OPEL CASCADA 2015.5 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2015.5, Model line: CASCADA, Model: OPEL CASCADA 2015.5Pages: 291, PDF Size: 7.64 MB
Page 111 of 291

Инструменти и контроли109
■Tire Load (Оптовареност на
гумите) : бирање категорија
притисок на гумите според
фактичкиот притисок во гумите
3 235
■ Remaining Oil Life (Век на
останатото масло) : укажува кога
да се сменат моторното масло и филтерот 3 96
■ Speed Warning
(Предупредување за брзината) :
ако се надмине претходно поставената брзина, ќе се
активира предупредувачка
мелодија
■ Traffic Sign Assistant (Помош за
сообраќајни знаци) : ги прикажува
откриените сообраќајни знаци на моменталниот дел на
маршрутата 3 194
■ Following Dist. (Растојание
напред) : ја прикажува
оддалеченоста до возилото што
е напред 3 181
Trip/Fuel Information Menu
(Изборник за информации за
патувањето/горивото) W
Притиснете го копчето MENU за да
изберете W.
Вртете го тркалцето за местење за
да изберете страница:
Страница 1:
■ дневна километража 1
■ просечна потрошувачка 1
■ просечна брзина 1
Page 112 of 291

110Инструменти и контроли
Страница 2:■ дневна километража 2
■ просечна потрошувачка 2
■ просечна брзина 2Страница 3: ■ дигитална брзина
■ досег
■ моментална потрошувачка
Информациите од страница 1 и
страница 2 може да се ресетираат
посебно за километражата,
просечната потрошувачка и
просечната брзина, со што е можно да се прикажуваат различни патни
информации. Изберете страници
со вртење на тркалцето за бирање
на рачката за трепкачи.Дневна километража 1 или 2
Дневната километража го
прикажува регистрираното
растојание од одредено
препоставување.
Дневната километража брои до
2000 км, а потоа пак почнува од 0.
Ресетирајте ја дневната
километража со притискање
неколку секунди на копчето
SET/CLR на рачката за трепкачи
или со посебно притискање на
тркалцето за ресетирање во
близина на брзиномерот за секоја
од избраните страници 1 или 2.
Page 113 of 291

Инструменти и контроли111
Просечна потрошувачка 1
или 2 Прикажување на просечната
потрошувачка. Мерењето може да
се ресетира кога било и почнува со основната вредност.
За да ресетирате, притиснете го
копчето SET/CLR неколку секунди
посебно за страница 1 или 2.
Просечна брзина 1 или 2
Прикажување на просечната
брзина. Мерењето може да се
препостави во кое било време.
За да ресетирате, притиснете го
копчето SET/CLR неколку секунди
посебно за страница 1 или 2.
Дигитална брзина Дигитално прикажување на
моменталната брзина.
Досег
Досегот се пресметува според
моменталната содржина на
резервоарот за гориво и тековната потрошувачка. Екранот прикажува
просечни вредности.По дотурањето гориво, возилото
автоматски го пресметува досегот
по кратка пауза.
Кога нивото на горивото во
резервоарот е ниско, се појавува порака на екранот.
Ако резервоарот мора веднаш да
се наполни, се појавува
предупредувачка порака.
Дополнително, контролната
сијаличка i во мерачот за гориво
се пали или трепка 3 105.
Моментална потрошувачка
Ја прикажува моменталната
потрошувачка.
ECO Information Menu
(Изборник за еко-
информации) s
Притиснете го копчето MENU за да
изберете s.Вртете го тркалцето за местење за
да изберете страница:
■ Показател за менување брзина :
Моменталната брзина е
прикажана во стрелка. Бројката
над неа препорачува ставање во
поголема брзина поради
штедење гориво.
Приказ на еко-индексот :
Моменталната потрошувачка на
гориво е покажана со сегменти.
За економично возење,
приспособете го возниот стил за
да се одржат поцрнетите
сегменти во рамките на
подрачјето Eco. Колку повеќе
Page 114 of 291

112Инструменти и контроли
сегменти се зацрнети, толку е
поголема потрошувачката на
гориво. Истовремено, се
покажува и моменталната
потрошувачка.
■ Top Consumers (Врвни
потрошувачи) : Се прикажува
список на најголемите
потрошувачи за удобност
вклучени во моментот по
надолен редослед. Укажан е
потенцијалот за штедење
гориво. Исклучен потрошувач исчезнува од списокот и
вредноста на потрошувачката се
ажурира.
При променливи услови за
возење, автоматски се активира
греењето на задното стакло за да се зголеми оптоварувањето на
моторот. Во тој случај, греењето
на задното стакло е означено
како еден од најголемите
потрошувачи, без активирање од
возачот.
■ Economy Trend (Економичен
тренд) : Го прикажува развојот на
просечната потрошувачка за
растојание од 50 км. Поцрнетите
сегменти ја прикажуваат
потрошувачката во чекори од 5 км и го прикажуваат влијанието
на топографијата или начинот на
возење врз потрошувачката на
гориво.
Сликовен информативен
екран, Информативен
екран во боја
Зависно од конфигурацијата на
возилото, возилото има графички
инфо-екран или инфо-екран во
боја.
Инфо-екранот се наоѓа на таблата со инструменти над
инфозабавниот систем.
Page 115 of 291

Инструменти и контроли113
Сликовен инфо-екран
Зависно од Инфозабавниот
систем, Сликовниот инфо-екран е
достапен во две верзии.
Сликовниот инфо-екран ги
означува:
■ времето 3 91
■ надворешната температура 3 91
■ датумот 3 91
■ електронската контрола на климатизацијата 3 142
■ Инфозабавен систем, видете го описот во прирачникот за
инфозабавниот систем
■ поставките за приспособување на возилото кон индивидуалните
потреби 3 117
Информативен екран во боја
Инфо-екранот во боја ги означува
во боја:
■ времето 3 91
■ надворешната температура 3 91
■ датумот 3 91
■ електронската контрола на климатизацијата 3 142
■ ретровизорска камера 3 192
■ Инфозабавен систем, видете го описот во прирачникот за
инфозабавниот систем
Page 116 of 291

114Инструменти и контроли
■ навигација, видете го описот воприрачникот за инфозабавниотсистем
■ системските поставки
■ пораките за возилото 3 115
■ поставките за приспособување на возилото кон индивидуалните
потреби 3 117
Видот на информациите и начинот
на нивното прикажување зависат
од опременоста на возилото и од
извршените поставки.
Одбирање изборници и
поставки
Изборниците и поставките се
достапни преку екранот.
Притиснете го копчето CONFIG: Се
прикажува страницата со изборник
Settings (Поставки) .
Свртете го мултифункионалното
тркалце:
■ За да изберете поставка или вредност.
■ За да се прикаже опција од изборникот.
Свртете го мултифункионалното
тркалце:
■ За да потврдите поставка или вредност.
■ За да ја изберете или активирате
обележаната опција.
■ За да вклучите/исклучите системска функција.
Притиснете го копчето BACK за:
■ За да излезете од изборникот или поставките без да направите
промена.
■ Да се вратите од подизборник на
повисоко ниво на изборниците.
■ Бришење на последниот карактер во низа карактери.
Притиснете го и држете го
BACK неколку секунди за да се
избрише целото внесување.
Page 117 of 291

Инструменти и контроли115
За да излезете од изборникот
Settings (Поставки) , притискајте го
копчето BACK последователно или
притиснете го копчето CONFIG
откако ќе ги потврдите промените.
Приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 117.
Меморизирани поставки 3 25.
Пораки за возилото
Пораките се појавуваат во
Информативниот центар за
возачот (DIC), во некои случаи
заедно со звук за предупредување
и сигнализирање.
Притиснете го копчето SET/CLR,
копчето MENU или свртете го
тркалцето за местење за да ја
потврдите пораката.
Пораки во Информативниот
центар за возачот (DIC)
Пораките за возилото се
прикажуваат како текст.
Проследете ги упатствата дадени
во пораките.
Системот прикажува пораки во поглед на следниве теми:
■ пораки за сервисирање
■ нивоа на течностите
■ системот за тревожење при кражба
■ сопирачки
■ системи за контрола на возењето
Page 118 of 291

116Инструменти и контроли
■ системи за помош на возачот
■ контрола на патувањето
■ ограничувач на брзината
■ предупредување за преден судир
■ системи за помош за паркирање ■ светла, замена на сијалиците ■ систем за бришење/миење
■ врати, прозорци
■ мек покрив
■ товарен простор, задна врата
■ известување за странична слепа точка
■ помош со сообраќајни знаци
■ предупредување за напуштање лента
■ далечински управувач
■ безбедносни ремени
■ системи на воздушни перничиња
■ мотор и менувач
■ притисок во гумите
■ филтер за дизелски честички■ состојба на акумулаторот
■ селективно каталитичко намалување, издувна течност оддизел (DEF), AdBlue 3 159
Пораки на
инфо-екранот во боја
Некои поважни пораки може да се
појават дополнително на
инфо-екранот во боја. Притиснете
го повеќенаменското копче за
потврдување на пораката. Некои
пораки се појавуваат само за
неколку секунди.
Предупредувачки
мелодии
Кога се пали моторот или додека се вози
Се огласува само една
предупредувачка мелодија
одеднаш.
Предупредувачката мелодија за
неврзан безбедносен ремен има
приоритет врз другите.■ Ако безбедносниот ремен не е врзан.
■ Ако некоја од вратите или задната врата на багажникот не
е целосно затворена кога се поаѓа.
■ Ако мекиот покрив не е целосно отворен или затворен.
■ Ако капакот за мекиот покрив не е целосно затворен.
■ Ако преградата во товарниот простор е преклопена кога се
ракува со мекиот покрив.
■ Ако извесна брзина е надмината при активирана рачна сопирачка.
■ Ако надминете одредена брзина кога ракувате со отворениот
покрив.
■ Ако се надмине програмираната брзина или ограничувањето набрзината.
■ Ако во Информативниот центар за возачот (DIC) се појави
предупредувачка порака.
■ Ако помошта при паркирање открие пречка.
Page 119 of 291

Инструменти и контроли117
■ Ако дојде до ненамерноменување на лентата.
■ Ако филтерот за дизелски честички го достигнал
максималното ниво за полнење.
■ Ако треба да се наполни AdBlue.
Кога возилото е паркирано и/или возачката врата е
отворена ■ Кога клучот е во бравата за палење.
■ Со надворешните светла запалени.
За време на Autostop ■ Ако е отворена возачката врата.
Напон во батериите
Кога напонот на акумулаторот е
низок, на Информативниот центар
за возачот ќе се прикаже
предупредувачка порака (DIC).
1. Веднаш исклучете ги електричните потрошувачи штоне се неопходни за безбедно
возење, на пр. греењето наседиштата, греењето на
задното стакло или останатите
поголеми потрошувачи.
2. Наполнете го акумулаторот со постојано возење определено
време или со помош на уред за
полнење.
Предупредувачката порака ќе
исчезне откако моторот ќе запали
двапати по ред без пад на напонот.
Ако акумулаторот не може да се
наполни, отстранете ја причината
за дефектот со помош на
автомеханичар.Приспособување на
возилото кон
индивидуалните
потреби
Однесувањето на возилото можеда се приспособи кон
индивидуалните потреби со
менување на поставките на Инфо-
екранот.
Некои од личните поставки за
различни возачи може да се
меморизираат поединечно за секој клуч на возилото. Меморизирани
поставки 3 25.
Зависно од опременоста на
возилото и од прописите во земјата
некои од функциите опишани
подолу може да не се достапни.
Некои функции се прикажани или
активни само кога работи моторот.
Лични поставки на сликовниот
инфо-екран CD 400plus/CD 400/CD 300
Page 120 of 291

118Инструменти и контроли
Притиснете го копчето CONFIG.
Изборникот Settings (поставки) се
прикажува.
Следните поставки може да се
изберат со вртење и притискање на
повеќенаменското копче:
■ Sport mode settings (поставки на
спортскиот режим)
■ Languages (јазици)
■ Time Date (време, датум)
■ Radio settings (поставки на
радиото)
■ Phone settings (поставки на
телефонот)
■ Vehicle settings (поставки на
возилото)
Во соодветните подизборници
следните поставки може да се
сменат:
Sport mode settings (поставки на спортскиот режим)
Возачот може да ги избере
функциите кои ќе се активираат во
Спортскиот режим 3 173.
■ Sport suspension (спортска
амортизација) : Придушувањето
станува покруто.■ Sport powertrain performance
(спортски перформанси на
погонот) : Карактеристиките на
педалот за гас и на менувачот
стануваат почувствителни.
■ Sport steering (спортско
управување) : Серво поддршката
за управувањето е намалена.
■ Swap backlight colour main instr.
(менување на бојата на
осветлувањето на главните
инструменти одзади) : Ја менува
бојата на осветлување на
инструментите.
Languages (јазици)
Избор на саканиот јазик.
Time Date (време, датум)
Видете под „Часовник“ 3 91.
Radio settings (поставки на
радиото)
Видете во прирачникот на
Инфозабавниот систем за повеќе информации.