OPEL ASTRA K 2018.75 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2018.75, Model line: ASTRA K, Model: OPEL ASTRA K 2018.75Pages: 365, PDF Size: 9.63 MB
Page 231 of 365

Возење и ракување229Во следниве случаи,
предупредувањето за преден
судир може да не открие возило
напред или перформансите на
сензорот се ограничени:
● на патишта со многу свиоци
● кога времето ја ограничува видливоста, како кога има
магла, дожд или снег
● кога сензорот е блокиран од снег, мраз, лапавица, кал,
нечистотија, оштетување на
шофершајбната или под
влијание на надворешни
елементи, на пример,
налепници
Показател за растојание однапред
Следниов показател за растојаниеоднапред ја прикажува
оддалеченоста од возило што се
движи однапред. Предната камера
на шофершајбната се користи за
откривање на растојанието од
возилото директно напред на
патеката на возилото. Активно е
при брзини поголеми од 40 км/ч.Кога ќе се открие возило пред вас,
оддалеченоста се покажува во секунди, прикажани на страницата
во Информативниот центар за
возачот.
На екран од средно ниво, одберете изборник Info (Инфо) ? преку
MENU на рачката за трепкач и
свртете го тркалцето за
подесување за да ја изберете
следната страница со ознака за
растојание 3 128
На екранот од повисоко ниво,
одберете го Инфо изборникот
преку вртливи копчиња на
управувачот и притиснете o за да
изберете показател за растојание
однапред 3 128.
Минималното покажано растојание е 0,5 секунди.
Ако нема возило напред или
возилото напред е надвор од
опсегот, ќе бидат прикажани две
цртички: -.- сек.
Ако е активна приспособливата
контрола на патувањето, на оваа страница се прикажува поставката
за чувствителноста на
предупредувањето наместо
поставката за оддалеченост за
следење 3 217.
Page 232 of 365

230Возење и ракувањеАктивно итно сопирањеАктивно итно сопирање може да
помогне да се намали штетата или повреди од судири со возила и
пречки директно напред, кога
судирот веќе не може да се избегне со рачно сопирање или со вртење.
Пред да се активира активното
итно сопирање, возачот добива
предупредување за преден судир
3 226.
Карактеристиката користи разни
информации (на пр., од сензорот
на камерата, радарскиот сензор,
притисокот на сопирачките,
брзината на возилото) за да ја
пресмета веројатноста за преден
судир.9 Предупредување
Системот не е наменет да ја
замени одговорноста на
возачот за возење на возилото
и гледање напред. Неговата
функција е ограничена на
дополнително користење само
да се намали брзината на
возилото пред судир.
Системот може да не реагира на пешаци или животни. По
ненадејно менување лента, на
системот му треба одредено
време да го открие следното
возило напред.
Возачот треба постојано да
биде подготвен да дејствува и
да ги активира сопирачките и да го врти воланот за да избегнува
судири.
Функционалност
Ако има само предна камера,
активното итно сопирање работи
при брзина за движење напред што е поголема од брзината на одење,
па до 85 км/ч.
Ако има радарски сензор,
активното итно сопирање работи
при секоја брзина за движење
напред што е поголема од
брзината на одење.
Предуслов е предупредувањето за
преден судир со систем со предна
камера да не е деактивирано со
притискање на V на воланот
3 226 или, со радарски сензор, тој
да не е деактивиран во изборникот за приспособување на возилото
кон индивидуалните потреби
3 140.
Системот вклучува: ● систем за подготовка на сопирачките
● итно автоматско сопирање
● предно серво сопирање
● интелигентно серво сопирање (само со радарски сензор)
Систем за подготовка на
сопирачките
Кога се приближувате до возило
напред толку бргу што е веројатен судир, системот за подготовка на
сопирачките го зголемува малку
притисокот во сопирачките. Тоа го
намалува времето на реакција,
кога е потребно рачно или
автоматско сопирање.
Page 233 of 365

