OPEL COMBO D 2017.5 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2017.5, Model line: COMBO D, Model: OPEL COMBO D 2017.5Pages: 229, PDF Size: 4.77 MB
Page 111 of 229

Инструменти и контроли109● Ако се открие дефект напреносот кај возилата со
автоматски рачен менувач.
● Ако се појави предупредувачка
порака, на пр. за низок
притисок на гума, во
Информативниот центар за
возачот.
Кога возилото е паркирано
и/или возачката врата е
отворена
● Кога клучот е во бравата за палење.
Пораки за горивниот
систем
Систем за прекин на дотокот на
гориво
Во случај на судар со одредена
тежина, се прекинува дотокот на
горивото и моторот се исклучува
автоматски, поради безбедносни
причини.
Контролната сијаличка 9 3 92
свети ако прекинувачот за прекин
на горивото е вклучен и, возависност од верзијата, соодветна
предупредувачка порака може да
се појави во Информативен центар за возачот 3 102.
За да го ресетирате системот за прекин на дотокот на гориво и да
овозможите возилото да се вози,
видете во „ Исклучување на
возилото “ 3 131.Патен компјутер
Патниот комјутер обезбедува
информации за податоците на
возењето, кои постојано се
снимаат и се оценуваат
електронски.
Зависно од верзијата, следниве
функции можат да се изберат со
повеќепати притискање TRIP на
крајот од рачката за бришачите:
Стандардна верзија ● надворешна температура (ако е достапно)
● досег
Page 112 of 229

110Инструменти и контроли● поминато растојание
● просечна потрошувачка
● моментална потрошувачка
● просечна брзина
● време на патување (време на возење)
Повеќефункциска верзија Две дневни километражи, Пат A и
Пат B се достапни за избирање и се
снимаат посебно.
Информациите на двата патни
компјутери може посебно да се
препостават, овозможувајќи го
прикажувањето на различни
растојанија на патувањата.
Пат А ● досег
● поминато растојание ● просечна потрошувачка
● моментална потрошувачка
● просечна брзина
● време на патување (време на возење)Пат В
● поминато растојание
● просечна потрошувачка
● просечна брзина
● време на патување (време на возење)
Патот B може да се деактивира
преку Информативниот центар за
возачот 3 102.
Препоставување на
информациите на патниот
компјутер
За ресетирање на патниот
компјутер, изберете една од
неговите функции, па притиснете и држете TRIP неколку секунди.
Следните информации на патниот
компјутер ќе се препостават:
● просечна потрошувачка
● поминато растојание
● просечна брзина
● време на патување (време на возење)Кога патниот компјутер ќе се
ресетира, на екранот ќе се појави
порака за потврдување.
Забелешка
Патниот компјутер автоматски ќе
се препостави кога максималната
вредност на било кои од
параметрите ќе се надмине.
Надворешна температура
Се прикажува температурата
надвор од возилото (во зависност
од верзијата).
Надворешна температура 3 80,
3 102.
Досег
Досегот се пресметува од
актуелната содржина на
резервоарот за гориво и
просечната потрошувачка од
последното препоставување.
Кога опсегот е помал од 50 км, на
екранот ќе се појави _ _ _ _.
По дотурањето гориво, возилото
автоматски го пресметува досегот
по кратка пауза.
Page 113 of 229

Инструменти и контроли111Мерењето може да се почне од
почеток во кое било време.
Забелешка
Опсегот нема да се прикаже ако
возилото се остави паркирано со
запален мотор подолго време.
Поминато растојание
Го прикажува извозеното
растојание од последното
препоставување.
Мерењето може да се почне од почеток во кое било време.
Просечна потрошувачка
Се прикажува просечната
потрошувачка, земајќи ги предвид
поминатото растојание и
потрошеното гориво од
последното препоставување.
Мерењето може да се почне од
почеток во кое било време.
Моментална потрошувачка Екран на моменталната
потрошувачка на гориво.На екранот ќе се појави _ _ _ _ ако
возилото се остави паркирано со
запален мотор подолго време.
Просечна брзина
Се прикажува просечната брзина
по последното ресетирање.
Мерењето може да се почне од
почеток во кое било време.
Прекините во патувањето кога
палењето беше исклучено не се вклучуваат во пресметките.
Време на патување (време на
возење)
Се прикажува времето поминато
од последното ресетирање.
Мерењето може да се почне од
почеток во кое било време.
Излегување од патниот
компјутер
За да излезете од патниот
компјутер, притиснете и задржете
SET q подолго од две секунди.
Информативен центар за возачот
3 102.Прекин на напојувањето
Ако напојувањето било прекинато
или ако напонот на акумулаторот
паднал премногу, вредностите
чувани во патниот компјутер ќе се
изгубат.
Page 114 of 229

