OPEL CROSSLAND X 2019 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2019, Model line: CROSSLAND X, Model: OPEL CROSSLAND X 2019Pages: 297, PDF Size: 8.05 MB
Page 31 of 297
Клучеви, врати и прозорци29Автоматско повторно
заклучување по отклучувањето
Оваа функција автоматски ги
заклучува сите врати, товарниот
простор и вратичката на
резервоарот за гориво автоматски
кратко по отклучувањето со
далечинскиот управувач или
електронскиот клуч ако ниту една
врата не била отворена.
Детски брави9 Предупредување
Користете ги детските брави
кога и да седат деца на задните
седишта.
Механички детски брави
Свртете ги црвените детски брави
во задните врати во хоризонтална
положба со користење на клучот. Вратата не може да се отвори
однатре.
За деактивирање, свртете ја
детската брава во вертикална
положба.
Електрични детски брави
Систем со кој се управува од
далечина за да се спречи
отворање на задните врати со
користење на нивните внатрешни
контроли.
Вклучување
Притиснете Ô. Се вклучува
индикаторското светло во копчето,
придружено со порака за
потврдување. Ова индикаторско
светло останува вклучено додека
не се исклучат детските брави.
Page 32 of 297
30Клучеви, врати и прозорциИсклучување
Притиснете го Ô повторно.
Индикаторското светло се
исклучува, придружено со порака
за потврдување. Ова индикаторско
светло останува вклучено додека
не се вклучат детските брави.Врати
Товарен простор
Задна врата
Отворање
По отклучувањето, притиснете го
копчето за задната врата и
отворете ја задната врата.
Затворање
Користете ја внатрешната рачка.
Не го притискајте допирниот
прекинувач додека затворате
бидејќи така повторно ќе ја
отклучите задната врата.
Централна брава 3 24.
Page 33 of 297
Клучеви, врати и прозорци31Општи практични совети за
ракување со задната врата9 Опасност
Не возете со отворена или
подотворена задна врата,
на пр. кога превозувате кабасти
предмети, бидејќи во возилото
може да навлезат отровни
издувни гасови што не можат да
се видат или намирисаат. Тоа
може да предизвика несвест и
дури смрт.
Внимание
Пред да ја отворите задната врата, проверете дали има
пречки во горниот дел, на пр.
врата од гаража, со цел да се избегне оштетување на задната
врата. Секогаш проверувајте ја
движечката површина над и зад задната врата.
Забелешка
Инсталирањето на определени
тешки додатоци врз задната
врата може да повлијае врз
нејзината способност да остане
отворена.
Забелешка
При ниски надворешни
температури, задната врата не
може сама да се отвори во целост.
Во овој случај, подигнете ја
задната врата рачно до нејзината
нормална крајна положба.Безбедност на
возилото
Систем за заштита од кражба9 Предупредување
Не користете го системот ако
има луѓе во возилото! Вратите
не може да се отклучат однатре.
Системот ги блокира сите врти.
Сите врати треба да се затворат,
инаку системот не може да се
активира.
Отклучувањето на возилото го
исклучува механичкиот систем за
заштита од кражба. Тоа не е
возможно со копчето на
централната брава.
Page 34 of 297
32Клучеви, врати и прозорциАктивирање
Притиснете го N на далечинскиот
управувач двапати во рок од
5 секунди.
Систем за тревожење прикражба
Системот за тревожење при
кражба е комбиниран со системот
за заштита од кражба.
Ги надгледува:
● вратите, задната врата, хаубата
● патничкиот простор вклучувајќи го соседниот
товарен простор
● наваленоста на возилото, на пр. ако е кренато
● палењето
Активирање
Сите врати треба да се затворени
и електронскиот клуч од системот
на електронскиот клуч не смее да
остане во возилото. Инаку
системот не може да се активира.
● Далечински управувач: се активира сам 30 секунди
откако ќе се заклучи возилото
со еден притисок на e.
● Систем на електронскиот клуч:
се активира самостојно
30 секунди по заклучувањето
на возилото со притискање со
прст или палец на кваката на
една од надворешните врати на ознаките.
● Далечински управувач или електронски клуч: директно со
притискање на e двапати во
рок од 5 секунди.
● Системот на електронски клуч со вклучено пасивно
заклучување: накратко се
активира откако ќе дојде до
пасивно заклучување.
Забелешка
Промени на внатрешноста на
возилото, како на пример
употребата на навлаки за
седишта и отворени прозорци
може да го влошат
Page 35 of 297
Клучеви, врати и прозорци33функционирањето на
надгледувањето на патничкиот
простор.
Активирање без надгледување на патничкиот простор и
наклонетоста на возилото
Исклучете го надгледувањето на
патничкиот простор и на
наваленоста на возилото кога се
оставаат животни во возилото,
поради ултрасоничните сигнали со
висока гласност или движењата
што го активираат алармот. Исто
така исклучете го кога возилото е
на траект или воз.
1. Затворете ги задната врата, хаубата и прозорците.
2. Притиснете o. LED
сијаличката во копчето o
свети најмногу 10 минути.
3. Затворете ги вратите.
4. Активирајте го системот за тревожење при кражба.
Во Информативниот центар за
возачот се прикажува порака за
состојбата.
Показател
LED-сијаличката во копчето o
трепка ако се активира системот за тревожење при кражба.
Побарајте помош од
автомеханичар во случај на
дефекти.
Деактивирање
Далечински управувач:
Отклучувањето на возилото со
притискање на c го деактивира
системот за тревожење при
кражба.
Систем на електронскиот клуч: Отклучување на возилото со
притискање на една од кваките на
предните врати на ознаките го
деактивира системот за
тревожење при кражба.
Електронскиот клуч мора да биде
надвор од возилото во опсег од
околу 1 м од страната на
соодветната врата.
Системот не се деактивира со
отклучување на возачката врата со
клучот или со копчето за
централната брава во патничкиот
простор.
Page 36 of 297
34Клучеви, врати и прозорциАларм
Кога е активиран, се огласува
сирената за аларм и
предупредувачките трепкачи
трепкаат истовремено. Бројот и
времетраењето на аларамните
сигнали се утврдени со закон.
Системот за тревожење при
кражба може да се деактивира со
притискање на c, со притискање на
една од кваките на предните врати
на ознаките со системот на
електронскиот клуч или со
вклучување на палењето на
моторот.
На вклучен аларм што не го
прекинал возачот ќе укажуваат
предупредувачките светла. Ќе
трепнат брзо четири пати следниот
пат кога возилото ќе се отклучи со
далечинскиот управувач.
Пораки за возилото 3 110.
Ако акумулаторот на возилото ќе се откачи (на пр. за одржување),
сирената на алармот треба да се
деактивира на следниот начин:
вклучете го, па исклучете гопалењето, па откачете го
акумулаторот на возилото во рок
од 15 секунди.
Имобилизатор
Системот е дел од бравата за
палење и проверува дали е
дозволено да се запали возилото
со клучот што се употребува.
Имобилизаторот автоматски се
активира откако клучот ќе се
извади од прекинувачот за палење.
Забелешка
Ознаките за радио фреквентна
идентификација (RFID) може да
предизвика пречки со клучот. Не
го ставајте во близина на клуч кога го палите возилото.
Забелешка
Имобилизаторот не ги заклучува
вратите. Секогаш морате да го
заклучувате возилото откако ќе го
напуштите и да го вклучувате
системот за тревожење при
кражба 3 24, 3 32.Странични
ретровизори
Конвексен облик
Обликот на ретровизорот
предизвикува предметите да
изгледаат помали, што ќе повлијае
врз способноста за проценување
на растојанијата.
Известување за странична мртва
точка 3 188.
Електрично местење
Page 37 of 297
Клучеви, врати и прозорци35Изберете го соодветниот
страничен ретровизор со
притискање на копчето за
ретровизорот налево или надесно.
Потоа завртете ја контролата за да
се намести ретровизорот.
Преклопни прозорци
За безбедноста на пешаците,
страничните ретровизори ќе се
извиткаат од своите вообичаени
монтажни положби ако се удрат со
доволна сила. Вратете го
ретровизорот на место со вршење
благ притисок врз неговото
куќиште.
Електрично свиткување
Повлечете го копчето за
ретровизорите наназад. Двата
странични ретровизора ќе се
свиткаат.
Повлечете го копчето за
ретровизорите наназад повторно
за да ги вратите страничните
ретровизори во првичната
положба.
Ако рачно се отвори некој
електрично преклопен ретровизор, повлекувањето на копчето за
ретровизорите наназад
електрично ќе го отвори само
другиот ретровизор.
Ретровизори со греење
Се ракува со притискање на b.
Греењето работи додека работи
моторот и се исклучува автоматски по кратко време.
Греење на задното стакло 3 39.
Page 38 of 297
36Клучеви, врати и прозорциРетровизори
Рачна заштита од отсјај
За намалување на отсјајот,
дотерајте ја рачката од долната
страна на куќиштето на
ретровизорот.
Автоматско намалување
на отсјај
Кога возите во темнина, отсјајот од
возилата што се следат се
намалува.
Прозорци
Шофершајбна Налепници на шофершајбната
Не ставајте налепници, на пр.
вињети за патарина или слично, на шофершајбната во подрачјето на
ретровизорот. Инаку, зоната за
откривање на сензорот и погледот
на камерата во куќиштето на
ретровизорот може да бидат
ограничени.
Замена на шофершајбнаВнимание
Ако возилото има сензор за предна камера за системи за
помош на возачот, многу важно
е секоја замена на
шофершајбната да се врши
точно според спецификации на
Опел. Инаку, овие системи
може да не работат правилно, и постои ризик од неочекувано
однесување и / или пораки од
овие системи.
Page 39 of 297
Клучеви, врати и прозорци37Електрични прозорци9Предупредување
Внимавајте кога ракувате со
електричните прозорци. Ризик
од повреда, особено за децата.
Ако има деца на задните
седишта, вклучете го системот
за безбедност на децата за
електричните прозорци.
Внимавајте на прозорците кога
ги затворате. Уверете се дека
ништо не приклештат додека се
движат.
Вклучете го палењето за ракување со електричните прозорци.
Управувајте со прекинувачот за
соодветниот прозорец со
притискање за отворање и со
повлекување за затворање.
Нежно притискање или
повлекување до првиот степен:
прозорецот се движи нагоре или
надолу се додека се управува со
прекинувачот.
Цврсто притискање или
повлекување до вториот степен, а
потоа отпуштање: прозорецот се
движи автоматски нагоре или
надолу при вклучена безбедносна
функција. За да се запре
движењето, ракувајте со
прекинувачот уште еднаш во иста
насока.
Безбедносна функција Ако стаклото на прозорецот наиде
на отпор во горната половина на
прозорецот за време на
автоматското затворање, веднаш
застанува и повторно се отвора.
Безбедносна функција за
потиснување
Во случај на тешкотии во
затворањето поради мраз или
слично, вклучете го палењето,
потоа повлечете го прекинувачот
до првото попуштање и задржете
го. Прозорецот се движи нагоре
без да биде вклучена
безбедносната функција. За да се
запре движењето, отпуштете го
прекинувачот.
Page 40 of 297
38Клучеви, врати и прозорциСистем за безбедноста на деца
за задните прозорци
Притиснете V за деактивирање на
задните електрични прозорци,
сијаличката свети. За активирање
притиснете го V повторно.
Ракување со прозорците
однадвор
Со прозорците може да се ракува
далечински надвор од возилото.
Притиснете го и држете го e за да
се затворат прозорците.
Отпуштете го копчето за да го
запрете движењето на прозорците.
Ако прозорците се затворат
целосно, предупредувачките
светла ќе трепнат двапати.
Преоптоварување Ако со прозорците повеќе пати се
ракуваат со кратки паузи,
работењето со прозорците ќе се
блокира за неколку време.
Иницијализирање на
електричните прозорци
Ако прозорците не може да се
затворат автоматски (на пр. по
откачување на акумулаторот на
возилото), во Информативниот
центар за возачот се прикажува
предупредувачка порака.
Пораки за возилото 3 110.
Активирајте ги електричните
прозорци на следниот начин:
1. Затворете ги вратите.
2. Вклучете го палењето.
3. Повлекувајте го прекинувачот додека прозорецот не се
затвори и продолжете да го
влечете уште 2 секунди.
4. Туркајте го прекинувачот додека прозорецот не се отвори
целосно и продолжете да го
туркате уште 2 секунди.
5. Повторете го истото за секој прозорец.