OPEL CORSA F 2020 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2020, Model line: CORSA F, Model: OPEL CORSA F 2020Pages: 259, PDF Size: 20.54 MB
Page 221 of 259

Нега на возилото219Зашрафете ја алката за влечење
колку што може додека не застане
во хоризонтална положба.
Алката за врзување во задниот дел
под возилото никогаш не смее да
се употребува као алка за
влечење.
Закачете сајла за влечење - или,
уште подобро е шипка за влечење
- за алката за влечење.
Алката за влечење треба да се
користи за влечење, а не за
ослобудвање на возилото.Внимание
Возете полека. Не возете со нагли движeња. Преголеми
влечни сили може да го оштетат возилото.
По влечењето, отшрафете ја
алката за влечење.
Ставете го капачето со горната
фланша во процепот и
прицврстете го со туркање.
Нега за изгледот
Нега на надворешноста
Брави
Бравите се подмачкуваат во
фабриката со употребата на
високо квалитетно мазиво за
цилиндрите на бравите. Средство
за одмрзнување употребувајте
само каде што е апсолутно
неопходно, бидејќи тоа го вади
мазивото и го влошува
функционирањето на бравите. По
употребата на средство за
одмрзнување, нека Ви ги подмачка бравите повторно автомеханичар.
Миење Бојата на Вашето возило е
изложена на влијанија од
околината.
Изметот од птиците, мртвите
инсекти, смолата, поленот и
сличното треба веднаш да се
исчистат, бидејќи содржат
агресивни состојки што може да ја оштетат бојата.Ако користите перална за возила,
спроведете ги соодветните
напатствија на производителот на
пералната. Бришачот на
шофершајбната и бришачот на
задното стакло мора да бидат
исклучени. Извадете ги антената и
надворешните додатоци како
багажникот за на покрив и слично.
Ако го миете возилото рачно,
погрижете се темелно да ја
исплакнете и внатрешната страна
на крилата.
Исчистете ги рабовите и
преклопите на отворените врати и
хаубата, како и пределите што ги
покриваат.
Чистете ги светлите метални
украси со раствори за чистење
одобрени за алуминиум за да се
избегне штета.
Page 222 of 259

220Нега на возилотоВнимание
Секогаш користете средство за
чистење со pH вредност од
4 до 9.
Не користете средства за
чистење на жешки површини.
Не го чистете моторниот простор
со компресорска млазница или
млазни чистачи со голем притисок.
Целосно исушете го и избришете
го возилото. Често плакнете ја
еленската кожа. Употребувајте
посебни кожи за бојата и за
прозорците: остатоците од полир-
пастата на прозорците ќе ја
намалат видливоста.
Нека Ви ги подмачкува шарките на
вратите со мазиво автомеханичар.
Не користете тврди предмети за
вадење на флеки од катран.
Користете спреј за вадење на
катран на обоените површини.
Надворешни светла
Капаците на предните фарови и на другите светла се направени од
пластика. Не користете
нагризувачки средства или
киселини, не користете гребач за
мраз и не сушете ги.
Полирање и нанесување восок Полирањето со средство за
полирање е неопходно само ако
бојата го изгубила сјајот или ако на неа се нафатиле цврсти наслојки.
Пластичните делови на
каросеријата не смеат да се
намачкаат со восок или средства за полирање.
Прозорци и четкички на
бришачите
Исклучете ги бришачите пред да
пристапите до нивните области.
Употребувајте мека крпа без
влакненца или еленска кожа
заедно со средство за чистење прозорци и средство за вадење
инсекти.Кога го чистите задниот прозорец
однатре, секогаш бришете
паралелно со грејачот за да
спречите оштетување.
За механичко вадење на мраз,
употребувајте гребло на мраз со
остар раб. Притиснете го гребачот
цврсто на стаклото за да не
влегуваат нечистотии под него и
гребете го стаклото.
Чистете ги четкичките на
бришачите што замачкуваат со
мека крпа и средство за чистење на прозорци. Внимавајте и да
отстраните остатоци од восок,
инсекти и слично од стаклото.
Остатоци од мраз, загадување и
постојано бришење на суви стакла
ќе ги оштети, па и уништи
бришачите.
Тркала и гуми Не користете компресорски
млазници за чистење.
Чистете ги бандажите со pH
неутрално средство за чистење на
тркалата.
Page 223 of 259