Возење и ракување231Системот на сопирачките се
подготвува така што сопирањето
може да биде побрзо.
Ако има само предна камера,
системот работи при брзина до
80 км/ч.
Итно автоматско сопирање По активирањето на системот за
подготвување на сопирачките и
токму пред судирот, функцијата
автоматски активира извесно
сопирање за да ја намали ударната
брзина на судирот или да спречи
судир. Во зависност од
ситуацијата, возилото може
автоматски да сопре умерено или
нагло. Ова автоматско сопирање
може да се примени само ако се
открие возило напред, што ќе се
покаже со показателот за возило
напред A 3 226.
Ако има само предна камера,
системот работи при брзина до
60 км/ч.
Под брзина од 40 км/ч системот
може да примени целосно
сопирање.Итното автоматско сопирање може
да го забави возилото до целосно
сопирање за да се обиде да
избегне можен судир. Ако тоа се
случи, итното автоматско
сопирање може да ја активира
електричната сопирачка за
паркирање за да го сопре
возилото. За да ја ослободите,
притиснете го копчето за
електричната сопирачка за
паркирање или силно притиснете
ја педалата за гас.9 Предупредување
Итното автоматско сопирање е
карактеристика за подготовка за
итен судир и не е направена да
избегнува судири. Не
потпирајте се на системот за да
го сопрете возилото. Итното
автоматско сопирање нема да
сопре надвор од опсегот на
брзината за работа и одговара
само на откриени возила.
Предно серво сопирање
Освен системот за подготовка на
сопирачките и итното автоматско
сопирање, функцијата за предно
серво сопирање го прави сервото
почувствително. Затоа, не толку
силно притискање на педалата за
сопирачките предизвикува
моментално нагло сопирање. Оваа функција помага возачот да сопре
побрзо и посилно пред очекуван
судир.
Ако има само предна камера,
системот работи при брзина до
85 км/ч.9 Предупредување
Активното итно сопирање не е
проектирано да активира силно
самостојно сопирање или
автоматски да избегне судир.
Конструирано е да ја намали
брзината на возилото пред
судир. Може да не реагира на
пешаци или животни. По
ненадејно менување лента, на
Page 234 of 365

232Возење и ракувањесистемот му треба одредено
време да го открие следното
возило напред.
Секогаш е потребно целосно
внимание на возачот при
возењето. Возачот треба
постојано да биде подготвен да
дејствува и да ги активира
сопирачките и да го врти
воланот за да избегнува судири. Системот е конструиран да
работи со сите патници со
врзани безбедносни ремени.
Интелигентно серво сопирање
Ако возилото има радарски сензор, интелигентното серво сопирање
може да се активира кога брзо ќе се притисне на педалата за сопирање така што ќе обезбеди помош при
сопирањето според брзината на
приоѓање и оддалеченоста на
возилото напред.
Во ваква ситуација нормална
појава се пулсирања на педалата
за сопирање или движење на
педалата и притискањето на
педалата треба да продолжи
според потребите. Интелигентното
серво сопирање автоматски ќе се
исклучи само кога ќе се отпушти
педалата за сопирање.9 Предупредување
Интелигентното серво
сопирање може да го зголеми
сопирањето на возилото во
ситуации кога можеби не е
неопходно. Може да го
блокирате протокот на
сообраќајот. Ако тоа се случи,
тргнете ја ногата од педалата за сопирачките, па применете
сопирање според потребата.
Деактивирање
Кај возилата со предна камера,
активното итно сопирање може да
се исклучи ако неколку пати го
притиснете прекинувачот за
растојание V на поставката
Исклучено , 3 226. Ако се
деактивира, се прикажува порака
во Информативниот центар на
возачот.
Кај возилата со радарски сензор,
системот може да се оневозможи
преку изборникот за
приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби во Инфо-
екранот, 3 140.
Page 235 of 365

