OPEL CORSA F 2020 Прирачник за инфозабавата
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2020, Model line: CORSA F, Model: OPEL CORSA F 2020Pages: 115, PDF Size: 5.05 MB
Page 71 of 115

Основно ракување71Екрански копчиња 3, & и A /
OK
Кога работите со изборниците,
допрете 3 или & во
соодветниот подизборник за да се
вратите на следното повисоко ниво
на изборникот.
Кога не е прикажано екранското копче 3 или &, се наоѓате на
највисокото ниво на соодветниот
изборник.
На некои екрани, A / OK треба да
се допре за потврдување откако ќе се изберат ставки од изборникот
или ќе се променат поставки. Во
спротивно, сите направени избори
или поставки ќе се загубат.Лизгање низ список
Ако има повеќе достапни ставки,
отколку што има видлив простор на екранот, списокот мора да се лизга.
За да лизгате низ списокот со
ставки од изборникот, може да:
● Го ставите прстот каде било на
екранот и да го движите нагоре или надолу.
Забелешка
Мора постојано да се применува
притисок и прстот мора да се
префрла со постојана брзина.
● Допрете S или R на горниот
или долниот дел од лентата за лизгање.
● Допрете некаде на линијата за лизгање од лентата за
лизгање.
● Движете го лизгачот на лентата за лизгање нагоре-
надолу со прстот.
Ажурирање список
Допрете U за да ажурирате рачно
списоци, на пример, список на
станици.
Полиња и тастатури за внесување
Полињата за внесување се
означени со >.
Допрете го полето за внесување за да отворите тастатура за
внесување текст или броеви.
Во зависност од моментално
активната апликација или
функција, се прикажуваат
различни тастатури.Тастатури за внесување текст
Тастатурите за внесување текст
може да содржат неколку полиња
за внесување. За да овозможите
поле за внесување текст, допрете
го.
Page 72 of 115

72Основно ракувањеЗа да внесете знак, допрете го
соодветното екранското копче.
Знакот се внесува по отпуштањето.
Допрете и задржете екранско копче
со буква за да се прикаже
соодветната буква во изборникот
со букви. Отпуштете и потоа
изберете ја саканата буква.
За да се префрлите на тастатура
со симболи, допрете 0..#.
За да се вратите на тастатурата со букви или за да променувате
помеѓу големи и мали букви,
допрете Aa.
За да се префрлате помеѓу
нормален и азбучен редослед на
тастатурата со букви, допрете M.
За да го избришете последниот внесен знак или симбол, допрете
T .Прилагодување поставка
За да ја приспособите поставката
како во прикажаниот пример, може да го направите и следново:
● Допрете P или Q.
● Допрете некаде во редот. ● Поместете го лизгачот со прстот.
Поставки на тонот Притиснете b, изберете OPTIONS
(ОПЦИИ) , па изберете AUDIO
SETTINGS (ПОСТАВКИ ЗА
АУДИО) .
Достапни се неколку претходно
дефинирани поставки за да го
оптимизирате тонот за одреден
стил музика (на пример, Pop-Rock
(Поп-рок) или Classical ( Класична) ).
За да го приспособувате тонот
индивидуално, изберете User
(Корисник) . Променете ги
поставките според вашата желба.
Забелешка
Ако ги промените поставките на
претходно дефинирана поставка,
на пример Pop-Rock (Поп-рок) ,
тие поставки ќе се применат на
поставката User (Корисник) или
Personalised (Персонализирано) .
Page 73 of 115