Нега на возилото221Бандажите се бојосани и може да
се чистат со истите средства како и
шасијата.
Оштетување на бојата
Поправете ги помалите оштети на
бојата со апликатор пред да се
формира‘рѓа. Поголемите оштети
или предели со ’рѓа нека Ви ги
поправи автомеханичар.
Подвозје
Некои предели на подвозјето на возилото имаат премаз од PVC
додека другите критични предели
имаат траен слој од заштитен
восок.
Откако подвозјето ќе се измие,
проверете го истото и нанесете
повеќе заштитен восок ако е
потребно.
Битуменски / гумени материјали
може да го оштетат слојот од PVC.
Нека Ви ја изведе работата на
подвозјето автомеханичар.
Пред и после зимата, измијте го
подвозјето и нека Ви го проверат
слојот на заштитниот восок.Опрема за влечење
Не ја чистете влечната кука со
компресорска млазница или
млазни чистачи со голем притисок.
Нега на внатрешноста Внатрешност и тапацир
Чистете ја внатрешноста на
возилото, вклучувајќи ја и маската
и облогите на таблата со
инструменти, само со сува крпа или
средство за чистење на
внатрешноста.
Чистете го кожениот тапацир со
вода и мека крпа. Доколку е многу
извалкан, користете средство за
чистење кожа.
Таблата со инструменти и
екраните треба да се чистат само
со употреба на мека, влажна крпа.
Ако е потребно, користете слаб
раствор на сапуница.
Тапацирот чистете го со
првосмукалка и со четка. Извадете ги флеките со средство за чистењена тапацирот.Ткаенината на преслеките може да
не е со трајни бои. Тоа може да
предизвика видливо
избледнување на бојата, особено
на тапацир со светли бои. Дамки и
избледена боја треба да се
исчистат што е можно поскоро.
Чистете ги безбедносните ремени
само со млака вода или средство
за чистење на внатрешноста.Внимание
Затворајте ги Велкро патентите
бидејќи отворените Велкро
патенти на облеката може да го
оштетат тапацирот на
седиштата.
Истото се однесува и до облеки
со предмети со остри рабови,
како патенти или каишеви или
фармерки со нитни.
Page 224 of 259

222Нега на возилотоПластични и гумени деловиПластичните и гумените делови
може да се исчистат со истото средство за чистење кое се
користат за чистење на
каросеријата. Употребете
средство за чистење на
внатрешноста ако е потребно. Не
користете други средства.
Избегнувајте ги растворувачите и
особено бензинот. Не користете
компресорски млазници за
чистење.
Патосници9 Предупредување
Ако големината на некоја
патосница е погрешна или
патосницата не е правилно
монтирана, таа може да è пречи
на педалата за гас или на
педалата за сопирачките, а тоа
може предизвика ненамерно
забрзување и/или зголемено
растојание на сопирање што
може да предизвика судар или
повреда.
Користете ги следниве насоки за
правилно користење на
патосниците.
● Оригиналните патосници се дизајнирани за вашето возило.
Ако патисниците треба да се
заменат, се препорачува да
купите сертифицирани
патосници. Секогаш
потврдувајте дека патосниците не им пречат на педалите.
● Користете ја патосницата со правилната страна нагоре. Не
превртувајте ја.
● Не ставајте ништо врз патосницата од страната на
возачот.
● Користете само една патосница од страната на
возачот.
● Не ставајте една патосница врз друга.
Монтирање и отстранување на
патосниците
Патосницата од страната на
возачот се држи со две спојки.
За да ја монтирате патосницата: 1. Вратете го потпирачот за грб на
седиштето што е можно
поназад.
2. Порамнете ги отворите во патосницата со спојките како
што е прикажано.
3. Турнете ја патосницата кон подот.
Page 225 of 259

Нега на возилото223Вадење1. Вратете го потпирачот за грб на
седиштето што е можно
поназад.
2. Извадете ја подлогата.
Page 226 of 259

224Сервисирање и одржувањеСервисирање и
одржувањеОпшти информации .................224
Сервисни информации ..........224
Препорачани течности,
средства за подмачкување и
делови ....................................... 227
Препорачаните течности и средства за подмачкување ..227Општи информации
Сервисни информации За да се гарантира економичното ибезбедното работење на возилото
и да се одржи вредноста на Вашето
возило, мошне битно е сето
одржување да се изведува во
соодветните периоди, како што е
определено.
Деталниот, актуелен сервисен
распоред за Вашето возило е
достапен кај автомеханичарот.
Тешки услови за работа постојат
ако често се случуваат една или
неколку од следниве околности:
Ладно стартување, тргнување и
застанување, на пример, за такси и
полициски возила, влечење
приколка, возење по планински
терен, возење на лоша или
песоклива подлога, зголемено
загадување на воздухот, присуство на песок и големо количество
прашина во воздухот, возење на
голема надморска висина и големи
промени на температурата.Во овие тешки услови за работа,
можеби ќе биде потребно
сервисирање на одредени делови
почесто од редовниот сервисен
период што се прикажува на
екранот за сервисирање.
Контактирајте со автомеханичар за
приспособени распореди на
сервисите.
Екран за сервисирање 3 71.
Page 227 of 259