Возење и ракување233Ограничувања на системотВо извесни случаи, активното итно
сопирање може да даде
автоматско сопирање во ситуации
што изгледаат непотребни, на
пример во паркинг гаражи, поради
сообраќајни знаци на свиок или
поради возила на друга лента. Тоа
е нормална работа, на возилото не
му треба сервисирање. Цврсто
притиснете ја педалата за гас за да
го исклучите автоматското
сопирање.
Итното автоматско сопирање може да не:
● открие возило напред на патишта со свиоци или ридски
патишта.
● да ги открие сите возила, особено возила со приколка,
трактори, калливи возила и др.
● да открие возило кога временските услови ја
намалуваат видливоста, како
при магла, дожд или снег.
За да избегнете дефект, областите
на сензорот од камерата во
шофершајбната и радарскиотсензор во решетката на
ладилникот секогаш треба да
бидат чисти и да нема прашина,
нечистотија, мраз и снег.
При возење, секогаш е потребно
целосно внимание, а вие секогаш
треба да бидете подготвени да
преземете дејство и да ги
примените сопирачките и/или
воланот на возилото за да
избегнете судир.
Дефект
Ако на системот му е потребно
сервисирање, се прикажува порака
во Информативниот центар за
возачот.
Ако системот не работи како што
треба, се прикажуваат пораки на
Информативниот центар за
возачот.
Пораки за возилото 3 138.Помош за паркирање
Општи информации
Кога е прицврстена кука за
приколки, променете ги поставките за конфигурација во изборникот за
приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби во
Инфо-екранот. Приспособување
на возилото кон индивидуалните
потреби 3 140.
Кога прицврстувате приколка или
носач за велосипеди на куката за
приколки, помошта за паркирање
се деактивира.
Задна помош за паркирање9 Предупредување
Возачот носи целосна
одговорност за маневрот за
паркирање.
Секогаш проверувајте наоколу кога одите наназад и користете
го системот за задна помош за
паркирање.
Page 236 of 365

234Возење и ракувањеЗадната помош за паркирање го
олеснува паркирањето со мерење
на растојанието помеѓу возилото и
пречките назад. Го известува и
предупредува возачот давајќи
акустични сигнали и показатели на
екранот.
Системот има четири
ултрасонични сензори за
паркирање во задниот браник.
Активирање
Откако палењето е вклучено,
задната помош за паркирање е
активирана.
Запалена сијаличка во копчето на
помош за паркирање r означува
дека системот е подготвен да
работи.
Показател
Системот го предупредува возачот
со звучни сигнали за потенцијално
опасни пречки зад возилото на
растојание кое се движи до 50 см
кога е во брзина за напред,
односно до 1,5 метри кога возилото
е во рикверц.
Зависно која страна на возилото е
поблиску до пречка, од таа страна
ќе слушате предупредувачки
звучни сигнали во возилото.
Периодот помеѓу звуците се
скусува додека возилото
наближува до пречката. Кога е
оддалеченоста помала од околу
30 см, звукот е постојан.
Освен тоа, оддалеченоста до
пречките одзади се прикажува со
променливи линии за
оддалеченост во Информативниот
центар за возачот 3 128.Показателот за оддалеченост
може да се потисне со пораки за
возилото од повисок приоритет.
Откако ќе се отфрли пораката
показателот за растојание
повторно ќе се појави.
Деактивирање
Притиснете го копчето за помош за паркирање r за да го
деактивирате, LED во копчето се
гаси.
Page 237 of 365

Возење и ракување235Дефект
Во случај на дефект или ако
системот не работи привремено,
на пр. поради голема бучава
надвор или други фактори што
пречат, светлото во копчето трепка три секунди, а потоа се гаси. Во
Информативниот центар за
возачот се покажува порака.
Предно-задна помош за
паркирање9 Предупредување
Возачот носи целосна
одговорност за маневрот за
паркирање.
Секогаш проверувајте наоколу кога одите наназад или напред
и го користите системот за
помош за паркирање.
Предно-задната помош за
паркирање ја мери оддалеченоста
меѓу возилото и пречките пред и
зад возилото. Го известува и
предупредува возачот давајќи
акустични сигнали и показатели на
екранот.
Користи два различни акустични
предупредувачки сигнали за
предната и задната област за
следење, секоја со различна
фреквенција на тонот.
Системот има четири
ултрасонични сензори за
паркирање во задниот и предниот
браник.
Активирање
Системот се активира автоматски
при брзини до 11 км/ч.
Запалена сијаличка во копчето на
помош за паркирање r означува
дека системот е подготвен да
работи.
Ако r е исклучен во рамките на
еден циклус на палење, помошта
при предното паркирање се
деактивира. Ако брзината на
возилото надминала 25 км/ч
претходно, помошта за паркирање
повторно ќе се активира кога
брзината ќе се намали под 11 км/ч.
Кога ќе се деактивира системот, светлото во копчето се гаси и во
Информативниот центар за
Page 238 of 365

