OPEL CORSA F 2020 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2020, Model line: CORSA F, Model: OPEL CORSA F 2020Pages: 259, PDF Size: 20.54 MB
Page 191 of 259

Нега на возилото189Уверете се дека палењето е
исклучено пред да го поврзете или
откачите акумулаторот на
возилото.
Заштита на акумулаторот од
празнење 3 98.
Замена на акумулаторот Забелешка
Непочитувањето на упатствата дадени во овој дел може да
доведе до привремено
деактивирање или попречување
на системот за сопирање-
поаѓање.
Кога се заменува акумулаторот,
проверете да нема отворени дупки
за проветрување во близина на
позитивната клема. Ако некоја
дупка за проветрување е отворена
во тој предел, таа треба да се
затвори со нешто што личи на
капаче, а проветрувањето во
близина на негативната клема
треба да се отвори.
Акумулаторот секогаш треба да се
заменува со акумулатор од ист тип.Акумулаторот треба да го замени
автомеханичар.
Систем за сопирање-поаѓање
3 116.
Полнење на акумулаторот9 Предупредување
Кај возила со систем за
сопирање-поаѓање, уверете се
дека потенцијалот на
полнењето не надминува
14,6 V кога се користи полнач за батерија. Во спротивно, може да
се оштети батеријата на
возилото.
Палење со кабли 3 215.
Заштита од празнење Напон во батериите
Кога напонот на акумулаторот е
низок, на Информативниот центар
за возачот ќе се прикаже
предупредувачка порака.
Кога возилото се вози, функцијата
за намалување на оптоварувањето
привремено деактивира одредени
функции, како што се
климатизацијата, греењето на
задното стакло, воланот со греење
и др.
Деактивираните функции повторно
се активираат автоматски штом
тоа го дозволуваат условите.
Засилување во празен од
Ако е потребно акумулаторот да се полни поради неговата состојба,
мора да се зголеми излезната
моќност на генераторот. Ова се
постигнува со засилување на
работата во празен од што може да
биде чујно.
Во Информативниот центар за
возачот се појавува порака.
Штекер за струја
Приклучоците за струја се
деактивираат во случај на низок
напон во акумулаторот.
Page 192 of 259

190Нега на возилотоЕтикета за предупредување
Значење на симболите:● Забранети се искри, отворен пламен или пушење.
● Секогаш заштитете ги очите. Експлозивните гасови може да
предизвикаат слепило или
повреди.
● Акумулаторот содржи сулфурна киселина што може
да предизвика слепило или
тешки изгореници.
● Чувајте го акумулаторот вон дофат на деца.
● Видете во Сопственичкиотприрачник за повеќе
информации.
● Може да има експлозивен гас во близина на акумулаторот.
Режим за заштеда на енергија Овој режим ги деактивира
потрошувачите на енергија за да
спречи прекумерно празнење на
акумулаторот на возилото. Овие
потрошувачи, како што се
Инфозабавниот систем,
бришачите на шофершајбната,
фаровите за средно светло,
светлата за внатрешноста и
слично може да се користат
најмногу 40 минути откако
палењето ќе се исклучи.
Менување во режим за заштеда на енергија
Кога е активиран режимот за
заштеда на енергија, во
Информативниот центар за
возачот се појавува порака.
Активен телефонски повик преку
опцијата без раце ќе се одржи уште
околу дополнителни 10 минути.Деактивирање на режимот за
заштеда на енергија
Режимот за заштеда на енергија се деактивира автоматски кога
моторот ќе се стартува повторно.
Моторот нека работи за да има доволно енергија:
● помалку од 10 минути за да се користат потрошувачи до
околу 5 минути
● повеќе од 10 минути за да се користат потрошувачи до
околу 30 минути
Функционалности на греење Забелешка
Одредени функционалности за
греење, како што се греење на
седиштата или волан со греење,
може да бидат привремено
недостапни во случај на
ограничувања од електрично
преоптоварување. Функциите ќе
продолжат по неколку минути.
Page 193 of 259

Нега на возилото191Цедење на системот со
дизел гориво
Ако резервоарот се испразнил
докрај, системот за дизел гориво
треба да се исцеди. Дополнете најмалку пет литри дизел. Вклучете
го палењето околу 60 секунди, па
повторно исклучете го. Верглајте го моторот. Ако моторот не
стартува директно, повторете го
процесот неколку пати. Ако
моторот и тогаш не стартува,
побарајте помош од
автомеханичар.Замена на четкичките на
бришачите
Шофершајбна
Исклучете го палењето.
Во рок од една минута по
исклучувањето на палењето,
активирајте ја рачката за
бришачите за да ги поставите
бришачите вертикално на
шофершајбната.
Кренете го бришачот до исправена положба, притиснете го копчето за
да ја ослободите четкичката и
извадете ја.
Прицврстете ја новата четкичка на бришачот на рачката на бришачот и притиснете ја додека не се
заглави.
Спуштајте ја рачката на бришачот внимателно.
За да ги вратите бришачите во
почетната положба, вклучете го
палењето и активирајте ја рачката
за бришачите.
Заден прозорец
Подигнете ја рачката на бришачот.
Откачете ја четкичката како што е
покажано на илустрацијата и
извадете ја.
Page 194 of 259

192Нега на возилотоПрицврстете ја четкичката на
бришачот под определен агол во
однос на рачката на бришачот, и
притиснете ја се додека не се
заглави.
Спуштајте ја рачката на бришачот внимателно.Замена на сијалиците
Пред да заменувате сијаличка,
уверете се дека сите надворешни и
внатрешни светла и палењето се исклучени.
Држете ги новите сијалици само кај
базата. Не допирајте го стаклото на сијалицата со голи раце.
Користет само само исти вид на
сијаличка за замена.
Заменете ги сијалиците на
фаровите од внатрешноста на
моторниот простор.
Проверка на ламбите По замена на ламба, вклучете го
палењето, вклучете ги и проверете
ги светлата.
Халогенски предни фарови
Халогенски предни фарови со
посебни сијалички за средно и
долго светло / светло за дневно
возење.
Надворешна сијалица за ( 1) средно
светло.
Внатрешна сијаличка за долго
светло / светло за дневно возење
( 2 ).
Page 195 of 259

Нега на возилото193Средно светло (1)
1. Отстранете го заштитниоткапак со повлекување.
2. Повлечете ја фасонката од куќиштето на фарот.
3. Извадете ја сијалицата одфасонката и заменете ја.
4. Ставете ја фасонката во куќиштето на фарот.
5. Ставете го заштитниот капак.
Долго светло / светло за дневно
возење (2)
1. Отстранете го заштитниот капак со повлекување.
Page 196 of 259

194Нега на возилото2. Завртете ја фасонката налевоза да ја ослободите и извлечетеод фарот.
3. Ставете ја новата фасонка во куќиштето на фарот.
4. Ставете го заштитниот капак.
LED предни фарови
Предните фарови за средно и
долго светло, светлата за дневно
возење и трепкачите се направени како LED и не можат да се заменат.
Во случај на дефект, светлата
треба да ги поправи
автомеханичар.
Предни фарови за магла Во случај на дефект, светлата
треба да ги поправи
автомеханичар.Предни трепкачи
Надворешна сијаличка за трепкач
( 1 ).
1. Отстранете го заштитниот
капак со повлекување.
2. Повлечете ја фасонката од куќиштето на фарот.
Page 197 of 259

