета.
● Со истовремено притискање RES/+ и педалата на
сопирачката се деактивира
контрола на патувањето и се
брише зачуваната брзина.
Продолжување со снимената
брзина
Свртете го малото тркалце на
RES/+ при брзини над 30 км/ч.
Снимената брзина ќе се постигне.
Исклучување на системот Притиснете го m; контролната
сијаличка m во групата
инструменти се гаси. Зачуваната
брзина се брише.
Со притискање на L за активирање
на ограничувачот на брзината или
за исклучување на палењето се
исклучува и контролата на
патувањето и се брише зачуваната
брзина.
Page 217 of 365

Возење и ракување215Ограничувач на брзината
Ограничувачот на брзината го
спречува возилото да надмине
претходно поставена максимална
брзина.
Максималната брзина може да се
намести при брзини над 25 км/ч до
200 км/ч.
Возачот може да забрза само до
претходно поставената брзина.
Може да дојде до отстапувања од
ограничената брзина само при
возење надолу.
Претходно поставеното
ограничување за брзината се
прикажува на Информативниот
центар за возачот кога е активен
системот.Активирање на
функционалноста
Илустрациите покажуваат
различни верзии.
Притиснете L, симболот L
светнува во Информативниот
центар за возачот.
Ако претходно е активирана
контролата на патувањето, се
исклучува кога ќе се активира
ограничувачот на брзината и
контролната сијаличка m се гаси.
Поставување на ограничување
на брзината
Забрзајте до саканата брзина исвртете го тркалцето накратко на
SET/- , моменталната брзина се
зачувува како максимална брзина.
На екранот од средно ниво, се
прикажува L и ограничувањето на
брзината.
На екранот од високо ниво, L се
променува во зелена боја.
Page 218 of 365

216Возење и ракувањеМенување на ограничувањето
на брзината
Со активен ограничувач за
брзината, задржете го или малку
свртете го тркалцето на RES/+ за
да ја зголемите или на SET/- за да
ја намалите саканата максимална брзина.
Надминување на
ограничувањето на брзината
Кога се надминува дозволената брзина без влијание на возачот,
брзината ќе светка во
Информативниот центар за
возачот и мелодијата ќе свири во
текот на овој период.
Во случај на итна потреба,
возможно е да се пречекори
ограничувањето на брзината со
цврсто притиснување на педалата
за гас блиску до крајната точка. Во
овој случај не се појавува
мелодија.Отпуштете го педалот за гас и
функцијата за ограничување на
брзината одново се активира штом се постигне брзина помала од
ограничувањето.
Деактивирање на
функционалноста
Притиснете y: ограничувачот на
брзината се деактивира и возилото може да се вози без ограничување
на брзината.
На екранот од средно ниво,
зачуваното ограничување на
брзината се прикажува во загради.
На екранот од високо ниво, L се
променува во бела боја.
Освен тоа, се појавува и соодветна
порака.
Ограничувачот на брзината е
деактивиран, но не е исклучен.
Последната зачувана брзина
останува во меморијата за да може
повторно да се активира подоцна.
Продолжување на
ограничената брзина
Свртете го тркалцето на RES/+. Ќе
се добие зачуваното ограничување
на брзината и се прикажува без
загради во Информативниот
центар за возачот.
Исклучување на системот
Притиснете L, се гаси показателот
за ограничувањето на брзината во
Информативниот центар за
возачот. Зачуваната брзина се
брише.
Со притискање на m за да се
активира контролата на
патувањето или приспособливата
контрола на патувањето, се
деактивира и ограничувачот на
брзината и зачуваната брзина се
брише.
Page 219 of 365

Возење и ракување217Со исклучување на палењето се
деактивира и ограничувачот на
брзината, но ограничувањето на
брзината ќе се зачува за следното
активирање на ограничувачот на
брзината.
Приспособлива контрола
на патувањето
Приспособливата контрола на
патувањето претставува
подобрување на
конвенционалната контрола на
патувањето со дополнителна
карактеристика на одржување
одредена оддалеченост зад
возилата напред.
Приспособливата контрола на
патувањето го забавува возилото
кога се приближува кон возило што
се движи побавно. Потоа ја
приспособува брзината на
возилото да го следи возилото
напред со избраната оддалеченост за следење. Брзината на возилото
се зголемува или намалува за да го
следи возилото напред, но нема да ја надмине поставената брзина.Може да примени ограничено
сопирање со активирани светла за
сопирачките.
Приспособливата контрола на
патувањето може да зачува брзина
над 30 км/ч за рачен менувач. Кај
возила со автоматски менувач,
системот може да сопира до
застанување и поаѓање по
застанување.
Приспособливата контрола на
патувањето користи радарски
сензор и сензор за камера за да
открива возила напред. Ако не се
открие возило на патеката на
возење, приспособливата
контрола на патувањето ќе се
однесува како конвенционална
контрола на патувањето.
Се препорачува приспособливата
контрола на патувањето да се
користи главно на долги прави
патишта како автопати или
регионални патишта со постојан
сообраќај. Не користете го
системот ако не е препорачливо да
се одржува постојана брзина.
Контролна сијаличка A 3 127, m
3 127, C 3 127.9 Предупредување
Секогаш е потребно целосно
внимание на возачот додека се
вози со приспособливата
контрола на патувањето.
Возачот има целосна контрола
врз возилото бидејќи педалата
на сопирачките, педалата на
гасот и прекинувачот за
откажување се поприоритетни
од кое било работење на
приспособливата контрола на
патувањето.
Page 220 of 365

218Возење и ракувањеВклучување на системот
Илустрациите покажуваат
различни верзии.
Притиснете C за да ја вклучите
приспособливата контрола на
патувањето. Во Информативниот
центар за возачот се појавува C.
Активирање на
функционалноста
Приспособливата контрола на
патувањето може да се активира
при брзини поголеми од 25 км/ч кај
возила со автоматски менувач или
30 км/ч кај возила со рачен
менувач. Горното ограничување на
брзината е 180 км/ч.
Забрзајте се до саканата брзина и
свртете го малото тркалце на
SET/- , актуелната брзина се
зачувува и одржува.
Симболот за приспособливата
контрола на патувањето C,
поставката за оддалеченоста за
следење и одредената брзина се
прикажани во Информативниот
центар за возачот.
Педалата за гас може да се
отпушти. Приспособливата
контрола на патувањето останува активирана при менувањето
брзини.
Надминување на поставената
брзина
Секогаш е можно да се вози побрзоод избраната поставена брзина со
притискање на педалата на гасот.
Кога ќе се отпушти педалата на
гасот, возилото се враќа на
саканото растојание ако напред
има побавно возило. Инаку, се
враќа на зачуваната брзина.
Штом ќе се активира системот,
приспособливата контрола на
патувањето забавува или сопира
ако открие возило напред што е
побавно или поблиску од саканото
растојание за следење.