OPEL CORSA F 2020 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2020, Model line: CORSA F, Model: OPEL CORSA F 2020Pages: 259, PDF Size: 20.54 MB
Page 181 of 259

Возење и ракување179бензинските станици во Европа се
означени со овие симболи.
Полнете само гориво од дозволен
тип.Внимание
Во случај на погрешно ставено
гориво, не вклучувајте го
палењето.
Вратичката на резервоарот за
гориво се наоѓа на задната десна
страна од возилото.
Вратичката на резервоарот за
гориво може да се отвори само ако возилото е отклучено. Ослободете
ја вратичката на резервоарот со притискање на истата.
Полнење бензин и дизел За да отворите, полека свртете го
капачето налево.
Капачето за полнење гориво може
да се закачи за куката на
вратичката на резервоарот.
Поставете ја млазницата во
исправена положба во однос на грлото за полнење и притиснете
малку за да влезе.
За да наполните гориво, вклучете
ја цевката на пумпата.
По автоматското исклучување,
резервоарот може да се дополни
целосно со вклучување на цевката
на пумпата уште најмногу двапати.Внимание
Веднаш избришете го горивото
што претекло.
За да го затворите, свртете го
капачето на резервоарот надесно
додека да кликне.
Затворете ја вратичката и оставете
да се заглави.
Капаче на резервоарот за
гориво
Користете само оригинални
капачиња за полнење гориво.
Возилата со мотори на дизел
имаат специјални капачиња на
резервоарот.
Page 182 of 259

180Возење и ракувањеКука за приколки
Општи информации Употребувајте само опрема за
влечење одобрена за Вашето
возило.
Доверете му го отпослежното
монтирање на опремата за
влечење на автомеханичар. Може
да биде потребно да се извршат измени кои делуваат врз системот
за ладење, топлоотпорните
обвивки или друга опрема.
Функцијата за откривање
откажување на сијаличките за
светлото на сопирачките на
приколката не може да открие
делумно откажување на
сијаличките, на пример, во случај
на четири сијалички со моќност од
5 W, открива откажување на
сијаличките само кога останала
само една или ниту една сијаличка од 5 W.
Приколките опремени со LED-
светла не се соодветни за склопот
на кабли на оваа кука за приколки.Монтирањето на опрема за
влечење може да го прекрие
отворот на алката за влечење. Ако
е така, користете ја влечната кука
за влечењето. Секогаш чувајте ја влечната кука во возилото за да ви
биде при рака ако е потребно.
Возни карактеристики,совети за влечење
Пред да закачите приколка,
подмачкајте ја влечната топка со
мазиво. Меѓутоа, не го правите тоа ако за намалување на кривулести
движења се употребува
стабилизатор, којшто делува врз
влечната топка.
При влечење приколка не ја
надминувајте брзината од 80 км/ч. Максималната брзина од 100 км/ч е соодветна само ако се користи
амортизер за осцилациите и
дозволената бруто тежина на
приколката не ја надминува
тежината на возилото при
сопирање.За приколки со ниска стабилност
при возење и караван-приколки, се
препорачува користење на
амортизер за осцилации.
Ако приколката почне да се извива,
возете пополека, не обидувајте се
да го исправите управувањето и
сопирајте нагло ако е потребно.
Кога возите по удолнина, возете во
иста брзина како да возевте по
угорница и возете со слична
брзина на возилото.
Дотерајте го притисокот во гумите
до вредноста определена за полна натовареност 3 236.
Влечење на приколка Товарење на приколката
Дозволената оптовареност на
приколките се максималните
вредности кои зависат од возилото
и од моторот и не смеат да се
пречекоруваат. Фактичната
оптовареност на приколката е
разликата помеѓу бруто тежината
Page 183 of 259

Возење и ракување181на приколката и актуелната
оптовареност на влечната спојка кога е приклучена приколката.
Дозволената оптовареност за
товарот на приколките е
определена во документите на
возилото. Воопшто, тие важат за
стрмнини до 12%.
Дозволениот товар во приколката
се однесува на одредената
стрмнина и на надморската
височина. Бидејќи моќноста на
моторот се намалува со
зголемување на надморската
височина поради разретчување на
воздухот, со што се намалува и
способноста за искачување, и
дозволената тежина за влечење се
намалува за 10% на секои
1000 метри надморска височина.
Бруто влечната тежина не мора да
се намалува кога се вози по
патишта со мала стрмнина (помала
од 8%, на пр. магистрални
патишта).Не смее да се пречекори
дозволената бруто тежина на
оските. Оваа тежина е забележана
на идентификациската табличка
3 229.
Вертикална оптовареност на
влечната спојка
Вертикалната оптовареност на
влечната спојка е оптовареноста
со којашто приколката ја
оптоварува влечната кука. Може да
се менува со менување на
распоредот на тежината кога се товари приколката.
Максималната дозволена
вертикална оптовареност на
влечната спојка (55 кг) е наведена
на идентификациската табличка на
опремата за влечење и во
документите на возилото.
Секогаш трудете се за
максималната вертикална
оптовареност на влечната спојка,
особено во случај на тешки
приколки. Вертикалната
оптовареност на влечната спојка никогаш не смее да падне под25 кг.Натоварување на задната оска
Кога е прикачена приколка, а
влечното возило е целосно
натоварено, дозволената
оптовареност на задната оска
(видете ја идентификациската
табличка или документите на
возилото) може да се надмине за
60 кг, а вредноста за бруто тежина
на возилото не смее да се надмине.
Ако се надмине дозволената
оптовареност на задната оска,
максималната брзина е 100 км/ч.
Page 184 of 259