Основно ракување73Поставување на балансот и
распределбата на звукот
Изберете го табулаторот Balance
(Баланс) .
Достапни се неколку претходно
дефинирани поставки за да ја
приспособите распределбата на гласноста во внатрешноста на
возилото (на пример, All
passengers (Сите патници) или
Front only (Само напред) ).
За да ја промените тековната
поставка, на пример All passengers
(Сите патници) , изберете ја таа
поставка, па изберете ја новата
сакана поставка од прикажаниот
список.
Можете индивидуално да ги
приспособувате претходно
дефинираните поставки.
За да дефинирате точка во
патничкиот простор каде што
гласноста е на највисоко ниво,
поместете го покажувачот во
сликата на десната страна од
екранот до саканата точка.
За да ги вратите во основните
фабрички поставки, изберете h.
Поставки на гласноста
Притиснете b, изберете OPTIONS
(ОПЦИИ) , па изберете AUDIO
SETTINGS (ПОСТАВКИ ЗА
АУДИО) . Потоа изберете ја
картичката Sound (Звук) .
Звук при допир Ако се активира функцијата за
повратни информации со звукот на
допир, при секое допирање на екранско копче или ставка во
изборник ќе се испушта звук.За да ја приспособите гласноста на звукот при допир, активирајте
Touch tones (Тонови при допир) , па
приспособете ја поставката.
Гласност со надоместување
според брзината
Активирајте или деактивирајте
Volume linked to speed (Гласност
според брзината) .
Ако е активирана, гласноста на
Инфозабавниот систем се
приспособува автоматски за да
надомести за бучавата од патот и
ветрот додека возите.
Говорни известувања Изберете го табулаторот Voice
(Глас) .
Приспособете ја гласноста за сите
говорни известувања на системот.
Тон за ѕвонење
Изберете го табулаторот Ringtones
(Тонови за ѕвонење) .
Приспособете ја гласноста на
тонот за ѕвонење на дојдовните
повици.
Page 74 of 115

74Основно ракувањеСистемски поставки
Допрете ја горната лента од
екранот за да се прикаже Settings
center (Центар за поставки) .
Конфигурирање на системот
Изберете System configuration
(Конфигурација на системот) за да
извршите некои основни
конфигурирања на системот, на пример:
● Приспособете го прикажувањето на мерните
единици за температура или
потрошувачка на гориво.
● Ресетирајте ја конфигурацијата на системот
на основните фабрички
поставки.
● Ажурирајте ја верзијата на инсталираниот софтвер.
● Приспособете ги поставките за
приватност за повиците при
незгода.
Промена на јазикот на екранот
За да го приспособите јазикот за
текстовите на изборниците,
изберете Language (Јазик) , па
изберете го саканиот јазик.
Забелешка
Ако вграденото препознавање
говор го поддржува избраниот
јазик на екранот, јазикот на
препознавањето говор ќе се
промени според изборот. Во
спротивно, вграденото
препознавање говор нема да биде
достапно.
Местење на времето и датумот
Изберете го Date and time ( Датум и
време) .
Промена на форматите на времето
и датумот
За да ги промените форматите на времето и датумот, изберете ги
соодветните картички, па изберете
ги саканите формати.
Поставување на времето и
датумот
Стандардно, системот автоматски
ги приспособува прикажаните
време и датум.
За да ги приспособите рачно
прикажаните време и датум:
Изберете го табулаторот Time
(Време) .
Page 75 of 115

Основно ракување75Поставете го GPS Synchronisation:
(Синхронизација со GPS:) на OFF
(ИСКЛУЧЕНО) , па изберете го
полето Time (Време) за да го
поставите саканото време.
Изберете ја картичката Date
(Датум) , па изберете го саканиот
формат на датум.
Приспособување на екранот
Изберете го Screen configuration
(Конфигурирање на екранот) .
Функција за листање на текстот
Изберете го табулаторот Animation
(Анимација) .
Ако долгите текстови на екранот
треба да се лизгаат автоматски,
активирајте Automatic scrolling
(Автоматско лизгање) .
Ако Automatic scrolling (Автоматско
лизгање) е деактивирано, долгите
текстови се прекинуваат.
Приспособување на осветленоста
Изберете Brightness
(Осветленост) и поставете ја
осветленоста на екранот на саканото ниво.Зачувување на личните
поставки
За да одите до поставките за
профилот, допрете ја горната
лента на екранот, па изберете
Profiles (Профили) .
Може да зачувате голем број
поставки во личниот профил. На
пример, сите тековни поставки на
тонот, сите меморирани
радиостаници и телефонски
именик.
Ако го споделувате возилото со
други луѓе, ова ви овозможува да
ги обновите вашите лични
поставки од вашиот профил во
секое време.
Можат да се зачуваат најмногу три
лични профили.
Исто така, достапен е Common
profile (Општ профил) . Сите
поставки што се направени во кое било време автоматски се
зачувуваат во тој профил. Ако не е активиран ниту еден личен
профил, активен е Common profile
(Општ профил) .Зачувување на личниот профил
Откако ќе ги извршите сите лични
поставки:
Изберете една од картичките за
личниот профил.
Изберете го полето за внесување > и внесете го саканото име на
личниот профил.
На крајот, потврдете го внесеното
за да го зачувате во личниот
профил.
Активирање на личниот профил
Допрете ја горната лента на
екранот, изберете Profiles
(Профили) , па изберете ја
картичката со името на вашиот
личен профил.
Активирање на
Common profile (Општ профил)
Ако има активен личен профил:
Одете до картичката Common
profile (Општ профил) , па изберете
Activate profile (Активирај го
профилот) .
Page 76 of 115