Нега на возилото1953. Извадете ја сијалицата одфасонката и заменете ја.
4. Ставете ја фасонката во куќиштето на фарот.
5. Ставете го заштитниот капак.
Задни светла
LED задни светла Во случај на дефект, светлата
треба да ги поправи
автомеханичар.
Комплет на светлото во
каросеријата1. Отворете ја задната врата, па отстранете го пристапниот
капак на соодветната страна.
2. Разлабавете ја навртката за прицврстување на сијаличката
со клуч.
За да не ја загубите навртката
ако падне во облогата, прво
ставете некоја ткаенина под
неа.
3. Рачно одвртете ја и извадете ја
навртката за прицврстување на
сијаличката.
4. Внимателно извлечете го комплетот на задното светло оджлебот и извадете го.
5. Откачете го кабелот од држачот.
Page 198 of 259

196Нега на возилото6. Притиснете ги петте држачи иизвадете ја фасонката од
комплетот на фарот.
7. Извадете и заменете ги сијалиците:
Задно / стоп светло ( 1)
Трепкач ( 2)
Светло за рикверц ( 3)
8. Вметнете го носачот на светилката во склопот на
светлото. Прикачете го
приклучокот кон комплетот на
фарот. Наместете го комплетот
на светлото во отворот и
затегнете ја навртката за
прицврстување на сијаличката
однатре. Закачете го капакот.
Заден фар за магла
1. Свртете ја фасонката налево и извадете ја од куќиштето на
фарот.
2. Малку притиснете ја сијаличката, свртете ја налево
и извадете ја од фасонката.
3. Заменете ја и ставете нова сијаличка во фасонката така
што ќе ја свртите надесно.
4. Вметнете ја фасонката во фарот и завртете ја надесно.
Средишно високо монтирано
стоп-светло
Во случај на дефект, светлата
треба да ги поправи
автомеханичар.
Page 199 of 259

Нега на возилото197Проверка на ламбитеВклучете го палењето, вклучете гии проверете ги сите светла.
Светло за регистарскататабличка
Во случај на дефект, светлата
треба да ги поправи
автомеханичар.
Внатрешни светла
Следниве сијалички нека ги замени
автомеханичар:
● светло за внатрешноста, светла за читање
● светло во товарниот простор
● осветлување на таблата со инструментиЕлектричен систем
Осигурувачи
Податоците на сијалицата за
замена треба да се согласуваат со
оние од прегорениот осигурувач.
Трите кутии со осигурувачи се
наоѓаат на следниве места:
● моторен простор
● табла со инструменти
Пред да замените осигурувач,
исклучете ги соодветниот
прекинувач и палењето.
Прегорениот осигурувач се
познава по стопената жичка.Внимание
Не заменувајте го осигурувачот
додека не се отстрани
причината за дефектот.
Некои функции се заштитени со
повеќе осигурувачи.
Осигурувачите можат да се
ставаат без постоење на некоја
функција.
Алат за вадење осигурувачи
Алатот за вадење осигурувачи
може да се наоѓа во капакот од
левата страна на таблата со
инструменти. Алатот за вадење
има две страни и секоја од нив е
наменета за различен тип
осигурувачи.
Повлечете го осигурувачот со
алатот за вадење осигурувачи и
повлечете го осигурувачот.
Page 200 of 259

198Нега на возилотоКутија со осигурувачи вомоторниот простор
Кутијата со осигурувачи е во
предниот лев дел од моторниот
простор.
Откачете го капакот и извадете го.
Бр.Струјно коло1Систем за контрола на
климатизацијата2Систем на сопирачките3Кутија со осигурувачи (од
десната страна од таблата со
инструменти)4Систем на сопирачките8Пумпа за гориво16Десен преден фар / Греење на шофершајбната18Десно долго светлоБр.Струјно коло19Лево долго светло20Пумпа за гориво22Автоматски менувач25Кутија со осигурувачи
(приколка)28Систем за селективно
каталитичко намалување29Бришач на шофершајбната31Систем за контрола на
климатизацијата32Волан
По менувањето на прегорени
осигурувачи, затворете го капакот
на кутијата со осигурувачи и
заклучете го.
Ако капакот на кутијата со
осигурувачи не е затворен
правилно, може да дојде до
неисправности.