Сервисирање и одржување225Сервисни периоди
Шифра на моторотEB2FA
EB2ADTD
EB2ADTS
DV5RD
Земји од група 120000 км / 1 година20000 км / 1 година30000 км / 1 година 1)Земји од група 220000 км / 1 година15000 км / 1 година30000 км / 1 година 1)Земји од група 320000 км / 1 година15000 км / 1 година15000 км / 1 годинаЗемји од група 415000 км / 1 година15000 км / 1 година15000 км / 1 годинаЗемји од група 510000 км / 1 година10000 км / 1 година10000 км / 1 година1)
Освен ако не е прикажано поинаку на екранот за сервисирање.Земји од група 1:
Андора, Австрија, Белгија, Кипар, Данска, Финска, Франција, Германија, Грција, Исланд, Република Ирска, Италија, Лихтенштајн, Луксембург, Малта, Монако, Холандија, Норвешка, Португалија, Сан Марино, Шпанија,
Шведска, Швајцарија, Обединето Кралство.Земји од група 2:
Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Чешка Република, Естонија, Северна Македонија, Унгарија, Летонија, Литванија, Полска, Романија, Словачка, Словенија.Земји од група 3:
Албанија, Црна Гора, Србија.Земји од група 4:
Израел, Јужна Африка, Турција, Лесото, Свазиленд.Земји од група 5:
Сите други земји кои не се наведени во претходните групи земји.
Page 228 of 259

226Сервисирање и одржувањеПотврдувања
Потврдата на сервисирањето се евидентира во сервисна и гарантна книшка. Датумот и километражата се
дополнува со печат и подпис на работилницата на сервисирањето.
Проверете дека сервисната и гарантна книшка е пополнета исправно бидејќи постојаното заверување на
сервисирањето е суштинско ако треба да се исполни каква било рекламација или добронамерно барање, а корисно е и при продавањето на возилото.
Page 229 of 259

Сервисирање и одржување227Препорачани
течности, средства за
подмачкување и
делови
Препорачаните течности и средства за
подмачкување
Користете само производи кои ги
задоволуваат препорачаните
спецификации.9 Предупредување
Работните материјали се
опасни и можат да бидат
отровни. Ракувајте со нив
внимателно. Обрнете внимание
на информациите дадени на
упаковката.
Моторно масло
Моторното масло се познава по
својот квалитет и вискозитет.
Квалитетот е поважен од
вискозитетот кога избирате кое
моторно масло ќе користите.
Квалитетот на маслото ја
обезбедува на пр. чистотата на
моторот, заштитата од абење и
контролата на стареење на
маслото, додека класата по
вискозност дава информација за
густината на маслото над некој
опсег на температурите.
Изберете го соодветното моторно
масло врз основа на неговиот
квалитет и минималната
надворешна температура 3 231.
Дотурање моторно маслоВнимание
Ако се истури масло, избришете го и фрлете го правилно.
Моторните масла од други
производители и марки можат да
се мешаат доколку тие го
исполнуваат бараниот квалитет и
вискозитет за моторни масла.
Забрането е користењето моторни
масла за сите бензински мотори
само со квалитет ACEA бидејќи тоа
може да предизвика оштетување
на моторот во одредени услови на
работа.
Изберете го соодветното моторно
масло врз основа на неговиот
квалитет и минималната
надворешна температура 3 231.
Дополнителни адитиви за
моторното масло
Употребата на дополнителни
адитиви за моторното масло може
да предизвика оштетувања и да ја
поништи гаранцијата.
Класи по вискозитет на моторното
масло
SAE класата по вискозитет дава
информација за густината на
маслото.
Повеќекласното масло се означува
со две бројки, на пр., SAE 5W-30.
Првата бројка, по којашто следи W, ја означува вискозноста при ниски
температури, а втората бројка ја означува вискозноста при високи
температури.
Page 230 of 259

228Сервисирање и одржувањеИзберете ја соодветната класа на
вискозност зависно од
минималната надворешна
температура 3 231.
Сите препорачани класи
вискозност се погодни за високи
температури на околината.
Течност за ладење и антифриз
Користете само антифриз Lobrid
одобрен за возилото.
Посоветувајте се со
автомеханичар.
Системот е фабрички наполнет со
средство за ладење направено за
одлична заштита од корозија и од
смрзнување до околу -28 °C. Во
ладните региони со многу ниски
температури, фабрички
наполнетото средство за ладење
овозможува заштита од
смрзнување до околу -37 °C. Оваа
концентрација треба да се одржува
во текот на целата година.
Употребата на дополнителни
адитиви за течноста за ладење кои се предвидени да дадат
дополнителна заштита од корозија
или изолација против помалипротекувања може да
предизвикаат функциски
проблеми. Одговорноста за
последиците кои произлегуваат од употребата на дополнителни
адитиви за течноста за ладење ќе
биде одбиена.
Течност за миење
Користете само течност за миење
што е одобрена за возилото за да спречите оштетување на
бришачите, бојата, пластичните и
гумените делови. Посоветувајте се со автомеханичар.
Течност за сопирачките и за
куплунгот
Со времето течноста за
сопирачките ќе апсорбира влага и
ќе се намали нејзината
ефективност. Затоа течноста за
сопирање треба д асе замени во
предвидените временски периоди.
AdBlueКористете само AdBlue занамалување на азотните оксиди во
издувните емисии 3 120.