236Возење и ракувањевозачот се појавува Park Assist Off
(Помошта при паркирање е
исклучена) .
Показател
Системот го предупредува возачот
со звучни сигнали за потенцијално
опасни пречки пред возилото на
растојание кое се движи до 80 см и
за потенцијално опасни пречки зад возилото на растојание кое се
движи до 50 см кога е во брзина за
напред, односно до 1,5 метри кога
возилото е во рикверц.
Зависно која страна на возилото е
поблиску до пречка, од таа страна
ќе слушате предупредувачки
звучни сигнали во возилото.
Периодот помеѓу звуците се
скусува додека возилото
наближува до пречката. Кога е
оддалеченоста помала од околу
30 см, звукот е постојан.
Освен тоа, оддалеченоста до
пречките одзади и однапред се
прикажува со променливи линии за оддалеченост на Информативниот
центар за возачот 3 128 или,
зависно од верзијата, на Инфо-
екранот 3 135.
Показателот за оддалеченост
може да се потисне со пораки за
возилото од повисок приоритет.
Откако ќе се отфрли пораката
показателот за растојание
повторно ќе се појави.
Деактивирање
Системот се деактивира
автоматски кога брзината на
возилото ќе надмине 11 км/ч.
Можно е и рачно деактивирање со
притискање на копчето за помош за
паркирање r.
Кога рачно ќе се деактивира
системот, светлото во копчето се
гаси и во Информативниот центар
за возачот се појавува Park Assist
Off (Помошта при паркирање е
исклучена) .
По рачното исклучување, предна-
задна помош за паркирање
повторно се активира ако се
притисне r или ако возилото е во
рикверц.
Целиот систем може да се
деактивира рачно во изборникот за
приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби во
Инфо-екранот. Останува
деактивиран во текот на циклусот
на палење или до повторно
активирање на изборникот за
приспособување. Приспособување
на возилото кон индивидуалните
потреби 3 140.
Дефект
Во случај на дефект или ако
системот привремено не работи,
на пр. поради голема бучава
надвор или други фактори што
пречат, се појавува порака во
Информативниот центар за
возачот.
Пораки за возилото 3 138.
Page 239 of 365

Возење и ракување237Напредна помош за паркирање9Предупредување
Возачот носи целосна
одговорност за прифаќање на местото за паркирање
предложено од системот и
маневрот за паркирање.
Секогаш проверувајте ја
околината во сите насоки кога ја
користите напредната помош за паркирање.
Напредната помош за паркирање
мери соодветно место за
паркирање при поминување, ја
пресметува патеката и автоматски
го наведува возилото во
напоредно или напречно место за паркирање.
Упатствата се дадени во
Информативниот центар за
возачот 3 128 или, во зависност од
верзијата, во Информативниот
екран 3 135, проследени со звучни
сигнали.
Возачот треба да ги контролира
забрзувањето, сопирањето и
менувањето брзини, додека
управувањето се врши автоматски.
Напредната помош за паркирање
секогаш е во спој со предно-
задната помош за паркирање.
Двата системи ги користат истите
сензори во предниот и задниот
браник.
Системот има шест ултрасонични
сензори за паркирање и во задниот и во предниот браник.
Активирање на напредната помош
за паркирање
Напредната помош за паркирање
може да се активира само при
возење напред.
Кога барате место за паркирање,
системот е подготвен за работа со кратко притискање на (.
Системот препознава и запомнува десет метри за места за напоредно
паркирање или шест метри за
места за напречно паркирање во
режимот за помош за паркирање.
Page 240 of 365

238Возење и ракувањеСистемот може да се активира
само при брзини до 30 км/ч и
системот бара место за паркирање
при брзини до 30 км/ч.
Максималната дозволена
напоредна оддалеченост меѓу
возилото и редот паркирани
автомобили е 1,8 метри за
напоредно паркирање и 2,5 метри
за напречно паркирање.
ФункционалностВо режимот на барање на место за
паркирање, ознака во
Информативен центар за возачотВо Информативниот центар за
возачот изберете место за
паркирање што е паралелно и е
под прав агол преку долго
притискање на копчето (.
Системот е конфигуриран да
открива места за паркирање од
совозачката страна. За да се
откријат паркирни места од
возачката страна, вклучете го
трепкачот на возачката страна.
Кога ќе се открие прикладно место, се даваат визуелни информации
на Информативниот центар за
возачот и звучен сигнал.
Ознаки на Информативен екран во
боја
Изберете го паралелното или под
прав агол место за паркирање со
лесно допирање на соодветната икона на екранот.
Изберете го местото за паркирање
со лесно допирање на соодветната
икона на екранот.