76Основно ракувањеРесетирање на личен профил
Во секое време може да
ресетирате личен профил за да ги
вратите основните фабрички
поставки на тој профил.
Активирајте го соодветниот
профил, па изберете Reset the
profile (Ресетирај го профилот) .
Ресетирање на
Common profile (Општ профил)
Во секое време може да го
ресетирате Common profile (Општ
профил) за да ги вратите
основните фабрички поставки на тој профил.
Изберете Common profile (Општ
профил) , па изберете Reset the
common profile (Ресетирај го општиот профил) .
Page 77 of 115

Радио77РадиоУпотреба..................................... 77
Радио податочен систем ...........79
Дигитална аудио дифузија ........79Употреба
Активирање на радиото
Притиснете b. Се прикажува
последниот избран главен
изборник за аудио.
Ако главниот изборник за радио не
е активен, изберете SOURCES
(ИЗВОРИ) , па изберете Radio
(Радио) .
Последно пуштената станица ќе се
прима.
Избирање бранова должина
Изберете OPTIONS (ОПЦИИ) и
неколку пати допрете i за да се
префрлате меѓу различни бранови
должини.
Барање станици
Автоматско пребарување на
станици
Кратко притиснете P или Q за да ја
пуштите претходната или следната
станица што може да се прими.
Рачно пребарување на станици
Притиснете го и држете го P или
Q . Отпуштете кога е речиси
достигната бараната фреквенција.
Се врши барање на следната
станица која може да се прими и
таа се пушта автоматски.
Списоци со станици
На списоците со станици се
прикажани сите радио станици што
се достапни во моментното
приемно подрачје.
Page 78 of 115

78РадиоЗа приказ на моментално
активниот список со бранови
должини, изберете List (Список).
Одберете ја саканата станица.Ажурирање списоци со станици
Ако станиците зачувани на
одреден список со станици за
фреквентно подрачје не можат
веќе да се примаат, списоците на
станици треба да се ажурираат.
За да започнете ажурирање за
тековната активна бранова
должина, изберете U.
Зачувување омилени станици
Во списокот Presets (Меморирани
радиостаници) може да се
зачуваат најмногу 24 радио
станици од сите вранови должини
како омилени.
Изберете Presets (Меморирани
радиостаници) за да се прикажат
меморираните копчиња.
Зачувување на тековно активната
станица
Допрете го и задржете го саканото
копче во списокот Presets
(Меморирани радиостаници)
неколку секунди. Соодветната
фреквенција или име на станицата
се прикажува на копчето.
Ако некоја станица веќе е зачувана на меморирано копче, таа станица
ќе се пребрише со новата.
Како алтернатива, допрете ; Mem
(Мем.) во главниот изборник за
радиото за да ја зачувате
станицата што е активна во
моментот.
Зачувување станица од списокот на станици
Изберете OPTIONS (ОПЦИИ) , па
изберете ја саканата бранова
должина.
За да зачувате станица од списокот на станици, кратко допрете ; до
саканата станица. Станицата е
зачувана и се прикажува бројот на
меморираното копче. За да
избришете некоја станица,
повторно допрете ;.
Како алтернатива, допрете го и
задржете го името на станицата
додека не се зачува. За да ја
избришете станицата, допрете го и задржете го името на станицата
повторно додека не се прикаже соодветна порака.
Повикување на станици
Во главниот изборник за радиото,
изберете Presets (Меморирани
радиостаници) , па кратко допрете
го меморираното копче на саканата станица.
Page 79 of 115