112СветлаСветлаНадворешни светла.................112
Прекинувач за светлата ........112
Долго светло .......................... 113
Аблендирање ......................... 113
Регулирање на височината на фаровите ............................... 113
Предните фарови кога се вози во странство .......................... 113
Светла за дневно возење .....113
Предупредувачки трепкачи ... 114
Трепкачи за вртење и менување ленти .................... 114
Предни фарови за магла ......115
Заден фар за магла ...............115
Светло за рикверц .................115
Замаглени капаци на светлата ................................ 115
Внатрешно светло ...................116
Контрола на осветлувањето на таблата со инструменти ..116
Внатрешни светла .................117
Светло во товарниот простор .................................. 118Карактеристики на
осветлувањето .........................119
Осветлување при излегување ............................ 119
Заштита од празнење на акумулаторот ........................ 119Надворешни светла
Прекинувач за светлата
Прекинувач за светлата:
§:исклучено / светла за дневно
возење9:странични светла / предни
фарови
Контролна сијаличка 8 3 101.
Задни светла Задните светла светат заедно со
долгото светло и страничните
светла.
Page 115 of 229

Светла113Долго светло
За да се префрли од средно на
долго светло, турнете ја рачката.
За да префрлите на средно светло,
повлечете ја рачката.
Во зависност од верзијата,
повлечете ја рачката кон воланот
за да префрлате помеѓу долго и
средно светло.
Аблендирање
За да се активира аблендирањето, повлечете ја рачката.
Регулирање на
височината на фаровите
Рачно регулирање на
височината на фаровите
За да ја прилагодите височината на фаровите според оптоварувањето
на возилото и за да не ги
заслепувате другите корисници на патот: Притиснете À или Á
додека посакуваните поставки не
се прикажат на Информативниот
центар за возачот 3 102.
0:предните седишта се зафатени1:сите седишта се зафатени2:сите седишта се зафатени и
товарниот простор е натоварен3:возачкото седиште е зафатено
и товарниот простор е
натоварен
Предните фарови кога се
вози во странство
Снопот на несиметричните предни
светла ја зголемува видливоста на
работ на патот од страната на
совозачот.
Меѓутоа, кога возите во држави
каде што сообраќајот се одвива на
спротивната страна на патот,
дотерајте ги предните фарови да
се спречи заслепувањето на
сообраќајот од спротивната
насока.
Нека Ви ги намести предните
фарови автомеханичар.
Светла за дневно возење
Светлата за дневно возење ја
зголемуваат видливоста на
возилото при дневна светлина.
Page 116 of 229

114СветлаКога функцијата е активна и
палењето е вклучено, предните
фарови се палат автоматски и
осветлувањето на инструментите
се придушува. Прекинивачот за
светло треба да е во положба §.
Светлата за преку ден се
исклучуваат кога ќе се исклучи
палењето.
Забелешка
Возачот е одговорен за
вклучување на средното светло
кога е потребно, на пр. кога се
вози низ тунел или ноќе.
Светлата за дневно возење се
активираат/деактивираат преку
изборник во Информативниот
центар за возачот 3 102.
Кога ќе се деактивира функцијата,
предните фарови не се палат
автоматски кога ќе се вклучи
палењето и прекинувачот за
светлата е во положба §.Предупредувачки
трепкачи
Се ракува со притискање на ¨.
Во зависност од верзијата,
предупредувачките трепкачи може
да се вклучат автоматски при нагло сопирање.
Трепкачи за вртење и
менување лентиРачката угоре:десен трепкачРачката удолу:лев трепкач
Ако рачката се помрдне преку
отпорната точка, трепкачот е
вклучен постојано. Кога воланот се враќа назад, трепкачот автоматски
се деактивира.
За да трепнува петпати, на пр. кога се менуваат ленти, притиснете ја
рачката додека не се почувствува
отпор и тогаш отпуштете ја.
Page 117 of 229

Светла115Помрднете ја рачката до отпорната
точка и држете ја за подолго
трепкање.
Исклучете ги трепкачите рачно со
поместување на рачката во
првобитната положба.
Предни фарови за магла
Се ракува со притискање на >
.
Со вклучување на предните
фарови за магла автоматски се
вклучуваат страничните светла.
Притиснете > повторно за да ги
исклучите предните фарови за
магла.
Заден фар за магла
Се ракува со притискање на ø.
Задниот фар за магла може да се вклучи само кога и палењето и
предните фарови или страничните
светла (со предните фарови за
магла) се запалени.
Притиснете ø повторно за да го
исклучите задното светло за магла, или исклучете ги предни фарови
и/или предните светла за магла.
Светло за рикверц
Светлата за рикверц се палат кога
палењето е вклучено и се става во
рикверц.
Замаглени капаци насветлата
Внатрешноста на куќиштето насветлата може накратко да се
замагли при лоши, влажни и
студени временски услови, при
силен дожд или по миење.
Замагленоста исчезнува брзо,
сама од себе – вклучете ги
светлата за да исчезне побрзо.
Page 118 of 229

116СветлаВнатрешно светло
Контрола на осветлувањето натаблата со инструменти
Кога возите навечер со вклучени
фарови, прилагодете ја
светлината на внатрешните светла на возилото (вклучително на
таблата со инструменти, екранот
за контрола на климатизацијата
итн.) преку изборникот за поставки
на Информативниот центар за
возачот 3 102.
За прилагодување на светлината:Стандардна верзија на
Информативниот центар за
возачот
1. Притиснете SETq еднаш за да
дојдете до изборникот за поставки.
2. Листајте низ опциите на изборникот со притискање R
или S додека на екранот не се
појави опцијата ILLU.
3. Притиснете SETq за да
пристапите до оваа опција од
изборникот.
4. Притиснете R или S за да ја
зголемите или намалите
прикажаната вредност.
5. Притиснете SETq накусо за да
ги потврдите промените и автоматски да се вратите на
претходниот екран.
Повеќефункционална верзија
на Информативниот центар за
возачот
1. Притиснете SETq за да
дојдете до изборникот за
поставки.
2. Лизгајте низ опциите на изборникот со притискање R
или S додека на екранот не се
појави опцијата Dimmer
(Потенциометар) .
3. Притиснете SETq за да
пристапите до оваа опција од
изборникот.
Page 119 of 229

Светла1174. Притиснете R или S за да ја
зголемите или намалите
прикажаната вредност.
5. Притиснете SETq накусо за да
ги потврдите промените и
автоматски да се вратите на
претходниот екран.
Во зависност од верзијата,
светлината може да се
приспособува и со притискање R
или S без влегување во
изборникот за поставки.
Информативен центар за возачот
3 102.
Внатрешни светла
Зависно од варијантата на
моделот, при влегување и
излегување од возилото предните
и задните внатрешни светла се
палат автоматски и потоа се гасат
по одредено време.
Забелешка
Во случај на несреќа од извесна
тежина, внатрешните светла се
палат автоматски. Систем за
прекин на дотокот на горивото
3 109.Предни внатрешни светла
Положба на средишниот
прекинувач: автоматско
внатрешно светло.
За рачно ракување кога вратите се затворени, притиснете ја леќата на
која било страна.
Предно внатрешно светло со
светла за читање
Положба на средишниот
прекинувач: автоматско
внатрешно светло.
Може да се ракува поединечно или
заедно со преклопникот 7 кога
вратите се затворени.
Притиснете 7 лево или десно за
ракување со соодветното светло за читање.
Page 120 of 229

118СветлаЗадни внатрешни светла
Положба на средишниот
прекинувач: автоматско
внатрешно светло.
За рачно ракување кога вратите се затворени, притиснете ја леќата на
која било страна.
Светло во товарниот
простор
Зависно од варијантата на
моделот, осветлувањето во
товарниот простор се вклучува
кога задните врати / задната врата
или лизгачката странична врата ќе
се отвори.
Отстранливо задно внатрешно
светло
Зависно од варијантата на
моделот, отстранливото задно
внатрешно светло може да се
запали кога ќе се отворат задните
врати/задната врата или
лизгачките странични врати и
централниот прекинувач е во
средната положба.
Вклучете го светлото трајно со
притискање на горниот дел на
централниот прекинувач c.
Исклучете го светлото трајно со
притискање на долниот дел на
централниот прекинувач
AUTO OFF .
За да користите рачна светилка,
притиснете го копчето на горниот
дел на комплетот светла (видете
на илустрацијата) за да ја
ослободите, свртете ја светилката
внимателно и извлечете ја.
Притиснете го прекинувачот на
крајот на светилката за вклучување
и исклучување на светлото.
Вратете ја светилката во
првобитната положба за да се наполни батеријата по употребата.