182Нега на возилотоНега на возилотоОпшти информации.................183
Додатоци и модификации на возилото ................................ 183
Чување на возилото ..............183
Демонтирање на возилото на крајот на работниот век .......184
Прверки на возилото ...............184
Вршење работа ...................... 184
Хауба ...................................... 185
Моторно масло ......................185
Ладилник ................................ 187
Течност за миење ..................187
Сопирачки .............................. 188
Течност за сопирачките ........188
Акумулатор ............................. 188
Цедење на системот со дизел гориво .................................... 191
Замена на четкичките на бришачите ............................. 191
Замена на сијалиците ..............192
Халогенски предни фарови ..192
LED предни фарови ..............194
Предни фарови за магла ......194
Предни трепкачи ....................194
Задни светла .......................... 195Светло за регистарската
табличка ................................ 197
Внатрешни светла .................197
Електричен систем ..................197
Осигурувачи ........................... 197
Кутија со осигурувачи во моторниот простор ...............198
Кутија со осигурувачи во таблата со инструменти .......199
Прирачен алат ......................... 201
Алати ...................................... 201
Тркала и гуми ........................... 201
Зимски гуми ............................ 201
Ознаки на гумите ...................202
Притисок на гумите ................ 202
Систем за откривање на издишаноста на гумите ........203
Длабочина на шарата ...........204
Менување на големината на гумите и тркалата .................205
Раткапни ................................. 205
Синџири за гуми ..................... 206
Комплет за поправање гуми . 206
Менување тркала ................... 210
Резервно тркало ....................211
Палење со кабли ......................215
Влечење ................................... 217
Влечење на возилото ............217
Влечење друго возило ..........218Нега за изгледот ......................219
Нега на надворешноста ........219
Нега на внатрешноста ........... 221
Патосници .............................. 222
Page 185 of 259

Нега на возилото183Општи информации
Додатоци и модификации на возилото
Го препорачуваме користењето на
оригинални делови и опрема, и
делови одобрени од фабриката
специфично за Вашиот вид на возило. Не можеме да оцениме или
гарантираме сигурност за други
производи - дури и да имаат
регулативно или поинаку дадено
одобрение.
Каква било измена, преиначување или други промени што се
направена на стандардните
спецификации на возилото
(вклучувајќи ги, без ограничување,
измените на софтверот, измените
на електронските контролни уреди) може да ја поништи гаранцијата
што ја нуди Opel. Дополнително,
таквите промени може да влијаат
врз системите за помош на
возачот, врз потрошувачката на
гориво, испуштањето CO 2 и други
испуштања на издувни гасови од
возилото и да предизвикаат
возилото повеќе да не ја почитувадозволата за работа што ќе влијае
врз важноста на регистрацијата на
возилото.Внимание
При превезување на возилото
со воз или со возило за
влечење, калниците може да се
оштетат.
Чување на возилото
Складирање за долго времеАко возилото има да се складира за
повеќе месеци:
● Измијте го и полирајте го возилото.
● Нека Ви ја проверат заштитата
со восок во моторниот простор
и подвозје.
● Исчистете ги и намачкајте ги гумените кедери.
● Наполнете го резервоарот за гориво целосно.
● Сменете го моторното масло.
● Исцедете го садот за течноста за миење.
● Проверете ги течноста за ладење, антифризот и
заштитата од корозија.
● Дотерајте го притисокот во гумите до вредноста
определена за полна
натовареност.
● Паркирајте го возилото на суво, добро проветрено место.
Ставете во прва брзина или
рикверц или рачката на
менувачот во P. Спречете
тркалање на возилото.
● Не затегнувајте ја рачната сопирачка.
● Отворете ја хаубата, затворете
ги сите врати и заклучете го
возилото.
● Откачете го негативниот пол од акумулаторот на возилото.
Внимавајте сите системи да
бидат исклучени, на пример, системот за тревожење при
кражба.
Page 186 of 259

184Нега на возилотоВраќање во работна состојба
Кога возилото има да се врати в
работа:
● Приклучете ја штипката до негативната клема на
акумулаторот на возилото.
Активирајте ги електричните
прозорци 3 24.
● Проверете го притисокот во гумите.
● Наполнете го садот за течноста за миење.
● Проверете го нивото на моторното масло.
● Проверете го новито на течноста за ладење.
● Ставете ја регистарската табличка ако е потребно.Демонтирање на возилото
на крајот на работниот век
Информациите за центрите за
демонтирање и рециклирање на
возилата што се на крајот од својот
работен век се наоѓаат на нашата
веб страница, каде што се бара со
закон. Доверете му ја работава
само на овластен центар за
рециклирање.Прверки на возилото
Вршење работа9 Предупредување
Вршете проверки на моторниот
простор само кога е исклучено палењето.
Вентилаторот за ладење може
да проработи дури и ако е
исклучено палењето.
Page 187 of 259

Нега на возилото1859Опасност
Системот за палење користи
многу висок напон. Не допирајте ги.
Хауба
Отворање Отворете ја возачката врата.
Повлечете ја рачката за
ослободување и вратете ја во
својата оригинална положба.
Притиснете ја безбедносната
спојка нагоре и отворете ја
хаубата.
Прицврстете го потпирачот на
хаубата.
Затворање
Пред да ја затворите хаубата,
притиснете го потпирачот во
држачот.
Спуштете ја хаубата и оставете да
падне на резето од мала висина
(20-25 см). Проверете дали
хаубата е заглавена.Внимание
Не притискајте ја хаубата на
резето за да избегнете
вдлабнувања.
Моторно масло
Редовно проверувајте го нивото на
моторното масло рачно за да се спречи оштетување на моторот.
Уверувајте се дека се користи
масло со правилната
спецификација.
Препорачаните течности и
средства за подмачкување 3 227.
Page 188 of 259

186Нега на возилотоМаксималната потрошувачка на
моторното масло е 0,6 л на
1000 км.
Проверувајте го со возилото на
рамна површина. Моторот треба
да биде на работна температура и
исклучен најмалку 5 мин.
Различни прачки се употребуваат
зависно од верзијата на моторот.
Извлечете ја прачката, избришете
ја, ставете ја повторно целосно,
извлечете ја и прочитате го нивото на моторното масло.
Кога нивото на моторното масло
паднало до ознаката MIN дотурете
моторно масло.
Препорачуваме употреба на
моторно масло од иста класа со
употребеното при последното
менување.Нивото на моторното масло не смее да ја надмине ознаката MAX
на прачката.
Внимание
Вишокот на моторното масло
треба да се исиса или да се
отстрани. Ако маслото е над
максималното ниво, не
стартувајте го возилото и
контактирајте со
автомеханичар.
Зафатнини 3 235.
Наместете го капачето право и
затегнете го.
Page 189 of 259

Нега на возилото187ЛадилникФабрички наполнетата течност за
ладење обезбедува заштита од
замрзнување до околу -37 °C.Внимание
Употребувајте само одобрен
антифриз.
Течност за ладење и антифриз
3 227.
Ниво на течноста за ладење
Внимание
Прениското ниво на течноста за ладење може да предизвика
оштетување на моторот.
Ако системот за ладење е студен,
течноста за ладење треба да биде
над ознаката MIN. Дотурете ако
нивото е ниско.
9 Предупредување
Оставете моторот да се олади
пред да го отворите капачето. Внимателно отворајте го
капакот, ослободуваќи го вишок
притисокот полека.
За дотурање, користете 1:1
мешавина на купен концентрат од
течност за ладење мешан со чиста вода од чешмата. Ако не е
достапен концентрат од течност за
ладење, користете чиста вода од
чешмата. Ставете го капакот
цврсто. Нека Ви ја провери
концентрацијата на течноста за
ладење и нека Ви ја отстрани
причината на губење на течноста за ладење автомеханичар.
Течност за миење
Наполнете со чиста вода мешана
со соодветно количество одобрена течност за миење на
шофершајбната што содржи
антифриз.
Page 190 of 259

188Нега на возилотоВнимание
Само течностите за миење со
доволна концентрација на
антифриз даваат заштита при
ниски температури или нагол
пад во температурата.
Течност за миење 3 227.
Сопирачки Во случај на минимална дебелина
на облогата на сопирачката, се
слуша чкрипење при сопирањето.
Можно е да се продолжи
патувањето но нека Ви ги заменат пакните на сопирачките што
побргу.
Штом се ставени нови пакните, не сопирајте непотребно силно на
првите неколку патувања.
Течност за сопирачките9 Предупредување
Течноста за сопирачките е
отровна и нагризува. Избегнете
контакт со очите, кожата,
текстил и бојадисани површини.
Течноста за сопирачките мора да
биде меѓу ознаките MIN и MAX .
Ако нивото на течноста е под MIN,
побарајте помош од
автомеханичар.
Течност за сопирачките и за
куплунгот 3 227.
Акумулатор
Акумулаторот на возилото не се
сервисира под услов
карактеристиките на возењето да
овозможат доволно полнење на
акумулаторот. Возењето по кратки растојанија и чести палења на
моторот можат да го испразнат
акумулаторот. Избегнувајте ја
употребата на непотребни
електрични потрошувачи.
Акумулаторите не му припаѓаат на
домашниот отпадок. Тие треба да
се фрлат кај соодветен пункт за
собирање на отпадоци за
рециклирање.
Паркирање на возилото подолго од четири седмици може да доведе до
празнење на акумулаторот.
Откачете го негативниот пол од
акумулаторот на возилото.