Радио79Радио податочен систем
Радиоподаточен систем (RDS) е
услуга на FM станиците која
значително го олеснува наоѓањето на саканата станица и приемот за
неа без грешка.
Предности на RDS ● На екранот се појавуваат името на програмата на
станицата наместо
фреквенцијата.
● При барање станици, Инфозабавниот систем мести
само станици со RDS.
● Инфозабавниот систем секогаш ја пушта
фреквенцијата со најдобар
прием на наместената станица
со помош на AF (алтернативна
фреквенција).
● Зависно од станицата што се прима, инфозабавниот систем
прикажува радио текст што може да содржи, на пример,информации за актуелната
програма.Активирање RDS
Во главниот изборник за радио,
изберете OPTIONS (ОПЦИИ) и
активирајте RDS.
Ако е активирано RDS, во долниот
ред од главниот изборник за радио
се прикажува RDS.
Радио текст
Ако е активирано RDS,
информациите за радио
програмата што е активна во
моментот или музичката нумера
што се репродуцира во моментот
се прикажуваат под името на
програмата.
За да ја прикажете или скриете информацијата, одете до
изборникот OPTIONS (ОПЦИИ) и
активирајте или деактивирајте
Information (Информации) .
Сообраќајни соопштенија
Многу станици со RDS емитуваат
сообраќајни вести. Ако е
активирана функцијата за
сообраќајни соопштенија,репродукцијата на радио или
медиуми се прекинува во текот на сообраќајните соопштенија.
За да активирате сообраќајни
соопштенија, одете до изборникот
OPTIONS (ОПЦИИ) и активирајте
TA .
Ако е активирано TA, во долниот
ред од главниот изборник за радио
се прикажува TA.
Дигитална аудио дифузија
Дигиталната аудиодифузија (DAB)
емитува радиостаници дигитално.
Станици со DAB се означуваат со името на програмата наместо
фреквенцијата на емитувањето.
Општи информации ● Со DAB може да се емитуваат повеќе радиопрограми
(сервиси) на еден ансамбл.
● Покрај висококвалитетните дигитални аудио услуги, DAB
исто така е способен да
предава податоци поврзани со
програмите и мноштво други
Page 80 of 115

80Радиоподаточни услуги вклучувајќи
информации за патувањето и
за сообраќајот.
● Се додека еден даден DAB приемник може да го фати
сигналот испратен од некоја
станица за дифузија (дури ако
сигналот е многу слаб),
репродукцијата на звукот е
обезбедена.
● Во случај на лош прием, гласноста се намалува
автоматски за да се избегне емитување бучава.
Ако DAB сигналот е премногу
слаб за дешифрирање со
приемникот, приемот се
прекинува целосно. Овој
инцидент може да се избегне
со активирање на автоматско
следење DAB-FM, видете
подолу.
● Пречење предизвикано од станиците кои се на блиски
фреквенции (појава која е
типична за приемот AM и FM)
не се појавува со DAB.● Ако DAB сигналот го одбиваат природни пречки или згради,
квалитетот на приемот на DAB
се подобрува, додека AM или
FM приемот значително се
влошува во таквите случаи.
● Кога е вклучен прием DAB, FM-
приемникот на инфозабавниот
систем останува активен во
заднина и постојано ги бара
FM-станиците со најдобар
прием. Ако е вклучено Traffic
announcement (Сообраќајно
соопштение) 3 79, се
емитуваат сообраќајните
соопштенија на FM-станицата со најдобар прием. Исклучете
го Traffic announcement
(Сообраќајно соопштение) ако
не сакате приемот DAB да се
прекинува со сообраќајни
соопштенија FM.
Поврзување FM-DAB
Оваа функција овозможува
префрлање од станица FM на
соодветна станица DAB и обратно.Префрлањето од FM на DAB се
случува штом е достапна
соодветна станица DAB. Затоа, се
препорачува да ги зачувате
омилените станици како станици
DAB за да се намали честото
префрлање.
Префрлањето од DAB на FM се
случува ако сигналот е премногу слаб за да може приемникот да го
прими.
Активирање
Предуслов е да биде активирана RDS пред да може да се активира
Поврзување FM-DAB.
За да активирате Поврзување FM-
DAB, изберете OPTIONS (ОПЦИИ)
во главниот изборник за радиото,
па активирајте FM-DAB Follow-up
(Следење FM-DAB) .
Кога е активирано Поврзување FM-
DAB, се прикажува следниов
симбол: